Се насобраа прашања сабајлево... ќе се обидам едно по едно да одговорам. Ако испуштам нешто, не е намерно - потсетете ме, ќе одговорам.
Стварно не ми е јасно зашто само мажи?
Зошто да не? Има парамасонски организации кои се и за жени. Конкретно, регуларното и признато масонство е само за мажи. Причините се пред се традиционални, но може да се бара и езотеричка позадина.
Поентата ми е дека и пентаграмот е масонски знак.
Пентаграмот се користи како симбол во Масонството, заедно со уште многу други. Но единствен официјален "знак" е само Шестарот со Аголникот. Инаку има многу симболи кои се користат, но не потекнуваат од Масонството, туку се превземени и им е придадено некакво значење - почнувајќи од работните алатки (чекан, длето, висок итн), па до стари симболи како јин-јанг, сонцето, месечината, утринската ѕвезда...
Инаку - пентаграмот се користел во раното Христијанство. Означува две работи - Ѕвездата Деница (Петар во своето послание го нарекува така Второто Доаѓање на Христос, спасението на луѓето), и ги означува 5-те рани на телото на Христа при распнувањето. Во многу цркви од пред-масонски период може да се најдат овие симболи, и тоа пред се во византиските цркви, а не во западните.
Чисто информативно, од каде сигурноста дека линкот е релевантен, кога уште ништо со сигурност не се знае за ложите? Знаеме дека масоните се доста мистифицирани и различно опишани од различни автори, сепак на крај... ништо не е сигурно.
Напротив, многу се знае за масонството. Масонството не е тајно уште од 1717-та година! Така што - кој сака, може да дознае многу лесно. Во речиси сите западни земји, особено во Америка, Канада и Велика Британија, масонските храмови се отворени за посетители. Мојата ложа е отворена речиси секој ден после 7 попладне, секој случаен минувач може да влезе и да ја разгледа - и да ги види сите симболи.
баш тоа сакав да го кажам сепак секој кога ќе стане еден камен тогаш сите се еднакви нели?
Не знам што сакаш да кажеш со тоа "секој кога ќе стане еден камен"... ако мислиш дека сите треба да се "изделкаат" по ист калап и да размислуваат и да постапуваат исто - тогаш многу грешиш. Токму спротивна е целта! Секој треба да мисли и да делува самостојно, воден од своите лични принципи и идеи. Масонството дава алатки за да го постигнеш личното усовршување, а не е догматска идеологија.
Исто така - токму обратното е тоа што го реков погоре - еднаквоста е предуслов за да може човек да работи на усовршување на сопствената градба.
објасни односно дефинирај ја разликата меѓу масоните и илуминатите.(во една или две реченици). немој да ми речиш пак дека ми имаш веќе кажано во ова погоре или низ темава. Кажи најпросто и најкратко која е идеата и целта на масоните а која на илуминатите,
а колку што има основа за масони толку исто има и за илуминати.
Организацијата на Илуминатите (која патем сосема поинаку се вика, но тоа е друга тема) - е формирана од неколку членови на масонски ложи. Целта им била да се занимаваат со наука, со филозофија и со образование (оттаму е и името - затоа што тоа е ерата на Просветлението - 18-ти век). Основачот на ова здружение, по неколку години почнува да се чувствува премногу влијателен и почнува да се занимава со политика (поточно со политичка теорија) и да дава јавни изјави против државниот поредок (во случајов монархија - Баварија) и против црковниот поредок. Оди дотаму, што почнува својата ложа да ја користи за такви цели - за што бива исклучен од масонството (заедно со уште многу други членови). Наскоро потоа - здружението на илуминатите се распаѓа, голем дел од членовите се уапсени, престанува да постои.
Уште од 19-ти век наваму - сите што пишуваат теории на заговори, се занимаваат со нив, со севозможни измислици, но ништо не е поткрепено со факти - од проста причина што факти нема - илуминатите не постојат многу одамна.