Мачка без влакна - Сфинкс (Sphynx)

L

Lu

Гостин
Да набројам едни од најважните карактеристики: Цел живот останува мало маче у темперамент, љубопитноста е на највисоко ниво, интелигенцијата кај овие мачки е на завидно ниво, единствени мачки што се приврзуваат и за просторот, но и за членовите во него (се верува дека тоа е поради недостатокот од влакна).
Не е точно.
Сијамските мачки се најприврзани мачки за фамилијата, и за нив се вели дека се кучиња заробени во мачешко тело.
Буквално имаат карактер како кучињата, и се премногу приврзани за фамилијата (поготово за еден член од фамилијата).
Ова го пишувам од мое искуство.
Чував Сијамски мачор ... и што да кажам, фалеше уште да прозбори, премногу беше паметен и премногу приврзан за мене, буквално како куче беше, кај што одев јас ... тој по мене одеше и секаде ме следеше, како сенка ми беше.

Инаку овие Сфинкс мачки, физички не ми се допаѓаат, но одлични се за чување во стан бидејќи немаат влакна.
А нивниот карактер премногу ми се допаѓа, речиси е идентичен со карактерот на Сијамските мачки.
 
M

Muranyi

Гостин
Мене не ми се допаѓаат овие мачки, и не би можел да ги галам и да си играм со нив, одвратно ми изгледаат.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Не е точно.
Сијамските мачки се најприврзани мачки за фамилијата, и за нив се вели дека се кучиња заробени во мачешко тело.
Буквално имаат карактер како кучињата, и се премногу приврзани за фамилијата (поготово за еден член од фамилијата).
Ова го пишувам од мое искуство.
Чував Сијамски мачор ... и што да кажам, фалеше уште да прозбори, премногу беше паметен и премногу приврзан за мене, буквално како куче беше, кај што одев јас ... тој по мене одеше и секаде ме следеше, како сенка ми беше.

Инаку овие Сфинкс мачки, физички не ми се допаѓаат, но одлични се за чување во стан бидејќи немаат влакна.
А нивниот карактер премногу ми се допаѓа, речиси е идентичен со карактерот на Сијамските мачки.
И тоа не е точно, разберете дека најчесто нема врска со расата него со карактерот на мачката, и со тоа како е раснета од најрани денови.
Ако како мала немала доволно внимание од мајката, (се знае дека не добиваат сите ист третман) ќе се приврзува многу повеќе него оние мачки кои го добиле целосното внимание од мајката...

Све тоа со расите се генерално митови.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Многу сакам вакви мачки. Често на Youtube гледам клипчиња со нив.
Имам слушнато дека се доста скапи.
Hiperaktiv стави некоjа слика од мачето кога ќе го добиеш :)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Не сум љубител на мачки, а па уште ваква да сретнам во живо верувам дека ќе ги замразам повеќе од најголемиот душман, од дното на душата.
Кај се мрзеливи, се влечат, само седат во топло, не те сакаат вистински како кучињата, сеедно им е дали си дома или не ... па капак на се и лоши се како демон, а грди како к*р, полоша комбинација здравје...
Што е бе ова? Прав ѓавол :гомце: кога одиш да се мочаш навечер не дај боже оваа да ти излезе по темница :вонзем: се наежив од самата помисла.
 
L

Lu

Гостин
И тоа не е точно, разберете дека најчесто нема врска со расата него со карактерот на мачката, и со тоа како е раснета од најрани денови.
Ако како мала немала доволно внимание од мајката, (се знае дека не добиваат сите ист третман) ќе се приврзува многу повеќе него оние мачки кои го добиле целосното внимание од мајката...

Све тоа со расите се генерално митови.
Незнам за другите раси, а искрено и не ме ни интересира ... за мене постои само Сијамската мачка.

И во врска со карактерот на Сијамската мачка, таквиот карактер е карактеристичен за сите Сијамки, расна карактеристика.
Такви се Сијамките, не станува збор за индивидуални примери.

Но да не одиме оф-топик, оваа тема е за Сфинкс.
Јас имам отворено тема за Сијамските мачки, па ако те интересира нивниот карактер или сакаш да дознаеш нешто повеќе за нив, ќе ја продолжиме дискусијата на таа тема.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Тетка ми има Сијамска, и не се приврзува, ептен е самостојна.
Значи пак ќе кажам, за мене се тоа се митови ... неможе расата магично да го одредува карактерот на кучето, мачката, или пак било кое друго животно.
Мачка е мачка ... каква ќе биде најмногу зависи од тоа во какви услови е раснета.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Не сум по мачките, но бидејќи е необична БИ чувал. Не сакам комерцијала.
Малку офф - од куче Шерпеј.

Со среќа мачето, чекаме слики.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.959
Да си бидам искрен, ова како да ја плукнал ѓаволот :)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Psy не си целосно во право. Или во право си 50% ама сепак има некои работи кај животните што се предодредени.
Не може Бернандинец да го направиш овчарско куче. Или клукајдрвец да збори како папагал.
Така и за мачките. Си имаат свои предиспозиции, оки ако ги уништиш ќе испадне сосема поинакво животно. Примерот со мачката на тетка ти.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.959
Psy не си целосно во право. Или во право си 50% ама сепак има некои работи кај животните што се предодредени.
Не може Бернандинец да го направиш овчарско куче. Или клукајдрвец да збори како папагал.
Така и за мачките. Си имаат свои предиспозиции, оки ако ги уништиш ќе испадне сосема поинакво животно. Примерот со мачката на тетка ти.
Тука си грешка, пошто бернандинецот и било кое друго куче, па макар и овчарско спаѓаат во иста раса, додека клукајдрвецот и папагалот се сосем различни раси.
Така да не мешаме баби и жаби.
 
L

Lu

Гостин
Тетка ми има Сијамска, и не се приврзува, ептен е самостојна.
Значи пак ќе кажам, за мене се тоа се митови ... неможе расата магично да го одредува карактерот на кучето, мачката, или пак било кое друго животно.
Мачка е мачка ... каква ќе биде најмногу зависи од тоа во какви услови е раснета.
Јас зборам генерално за карактерот како расна одлика ... секоја раса има дефинирано свој карактер.
И нормално не се сите исти, како од ист калап праени, и со ист карактер ... секогаш постојат исклучоци, но генерално Сијамките имаат јасно дефиниран карактер, кој што е многу поразличен од останатите мачки.

Еве пример ќе дадам со кучињата.
Златните ретривери важат за едни од најмирољубивите раси, и тоа е расна одлика на Златниот ретривер - мирољубивоста.
Но, понекогаш се случува да се погоди и по некој агресивен примерок на Златен ретривер, кој што има нетипичен карактер за расата.

Мислам дека ми ја свати поентата.
 
Член од
25 април 2009
Мислења
367
Поени од реакции
135
Прв пат гледам дека постеле вакви створења ... што да речам, барем за вошки и болви нема да се секираш, нема крзно нема кај да се кријат :pos:
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Јас да имам ваква, два-три пати ќе и мавнам контра брич за да и порасне крзно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom