Дечки HELP!!!
Сакав посебна тема да отворам, во здравје и живот ама ја најдов оваа, па затоа пишав овде.
Ова ми се нема никад десено у живот
Кога ми кажа мајка ми се наежив.
Сабаље, сум станал у 5 часот, незнаејки и сум почнал да викам бегај таму, или така нешто.
Мајка ми ме приметила, и се уплашила, ми вика ти стана у 5 сабаље, викаше нешто и после си легна.
Ајде што сум се разбудил без да знам ок, ама страв ми е да не се повредам, бидејки моментално сум во мал стан, врати нема многу, и лесно може и до купатило да се отиде.
Да имав своја соба, ќе ја забарикадирав вратата и нема мрдање.
Инаку да, вчера спиев околу 5 часа, што е релативно малку. Дремев на Телефон, а требаше у 9:30 да сум на предавања за полагање кола.
Алармот ми беше 7:40 навиен, ама не станав и за чудо си станав 9,и имав време се спремив и на време стигнав.
Да спијам 5 часа, ова дали прва пат ми е во цели 3 месеци. Секогаш гледам више од 8-9 часа да е, а на недела си спијам комотно по 11 часа.
Дајте совет, освен да не се зезам и да спијам повеќе.
На интернет читав дека требало сите врати да се затворат. Тоа што можев затворив, на моите ќе им кажам ако пак ме видат слободно да ме вратат во кревет, ако нормално не сум навистина буден, оти ако месечарам и отидам некаде каде што не треба, можам и да се повредам.
HELP!!!!
Сите другари, што им пишав за ова, никој нема искусено, а дали спијат по 4 - 5 часа, и само кафе, цигари, енергетски пијалоци.
Јас ништо од тоа (кафе понекогаш, ама со многу шеќер, и највеќе 2 шољи на ден, и тоа не секогаш), па ми се дешава ова, а они ништо,викаат не искусиле, здрави прави.
И не примам никакви лекови, читав дека и од тоа можело да има реакција.