Масони

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.252
Поени од реакции
8.339
Димче - првото прашање е одговорено во многу наврати на барем 40 од последните 80 страници. Второто прашање - нема такво нешто ("понизок ред").
Добро за првото прашање ... За многу што не се навлезени во ,,приказнава" постои еден масон кој контролира светот ... БЛА БЛА БЛА

Уште еднаш ќе те прашам целта на ,,главните" (ако не се лажам има ранг листа на масони ...) функцијата во овој свет дали е раководење т.е влечење на конците во цел свет?

За второто прашање - сигурно се разлуква масонската ложа од Македонија и Британија/Франција значи која е нивната функција тука доколку во Англија Франција САД некој управува со земјата од позадина дали тоа кај нас не легачат..
 
petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Кој ти рече дека масоните се тајни???
Пред да влезиш во тема, прво прочитај малку шо се има пишано во темата, па дај свое мислење...
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Тоа се многу интересно звучи како теорија, но има еден мал проблем... фактите. Не оспорувам дека има обиди за "светска влада" и дека има организации како Билдеберг и слични ним... но Илуминатите - не постојат повеќе од 200 години. Само што е многу полесно да се зборува за некое "митско" здружение, отколку да се согледаат реалните проблеми.

Не оспоруваш дека има Bildrberg group а велиш дека илуминатите не постојат. А што мислиш чија е оваа организација ??? На Илуминатите!!!
Е тоа е мистерија дали постојат или не ( јас 90 % сум сигурен дека постојат ) а масоните не се мистериозни затоа што ете ти самиот им ја знаеш цела историја.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Брокер - напротив - пишувај колку што сакаш. Баш конкретното прашање што го постави беше многу на место и покрена интересно објаснување, на тема која до сега не беше начната (за совршениот и несовршениот камен).
Микеланџело не бил масон.

Добро за првото прашање ... За многу што не се навлезени во ,,приказнава" постои еден масон кој контролира светот ... БЛА БЛА БЛА
Не е точно.

Уште еднаш ќе те прашам целта на ,,главните" (ако не се лажам има ранг листа на масони ...) функцијата во овој свет дали е раководење т.е влечење на конците во цел свет?
Нема "главни" масони, и нема ранг листа на масони. Тој што е раководител на Големата Ложа во една земја (Големиот Мајстор) е само административен управител на ложата и е на таа позиција привремено - обично е само две години. Изборот е демократски, односно, секој член на ложата може да гласа. Така што - таа позиција не е привилегија, туку поскоро обврска.

За второто прашање - сигурно се разлуква масонската ложа од Македонија и Британија/Франција значи која е нивната функција тука доколку во Англија Франција САД некој управува со земјата од позадина дали тоа кај нас не легачат..
Не се разликува многу. Ако малку се потрудеше да прочиташ низ темава, ќе видеше дека масонството многу се разликува од идејата која ти ја имаш за него, така што прашањава не се на место, односно се базираат на погрешни информации.

Не оспоруваш дека има Bildrberg group а велиш дека илуминатите не постојат. А што мислиш чија е оваа организација ??? На Илуминатите!!!
Е тоа е мистерија дали постојат или не ( јас 90 % сум сигурен дека постојат ) а масоните не се мистериозни затоа што ете ти самиот им ја знаеш цела историја.
Е ајде де, штом си 90% сигурен дека постојат - ајде тука на сите објасни им на што ја базираш таа своја увереност?! Ајде бујрум - изложи докази, конкретни податоци, историски факти, нешто освен "да бе ја знам, мора да е така, нема како иначе".
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Брокер - напротив - пишувај колку што сакаш. Баш конкретното прашање што го постави беше многу на место и покрена интересно објаснување, на тема која до сега не беше начната (за совршениот и несовршениот камен).
Микеланџело не бил масон.

Грешка моја наместо Да Винчи го напишав Микеланџело и бележниците се на да винчи а не на Микеланџело па кој сака може да ја процита сега го знам точниот наслов "Бележниците на Леонардо" книгата не е поврзана со масоните но сепак треба да знаеме како размислував да винчи. А зидарски ме интересира што мислиш на тоа дека и Исус бил масон имам прочитано неколку книги каде што е тоа спомнато. Се секавам на една книга еден француски Масон тврдеше дека и Исус бил еден од масоните
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Леонардо бил масон. Има конкретни докази во неговите дела за тоа.
За другото...
Знаеш, тоа е како со теориите дека Исус потекнува од Македонија... секој по малку се занесува кога станува збор за "своите", па така и многу масони се залетуваат и даваат доста неадекватни изјави. Јас повеќе сакам да се држам до фактите, па затоа не навлегувам во такви паушални теории за Исус, Александар Македонски и слично, затоа што се бесмислени и без никаква основа.
Има три начини да се утврди дека некој познат од минатото бил масон - или преку директни докази (членска карта, список со членови, списоци од посети на ложи), или преку индиректни докази (присуство на масонски собири, врски со други масони, кажувања на блиски), или пак преку присуството на типично масонски елементи во творештвото (кога станува збор за автори). Ова во минатото, се до почетокот на 20-тиот век, кога информациите за масонството се масовно достапни, е доста сигурен доказ - затоа што немало како да се знаат одредени елементи, зборови, симболи, ако не бил авторот член. Така е примерот со Шекспир, чии дела изобилуваат со масонски елементи (во време кога масонските ложи се сеуште тајни), или со Да Винчи, чии дела содржат типично масонски симболи, кои не се сретнуваат ниту кај други автори од периодот, ниту пак постојат како традиција претходно. Исто е на пример и со Толстој, кој во Војна и Мир има доста добар опис на масонска церемонија - нешто што во тоа време (средина на 19ти век), можел да го знае само ако бил член.
 
И самиот знаеш дека нема цврсти докази кога прв пат се појавиле масоните а за исус нема некои големи докази но сепак по некоја логика за многу кратко време христијанството било пренесено на многу места и на многу луѓе. Свесни сме денес во какво врмеме живееме и сепак треба подолго време за да се пренесат некои информации, а тогаш во време каде што единствено можело да се пренеси од човек на човек. така да сигурно имало некоја организација која што стоела зад Исус. тоа не мора да значи дека бил масон само сакам да кажам дека неговото чудо и неговото воскресение многу брзо се научило и не само што луѓето научиле за тоа туку биле спремни да ја забораваат својата религија и да почнат да вервуаат во христијанството.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Тоа се многу интересно звучи... но не е ништо повеќе од шпекулација, која не може со баш ништо да се потврди.
Во историјата е полно со аномалии и апсурди. Не секогаш она што изгледа логично или најверојатно е токму она што е и вистинито. Особено има еден проблем - секогаш и пристапуваме на историјата од денешен аспект и со денешни разбирања.
Затоа - таква теорија за Исус - многу убаво би звучеле во некоја нова книга на Ден Браун, или во некој филм, но се додека не се изведе некаков малку појасен факт, не може да се прифати како вистинита. (дури не ни навлегувам во религиозниот елемент и значењето на Исус, затоа што тоа пак е сосема друга тема).
Масонството нема јасни почетоци, но има доста јасна линија по која се следи неговиот развој. Самиот масонски церемонијал и ритуал содржи во себе елементи кои зборуваат за неговото потекло.
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Е ајде де, штом си 90% сигурен дека постојат - ајде тука на сите објасни им на што ја базираш таа своја увереност?! Ајде бујрум - изложи докази, конкретни податоци, историски факти, нешто освен "да бе ја знам, мора да е така, нема како иначе".[/quote]

1.

2. од кај сеа ти толку за овие теми жиити се. ТЕ ЦИТИРАМ ( односно copy-paste од твој пост на друг форум )

--> zidarskiСениорСениорРегистриран: 17.Декември.2007 Онлајн статус: ОфлајнПораки: 4567Цитирај zidarski Одговорbullet Испратена: 26.Февруари.2008 во 14:53
Povtorno istata prikazna... Komitet 300, Bilderberg, masoni, iluminati, i koj li ne, se vo ist kosh staveno... Mnogu lugje treba da sfatat deka vakvi knigi se pishuvaat za avtorot da zaraboti i edinstvena konspiracija shto ja ima e vsushnost toa shto avtorot pishuva svoi pretpostavki, gi prezentira kako fakti i dobro zarabotuva od toa.Ako site tie "organizacii" se takvi kakvi shto se prezentirani po knigite, dali mislite deka knigite kje bea voopshto objaveni?! Dali mislite deka ako raboti Komitet 300 na toj nachin na koj e pretstaven, deka avtorot kje sheta slobodno po ulici, kje drzhi predavanja po konferencii, kje pishuva za vesnici, kje objavuva knigi...?

и сега ти мене ми даваш некои факти и историски забелешки од тие книги во кои ти не веруваш воопшто ?
ако сакаш веќе нешто да коментираш за овие теми коментирај го тоа што го имаш прочитано во некоја книга опфатена со овие теми ( ако воопшто имаш нешто прочитано ) а не да се правиш дека ти СЕ знајш и дека треба да го прифатиме само ?твоето мислење? и никое друго не е точно.
3. Сите тука на форумот сме да си го КАЖИМЕ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ без разлика дали за тоа имаме факти или докази. А колку што имаш ти факти за масоните исто толку има и за илуминатите. Било каде дали на google или на youtube напиши илуминати ке излезат многу белешки.
А па на крај ако ти толку многу си убеден дека Тие не постојат дај ти некој доказ за тоа пошто ти раководиш многу со докази. Од моја страна мислам дека е доволно клипчето што го ставив горе и сеа ако разбираш колку толку англиски мислам дека нешто ке ти се разјасни.
-Чисто информативно за тебе цитирам: " Масоните од страна на Илуминатите се сметани како -корисно ѓубре- така да со тоа се кажува дека Тие се над масоните"
И ако не веруваш во Bildrberg group гледај го документарецот " The Obama Deception " мислам дека привлекува внимание за " елитата " и има доволно докази за таа Bildrberg group.

И името на клипот горе ти кажува дека Новиот светски поредок е дело на илуминатите
( во што ти не веруваш )
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Peckata - основните историски податоци велат дека Илуминатите не постојат повеќе од 200 години. Ако некој сака да го негира тоа - треба да прикаже конкретен доказ за нивното постоење, а не обратно. Како да докажам дека нешто не постои, кога нештото не постои?!
Колку до резултати од google - напиши "fairies" (самовили) - ќе излезат 10 и пол милиони страници! Дали е тоа доказ за постоењето на самовилите?!
National - не знам, не сум член на ГЛМ, туку на канадската ложа.
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
ај кажи од кај ти се тие основни историски податоци сакам да видам или да прочитам од каде ти е таа информација.
и не мислам повеќе да расправам за тоа дали постојат или не само едноставно Си Го Кажав Моето Мислење, и мислам дека не можиш ти тоа да го демантираш - зошто? - ти имам напишано во предпоследниот пост под точка 2
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Пред Ангели и Демони од Ден браун никој ништо не знаевме за илуминатите а денес со големата популарност на книгата и на филмот го отвораме тоа прашање и во самата книга Ден браун кажува дека илуминатите не постојат подолг период нормално ако го гледаме филмот ништо од тоа нема да видиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom