Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.244
Поени од реакции
21.115
Да пријателе, ама ти изгледа не ги разбираш постулатите на салафизмот, а не па да почнеме да навлегуваме подлабоко во психологијата на ова движење. За да ме сватиш што сакам да ти кажам, накратко...

Исламот има 5 столба: шехадетот (признавање на еден Алах и неговиот пратеник Мухамед), намазот (клањањето), закат (данок за сиромашните), постот за рамазан и хаџот (одењето на аџилак). Сите овие работи мора да ги направат, па макар да ги води и во смрт. Е сега, според салафистите има 6 столба, од кои 5 се истите, а 6-тиот е џихадот. Тие мислат дека мора да го спроведуваат џихадот и не смеат јавно да се одречат од него, па макар да ги води и во смрт, а не па во доживотна робија... Не случајно ти го постирав краткиот документарец со Мевлид Јашаревич, кој не се покаја за делото и јавно го призна делото иако пред судот се изјасни како невин... тоа го чинеше 18 год. затвор! Подоцна откако се откажа од Салафи движењето и се покаја за делото затворската казна му беше намалена на 15 год.

Е сега, зошто ти го обајснувам сево ова... ако Смилковско езеро беше класичен терористички акт од салафисти, а не некои концесии и бизниси кои се споменуваа и на кои се сомневаат родителите на децата, тогаш мораше некој да излези да ја превземи преку видео или преку писмо до некој медиум И ДА ЈА ПРЕВЗЕМИ ОДГОВОРНОСТА! Бидејќи ако не го направи тоа салафистот, то би било смртен грев според неговите убедувања и ги нарушува постулатите на шестиот столб т.е. џихадот! Не мора кога превзема одговорност да се претставува по име и презиме

Горе долу тоа изгледа вака...

Пак ќе ти потренцирам зошто ме сваќаш погрешно. Не тврдам дека осудените се невини, ама имам многу големи сомнежи околу нивното обвинение, онака како што ЈО го изнесе пред судот. На пример... салифисти, а имаат рап песни во телефоните со националистичка тематика и многу пцуење! За салафист освен илахии(верска исламска музика) не постои друга дозволена музика и таа е грев, а не па уште со пцуење!
Какви салафисти, какви намази, закати и шехерезади бе пријателе!? На орка без IQ не ѝ е потребно да биде дел од Салафи движење, за да направи таков монструозен чин. Зошто упорно ми ги споредуваш овие со некој Мевлид и други хардкор орки со IQ во минус!?
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Какви салафисти, какви намази, закати и шехерезади бе пријателе!? На орка без IQ не ѝ е потребно да биде дел од Салафи движење, за да направи таков монструозен чин. Зошто упорно ми ги споредуваш овие со некој Мевлид и други хардкор орки со IQ во минус!?
Јас само го пренесувам ставот на Јавното Обвинителство (ЈО), кој ми изгледа сумлив, а ти упорно ми викаш дека обвинетите се убијците зошто имале - IQ, небаре ти му го мереше... ама ме убеди...

Нивото на IQ не е причина или уште помалку доказ, за да обвиниш некого дека е убиец. Андерс Брејвик имаше премногу висок IQ па направи тоа што направи! Светските диктатори (Хитлер, Сталин, Пол Пот...) сигурно немале - IQ, поаѓајќи од фактот дека раководеле со огромни држави, па направиле тоа што го направиле!
 
Z

zlaki

Гостин
сметам дека е крајно време заев да ја објави бомбата за смилковското езеро па каква и да била со моќ околу меѓуетничките баланси и криминали, време е.Досега сите политичари што дојдоа на сцена се голтаци и станаа милионери а некои и милијардери а сето тоа од грбот на народот и нашата земја Македонија.Не треба да се плашиме што после објавувањето на бомбата затоа што народот е сиромав и нема што да изгуби,ќе изгубат лажливите и криминални политичари затоа што ќе немаат можност повеќе да го крадат и лажат овој народ.Што мислите како овие наши политичари би се снашле во странски земји..дали таму би биле успешни бизнисмени или политичари..ЈОК..би биле последни отпадоци и неспособни да си ги прехранат семејствата.Го држат народот во страв и заложништво со нивните контролирани медиуми и платени полтрони по институциите,истите институции кои се задолжени да го чуват и спроведат уставот и законот.Зошто бомба за Б.Ц.Зошто не ја објавија кога тоа беше актуелно и на времето на кое одговара а не сега после неколку години.Сето тоа е скренување од случаите и разводнување на вистинските криминали кои се во тек.Значи ако имал некој некоја информација за сторени криминали и против државни елементи а не пријавил значи е СОУЧЕСНИК.Сметам дека на Македонија и е потребна револуција како би се ослободила од криминалците од најлошата врста - тип кои се сместени во политичките партии од опозиција и позиција.Ние самите немаме капацититет за тоа затоа е неопходно храбри луѓе кои ќе се спротистават на овие денешни криминалци кои го користат народот како параван со задскрила на името ВМРО или СДСМ.Треба сите да се ослободиме од тие партијски стеги како и медиумски ВАШИНГ БРАИН и зацртаме нашите историјски цели за СЛОБОДА на народот и Македонија.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.491
Поени од реакции
5.024
Тие од Сопот не се невини ,туку изјавите им се добиени со `ќутек` што е спротивно на законите. Во оперативните информации на МВР точно се знае што и како направиле ама тие не се доказ за на суд(интересно во Хаг оперативните информации можат да бидат доказ)
На едниот му е земено изјавата со ќотек па истиот после јавно да излегува да каже дека присилно зборовите му ги ставиле во уста.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.244
Поени од реакции
21.115
Јас само го пренесувам ставот на Јавното Обвинителство (ЈО), кој ми изгледа сумлив, а ти упорно ми викаш дека обвинетите се убијците зошто имале - IQ, небаре ти му го мереше... ама ме убеди...

Нивото на IQ не е причина или уште помалку доказ, за да обвиниш некого дека е убиец. Андерс Брејвик имаше премногу висок IQ па направи тоа што направи! Светските диктатори (Хитлер, Сталин, Пол Пот...) сигурно немале - IQ, поаѓајќи од фактот дека раководеле со огромни држави, па направиле тоа што го направиле!
Значи, според тебе, ако во телефоните имале националистички рап песни со пцуење, не се убијците. О-ка. :LOL:
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.491
Поени од реакции
5.024
Имаше и тогаш одредени членови (македонци) кои се сомневаа дека овие осудениве не се сторителите, и некако затворањето на осудениве го оправдуваа иако не се сторителите, за да се смират страстите кај народот, за да народот се чувствува безбеден демек институциите се ефикасни. А дека еден дел од народот палеше по град заради револт никому ништо, тогаш сите се фокусиравме кај арапските знамиња, извикувањата УЧК итн, сите, сите медиуми, провладини и проопозициски.

Не знам дали осудениве се невини, само знам дека ми(ни) должите извинување на сите членови кои од тогаш цепавме тестатура дека нешто не е во ред со случајов, имавме право да се сомневаме, тоа се покажа и докажа. Не обвинувавте дека браниме убијци, кој денеска брани убијци и уништувачи на животи?

*Ние* се сомневавме и тогаш дека СОПОТ беше намешталка, од тогаш знаевме дека не постоеше мотив никаков старец во длабоки години да разнесе НАТО војници, или па македонски вијници, но, црнецот е крив, на македонскиот народ не им требаше повеќе, не им требаа докази.
Да, знам, дека *ние* албанскиот народ не расудуваме идеално, сме бранеле некогаш и кога не треба, признавам.

Кажав и тогаш, дека државава не ги гледа албанците како дел од свое ткиво, не се партиите криви камоли народот, не беше многу различно и кога други партии беа на власт, СОПОТ го докажува тоа.
Државата се води од богатите елити, изгледа не е во нивен да ги поделат интересите, тендерите и контролата врз државата со албанските елити, нема тука патриотизам, име, знаме и не знам што...
Проблемот е од МАНУ кои без никаков проблем цртаа нови граници, верувал или не тие мапи уште стојат на маса, јавно се произнесе и Ахмети за тоа.

Имам многу потреба да пишувам во ова тема кое не знам дали е онтопик ако веќе не сум до нос во офтопик.
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
За Сопот да не се лажеме , Мината не беше за нато туку полицијата .
јадните пољаци добија мина која не беше намрнрта за нив.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.491
Поени од реакции
5.024
За Сопот да не се лажеме , Мината не беше за нато туку полицијата .
јадните пољаци добија мина која не беше намрнрта за нив.
А како знаеме дека беше за полицијата?:rolleyes:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.030
Поени од реакции
16.117
За Сопот да не се лажеме , Мината не беше за нато туку полицијата .
јадните пољаци добија мина која не беше намрнрта за нив.
Можеби, ама тогаш (формално, поради полските војници) и западните регионални фаци испратија порака Да се ликвидираат бандите по планините... а вистината бргу се покажа, Хари Костов направи една акција против бандите и веднаш се фрлија дрва и камења за несразмерна употреба на сила. За акцијата на Јанкуловска Планинска Бура 2007 има многу повеќе матерјали, ама и тогаш и ОБСЦЕ и невладините ја осудија полицијата..
Мене ми се слични и случајот Сопот и сега Смилковско езеро, но смешно ми е што СДСМ праи бомба за СОПОТ а тоа е 100% нивен случај. Го обвинуват дпмне зошто не им дава пари на невино осудените што ги затвори самиот сдсм ?? Па нека се казнат парично сите виновни за СОПОТ и со тие пари нека се обезштетат невино осудените. Истото важи и за случајот Смилковско езеро, ако се докаже дека невино се осудени. Но во последниот случај, за разлика од СОПОТ, се кажува дека се работи сепак за криминалци, без обзир каква да им е улогата во случајот МОНСТРУМ, така да тие имаат неодлежани казни за лежење...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
А во какви судови треба да се процесуираат бомбите? Специјални креирани од ЗЗ?
Или оние под контрола на НГ!?

Ајде малку логика. СДСМ и ВМРО Народна се сред “војна“. Јас колку што знам како 2 опозициони партии до пред 2-3 месеци беа во одлични односи. Екс премиерот излезе со став дека СДСМ снимала, а притоа се фали дека и тој има снимки против Бранко, набавени од ист извор! Испадна “кротко јагне од 2 мајки цица„. Што ако Заев сакал да му кипи кола на Верушевски, па и шифрирано зборувал со него укажува на тоа дека сепак изворот е ист, но личноста е различна т.е. се работи за 2 различни личности. (па и се наметнува прашањето, зошто разговарале низ шифри?) И зошто ист извор? Која странска служба би ја прислушкувала Македонија?!:)

И повторно, што има СДСМ за МОНСТРУМ? Можеби местенки за политички поени, но круцијалниот фактор тука не е присутен. Ако во тие разговори (преку 20.000) има некој приватен меѓу вистинските убијци, тоа менува премногу. Јас колку што знам, такво нешто нема.

ПиЕс. Што е тоа, насилство врз државни органи?!
ПиЕсЕс. Горе. Мислам на извор како институција и извор од еден човек кој сите тие снимки ги зел од таа институција. Така да изворот е ист....да нема недоразбирања. ;)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Се надевам дека во наредниве недела дена ќе слушнеме тоа што се најавуваше за случајов. За да не биде после јас сакам да кажам, ама големите не ме оставаат.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.654
Поени од реакции
82.439
Ми личи дека ако се договорат за преодна влада без Груевски (за што е мала веројатноста*), може да не се објават во догледно време деталите за овој случај. Но, голема е веројатноста да нема договор за преодна влада без Груевски, па и "бомбите" за овој случај да се објават набрзо.

или пак, да има договор за преодна влада, ама со Груевски (во што не верувам), па пак да се објават набрзо Монструм-"бомбите".

Апсењето на Заев исто така би имало убрзувачки ефект за објавувањето, но мала е веројатноста, сега за сега, за тоа апсење. Евентуално во некоја порадикализирана ситуација, кај што преговарачкиот процес би бил стопиран.

* Груевски одбива да излезе од влада, му е страв од кривично гонење, а и поради други нешта
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.572
Поени од реакции
13.920

Точно, договор нема да има. Прочитав дека после средбата во Брисел на која што нема да има договор следува радикализација на протестите, односно сдсм се враќа на првичниот план откако беше изиграна од ЕУ (се виде тоа и по лицето на Заев вчера). Ќе пробаат да го фатат последниот воз со немири слични како тој на 5 мај и со објавувањето на бомбата за монструм да се достигне кулминација и ескалација на немирите. Тогаш ако дуи не излезе од влада пиши пропало. Најголем губитник е Верушески кој ќе остане во затвор дооолго време, а Заев нема да биде осуден тоа сигурно. Ако сега не успејат, во што чисто се сомневам, сдсм ќе биде избришана од политикава засекогаш.
 
Договор веќе има. Потпишан, од сите. Тоа во Брисел се дополнителни разговори. И доколку се неуспешни, не го суспендираат вчерашниот договор.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.572
Поени од реакции
13.920
Договор веќе има. Потпишан, од сите. Тоа во Брисел се дополнителни разговори. И доколку се неуспешни, не го суспендираат вчерашниот договор.
Ако е така Заев нека се обеси слободно, ќе ги разочара сите, а најмногу оние пред влада шо дремат како мајмуни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom