Знам дека не личи, и не е само Маџир Маало "село во центар" (карши Маџир Маало просторот, Пајко Маало и милион други примери низ Скопје), но проблемот е што секој си го цени местото каде што живее, па според тоа и си ја одредува цената. Не знам која цена им е понудена, но знам дека утре кога тие згради ќе бидат готови ќе се продаваат по енормно висока цена. Од една страна нудат помали (најверојатно) цени, а од друга становите ќе ги продаваат по 5 пати повисоки. Многу работи во градот не идат, но не може се да се протурка на сила. Се изградија милион згради, а не се реши местото за паркирање на станарите, нема ниту еден парк и сл.