The Dude
Лајно
- Член од
- 25 мај 2009
- Мислења
- 502
- Поени од реакции
- 321
Кога сме кај Велешта... Јас сум веројатно единствениот кајганџија кој настапил во вулканот „Велешта“... Три пати И веројатно единствената будала во Македонија што играла и во Бутел и во Велешта.
Пред да почнам со приказните, една ептен битна информација. Величенствениот (не тој од филмот) своите фудбалски почетоци ги имал во ФК Велешта
ОК... Одиме. Веднаш до стадиончето има сала која се користи за што друго ако не за соблекувална. При првото мое гостување таму, не однесоа на трибина и ни рекоа дека тука може да се пресоблечеме за срамот да биди поголем додека ние се пресоблекувавме на трибини, на паркет едни батиња си играа мал фудбал
Пред 3-4 години требаше да има реорганизација на лигата и од 5 трети лиги да се направат 2. Според планот требааше да опстанат првите 5-6 екипи а другите да одат во понизок ранг (ништо не бидна од тоа по шо знаеме колку ни беше ажурна претходната фудбалска влада) Тоагаш на сите екипи им требаа бодови. Тргнавме за Велешта и по пат стравот го теравме со желбата за опстанок... ама... Уште не слезени од комбе дојдоа претставниците на клубот и го викнаа нашио тренер „на кафе“. По 5 минути еве го доаѓа и уште по одот му се гледаше дека го пееле. Не собра сите и ни вика: Дечки денеска мораме да изгубиме. Им требале бодовите и тоа е тоа, ништо не можеме да направиме, ќе не убијат! И бидејќи ние сме добри гости си примивме 2 гола уште од почеток На крај мислам дека беа 4 или 5. Нулата за нас goes without saying
Сега една приказна кога тие ни гостуваа. Ги чекаме... ги нема... 15 минути до почеток на натпреварот ги нема, 10 минути... ги нема. Кога речиси сите надежи пропаднаа дека еден таков судир на титаните нема да се случи, еве ги!! Петнаесет минути покасно од закажаниот но тука се, излегуваат!! И тоа не било како, веќе пресоблечени во дресови, со копачки. Со еден збор, спремни! И наместо како што е ред прво да појдат в соблекувална, тие правац стадион, тие се велесила не им треба освежување. Од што се толку сигурни во победата дојдени се само 9 играчи. (кога видовме дека се 9 се договоривме на полу време да биди тесно, за да не им се „повреди“ некој при 3-0 во 10-та минута и да биди за џабе чекањето) И според очекувањата веќе 5та минута 0-1 за гостите, до полувреме успеавме само да изедначиме. Е после 2-1, 3-1, 4-1 до 60та минута и им се повреди еден играч, подоцна и уште еден (епидемија ќе да беше) и натпреварот мораше да биде прекинат и регистриран со 3-0
Кај екипите што ги пречекале лошо пуштат деца од 16-17-18 години и и да сакаш да возвратиш на пречекот, не можеш
Доста ве смеев (под услов дека ве насмеав) Знам дека ова шо следува не му местото на темава, ако мисли модераторот дека заслужува нова тема нека отвори, ако не, мислам дека е доволно да биде напишано нешто во тема која што има 5к прегледи за релативно краток период. Во неделата требаше да гостуваме исто така во Велешта, но не отидовме. Клубот веќе нема пари! Спонзорот (единствената фирма во градот која може да спонзорира клуб) откажа веројатно заради неправилна работа на дел од управата. Што е уште потрагично, градот тврдоглаво одбива да помогне веројатно заради партиски причини. А тек следи најтрагичниот дел... За клубот да функционира најнормално потребни се 4 000 евра годишно или ако сакате, отприлика колку еден ебан вработен во јавната администрација!!! Денес во државава имаме луѓе кои земаат пари за да не одат на работа, градот што од инает, што од будалштилук не сака да се крене над партискита идиоштина и убива клуб во кој поминале стотици играчи израснале еден куп деца. Клуб каде започнале да играат фудбал двајцата најдобри стопери во истријата на македонскиот фудбал Најдоски и Седлоски. Срамота!!!
Но битно владата изгради уште еден стадион веднаш до стариот сега имаме 2 стадиони и 0 (и со букви) нула фудбалски клубови. Сега читав дека едно такво стадионче ја чинело владата 155 000 евра Ма она бе реално не кошта повеќе од 30к. Биле изградени според светски стандарди, ако две туш-кабини, трибини од штици и терен полн со бразди (како што поминла машината) и трева која ја чекавме повеќе од една година на никне се светски стандард, тогаш терените се изградени по највисоките! Повисоки не може!
Немав намера да ја мешам и владата во темава, ама за да ја остварам поентата, морав. Доколку тие пари (или барем украдените) се инвестираат во некој клуб од помал град или во во вториот по квалитет клуб од некој поголем град само од каматата клубот ќе живее со децении! Еве на пример: каматната стапка за депозити во денари е околу 5% (за орочување на 1 година) а повисока на повеќе години, али за примеров нека биди и една. 155 000 евра носат нешто повеќе од 7 500 евра годишно, со тие пари ќе поминеме 2 години, или една година и играчите ќе земаат по некој денар и клубот веројатно би имал најмалку двајца вработени. А бидејќи станува збор за камата, а не директно трошење на тие 150к при нормална инфлација клубот најверојатно би траел 2 децении.
Уште еден не така фудбалски пример. Ако парите кои што се вложени во МЗТ за една година, се вложеа во младите категории, гарантирам дека едно десетина години немаше да има празна сала во Македонија.
Е сега не велам дека проектот на владата е лош, ама реализацијата е ужасна. Игралиштата не вредат ни 30% од вложените пари, во мојов случај имаме 2 игралишта едно до друго кои никој не ги користи. Во Мак. Брод игралиштето им го градеа 3 години и заради тоа клубот од таму мораше да паузира 2 години откако сфатија дека играњето на домашен терен на друго место е неиздржливо финансиски.
Не велам дека баш владата треба да издвои 150к и да им ги подели на 20-30 клубови, дури и сметам дека тоа е погрешно бидејќи секогаш ќе се најди клуб кој ќе рече: а пари за нас? И се разбира дека ќе биде во право. Со ова погоре сакав само да кажам дека ужасно ме нервира што никој не се интересира!!! На рекламите на собранискиот гледаме како среќни деца си трчкаат по терените, како костумосани идиоти сечат ленти, а за што? Никој не се интересира дали игралиштето е изградено на правилно место, дали парите се вложени онаму каде што се најпотребни... не! На насмеаните лица од МТВ им е битно да се појават на ТВ и да кажат дека се инвестирало, како, што, за кој, на никој не му е гајле.
Целата идеја на вториов дел од постов е да го искажам своето незадоволство кон општините. Јас целосно разбирам дека капитализмот функционира по принципот плати па клати, но општините не смеат да се изземат од спортот. Реално за секоја општина 4 000 евра не се ништо (едно партиско вработување помалку), а со тие пари може чуда да се направат за доброто на македнскиот фудбал. Чуда во смисла дека во минатото поголемиот дел од репрезентативците потекнуваа од помали клубови и средини, сега се е централизирано во Скопје и Тетово што од фудбалска гледна точка е погубно, а на никој не му е гајле. Во државава имаме две спортски емиси... Едната повеќе се интересира за Лео, Кики, Пеп и Му. На другата не можеме ниту да и забележиме бидејќи судејќи според возраста, авторот силно чука на вратите на склерозата. Па човече МТВ има 10 спортски новинари, а не можат да направат една мочана спортска емисија.
Денеска Кире излезе и јавно кажа дека во федерацијата баш им чуе за ракометарите и ниту еден новинар не се заниша да направи скандал од тоа, само си ја пренесоа веста како и да не е голема работа. Ма во нормална држава начевци ќе беа протерани од државава бре, а не никој да не ги побара да одговорат на едно прашање!
Ете исплукав по општините, владата, спортските новинари сите според мене подеднакви виновници за состојбата на спортот кај нас. Сега одам да спијам.