Месечари!

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
ne su mesecar, ama imam slusano prikazni od drugarki, edna stanala i pocnala da si ja tepa majka i, pa majka i vrzala nekolku samari, i onda sabajleto se budi ovaa i kao sto i bese na mama na son me pretepa :D a ustvari vistina :D druga stanuvala odela v spalna kaj majka i i tatko i im zboruvala gluposti, tretava idela od spalna po terasi, po skali, ama kjuti nejzinite ja sprecuvale a inace ona zivee na 4 kat, pa ako padnela :S... a imam slusnato edna slucka od prijateli stanala devojkava a brat i ne bil zaspan seuste, sedel na komp, i ovaa stanala i pocnala da prebaruva niz kjebe i brat i i rekol: ej sto baras...i taa samo skubnala nekolku vlaknenca od kebeto i mu rekla: E OVA GO BARAV i si legnala da si spie :) normalno sabajleto nisto ne se sekjavala :D
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Јас како што знам со месечари треба многу внимателно да се однесуваш и да не пробуваш да ги разбудиш пошто можело да биде и фатално...
Во која смисла фатално?што би можело да се случи?Доста зезнато било да си месечар како што ги прочитав случките погоре.
 

Annath

Полуактивен член.
Член од
11 јуни 2010
Мислења
338
Поени од реакции
42
Јас само еднаш имам месечарено. Малечка бев.
Сега да ви раскажам што се случило. Зима било, пуштено греењето до крај, кебиња, по 2, мене ми станало жешко. Сум го земала ќебето, сум го свиткала и сум го однесла доле, во куња, во шанкот, каде што ни стои лебот. :vozbud: Кај лебот!?! Боже, Боже, ама пак...среќа што не сум направила некоја поголема глупост.
 
Член од
25 јуни 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
јас како мала имам многу месечарено (според тоа што ми имат кажувано) нормално на ништо не се сеќавав наредните утра :)
сестра ми секогаш ми расправаше нова случка и се газевме од смеење,но сепак претставуваше и опасност
моите летно време кога отвараа прозорци,тераси ставаа и столови пред нив за да ме осетат кога ќе се удрам во столот (многу пати ќе се разбудев од силната болка од ударот во столот но секогаш ми велеа подобро така отколку да паднам од тераса :) ) па така не направив ништо сериозно
а исто така и братучед ми со кој живееме во иста куќа е месечар и од него ги криеја клучевите од вратата но една вечер тој ги нашол излегол надвор и почнал да се качува по бандера среќа чичко ми станал да оди во веце и забележал дека вратата е отворена па тргнал по него и го вратил во кревет
нареднто утро кога го прашаа кај биле клучевите тој немаше поима :)
навистина ме интересира зошто некои луѓе месечарат а некои не? и дали тоа е наследно? бидејќи од цела фамилија само јас и братучед ми сме месечари,но секогаш ни го спомнуваат и нашиот прадедо кој исто така бил голем месечар
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
хаххаха сестра ми е тој тип што секогаш во спиење праи муабет или оди негде, прави нешто. колку пати се има десено да ме разбуди нешто да ми збори, или да стане да отвара во шкаф да вади облека. ама иди легни си,и одма у кревет.

а мене што ми се случи лани на одмор. бевме на одмор јас, другарка, другар и дечко ми. и сеа другарка ми и другарот спиеја на еден кревет, јас и дечко ми на друг. и сабајле околу 4-5 саат, глеам стојам до кревет и дечко ми ме прашува кај сум била, што сум праела. а ја појма неам што праам. и нема врска ајде си легнав. и сабајле стануваме и ги прашувам другиве двајца дали знаат нешто, и ми вика тој другарот (не бевме толку блиски де, онака) па, стана и дојде легна врз мене и нешто ми збореше. а ја тонам у земја. лелее бруки бруки. а ништо не знаев што се десило. срамота. мислам, не бев толку блиска со детето, којзнае што си помислил. потонав :kesa:
 
Член од
1 март 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
Јас како што знам месечари се во голем случај опседнати од демони духови преку ноќта.Во некој случаеви се дешава да се разбудите и да стоите на нозе 4-5 саата и да легнете...
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
не знам ама ко помал , сум станувал од кревет сум шетал по собиве и сум бладал неш шо не можеле да ме сфатат, ама тоа беше ко помал а сега ми се нема случено тоа веќе неколку години....
 
Член од
27 јануари 2011
Мислења
70
Поени од реакции
20
Јас сум месечар .. имам еве веќе 3 пати стана од кревет... еднаш ги зедов тренерките на татко ми и отидов кај мојата баба...во кујната...да не мислите дека на друго место.. еднаш исто така станав и ние имаме една кутија во која чуваме непотребни алишта и седнав на неа..веќе спиев.. но се сеќавам..незнам шо е работата со мене.. :(

--- надополнето ---

:O Јас неќам Духојј! :((
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Скоро секоја ноќ премногу зборувам во сон, секоја ноќ станувам одам на тераса шетам по станот, а на сето тоа самиот не се сеќавам. Веќе 2 години го имам истиот проблем. Татко ми не спие по цели ноќеви страв му е да не паднам од тераса, барем така вели тој. Сакам да пробам некако да се сеќавам на тоа што го правам барем малку, затоа што сум слушнал као се контролираат соновите. Дали може и овде нешто и некако да се контролира барем да се сеќавам на нешто? Инаку секогаш кога сум шетал и излегувал на тераса, отварал прозорци секогаш ми биле затворени очите. Дали може барем малку да се контролирам ?
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
не знам ама ко помал , сум станувал од кревет сум шетал по собиве и сум бладал неш шо не можеле да ме сфатат, ама тоа беше ко помал а сега ми се нема случено тоа веќе неколку години....
Братучетка ми стана и околу пола километар се оддалечи од дома... кучината ја разбудија... мала беше се збуна не знаеше како стигнала до таму па некој кој си идел од работа ја видел и ја однел дома. Ништо не е шетање низ собите :)
 
Член од
23 јуни 2010
Мислења
29
Поени од реакции
3
Заебана работа ова месечарењево,летово бевме во Охрид со друштво,една вечер после излагање седиме во дневна тројца другари и девојката на другарот.Девојчево и се спиеше и отиде у соба си легна,не поминаа 5 мин,пак се врати,и доаѓа пред нас и гледа на маса,како да бара нешто,јас и викам што бараш не ми одговара иде до кујна отвара физидер и на другаров му текна и ми вика остај ја бе месечари.Си отиде девојчево си легна,кога почна да пее во сон ние ја слушаме и се газиме од смеење.Па се смири некој си 5 мин.Потоа пак стана и тргна да излегува надвор ние по неа ја застанавме едвај,почна да се бори со нас ние тројца машки биволи не мозевме да ја зауставиме,нај језиво беше кога ке ја викневме по име упатуваше некој страшен поглед језа да те фати.
Ај некако ја вративме во кревет ама пак почна да станува,почна прозори да отвара.Другаров не мозесе да издзи повеке почна да ја буди,не мозесе да се разбуди,јас му реков немој бе не е убаво да ја будиш,овој не му чуе зема флаша вода ја потури по лице и се разбуди девојчево.Реакција не гледа нас и вика што ми правите бе зашто сум мокра,јас само што заспав вие ме будите.Имав се снимено на мобилен,и викам дојди да видиш сто правиме.Девојчево се зачуди,појма немаше
 

Scorpia

The one and only
Член од
4 април 2011
Мислења
86
Поени од реакции
16
Koga bev vo osnovno seriozno si imav problemi so mesecarenje. Mi se ima slucuvano da izleguvam od doma na sred nok, po ulici, da dzvonam kaj komsii, da zboram na cudni jazici, ili da sednam na krevet i da ostanam taka so saati... ova se neli mi go imaat kazuvano moite i sestra mi poso jas na nishto ama bash na nishto ne se sekavav. Znam deka me nosea po doktori shto rekoa deka se mi e vo red. Na kraj koga nemase veke idei za resenie, me odnesoa na bajacka shto mi kaza deka sum mesecarela zatoa shto krevetot mi gledal vo prozor i koga bila polna mesecinata, cela me osvetluvala i na nekakovsi nacin negativno mi vlijaela. Mnogu beshe jezivo poso stvarno imam ogromen prozor pred krevet, a taa nema sansi od negde da znaese. Nebitno, mi rece ona togash da sum spiela 10 dena obratno na krevetot (so noze kaj shto mi bila glavata, da ne gledam kon prozorot) pred da dojde polna mesecina i deka ke mi mine. Iako zvuci mnogu glupavo, koga si imas maka se ke probash.. i stvarno deluvashe. Neznam dali beshe do toa ili do neshto drugo, ama od togash pu pu da ne se urocam, mi se nema sluceno da mesecaram
 
Член од
9 април 2011
Мислења
5
Поени од реакции
1
Во психопатологија феноменот месечарство значи растројство на свеста како резултат на дисоцијација меѓу сон и моторна активност. Резултат е на емоционални растројства и нарушена семејната атмосфера. Може да е резултат и на епилепсија. Значи духови и демони немаат врска со ова. Но секој може како сака да си го толкува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom