Има тема на билд форумот за маџир маало и за цените што им се нудени и сл. Мислам дека они бараат многу повише него што реално вредат нивните куќарки и дворови..епа неможе увек преку леб погача.. Ај може и ја незнам лошо имам разбрано за работата,ама реално трпи градот,местово/населбава на ништо не личи..да беше на крај на град да сватев некако,ама у строг центар,не иде... помеѓу градска железничка и Народна банка вакво гето не личи..мое мислење.
Е сега они си бараат, кој им може нешто, нивно си е земјиштето и тие ако сакаат може да бараат и милион евра за квадрат. Ако на некој му одговара нека си плати толку колку што бараат ако не, нека си продолжи даље...
Ти пример сакаш да градиш таму, а јас живеам таму.
Јас ти викам, барам 1000 евра за квадрат, ако не ти одговара, ке ти кажам, ок чао пријатно, имај убав ден. Твој проблем е дали тоа ти одговара или не, и дали цената која ја барам е реална, а не мој...
Цените кои кафичите во центар ги имаат реални се? - Не, ама пак одиш и трошиш 1000че за 3-4 коктели. Исто ти е и со ова. Ако сакаш плати си толку за кафето или било што ке нарачаш, ако не ке си свртиш еден круг на плоштад и ке шибаш накај дома.
Едно е сигурно, на еден инвеститор, од сите тие инвеститори кои им даваат понуди за откуп на луѓево, ке му се исплати цената што тие ја бараат и тој ке си ја добие земјата. Едноставно ко пасуљ.
Јас им се восхитувам на ставот, секогаш сум почитувал луѓе со став (па макар и лакоми да се со своите барања, битно да се јасни барањата), луѓе кои знаат што сакаат, и луѓе кои директно го кажуваат она што го мислат, без скриени политики и затоа ги поддржувам граѓаните на оваа населба во однос на оваа тема.