Мачка без влакна - Сфинкс (Sphynx)

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.591
Поени од реакции
923

Омилената моја раса. Утре треба да добијам едно.
Постојат повеќе такви раси. Како ви се чинат?
Првиот впечаток е дека тоа не е мачка, туку стаорец.
Да набројам едни од најважните карактеристики: Цел живот останува мало маче у темперамент, љубопитноста е на највисоко ниво, интелигенцијата кај овие мачки е на завидно ниво, единствени мачки што се приврзуваат и за просторот, но и за членовите во него (се верува дека тоа е поради недостатокот од влакна).
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
2.774
Поени од реакции
1.621
И мене не ми се свиѓаат, некако мака ми е кога ги гледам :)
Инаку сеа баш доле на клипов у коментари прочитав дека се многу дружељубиви и забавни, па значи дека се баш кул :)
Со среќа нека ти е.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Ми личат на многу страшни ... како од некој хорор филм/игра.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.591
Поени од реакции
923
Тоа и го сакам, презентираат нешто страшно, а всушност се едни од најмилите и најдобрите. Затоа се мистични.
Постои една легенда, дека такви станале од тоа што биле на границата меѓу рајот и пеколот. Биле чувари.
Ѓаволскиот дел ги направил грди, ама рајот им подарил добрина ... но тоа е легенда што инспирира и ден денес :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.383
Поени од реакции
12.934
Предност, наспрема другите видови мачки, одговараат за чување во стан, бар нема влакна по прекривките на лежаите.
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.505
Уникатен ќе си брат (y)
За колку го зеде ако не е тајна?
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.696
Поени од реакции
26.371
Повеќе ми се допаѓаат од „обичните“ мачки... Можеби затоа што не им го поднесувам крзното.
Баш интересно :)
 
На врв Bottom