Јужен дел Niedersachsen (на карта сепак му доаѓа Северна Германија), 10+ години поминаа. Завршив факс и одјебав од МК, делумно по моја желба, делумно од што морав (бившата беше Германка/Американка и после неколку месеци заедно живеење во МК додека студирав крена раце). Знаев од градинка што се вели дека ќе се селам кај и да е, Германија сепак никогаш не ми беше прва, втора, n-та опција. Дојдов без да знам јазик заради бившата, останав поради комфорт зоната што ја најдов овде (јазикот го научив за неколку месеци, од почетокот работам канцелариска работа со 99% Германци). Во меѓувреме поминав доста време по други држави, пред се Финска/Естонија. Ако има некоја носталгија во мене тогаш кон тие држави, МК не ми фали многу. Единствено поради фамилија си идам 1-2 пати годишно. Имам стабилна кариера/работа, купив свој стан на пола саат од градот кајшто живеев и официјално работам (неофицијално 90% home office/remote по неколку саати на ден, work-life балансот ми е на супер ниво), имам германско државјанство. Последните 3-4 врски ми беа long distance пола време, летав секој месец пошто remote не е проблем, but I'm getting too old for that shit па сега дејтам локално. Се на се онака нормален живот на хартија.
Она што дефинитивно ми фали, но е моја сопствена вина е социјалниот живот (или отсуството на истиот) овде. Ова се должи на мои сопствени одлики/одлуки - напуштив фирми со млади колеги на моја возраст, завршив во фирма со 50+ годишни колеги со деца и внуци, така да од старт елиминираш нешто повеќе од колегијален однос. Истото не ми беше проблем додека поминував повеќе од пола време во други држави со пријатели/фамилии на бившите, се вклопува човек лесно во социјални кругови. Тоа заврши, сега сум цело време овде и во меѓувреме пријателите што ги имав или се преселија или се во нова фаза од нивните животи, така да треба да почнам од почеток да градам кругови. Тука делот сопствени одлики не е компатибилен со германскиот менталитет - јас и така не сум некој отворен, екстроверт тип, со Германци ова е х-пати поизразено пошто и тие се до некаде ладен народ, или бар овде на север се.
Иднина? Немам појма. Се мислев да пробам со германското државјанство Скандинавија/Америка/Азија/Австралија, но како што реков - getting too old for that shit. Нова средина, нови предизвици во кариера, нов јазик...да бев 20 веројатно ќе ја напуштев оваа комфорт зона, вака тешко. Планирам во секој случај повторно да почнам remote од странство, имам база во Германија и МК, така да има каде да се вратам. Во кратки црти, дали го достигнав максимумот овде во споредба со да речеме Америка/Австралија? Одговорот мислам дека е не. Дали е подобро отколку кога не би се иселил од МК? За мене ова лично никогаш не беше дилема, системот и средината не ми одговора и немам намера да го трошам животов на непотребни стресови. Штета, потенцијал има огромен (природа, клима, географска позиција, храна, гостопримство), ама не вреди тоа многу кога имаш радиоактивен воздух и сопки на секој чекор во секој допир со системот.