Македонците во Канада

Член од
10 декември 2005
Мислења
8
Поени од реакции
0
Pozdrav do site.Jas ziveam vo Toronto,Canada.Nemam prisustvuvano na nekoi zabavi,ama ke mi bide milo da odam.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
JoeyTribiani напиша:
Pozdrav do site.Jas ziveam vo Toronto,Canada.Nemam prisustvuvano na nekoi zabavi,ama ke mi bide milo da odam.
Поздрав Џои и добредојде на Кајгана. Не само на собирите во Канада, те очекуваме и на некој од наредните Кајгана собиранки во Македонија. :wink:
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Acid напиша:
...те очекуваме и на некој од наредните Кајгана собиранки во Македонија. :wink:
Sega mi dojde edna ideja... Na tie sobiranki da se deli besplatna kajgana (ama samo kajgana, bez dodatoci od strana)!:)
Eve jas se prijavuvam da pokrijam eden del od troshocite!:)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Да речеме, ти ќе покриеш трошок за зејтин или за јајцата??? Хехехехе :):):):)!!

Поздрав Џои и убава дружба и тука и таму.
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Александар Македонски ’ќе јава’ во Торонто



Mакедонскиот бизнисмен Стив Ставро на гробиштата во Торонто си гради монументален мавзолеј. Поранешниот сопственик на хокеарскиот клуб “Maple Leafs” и основачот на фирмата “Knob Hill Farms” во моментов ги поставува последните финеси на својот личен меморијал. Иако се уште не е комплетирана, бронзената статуа на Александар Македонски качен на својот сакан коњ Букефал доминира над меморијалот. Облечен во оклоп, со исукан меч и подготвен за битка, Александар е претставен како херој – освојувач, а Букефал е исправен на задните нозе во исчекување на битката.
Ставро вели дека неизбежното приближување на смртта го натерало да се потсети на своите семејни корења. Роден пред 78 години во малото село Гавро (Егејска Македонија), тој во 1934 година емигрирал во Канада. До 1950-тите години веќе влегол во бизнисот со домашни намирници, а останатото, како што велат, е историја.
Кога почнал да работи на својот споменик пред 3 години, причината не беше затоа што одеднаш почнал да не се чувствува добро. Туку, одлучил дека ќе биде најдобро доколку почне да се подготвува за неизбежното.
Работата сепак не е завршена. На споменикот уште не се изгравирани никакви зборови. Освен тоа, треба да се постават и плочите на кои ќе биде прикажана приказната за Ставро од времето кога ја отворил првата продавничка, па се’ до купувањето на Maple Leafs и градењето на Air Canada Centre (во кој играат и Toronto Raptors).
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
JoeyTribiani, да ми ја поздравиш другарката во канада....кажи и дека ја сакам!
 
Член од
10 декември 2005
Мислења
8
Поени од реакции
0
Koja tie drugarka,neznam jas:)A i da mi ja kazesh jas tuka nikoj ne poznavam.Inaku 21 godina sum,neznam mozi sum najmlad.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Традиционалните активности по повод Божиќните празници ќе се организираат и оваа година. Најголем собир на Македонци се очекува да има на црковното место во Mississauga (290 Derry Road W), каде што во четврток на 5 јануари, во 18:00 часот, ќе биде запален традиционалниот коледарски огон.
Според македонските обичаи, на 5 јануари започнува славењето на Божиќните празници. Вечерта спроти Бадник првите коледари го палат коледарскиот огон со намера да се ’бркаат’ злите духови од земјата и притоа се пеат песни, се игра и се пие топла ракија.
Наредниот ден, на Христијанскиот празник Бадник, малите деца одат по домовите од соседите, чукаат на вратите и пеат коледарски песни. Според традицијата, домаќините за тоа ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари.
По повод Бадник, во петок во 10:00 часот наутро, во сите македонски цркви ќе се одржат богослужби, а богослужби ќе има и вечерта во 18:00 часот, додека наредниот ден (сабота, 10:00 часот), по повод големиот Христијански празник Божиќ, ќе се одржат Свети литургии.
 
Член од
7 ноември 2005
Мислења
44
Поени од реакции
0
@Strelec

Ima nekade na net informacii za grobot na stavro, so pogolemi sliki???

Pozdrav od good old Germany
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Ќе се обидам да најдам... Во краен случај, самиот ќе одам и ќе соберам некои кадри... Инаку информацијата за Стив Ставро беше објавена во најтиражниот канадски весник ’Торонто Стар’, а јас ја објавив на еден иселенички портал и потоа ја ставив и на форумов.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Македонска вечер во Waterloo

Во организација на десетина бивши студенти Македонци на New Canadian Program, во среда, 1 февруари 2006 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на New Canadian Program во Waterloo ќе се одржи ’Македонска вечер’, на која ќе се презентира македонската култура и традиција, уметност, фолклор, обичаи, музика и се разбира македонската кујна. Добродојдени се сите Македонци и пријатели на Македонија.
New Canadian Program е локална програма која е финансирана од Human Resources Development Canada, Government of Ontario, Waterloo Region District School Board, како и многу локални компании. Наменета е за имигрантите со цел да им помогне во наоѓање на работа во својата струка. Македонската вечер ке се одржи во просториите на NCP на 12 Dupont Street West во Waterloo, Ontario.
 

Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
Acid, а бре ти знаеш повеќе него нас овде:P:icon_lol:
Брачед иам у Waterloo, баш ме потсети, да се контактирам со мангата да видам шо собир ќе е ова. Фала ти:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Wolf Pack напиша:
Acid, а бре ти знаеш повеќе него нас овде:P:icon_lol:
Брачед иам у Waterloo, баш ме потсети, да се контактирам со мангата да видам шо собир ќе е ова. Фала ти:)
Ништо друже, за тоа постои форумов - сите Македонци да останат во контакт и инфомирани, безразлика во кој дел на светот се наоѓаат. :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom