Имаше и тогаш одредени членови (македонци) кои се сомневаа дека овие осудениве не се сторителите, и некако затворањето на осудениве го оправдуваа иако не се сторителите, за да се смират страстите кај народот, за да народот се чувствува безбеден демек институциите се ефикасни. А дека еден дел од народот палеше по град заради револт никому ништо, тогаш сите се фокусиравме кај арапските знамиња, извикувањата УЧК итн, сите, сите медиуми, провладини и проопозициски.
Не знам дали осудениве се невини, само знам дека ми(ни) должите извинување на сите членови кои од тогаш цепавме тестатура дека нешто не е во ред со случајов, имавме право да се сомневаме, тоа се покажа и докажа. Не обвинувавте дека браниме убијци, кој денеска брани убијци и уништувачи на животи?
*Ние* се сомневавме и тогаш дека СОПОТ беше намешталка, од тогаш знаевме дека не постоеше мотив никаков старец во длабоки години да разнесе НАТО војници, или па македонски вијници, но, црнецот е крив, на македонскиот народ не им требаше повеќе, не им требаа докази.
Да, знам, дека *ние* албанскиот народ не расудуваме идеално, сме бранеле некогаш и кога не треба, признавам.
Кажав и тогаш, дека државава не ги гледа албанците како дел од свое ткиво, не се партиите криви камоли народот, не беше многу различно и кога други партии беа на власт, СОПОТ го докажува тоа.
Државата се води од богатите елити, изгледа не е во нивен да ги поделат интересите, тендерите и контролата врз државата со албанските елити, нема тука патриотизам, име, знаме и не знам што...
Проблемот е од МАНУ кои без никаков проблем цртаа нови граници, верувал или не тие мапи уште стојат на маса, јавно се произнесе и Ахмети за тоа.
Имам многу потреба да пишувам во ова тема кое не знам дали е онтопик ако веќе не сум до нос во офтопик.