Да пријателе, ама ти изгледа не ги разбираш постулатите на салафизмот, а не па да почнеме да навлегуваме подлабоко во психологијата на ова движење. За да ме сватиш што сакам да ти кажам, накратко...
Исламот има 5 столба: шехадетот (признавање на еден Алах и неговиот пратеник Мухамед), намазот (клањањето), закат (данок за сиромашните), постот за рамазан и хаџот (одењето на аџилак). Сите овие работи мора да ги направат, па макар да ги води и во смрт. Е сега, според салафистите има 6 столба, од кои 5 се истите, а 6-тиот е џихадот. Тие мислат дека мора да го спроведуваат џихадот и не смеат јавно да се одречат од него, па макар да ги води и во смрт, а не па во доживотна робија... Не случајно ти го постирав краткиот документарец со Мевлид Јашаревич, кој не се покаја за делото и јавно го призна делото иако пред судот се изјасни како невин... тоа го чинеше 18 год. затвор! Подоцна откако се откажа од Салафи движењето и се покаја за делото затворската казна му беше намалена на 15 год.
Е сега, зошто ти го обајснувам сево ова... ако Смилковско езеро беше класичен терористички акт од салафисти, а не некои концесии и бизниси кои се споменуваа и на кои се сомневаат родителите на децата, тогаш мораше некој да излези да ја превземи преку видео или преку писмо до некој медиум И ДА ЈА ПРЕВЗЕМИ ОДГОВОРНОСТА! Бидејќи ако не го направи тоа салафистот, то би било смртен грев според неговите убедувања и ги нарушува постулатите на шестиот столб т.е. џихадот! Не мора кога превзема одговорност да се претставува по име и презиме
Горе долу тоа изгледа вака...
Пак ќе ти потренцирам зошто ме сваќаш погрешно. Не тврдам дека осудените се невини, ама имам многу големи сомнежи околу нивното обвинение, онака како што ЈО го изнесе пред судот. На пример... салифисти, а имаат рап песни во телефоните со националистичка тематика и многу пцуење! За салафист освен илахии(верска исламска музика) не постои друга дозволена музика и таа е грев, а не па уште со пцуење!