L
Lu
Гостин
Не е точно.Да набројам едни од најважните карактеристики: Цел живот останува мало маче у темперамент, љубопитноста е на највисоко ниво, интелигенцијата кај овие мачки е на завидно ниво, единствени мачки што се приврзуваат и за просторот, но и за членовите во него (се верува дека тоа е поради недостатокот од влакна).
Сијамските мачки се најприврзани мачки за фамилијата, и за нив се вели дека се кучиња заробени во мачешко тело.
Буквално имаат карактер како кучињата, и се премногу приврзани за фамилијата (поготово за еден член од фамилијата).
Ова го пишувам од мое искуство.
Чував Сијамски мачор ... и што да кажам, фалеше уште да прозбори, премногу беше паметен и премногу приврзан за мене, буквално како куче беше, кај што одев јас ... тој по мене одеше и секаде ме следеше, како сенка ми беше.
Инаку овие Сфинкс мачки, физички не ми се допаѓаат, но одлични се за чување во стан бидејќи немаат влакна.
А нивниот карактер премногу ми се допаѓа, речиси е идентичен со карактерот на Сијамските мачки.