Македонците во Канада

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
Незнам како сме испуштиле ваква тема.

Оваа тема нека служи за информации поврзани околу македонците во Канада.

Женската секција при црквата Свети Илија од Mississauga организираше Божиќна забава за сите македонки. Забавата ќе се одржи денес, 12-ти декември, 2005 година (понеделник), во 18 часот, во ресторанот 'The Old Barber House'.

Овој ексклузивен ресторан се наоѓа на 5155 Mississauga Rd. N., Mississauga. Цената на влезниците е $45, а во неа е вклучена богата вечера и забава со жива музика од познатата интерпретаторка на народна музика Соња Лозановска. Во текот на вечерта ќе биде организирана лотарија и бинго.
 

Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
Браво за топикот Acid, има многу Македонци во Канада ама повеќето се втора или трета генерација така да може тоа е причина зошто не настојуваат по Македонски форуми тие. На собиранките одам чат пат, убаво е, има концерти, добри јадења и понекогаш се избира најубава девојка:)

За Македонците во Канада и цела Северна Америка:

http://www.maklink.com/
 

BoRg

Resistance is futile you will be assimilated
Член од
8 декември 2005
Мислења
486
Поени од реакции
2
На собиранките одам чат пат, убаво е, има концерти, добри јадења и понекогаш се избира најубава девојка


Teska rabota ...ccccc
 

Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
Место понекогаш требаше да пишам еднаш или два пати годишно:icon_lol::icon_lol: ама сега забушавив ебаго, неам време за собиранките веќе...
 

Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
Има бе Троти, не ставај заклучок одма. Ја шо сам онда?:wink:

Univeristy of Toronto е првиот факултет во Канада каде може да се учи Македонскиот Јазик.
http://www.utoronto.ca/slavic/language/macedonian.html

Како што реков и погоре, многумина од Македонците се втора или трета генерација, претежно се оние прогонетите од Турското време и од втората светска војна како и Грчката војна.

Еве еден одличен линк за Македонското потекло во Канада:
http://www.macedonianhistory.ca/
 

BoRg

Resistance is futile you will be assimilated
Член од
8 декември 2005
Мислења
486
Поени од реакции
2
Wolf kaj zivis potocno ?
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
ја имам другарка која живее во канада, супер и е тамо само што многу тешко и иде со македонскиот, поготово на кирилица и не може да учествува во форумот. Моментално чатам со нејзе на мсн и рече да ве поздравам сите
 

Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
No problem i dobredojde:)


За convention-от што се оддржува секоја година, знам дека има фудбалски турнир и понекогаш е жустро:icon_lol: Иам играно само еднаш и то како гостин, ако има некој тука што е член на некоја екипа нека каже:)
 
Член од
14 септември 2005
Мислења
416
Поени од реакции
11
Dimitarc напиша:
ја имам другарка која живее во канада, супер и е тамо само што многу тешко и иде со македонскиот, поготово на кирилица и не може да учествува во форумот. Моментално чатам со нејзе на мсн и рече да ве поздравам сите
Dimitarc ti znaes li samo kolku Makedonci naucija ubavo da pisuvat Makedonski na toa chatovite?
Jas licno poznavam eden kup.
Koga pocnaa da idat epten tesko i idese duri i smesno ni bese na nas idiotite.Sega nemozes da gi poznaes,duri i slangovi makedonski mavaat:)

Pozdravi ja drugarka ti i kazi neka ide slobodno tuka.Ako moze Bugarski da citame i razbirame pa zasto ne i nea :)
.
EDIT:Ah pa ete ja dosla.
Dobredojde devojce
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
сакам да одам кај нада

норт вест територи

кај индијанците

нешто ме врзува со нив :р)

арно ти текна ејсид, за темава...

зато шо си прат собиранки и слично, нека се чкрта од време на време тука шо и како прават нашите таму...

знам дека меѓу најгласните беа во протестите за смената на знамето и името
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
Дочек на Нова Година

И оваа година Македонците во Канада ќе имаат можност да бираат каде ќе ја пречекаат новата година, организирајќи неколку прослави, на различни локации.

Покрај традиционалниот пречек во црквата Свети Климент Охридски каде за 85 долари по човек гостите ќе ги забавува популарната Елена Георгиева, пречек ќе организираат и Скопското друштво во салата “La Vedette Banquets” која се наоѓа на адреса 150 North Rivermede Road, Vaughan. За информации и резервации во црквата може да ја побарате Елена на телефон 416-421-7451, а на телефонот 416-264-5556 кај Кузо Леновски можете да добиете подетални информации за пречекот организиран од Скопското друштво. Сепак најмногу Македонци се очекува да се соберат на пречекот кој го организира Македонскиот Центар.

Оваа година пречекот ќе биде во прекрасната Sangeet Banquet Hall која се наоѓа на 181 Rexdale Blvd., Toronto. Салата е многу поголема од ланската, но интересот е толку голем што сите заинетерсирани мора брзо да реагираат доколку не сакаат да останат без место.

Влезниците ќе чинат по 40 долари за возрасни, 10 долари за деца над 14 години, а децата помали од 14 години нема да плаќаат влезница. За музиката ќе се погрижат веќе докажаните ДЈ-и, ќе биде сервирана т.н. шведска маса со разновидна храна и ќе има голем избор на пијалоци по популарни цени. За повеќе информации заинтересираните можат да се јават на 416-722-7584 кај Кокан Арсовски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom