Македонци во Германија

Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Ај да менам тема малце. Каде живеете во Германија и како е за живот? Ние сме точно на Данска граница и работиме на островрот Sylt. Секој ден патувам од копното (последната станица) до островот и искрено Дојчебан е срање. Често каснат возовите или не доаѓаат воопшто па заради тоа јадиме минус сати....и тоа прави животот да ни е кошмар...

Местото е малечко градче со 9к жители. Криминал нема, буквално спиеме со отворени врати. Често пати и ни се отворила влезната врата дури сме спиеле поради ветер или слично и никога ама ништо не фалело. Мебел сме порачувале го оставале пред врата по цел ден додека се вратиме од работа ( секако во пакет спакуван). Множина население е Германско. Негативната страна е тоа што после 5 поручек нема жив човек на улица, пиење кафе како што сме наулени Битола скоро и да нема и е доста монотоно и досадно во тој аспект.

Нов проблем е што после 4 години и успешна интеграција (јазик и тест за натурализација) веќе некако почнува да не фаќа тешка носталгија за долу, многу од нашите пријатели веќе и се вратија поради истото. Пред скоро ја зедов и сестра ми со нејзината фамилија и и ја отстапив старата куќа каде што живеев па сега сме блиску ама сепак како врви време ми се чини носталгијата си го прави своето иако сме повеќе Македонци тука некако не знам ...депресивно. Сигурен сум и дека е поради местото и поради тоа што сеуште немаме деца...ама некако и времето мн мн брзо врви.... секој ден по 2 часа превоз ако нема каснење..

Секое слегување на одмор како што сме сега е потешко враќањето горе, да бидам искрен почнува и да не ми се слегува дома за одмор само поради бегањето.

Како е кај вас каде што живеете? Како сте задоволни? Се борите ли и вие со желба за враќање МК (не дека би се вратил ама има денови каде што ме јаде во глата да речам ) Дали во поголемо пораздвижено место е исто како нашиов случај или е малку поинаку ?
Ќе напишам некое подетално мислење можеби за некој ден ама инаку нели ти е ладно бе таму друже :D јас како летно дете шо би рекол Климе од К15 кој секогаш мразел дожд и зимо многу ми смета дождот кој ебано не престанува да врне и мислам дека климата всушност и игра најголема улога зошто сите се ладни и намуртени, во овие неколку години мислам дека дождот во психата ми влезе, посебно сега кога нели треба да е убаво времето а се "губат" многу денови во дожд. А како и секаде има и добри и лоши страни, носталгијата ќе ја имаш се повеќе ако живееш монотоно таму и не ти стане тоа место нешто слично на оној живот што до некаде си го терал доле, тука престанува носталгијата но ако отидеш малку подалеку и сфаќаш дека треба цел живот да го поминеш сепак надвор од дома, мене лично душата ми се нажалува одма, колку и да звучи клише сепак е така.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.583
Поени од реакции
17.425

Абе кога се капиш во морето од страната на Англија да речам е исто како Охридско, ако одиш од страната на Балтичко море е веќе мачење. Онаков студ во вода немам доживеано пособено кај Фленсбург. Влегуваш во вода и ти се чини те сечи нож. Во лето е само во Јули топло онака ама ни приближно како кај нас...

Студот и дождот иако ги мразам некако навикнав на нив и нивното сивило.

Ми се чини делот кој највеќе ти нажалува душа е кога секое слегување гледаш дека твоите блиски се постари и постари, градат споемни без тебе...
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.583
Поени од реакции
17.425
Ako nemav prichina nemashe da te prasham!
Работев во Хотел, сега веќе не иако сум сеуште 'стациониран' во Westerland. Aко имаш некое прашање лично можиш слободно пп да пишиш без проблем :)
 
E

enzo8

Гостин
Ми се чини делот кој највеќе ти нажалува душа е кога секое слегување гледаш дека твоите блиски се постари и постари, градат споемни без тебе...
Решив веќе да одбегнувам да пишувам лични работи на форумов ради ликови како Ронче, он ни е пример ама ги има многу ама пошто те гледам реален и искрен, ќе те придружам.
Јас живеам и работам во Кемптен, Баварија. Работам како поштар/доставувач во Deutsche Post/DHL. Тазе сум мигриран, имам само еден пријател близок со кој се дружам, тука сум 7 месеци и многу пати ме јаде истава мисла и носталгија за назад. Ама знаеш што ме враќа? Тоа што кога ќе помислам што би работел долу, колку би заработувал и во каква држава/систем живееме долу, едноставно, моментално не гледам перспектива долу. Додека бев долу, сменив едно 4-5 работни места, а по професија сум дипломиран професор по англиски јазик, завршив и академија за QA, бев без работа 7 месеци пред да заминам за горе. За разлика од други, не кривам никој, пробав се што имав намислено да пробам долу за да „успеам“ ама не ми се погоди момент/среќа како сакаш кажи го. Уште сум на мисла дали да се вратам назад или да седам тука, не го знам јазикот воопшто, ептен основно да се разберам и тоа моментално многу ме кочи ама е лесно надминливо.
Животот овде ми е океј, стварно неможам да се пожалам освен што премногу ми фалат најблиските. Работата не ми е многу тешка, ми се свиѓа што имам апсолутна слобода на работа, немам никаков притисок или стрес и карактерно ми годи што сум во движење, плус работно време ми е флексибилно, ако си завршам порано, си бегам порано и едноставно, како за почеток повеќе од добро ми е. Има македонци, балканци, ги имам и на работа и вака се запознавам со луѓе лесно ама пак не е тоа, тоа, да знаеш. Едноставно тие другарства, врски што ги имаме градено долу со ништо не се заменува, ако ти тоа фали.
Јас од тој аспект би ти препорачал да размислуваш, не знам што си по струка, едно друго ама размислувај што би работел, колку би заработувал зошто доле како обичен радник, без врски, партии, 40к ти е некој максимум што ќе го стигнеш а рачунај иста храна, сметки како во Германија само што нема да плаќаш кирија и ќе живееш во знаеш и сам каков систем и држава.
 
Јас сум IT и претходно работев како Quality Assurance Specialist за Мерцедес и покасно VW. Додека втора работа во МК па и сега горе ми била Дизајн и фотографија, имам и цело фотостудио :)

Реално платата не ми беше лоша и беша доста висока. Си заминав поради други причини кои ме нервираа во државава наша. Имав веќе и понуда да се вратам во Daimler пред да се деси корооната и нажалост се деси Корона и останавме најгоре. Имав понуди други после корона ама бев зафатен со план да си ги средам документит пошто во Шлезвих Холштајн во однос на aufenthaltstitel се доста добри и добиваш секогаш на 3 години... Сега малце не кочи и околината пошто реално освен Маркет, Хотел и малечки дизајн и ИТ фирми (во кој работат Германци) нема друг избор во близина а и тешко се наоѓа смештај пособено и цената која ја плаќаме е смешна ( 1200е за куќа на 2 спарата по 70 квадрати со огромен двор, гаража, шупа, летна кујна, и подрум со 6 огромни соби).

Реално работа е работа, од тоа нема ни срам ни ништо барем горе е запрепастувачки како во секоја бранша се гради кариера. Од Хаускипер можиш да стигниш Хаусдама и асистент на директор ама треба да се посветиш и да се пронајдиш во истото. Забележав дека откако ќе научиш јазик се отвораат сите врати тао запамти го ама ете ние сме на 'лошо' место. Безбедноста е веќе друга а и Германците се множина тука и се мн мн фини со нас Балканците за разлика од со тие малку сиријци и арапи што ги има.

П.С. не знам што се десило со Ронче :D
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.854
Поени од реакции
8.398

Веќе и во Македонија после 17 часот по улиците шетаат само типови кои дремат по кладилници или казина. Последниве две години одкако се дешава егзодусот со младиве дури и во МК не е ништо подобро.
 
Чим си во ИТ струка и со искуство, за тебе зима нема. Тоа што не ти се свиѓа местото кај што живееш е мала препрека, ќе најдеш работа со струка во друг крај/град и ќе мигрираш. Предноста на живеење под „кирија“ или што би рекол Ронче, немање свое е во баш таа флексибилност, доколку не ти се свиѓа местото, бираш друго. Ако си женет, со деца, тоа е веќе малце поголем предизвик ама пак не е ништо ненадминливо ме сфаќаш. Ама ако си во оваа ситуација, да се вратиш и децата да ти раснат во МК, искрено не би ти препорачал, пошто образованието ни е катастрофа, во каква држава ќе ти раснат децата? Што ќе ги советуваш, да учат школа, факултет за после да бркаат партии и врски и да се исмеќари на неписмени ботови од партија? Само за да ја искористат дипломата или да бидат обични работници, ни платени, ни почитувани и секој приватњак газда да си игра курташак со нив. И од тој аспект гледај.

Моментално сум во МК, тука ќе бидам две недели на одмор и еве, како сум горе 7 месеци ама баш ништо се нема сменето, добро не е ни голем период ама сепак. Бев на мисла и уште сум дали да седам и учам јазик или да се евентуално вратам ама после сите муабети што ги имав со блиски, со другари, сите се незадоволни, на сите им е преку глава дојдено од разни глупосит, секој бара сламка за спас на свој начин и сега таа желба за враќање, малце ми се намали и се мислам дека ќе се заебам пошто ги гледам луѓето што ги знам цел живот, со истите проблем и маки. Горе какво и да е според многу, најдов мир, се осамосталив и останува нешто, не е идеално како што сум замислувал ама пак ти викам, долу ништо ми нема останувано од плата, како земаш, така трошиш и крпиш месец со месец и тоа пази, ни жена, ни деца имам.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.583
Поени од реакции
17.425
Чим си во ИТ струка и со искуство, за тебе зима нема. Тоа што не ти се свиѓа местото кај што живееш е мала препрека, ќе најдеш работа со струка во друг крај/град и ќе мигрираш. Предноста на живеење под „кирија“ или што би рекол Ронче, немање свое е во баш таа флексибилност, доколку не ти се свиѓа местото, бираш друго. Ако си женет, со деца, тоа е веќе малце поголем предизвик ама пак не е ништо ненадминливо ме сфаќаш. Ама ако си во оваа ситуација, да се вратиш и децата да ти раснат во МК, искрено не би ти препорачал, пошто образованието ни е катастрофа, во каква држава ќе ти раснат децата? Што ќе ги советуваш, да учат школа, факултет за после да бркаат партии и врски и да се исмеќари на неписмени ботови од партија? Само за да ја искористат дипломата или да бидат обични работници, ни платени, ни почитувани и секој приватњак газда да си игра курташак со нив. И од тој аспект гледај.
Тоа е тоа што ме задржува горе сеуште бар дел од причините. Иначе сеуште немаме деца со сопругата затоа и реков можеби имаме 'премногу време' да мислиме на овие работи ама мислам дека местото е голем дел од проблемот, па реков ајде ќе постирам ќе се запишиме и споделиме искуства.

Добро е живеењето под кирија заради флексибилност ама искрено сакам и нешто свое бар потаму во животот. Можеби од наредна година.
Автоматски споено мислење:

Веќе и во Македонија после 17 часот по улиците шетаат само типови кои дремат по кладилници или казина. Последниве две години одкако се дешава егзодусот со младиве дури и во МК не е ништо подобро.
И ти можеби си во право. Јас кога и да се вратам Битола стално е полно ама можеби и го годам така периодот. Проклето е ова парче земја во смисла како Татковина, си ја имаа таа топлина секогаш колку и како институција т.е. држава да не чини.
 
E

enzo8

Гостин
Тоа е тоа што ме задржува горе сеуште бар дел од причините. Иначе сеуште немаме деца со сопругата затоа и реков можеби имаме 'премногу време' да мислиме на овие работи ама мислам дека местото е голем дел од проблемот, па реков ајде ќе постирам ќе се запишиме и споделиме искуства.

Добро е живеењето под кирија заради флексибилност ама искрено сакам и нешто свое бар потаму во животот. Можеби од наредна година.
Јас ни девојка немам, стронг соло Сергеј :D ама размислувам од тој аспект зошто еве јас поминав огромен дел од живот учејќи, трудејќи да стекнам знаење, дипломи за да бидам нели конкурентен на пазар за труд и на крај дојдов до ситуација каде што вистината е , не е битно што знаеш, што си завршил и каков звање имаш, битно е дали си во партија, дали имаш врски и луѓе и тоа ти одредува како ќе се снајдеш. Затоа не ми се враќа, не сакам утре мои деца да поминат 10 години во образование и на крај тој труд и знаење да им служи како тоалет папир, во своја држава. Јас мојот живот можда сум го промашил и каснам за многу работи ама барем тоа што ќе го склепам, ќе го склепам во колку толку нормален систем, кај што утре, дали тие деца ќе сакаат да учат или не, ќе има систем во кој ќе можат да се снајдат со свој труд, а не да зависат од други посерковци штабски.
Реално секој индивидуално и од различен аспект може да гледа на работиве, нема правилно мислење/размислување и ја уште тапкам и барам солуција ама долу доколку нешто драстично не се смени после избориве за колку толку да бидеме нормална држава, враќање назад не би требале да биде опција, посебно ако живееш во мешан град со диви орки од население.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Ај да менам тема малце. Каде живеете во Германија и како е за живот? Ние сме точно на Данска граница и работиме на островрот Sylt. Секој ден патувам од копното (последната станица) до островот и искрено Дојчебан е срање. Често каснат возовите или не доаѓаат воопшто па заради тоа јадиме минус сати....и тоа прави животот да ни е кошмар...

Местото е малечко градче со 9к жители. Криминал нема, буквално спиеме со отворени врати. Често пати и ни се отворила влезната врата дури сме спиеле поради ветер или слично и никога ама ништо не фалело. Мебел сме порачувале го оставале пред врата по цел ден додека се вратиме од работа ( секако во пакет спакуван). Множина население е Германско. Негативната страна е тоа што после 5 поручек нема жив човек на улица, пиење кафе како што сме наулени Битола скоро и да нема и е доста монотоно и досадно во тој аспект.

Нов проблем е што после 4 години и успешна интеграција (јазик и тест за натурализација) веќе некако почнува да не фаќа тешка носталгија за долу, многу од нашите пријатели веќе и се вратија поради истото. Пред скоро ја зедов и сестра ми со нејзината фамилија и и ја отстапив старата куќа каде што живеев па сега сме блиску ама сепак како врви време ми се чини носталгијата си го прави своето иако сме повеќе Македонци тука некако не знам ...депресивно. Сигурен сум и дека е поради местото и поради тоа што сеуште немаме деца...ама некако и времето мн мн брзо врви.... секој ден по 2 часа превоз ако нема каснење..

Секое слегување на одмор како што сме сега е потешко враќањето горе, да бидам искрен почнува и да не ми се слегува дома за одмор само поради бегањето.

Како е кај вас каде што живеете? Како сте задоволни? Се борите ли и вие со желба за враќање МК (не дека би се вратил ама има денови каде што ме јаде во глата да речам ) Дали во поголемо пораздвижено место е исто како нашиов случај или е малку поинаку ?
Izdrzi, realno sekojdnevieto ti stvara nostalgija. Znaci so tek na vreme gi zaboravas negativnite raboti sto te naterale da se odselis i ti ide nostalgija za ubavite raboti, ete kafeto na Sirok sokak. Toa sto imas sekojdnevie so rabota i drug stres samo go pojacuva toj efekt. Dopolnitelno ete nekoja samotija imate, taka barem mi deluva. Gledaj, iako e golem cekor, da se preselis vo nekoe mesto kade sto ke gi najdes tie raboti sto ti nedostasuvaat, ete pogolem i poziv grad ama i mesto, kade sto ima Makedonci. Mi se cini deka druzenje so Makedonci ja smaluva nostalgijata do nekade. Ne vikam deka mora da se druzis so nekogo samo poradi toa sto e Makedonec ama od druga strana toa e dobra osnova barem da se zadruzis. Ako bide, bide.
Автоматски споено мислење:

Inace posto ima mnogu UDBAsi na forumot spodeluvanje licni raboti vo golema mera ne e bas dobro. Samo tolku: Ziveam vo istocniot del na Baden-Württemberg vo grad so sredna golemina, znaci ne povekje od 100.000 ziteli. Ziveackata e dobra duri i odlicna od aspekt na uslovi, ekonomski so dobri firmi i plati, priroda kolku sakas, ima dosta izbor na razni aktivnosti i kako saminec ama i ako si familijaren covek so deca. Imas nekolku aerodromi koi ti se dostapni za 1-2 saati vozenje so kola. Poradi ekonomskata struktura imas priliv na lugje od razni mesta ne samo od Germanija tuku i stranstvo. Otvoreni se lugjeto prema doseleni. Stanovi i kukji relativno skapi radi prilivot, i kiriite isto taka iako na strana, na selo sto bi rekle, moze razumno da se zivee a infrastrukturata dobra. Toplo e vremeto e vo sporedba dobro. Pivari ima :D Uslovi za deca isto, gradinki i dobri drzavni skola. Univerziteti i fakulteti isto taka (Hochschule skoro vo sekoj sredno golem grad ima, plus univerzitetite vo Ulm, Tübingen, Erlangen, München, Würzburg, Stuttgart, ...). Makedonci i Balkanci kolku sakas, Makedonski klubovi i crkovni opstini isto. Ispagja kako da falam premnogu ama jzniot del na Germanija Bayern i Baden-Württemberg se dosta razvieni i vo sporedba so drugi delovi na Germanija pred se radi ekonomskata mokj vo tie regioni i pokrajini. So toa i gradovite imaat pari za oddrzuvanje primer bazeni, infrastruktura, kulturni institucii itn. Su ziveel i nekolku godini vo istocna Germanija vo mesto, kade seto ova go nemase. Zatoa ja imam i sporedbata i znam da go cenam. Nekoj ke rece za sto mi e kino ili teatar i onaka ne odam tamu. Da, ama toa e pokazatel deka ima razni ponudi, ne samo kulturni tuku opsto eden grad i region e vo moznost toa da go oddrzuva. Cesto imam kontakt so lugje od NRW kade sto gradovite se mnogu zadolzeni i so toa na primer ne moze da si dozvolat oddrzuvanje na bazen. Ete Gelsenkirchen primer kako najbedna opstina momentalno vo Germanija. Zatoa kako i vo sekoja pogolema drzava razlikite se golemi vo zavisnost kade se naogjate.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.817
Поени од реакции
10.163
Јужен дел Niedersachsen (на карта сепак му доаѓа Северна Германија), 10+ години поминаа. Завршив факс и одјебав од МК, делумно по моја желба, делумно од што морав (бившата беше Германка/Американка и после неколку месеци заедно живеење во МК додека студирав крена раце). Знаев од градинка што се вели дека ќе се селам кај и да е, Германија сепак никогаш не ми беше прва, втора, n-та опција. Дојдов без да знам јазик заради бившата, останав поради комфорт зоната што ја најдов овде (јазикот го научив за неколку месеци, од почетокот работам канцелариска работа со 99% Германци). Во меѓувреме поминав доста време по други држави, пред се Финска/Естонија. Ако има некоја носталгија во мене тогаш кон тие држави, МК не ми фали многу. Единствено поради фамилија си идам 1-2 пати годишно. Имам стабилна кариера/работа, купив свој стан на пола саат од градот кајшто живеев и официјално работам (неофицијално 90% home office/remote по неколку саати на ден, work-life балансот ми е на супер ниво), имам германско државјанство. Последните 3-4 врски ми беа long distance пола време, летав секој месец пошто remote не е проблем, but I'm getting too old for that shit па сега дејтам локално. Се на се онака нормален живот на хартија.

Она што дефинитивно ми фали, но е моја сопствена вина е социјалниот живот (или отсуството на истиот) овде. Ова се должи на мои сопствени одлики/одлуки - напуштив фирми со млади колеги на моја возраст, завршив во фирма со 50+ годишни колеги со деца и внуци, така да од старт елиминираш нешто повеќе од колегијален однос. Истото не ми беше проблем додека поминував повеќе од пола време во други држави со пријатели/фамилии на бившите, се вклопува човек лесно во социјални кругови. Тоа заврши, сега сум цело време овде и во меѓувреме пријателите што ги имав или се преселија или се во нова фаза од нивните животи, така да треба да почнам од почеток да градам кругови. Тука делот сопствени одлики не е компатибилен со германскиот менталитет - јас и така не сум некој отворен, екстроверт тип, со Германци ова е х-пати поизразено пошто и тие се до некаде ладен народ, или бар овде на север се.

Иднина? Немам појма. Се мислев да пробам со германското државјанство Скандинавија/Америка/Азија/Австралија, но како што реков - getting too old for that shit. Нова средина, нови предизвици во кариера, нов јазик...да бев 20 веројатно ќе ја напуштев оваа комфорт зона, вака тешко. Планирам во секој случај повторно да почнам remote од странство, имам база во Германија и МК, така да има каде да се вратам. Во кратки црти, дали го достигнав максимумот овде во споредба со да речеме Америка/Австралија? Одговорот мислам дека е не. Дали е подобро отколку кога не би се иселил од МК? За мене ова лично никогаш не беше дилема, системот и средината не ми одговора и немам намера да го трошам животов на непотребни стресови. Штета, потенцијал има огромен (природа, клима, географска позиција, храна, гостопримство), ама не вреди тоа многу кога имаш радиоактивен воздух и сопки на секој чекор во секој допир со системот.
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
805
Поени од реакции
3.129
Штета, потенцијал има огромен (природа, клима, географска позиција, храна, гостопримство), ама не вреди тоа многу кога имаш радиоактивен воздух и сопки на секој чекор во секој допир со системот.

Доволно е само ова, нема потреба од дополнителни објаснувања.
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
586
Поени од реакции
2.617
Ми требаат совети/насоки од вие што сте веќе во Германија за преселба од МК и работа таму како медицинска сестра. Не е дека ми се брза, ама реална ли е идејата за 2 години најмногу да се заврши цела процедура со јазик (потребно ниво), документи и слично со МК пасош? Англиски знам одлично, ама за таму истиот и не ми врши многу работа ко што слушам. Додуша, слушам секакви рекла казала муабети, кој како се снашол, претпоставувам во меѓувреме и се сменети некои работи (правила, барања), па би ве замолила некој ако е информиран како би се одвивал процесот да ми пише за да го почнам. Патем, не ни целам на живот и работа во голем град, пошто забави и гужви 24/7 не ме интересираат.
Сама, без фамилија.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Ми требаат совети/насоки од вие што сте веќе во Германија за преселба од МК и работа таму како медицинска сестра. Не е дека ми се брза, ама реална ли е идејата за 2 години најмногу да се заврши цела процедура со јазик (потребно ниво), документи и слично со МК пасош? Англиски знам одлично, ама за таму истиот и не ми врши многу работа ко што слушам. Додуша, слушам секакви рекла казала муабети, кој како се снашол, претпоставувам во меѓувреме и се сменети некои работи (правила, барања), па би ве замолила некој ако е информиран како би се одвивал процесот да ми пише за да го почнам. Патем, не ни целам на живот и работа во голем град, пошто забави и гужви 24/7 не ме интересираат.
Сама, без фамилија.
Ја не сум го прошол, ама познавам едно дејче што го има процесот за тој период поминато. Е сеа она идеше преку агенција, сама да акаш не знам како иде.
И уште нешто, медицинска сестра у Германија не става само инекции и дава терапија, малце и потешки обврски има.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom