- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.590
Политизирање е затоа што причините за селење се воглавно од политичка природа. Тие што бегаат за да градат кариера надвор заради подобри услови се малку. Германецот ако замине да работи во УСА на пример, заминал заради подобри услови за кариерен напредок, повеќе пари, не заради тоа што егзистенцијата му била доведена под знак прашалник. Кај нас е спротивно. Овде да постои стандард и услови за живот кои што по некоја дефиниција би се нарекле пристојни, а сепак не во ист ранг со Германските, народот не би се селел, барем не во оваа мера како сега.Joe Dalton mnogu go velicis i politiziras aktot na odseluvanje. Denes toa e normalno. Dali od eden grad vo drug ili od edna drzava vo druga, normalno e. Se poretki se lugjeto koi od ragjanje do smrt ziveat na isto mesto. Sekoj ima razlicna motivacija, dali rabota, privatni pricini, potraga za podobar zivot, site tie argumenti se na mesto ama i individualni. Tebe ako ti e vazno da se izboris za podobra idnina na maticnata zemja nekomu drug toa nisto ne mu znaci na primer. I toa sto zemale Bugarski pasosi porano ja isto go kritizirav ama uvidov deka lugjeto si se vo pravo. Ja koristat sansata sto im e pruzena. Oti da ne. Pominaa vreminjata da se zrtvuva za "narodot" ili "drzavata" tie za sto si se zrtvuval uste odposle kriv ke te najdat. Zatoa gledaj si go zivotot i probaj da izvleces toa sto te zadovoluva.
Инаку се согласувам, сега дојде време секој за себе. Никој не е должен да трпи и да си го троши времето и младоста тука и да чека уште триесет години од ова овде нешто да биде. Меѓутоа, јас имам проблем со идолизирањето на самиот акт на бегање од тука и создавањето на таков менталитет на апатија и себедискредитирање.
Мене ми доаѓале иселеници со обвинувања дека ние тука што сме останати да живееме сме ја продале државата. Демек таа ни била оставена на чување. Овие работи ме иритираат, по што јас сум тој што на своја кожа уште ги трпи овие срања. Ти од далеку можеш да кажуваш што сакаш, во реалноста и јас тука, а и ти, сме ја наведнале главата и сме си ја подвиткале опашката. Ти со тоа што си избегал, а јас со тоа што седам тука уште и ќутам и трпам. Разликата е минорна, просто ја нема. Ниту ти можеш да излезеш од ова како победник, ниту пак јас.
А овие со бугарските, не сите ги извадија од очај, оти нож до коска им беше дојден. Има овде еден куп луѓе останати кои што врзуваат крај со крај па не тргнаа по тој пат. Ако ги бранам нив, ќе треба да ги бранам и партиските гниди, оти по таа логика на егзистенцијализам и тие можат да се повикаат на истите причини па да ги оправдаат сопствените предавства преку лебот и децата.
Ако ги бранам повторно, тогаш кое право ми останува да негодувам околу идентитетски прашања, да спорам со бугари или да го критикувам Заев оти го потпишал договорот со нив, бришел споменици од НОВ на кои што стоело „фашистички окупатор“ а од друга страна за новокомпонирани бугари кои што возат низ град канти со бугарски табли, ги станале мртвите им предци од гроб велам ако, се снашле луѓето, така треба. Двојни стандарди се тоа и контрадикции во изразување ставови.