Имаат став,ама и мора да сватат дека нивните куќи се наоѓаат во едно урбано јадро од градот и тоа скоро во самиот центар. А градот треба да се развива и урбанизира,неможе во 21 век во сред центар да се живее на тој начин, со полски вецеа и домажни животни по двор..Иначе низ маалото е предвидено според ДУП да поминува булевар со 4 ленти кој значително би го растеретил сообраќајот од и кон центар.. сепак,неможе целиот град да се стави како заложник на едно маало и желбите на неговите жители.
А зошто па мора да се урбанизира?
Луѓето стопанисуваат со своите дворишта и тие одлучуваат во која насока ке се развива нивната околина.
Мора ли секогаш да се стремиме кон тоа што некој друг испланирал што да се изгради?
Џабе се планира, ако тоа земјиште е мое, нека си прават таму тие лопужите од катастар триста планови, ама јас не го давам мојот дел од земјата, што значи џабе планирале.
Кои сте вие да им кажувате што тие треба да прават?
Таа земја е само нивна, и тие ке одлучат што да прават со неа. Пак ке кажам, почитувајте го она што е нивно, и нивниот избор затоа што тоа не е ваше и немате право на ништо друго освен да кажете ваше мислење во врска со тоа и толку. Но одлуката е нивна, не ваша.
Јас ако сакам и у двор ке одам по нужда, ке шетам пиштол гол и ке садам што јас сакам да посадам и ти ништо не можеш да направиш околу тоа, пошто тоа е мој двор.
Следствено на тоа, ако сакам и милион евра ке барам за квадрат, и никој не може да ми наметне друг избор, освен мојот. Ако на некој му одговара мојата цена, бујрум ке потпишеме договор, ако не нека си брка работа.
Не живеам во тој дел од скопје ниту имам земја таму, па сега ко божем стојам на нивна страна, само си ја кажувам реалната вистина.
И јас не сум против урбанизацијата т.е модернизацијата на тој дел од градот, туку сакам да ви го доловам моментот дека вие не можете, ниту пак смеете да им се мешате во изборот за начинот на стопанисување со своите земјишта на било кои луѓе, во овој случај се работи за луѓето од Маџир маало.
Нивен избор е дека тие не ги продаваат своите дворови и куќи, барем не по таа цена, крај на муабет.