Види вака, 500 000 илјади луѓе не се отселија од убајна... Во основа луѓето сме страшно инертни и мрзеливи суштества и не би ни мрднале со прст ако ни е убаво...
Порано навистина паричниот то ест финансискиот аспект беше поважен... Имаше луѓе во 2003 година не можеа буквално никаква работа да најдат, значи онака ни аргати не можеа да бидат. Бидна помина, денес факт е дека финансиски гледано стандардот во Македонија е кренат. Ако некогаш просечна кола беше југо за 500 марки, сега просечната кола кошта околу 4000 евра и има многу повеќе... Тоа е неспорен факт...
Ама остана еден проблем, а тоа е менталитетот. Кој е многу загушлив и ја убива слободата на млад и модерен човек на пример. Ми се чини сега се бега и ради менталитетот, слободата и така натака.
Мислам према слобода Македонија слободно може да се спореди со Талибаните во Афганистан... Ако не ми веруваш еве еден мисловен експеримент.
Еве да речеме живеам во некој провинциски град и утре ми се субаи некој строен висок надарен и набилдан црнец на фејзбук или не знам некаде го најдам и се одлучам од утре да живеам како трансексуална жена со него. Знаеш низ каков хорор би поминал во приватен живот. Само како пример. Истово да го напри човек во Штутдгарт или во Барселона никоме ништа.... Е тоа се вика слобода...
Никој не ги оспорува причините за иселување, цела тема има за тоа, јасно е се, џабе си ги парафразирате мислењата еден со друг. Еве пример јас што сум пишал на оваа тема пред едно две-три години:
https://forum.kajgana.com/threads/Што-ве-натера-да-се-иселите-од-Македонија.100988/post-8571160
И мислам дека овој аспект од муабетот е завршен. Другата страна на муабетот е што ваквите ставови се пораз и загуба и за земјата, а најмногу за тој што се сели. Еве зборувајќи во мое име, јас утре да се селам би имал измешани чувства, настрана стравот од новото и новопронајдениот оптимизам за иднината, јас би се чувствувал поразен пред се затоа што сум дозволил да ме набркаат шака неписмени будали. Пред неколку години поработив еден период во Германија. Не дека ја видов, ни таа ме виде нешто мене, по што бев опкружен со балканци нон стоп, фактички целиот тој менталитет од кој што гледам да избегам јас си го донесов со себе, така речи фиром во мало, мини шенген среде Германија. Ме прашува еден швабо шо к*р барам таму, ми вика да не има војна па бегаш? Како јас да му објаснам дека нити војна има, ниту е Африка па бегам од глад и болести, ами бегам просто од арамилак, од непотизам и корупција, решливи работи што се вели преку ноќ. Им викаат на сирискине бегалци оти бегале, да останеле да се борат со е*ени исис што глави сече, а ја бегам од Зајко од Муртино Лубеничарот и серам на форум и генерално на интернет колку тоа бил глуп, а сум дозволил таков глупак да ме избрка од родното огниште. Просто сум ја избрал линијата на помал отпор и сум фатил џаде неповратно.
Прадедо во турско избегал од турците на гурбет во Америка, главата му била уцената, три години подоцна пак се вратил назад во истото турско, купил земја и останал да живее тука. Друг прадедо го зеле бугарите насила да служи како бугарски војник на дваесет и некоја година. Загинал на фронт, гробно место не му се знае. Сега јас да земам да се правам насила бугар по тој основ, entschuldigung ама не фала. А знам еден куп што на овој начин денес се испишаа како бугари.
Не толку далеку од местото каде што живееам има една алеа на бисти на борци од 2СВ, прогласени за народни херои. Скоро сите се во нивни рани дваесетти години загинати, пола од нив се предадени од прагматичари, наши изроди. По денешниве стандарди сите тие би биле идеалисти и будали, сонувачи детишта што си ја ставиле главата в торба за да некој денес го негира нивното дело и го руши нивниот спомен, додека на нивните потомци ташак не им чуе за тоа.
Пред да се промени името, главен наратив кој што можеше да се чуе низ улиците беше оти името леб не носи на маса, џабе патриота на празен стомак. И тука на форумов сега има ликови кои што беа главни бранители и застапници на ваквите тези и идеи, за денес, од како се тоа отиде низбрдо бидат главни апологети и крекачи за демек негово враќање. Речи не умри магаре до зелена трева.
Сите ние тука си имаме свои причини и оправдувања за нашите одлуки и очигледно времени ставови кои што ги менуваме како нам ни одговара за да ни биде полесно на душичката. Во реалноста сите ја имаме изневерено оваа земја, не велам држава оти тоа веќе не постои онака како што нашите предци го имаа замислено, таа идеја ја шитнавме за семки, уствари за ништо. Постојат народи низ светот кои што ја немале таа привилегија да оформат своја држава, а ние сме ја имале целата среќа на светот да речеме дека имаме своја, и тоа со супер клима, почва, местоположба, природни ресурси за да живеат не два милинони ами најмалку двојно повеќе, и што е нашиот изговор?
Инаку на темава, да, Германија е супер за живеачка.