Македонски филмови

Член од
30 декември 2021
Мислења
9
Поени од реакции
2
А што мислиш ти друже? Досега секоја објава ти беше ко некоја анкета или интервју.

Можеш и ти да ни се претставиш, кои филмови ги сакаш, кои не, зошто ги сакаш тие што ги сакаш итн. Да дадеш некое мислење за кинематографијата и каков филм еве ти би снимил?
Оке мислев дека нема некоја правила може секој се што да прашува, јас не знам многу за филмовите или да давам некоја критика, ме интересира повеќе мислење и одговори од вие што гледате повеке...и знаете повеќе... ако мислите дека грешка правам со мои прашање тогаш во ред е, I GIVE UP

За мене најдобар филм што сум го видел последните години
ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ , ИСЦЕЛИТЕЛ, ЏГАН
па и Три Дена Септембер ми беше добар како филм

За филмовите кој бев разочарен е ВРБА на Манчелски, овој Сестри на Дина ДУма, Година на Мајумунот, етц

Зошто ве прашав вас како филм или што приказна би снимиле затоа што мислам дека вие сте вистински филмофили кој би дале интересна идеа, А јас што би сакал да снимам, не знам ке размислувам и ке давам некои мислење....

поз...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Нема љутиш или зошто да се предаваш. Само како сугестија ми беше дека убаво би било да прочитаме и твое мислење.

За што би јас снимил филм? Пошто сметам дека нашите филмови патат од лоши и недоработени сценарија, ја би посегнал по екранизација на книги.

На прва вака што ми паѓа на ум, би го екранизирал романот "Страв од варвари" на Петар Андоновски, а можеби и "Лето во кое те нема" исто од него. Со мала доработка на романите во сценарија може да се снимат ефектни, а нискобуџетни филмови.

Исто би пробал со екранизација на делата на Игор Станојоски ("Гаргара", "Првиот универзитетски ден на мојата ќерка" и "Диссомнии"). Сите три би биле одлична подлога за добра психолошка драма или трилер.
 
Знаеш што ме плаши, затоа што имаме слаби сценарио и приказни, се плашам дека и адапција на една книга како сценарио нема да стигнат да го пишуват добро, јас мислам дека голем проблем на сцнеаристи кај нас или филмски работници освен што немаат многу знаење на пракса имаат и проблем што не се многу искрени кон делото, и затоа после немаат емоции, приказна , карактери.... слаби карактери по филмови. Можеби сум грешка, ама моментало тоа ми е мое мислење...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.643
Ги гледав конечно Дедо и внук на Пиперковски и Хомо на Изи. Нормално, им седнав со најниски очекувања, речиси сведени на нула, заради се лошо што изнапрочитав за нив, но ми се допаднаа и двата. Обично кога гледам македонски филм секогаш скалата на оценки е поразлична отколку за било кој друг филм, па можеби така и сега бев попустлив и подзамижав на еден куп фалинки и во првиот и во вториот, но барем гледав 2 наши приказни кои за изненадување за мене беа доволно оригинални за да го украдат моето внимание без да трепнам. Значи - не се така лоши, дечки, не зезајте! Какви сме имале...
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.289
Што мислите која приказна е добра приказна за Македонски ФИЛМ?
мислам ако некој од вас сака да снима филм , со која тема, карактери или приказни ке одлучува да го снима? Нешто базирано на некоја книга, или секојдненвниот живот?

Поздрав!
Новинарот што се удави во кофа, документарниот дел во Мајки на Милчо.. оваа приказна во мрачна/скандинавска/корејска атмосфера
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.698
Новинарот што се удави во кофа
Каков трилер филм може да се направи од овој случај, или пак со Расколников од Ѓорче... Ама на кој да му текне, немаме време од Тома и Јужни Ветар 2 :vrtioci:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.906
Поени од реакции
7.574
Каков трилер филм може да се направи од овој случај, или пак со Расколников од Ѓорче... Ама на кој да му текне, немаме време од Тома и Јужни Ветар 2 :vrtioci:
Може од многу случаеви во државава да се направат филмови.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ги гледав конечно Дедо и внук на Пиперковски и Хомо на Изи. Нормално, им седнав со најниски очекувања, речиси сведени на нула, заради се лошо што изнапрочитав за нив, но ми се допаднаа и двата. Обично кога гледам македонски филм секогаш скалата на оценки е поразлична отколку за било кој друг филм, па можеби така и сега бев попустлив и подзамижав на еден куп фалинки и во првиот и во вториот, но барем гледав 2 наши приказни кои за изненадување за мене беа доволно оригинални за да го украдат моето внимание без да трепнам. Значи - не се така лоши, дечки, не зезајте! Какви сме имале...
Види Злате, 4 за мене е сериозна оцена и нешто што би го дал на филм што ептен ми се допаднал.

Е сега, можеби таа сентименталност и попустливост што ја имаш ти кон македонските филмови кај мене со тек на време замрела. Веројатно од преголемиот квалитет на филмовите.

Едно е да имаат добри идеи и приказни, друго е да бидат добри. И оној "Еј" имаше добра идеја за филм, па самата реализација и дијалози беа аматерски.

"Година на мајмунот" имаше интересен синопсис и веројатно интересна приказна на хартија, ама мене ме уби од досада тој филм и ништо не ми функционираше ко што треба во него.

Мислам дека моите 3/5 за Дедо и внук и 2.5/5 за Хомо се и повеќе од доволни оцени ако се земат предвид сите фалинки што ги имаа, а ги имаа доста.

Впрочем и "Стела" е сличен квалитет со погорниве два, ама ти си го оценил со 2.5/5.

Ти ја нејќеш Петрунија на Теона, мене ми беше 4/5 тој филм. Ти го обожаваше чинам "Како лош сон" на Митриќески, а мене тој филм ми беше во топ 5 или топ 10 најлоши македонски филмови.

И сега што правиме? Ја би рекол вкусови се во прашање.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Имаме хроничен недостаток од сценаристи. А во однос на книги, имаше најава за екранизација на Шеќерна приказна на Славко Јаневски од Игор Иванов но и покрај добиени средства пропадна од непознати причини за мене. А ако квалитетно го направеа со добар маркетинг ќе имаше интерес бидејќи како и Зоки Поки ова е лектира со која израснаа многу генерации. Теона Митевска уште пред години како work in progress најавуваше екранизација на Небеска Тимјановна од Петре М. Андреевски ама ништо и веројатно ќе остане ништо. Од тогаш сними 3 филма а веќе спрема 4ти во белгиска продукција така што веројатно се откажала.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.643
И сега што правиме? Ја би рекол вкусови се во прашање.
Се согласувам дека е прашање на вкусови, јас не ги коментирам оценките. Моите оценки всушност се одраз на тоа како јас сум се чувствувал за време на гледањето на филмот. Јас имам дадено и десетки од сентиментални причини на филмови за кои знам дека реално не заслужуваат ни пола од тоа. Мојот коментар беше насочен кон тоа дека филмовите не се до таа мера лоши. Да, сценаријата не се добро обработени, имаат многу дупки, ликовите (особено во Дедо и внук, но и во Хомо) се клишеизирани, ситуациите во кои влегуваат се предвидливи, репликите повторливи... Од друга страна - визуелно се прекрасни (особено Дедо и внук), отвараат интересни прашања (при што тука не ги спомнувам оние очигледните кои како папагали ги повторуваат ликовите), туку такви како: времето во провинциските места кое како да застанало, повторливоста, или цикличната природа на времето кај обичните луѓе (малку сизифовски), емоциите (рака на срце - не видов лоша глума во ние еден од двата филма (со по некое подзамижување)), урбаното vs. руралното. Понатаму - камерата е сосема ОК, особено во Дедо и внук, за што чинам и освои неколку награди по фестивали, боите и тоновите одлично ја надополнуваат и приказната, и дополнително (може и само до мене беше тоа) како да го нагласуваат бремето кое се има надвиснато над градовите (особено Охрид, но и Скопје - подеднакво). Башка и приказните и за едниот и за другиот се оригинални (макар и што се предвидливи), и задржуваат внимание до крај. Затоа не можам да речам дека се лоши филмови. Кога ќе споредам со такви ко „Збор“ или „Деца на сонцето“ или претенциозните wanna-be-art испрдоци на „сестрите и братот“, ова не да се ОК, туку се ремек дела. За тоа зборувам.

Мислам дека моите 3/5 за Дедо и внук и 2.5/5 за Хомо се и повеќе од доволни оцени ако се земат предвид сите фалинки што ги имаа, а ги имаа доста.

Впрочем и "Стела" е сличен квалитет со погорниве два, ама ти си го оценил со 2.5/5.
Не се согласувам. Стела нема никаква прогресија. Стела буквално ништо не кажува. До таа мера е аматерски што буквално изгледа ко некој средношколец да го снимал со шаоми мобилен. Во Стела единствен кој ми се допадна како лик и кој реално нешто кажа нешто беше Мони Дамевски. Се останато беше очај. Во сценариото не дупки туку кратери. Глумата - лоша. Филмот се вика Стела а од Стела ни С не видовме. Кастингот на Тони Михајловски за ликот на дедото - тотална утка. Ликовите - еднодимензионални, неизградени, празни. Односите меѓу ликовите - несфатливи. Не видовме никаков bonding меѓу два лика, па дури ни меѓу Никола и Стела. Ништо. Повеќе од саат и пол - ништо. Едино камерата, ама реално во тој крај и со дигитрон да снимаш ќе испадне убаво, зашто природата е прекрасна. И музиката, ама несоодветна за ситуациите и воопшто за целиот филм. Тука не знам ни што сакал авторот да каже, а не па да барам скриени значења, метафори и симболи ко во другите 2.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Јас имам дадено и десетки од сентиментални причини на филмови за кои знам дека реално не заслужуваат ни пола од тоа.
Молам? Ти смееш да кажеш вакво нешто со оглед на тоа што не пропушташ шанса да ми кењаш за Трето полувреме?
времето во провинциските места кое како да застанало, повторливоста
Па ќе застане, сите доовте у Скопје.
изгледа ко некој средношколец да го снимал со шаоми мобилен.
Во кој контекст е потенциран тука брендот?
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.643
Молам? Ти смееш да кажеш вакво нешто со оглед на тоа што не пропушташ шанса да ми кењаш за Трето полувреме?
:pos: :pos: :pos:
Сепак тое твоето е екстремен случај! :love:
Во кој контекст е потенциран тука брендот?
Без контекст, замени со нокиа, ако сакаш. ;)
Па ќе застане, сите доовте у Скопје.
Некој порано, некој подоцна. :P
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Сепак тое твоето е екстремен случај! :love:
Моето не може да е екстремен случај, особено откако го пиша ова
имам дадено десетки
реално не заслужуваат ни пола од тоа.
Тоа значи дека реално филмот заслужува 4/10 на пример, а ти му имаш дадено 10/10 од сентиментални причини.
Ја на Трето полувреме му имам дадено 10. Ти му имаш дадено 7/10 на филмот... ако извадиме просек од 10 и 7, реално, за филмот, тоа е 6/10 :D
И пак е ова боље ситуација од твоиве сентименталности...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.643
Правев деновиве update на тоа што имам / што немам од нашиве филмови, па еве што остана да ми фали:

1. Малиот човек - Жика Чукулиќ - 1955
2. Јужна патека - Стево Црвенковски - 1982 (го имам гледано филмов, во Кинотека, но го немам на хард диск)
3. Movie - Иво Трајков - 2007
4. Судијата - Жанета Вангели - 2007
5. Мојот татко - Шќипе Нуредини - 2013
6. Каде се парите - Владимир Петровски Картер - 2015
7. Ругање со Христос - Јани Бојаџи - 2018
8. Making OFF - Кузман Кузмановски - 2018
9. Најтешкото нешто - Сердар Акар - 2020
10. TM - Ивица Димитријевиќ / Мартин Иванов - 2020
11. Исчезнатиот - Арбен Тачи - 2021

Добро е, се намалија филмовите од кои нема трага и глас, се надевам уште некој од овие ќе се најде. За поновите сум убеден, најголем преоблем се Малиот човек и Јужна патека. Ако некој има нешто од ова или знае каде може да се најде, кажувајте!

Еве како изгледа фолдерот сега:
1643280065659.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom