Македонски театар

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И за Охридски ич не ми текнува. Имаат пуштено и они некоја претстава, мада оној Никола Тодороски ми е ептен антипатичен, па нема да ја гледам.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Го нема мајсторов :/
Автоматски споено мислење:

Ма да, и ја сум глуп, кај мајстори во време на полициски час...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
MНТ веќе не пушта театарски претстави?

Гледам одамна немаат ставено ништо после онаа Да тргнеме сењор.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Некоја препорака за претставине што ги пуштија од Струмички театар?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
MНТ веќе не пушта театарски претстави?

Гледам одамна немаат ставено ништо после онаа Да тргнеме сењор.
Ми одговорија дека имале технички проблеми, ни „Мајсторот и Маргарита“ не ја пуштија според планираното.

Некоја препорака за претставине што ги пуштија од Струмички театар?
Каминот“. Сум пишала и мислење тука.
Иако скратената верзија ја ставиле на youtube, премиерно траеше над 2 часа.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Кога почнаа? Сабајлево гледав на фб немаат никаква објава.
Па мислам од понеделникот, секој ден по една. Баш на фб секој ден објавуваат, да не имаш лајкнато некоја друга страна?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Па мислам од понеделникот, секој ден по една. Баш на фб секој ден објавуваат, да не имаш лајкнато некоја друга страна?
Така нешто. :ROFLMAO:

Уште Драмски, Велес и Прилеп останаа.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
На Tракермк имате некој театарски претстави.
Автоматски споено мислење:

Еве и од Тетово претстави
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Не знам колку е ова најсоодветното место, но Горан Стефановски сепак беше драматург и театарски писател пред сè. На денешен ден, тој би наполнил 68 години. Слава му и како на човек и како на вонреден театарски деец!


Соработниците и пријателите со емотивно видео во чест на роденденот на Горан Стефановски


На денешен ден, пред 68 години, во Битола е роден Горан Стефановски.
Состојбата предизвикана од кризата поради коронавирусот го спречи одржувањето на собирот по повод роденденот на еден од најголемите македонски драматурзи, чии дела се длабоко вкоренети во културниот идентитет на земјата.
Настанот требаше да се одржи во неговото омилено Дебар Маало, а меѓу другото, Општина Центар и неговото семејство планираа и поставување клупа со седечка скулптура на Горан Стефановски.
За жал, затворањето на границите спречи клупата да пристигне од Англија, така што таа ќе биде поставена кога ќе се создадат соодветни услови за тоа.
Со цел достоинствено одбележување на роденденот на драмскиот писател изработено е видео во кое некои од неговите блиски соработници и пријатели говорат за големината и значењето на Стефановски.


Емотивните сведоштва на неговиот брат – гитаристот Влатко Стефановски, режисерот Слободан Унковски, драматургот Дејан Дуковски и актерите Благоја Чоревски и Јовица Михајловски автентично ги доловуваат духот и харизмата на Горан.

Во видеото е содржан и монолог од неговата драма „Огнени јазици“, во изведба на актерот Драган Спасов – Дац.

Стефановски почина на 27 ноември 2018 година во Кентербери, Англија.

Автор е на триесетина драмски текстови, меѓу кои: „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“… Беше и дел од тимот што ја создаде легендарната ТВ-серија „Бушава азбука“.

Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди и признанија.“


 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Драмски почна да пушта претстави на нивниот Јутјуб канал. Вчера одела Огнени јазици од Горан Стефановски, режија Унко, вечерва ќе оди Кандид во земјата на чудата од Венко. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom