Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Да да има најави за враќање на редовното служење на војска.

За поделбата на овие двајцата што се карате.Секоја единица си има своја специјалност и е добра во одреден специфичен сегмент од воените должности.Неможе да зборувате овој на ова ниво и исти биле на ниво.Ами еве Волците не можат да работат некои инжинериски работи на пример исто ко што инжинерците не може да скокаат со падобран.Шкорпионите и Леопардите се меахнизирана пешадија итн итн.Значи нема поспецијалци и најспецијалци и супернинџи.Секоја единица е специфична а силата е во успешно комбинирање на истите во зависнос од мисијата.Или попросто не може да пратиме инжинерци во акција за ослободување на заложници исто како што не може да се пратат Волците да направат понтонски мост за тенкови.
 
С

Спенсер

Гостин
Таканаречениот прв ешалон на униформираната полиција се состоеше од припадниците на ЕСЗ-"Тигар". Почетокот на војната ја затекна единицата неподготвена за таков вид војување. Бројноста на единицата беше доволна за мирновременски период, но новата состојба налагаше итно пополнување на евентуално празните места како и нејзино проширување. Во поглед на обуката, последните години упорно се форсираше типично полициска обука пред се обука за решавање на заложничка ситуација, иако во Македонија се уште немало ниеден класичен случај на држење заложници од било кој вид. Ако се направеше една стручна анализа на развојот на настаните на Балканот и ако се погледаа искуствата на сродните единици (воени и полициски) на соседните земји ќе се дојдеше до заклучок дека итно е потребна промена на приодот кон обуката и нејзино проширување со вклучување на типична воено командоска обука иако се работи за полициска единица. Ова оттаму што најголемиот дел од активностите и борбите кои ги имаа припадниците на единицата по речиси сите обележја беа типично воени.

Нареден елемент за успешно реализирање на поставените специјални задачи беше доопремување на единицата со вооружување, техничко-материјални средства и опрема.

Единицата беше релативно добро опремена за реакција во мирновременски период, но новата состојба налагаше итно доопремување со заштитни средства, со потешко вооружување (пушкомитралези, митралези, рачни ракетни фрлачи, фрлачи на гранати и сл.), како и итно набавување оклопни транспортери кои беа од исклучива важност за побезбеден транспорт на лица и опрема како и за давање огнена поддршка. Значајно е да се напомене дека поради лоша процена и неправилен приод кон оклопните возила кои единицата веќе ги поседуваше, тие беа во лоша состојба, со нив речиси и не се изведуваше обука и бројот на припадници на "Тигар" кои знаеја да управуваат со нив беше многу мал. Претходното раководство на единицата беше глуво на редовните укажувања на старешината кој беше одговорен за оклопните возила.

Следниот проблем кој се појави беше несоодветната организација и структура на единицата за успешно излегување во пресрет на новата ситуација. И покрај наброените недостатоци, припадниците на ЕСЗ - "Тигар" многу успешно ги извршуваа поставените задачи. Но, во мај 2001 година од страна на ГШ на АРМ и раководната структура на МВР беше договорено ЕСЗ - "Тигар" да влезе во Ваксинце, Кумановско. И, падна наредба за влез во селото...

^^ова е дел за дејствата во 2001ва..

Не прашуваме колку се, туку каде се!
Водот тигри полека се распоредува. Секоја си ја знае позицијата. Се се држи на нишан. Погледите на специјалците ја сечат околината. Војничката цокула згмечува се под себе. Се е тивко.
Кога завесата од чадните бомби ќе се крене, од зад чадот се провираат скриени лица, остри погледи и заковани раце на оружјето. Стегнати во униформи и со зграпчено оружје чиј кундак е припиен до брада и рамо, на првата команда се постројуваат за нова задача. Кога ќе затреба тие се и во град и во село, и во вода и во снег, и во оган и во чад. Тие се сегде. Тоа се полициските тигри. Една од нивните пароли е: Ние не прашуваме колку се, туку каде се!

Единицата за специјални задачи, која е во состав на македонското Министерство за внатрешни работи, има долга историја уште од 1980 година. Тогашниот Републички секретаријат за внатрешни работи на СРМ на ден пред Нова година донел одлука за формирање Одделение за специјални задачи при секторот за посебни единици на тогашната милиција, а од први јануари 1981 година единицата почнува да работи. По неколку месеци Одделението прераснува во Станица на милиција за извршување на специјални задачи и како таква работи се до 1991 година кога се преименува во Полициска станица на ЕСЗ. Како Единица за специјални задачи датира од седми мај 1992 година. Во 1999 година го земаат тигарот како свој заштитен знак и го ставаат ликот на тигарот како свој симбол на униформите.
Кога не се на задача и во акција, тигрите се на полигоните, во салите за вежбање, на гаѓање, на планина...вежбаат. Минатата недела ги затекнавме на Маврово. Тоа беше дел од нивната секојдневна работа, овојпат во зимски услови. Поминавме еден ден со нив за да ги видиме нивните вештини во ракувањето со лесно вооружување, нивната прецизност во гаѓањето, скијањето, ориентацијата во просторот, упадот во куќи, пробивање низ длабок снег, укажување помош и извлекување ранети...
Кога стигнавме на Маврово специјалците веќе беа на позициите. И кога имаат најрутински тренинзи нивниот ден почнува рано. Дел од тигрите затекнавме на еден рид. Еднообразно облечени во скијачка опрема, со пушките на рамо, построени ги примаа наредбите од претпоставениот офицер. Не им требаше многу време да ја добијат задачата, да ги исчитаат мапите, бидејќи на места целосно покриени со снег и без никакви траги тоа е неопходно, и набрзина се спуштија по мавровските падини, секој според командата што ја добил. Додека скијачите ги сечат падините, покрај нив прелетуваат нивните колеги со зимските санки залетани како да влегуваат во најголемата задача што до тогаш ја добиле.
На другата страна еден вод веќе ги решеташе метите. Вежбаа гаѓање со автоматска пушка и со пиштол. Снегот околу нив беше послан со чаури од испуканите куршуми, а на дупчињата на метите покажуваа дека ниеден погодок не завршил надвор од целта. Молскавично се празнат шаржерите, па се полнат нови. Се усвитуваат цевките на пиштолите стегнати во рацете на тигарот како во менгеме.
Една од задачите на ЕСЗ е и укажување помош во високопланински услови. Тимот специјалци вежбаше и таква активност која опфаќа обезбедување на местото каде треба да му се укаже помош на повредениот, укажување помош и негов транспорт со моторните санки на специјалците.
Специјалност на тигрите е решавање на високоризични ситуации со забарикадирани опасни лица. Имавме среќа да присуствуваме и на еден таков упад во куќа под претпоставка дека внатре се наоѓаат група терористи. Водот полека се распоредува. Секој си ја знае позицијата. Се се држи на нишан, пиле не смее да прелета. Се е тивко. Полека се освојува секоја педа. И одеднаш акција. Молскавичен упад. Терористите се совладани додека да трепнат, заложниците ослободени. Акцијата успешно завршена. Се беше само секојдневна вежба, а адреналинот кренат како да е се вистински.
За тоа време друга група е далеку од нас. Во пошумениот дел на Маврово. Отидовме и кај нив. Чиниш нема ништо во шумата. Напрегаш поглед за во гранките, под маската, да здогледаш очи на специјалец. Маскирните униформи се претопиле во средината. Не се слуша ни збор, ни шум. Почнуваат сигналите со раце. Формација, дијамант, ромб, змија... Повторно акција, рафал, истрелите ја дерат планината. Непријателот е совладан. Повторно знаци со рацете. Специјалците се распоредуваат. Се вклучува радиоврската: "Команданте, задачата е извршена... Прием".

***
Што прават тигрите

ЕСЗ Тигар е организирана како посебна единица во Бирото за јавна безбедност со намена за: планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот; решавање заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица; апсење криминалци и криминални групи; решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје; обезбедување загрозени ВИП личности и објекти; давање асистенција во борбата против организираниот криминал; спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени и обука и едукација на кадри.

еве текст од весник за ЕСЗ-ТИГАР...ке постирам повеќе понатаму ако најдам...поздрав

во компјутер имам и стории раскажани од тигри...како оделе во напад,што правеле...ке ги постирам и нив

кој го интересира нека чита...вреди!
 
Член од
10 април 2009
Мислења
146
Поени од реакции
9
Баже, само ставај од време на време колку да не држиш во неизвесност:). Текстов е многу добар, когашен весник е ова? Сега или одамна го имаат напишано? Се за ЕСЗ па ти. Стави нешто и ЕБР ако најдеш:).
 
С

Спенсер

Гостин
среќен ден
:pos2: да да...среќен ден...се спасија:oeoeoe::oeoeoe::violent1:

Баже, само ставај од време на време колку да не држиш во неизвесност:). Текстов е многу добар, когашен весник е ова? Сега или одамна го имаат напишано? Се за ЕСЗ па ти. Стави нешто и ЕБР ако најдеш:).
хехехе..кога ке имам ке ставам бе...ЕСЗ-ТИГАР!!! (за ЕБР ако остане:vozbud::pos2:)хехехе//..
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
оф топик не знаев каде да пишам дали може некој да ми ја даде истата слика само во боја да е да не е црно бела ? ми треба за печатење на мајца
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
@ Бама мислам дека може имам видено исто таква мајца:vozbud: Hardcore e:tv:
 
Член од
25 април 2009
Мислења
369
Поени од реакции
136
имам и јас слушнато за ова уште од пред 3-4 месеци
какво враќање, дезинформации, во која касарна ке служиме? Кога во Битола, прилеп, итн,,,,др градови, им ги дадоја касарните на општините, во бт најавват да изградат трговски на нејзино место, страм да му е, огромен простор, таква планина зад касарна за вежбање, секој ден со точакот одам, ровој, што не има, тенкој стари, авиони, таму вежбала војската, али тоа е, трговски.........:(:nenene:
 

MARTIN BT16

волк
Член од
31 август 2008
Мислења
61
Поени од реакции
4
какво враќање, дезинформации, во која касарна ке служиме? Кога во Битола, прилеп, итн,,,,др градови, им ги дадоја касарните на општините, во бт најавват да изградат трговски на нејзино место, страм да му е, огромен простор, таква планина зад касарна за вежбање, секој ден со точакот одам, ровој, што не има, тенкој стари, авиони, таму вежбала војската, али тоа е, трговски.........:(:nenene:
Велес, Кичево.Скопје ама не вервам дека ќе го вратат служењето војска пошо ве молам ние сме фрлени на професионализам само незнам кој ќе ги замени нив ако дојди до нешто жестоко ама то е
 
С

Спенсер

Гостин
"Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од Вејце и од Радуша. Длабоко во мене се уште ми е мачнината од Вејце, кога си ги видов измасакрирани другарите и кога прстите ми пропаѓаа во нивните јагленосани тела, додека ги качувавме во возилата. Кога Вејце понекогаш ќе ме остави на раат да отспијам малку, тука е Радуша да ме стресе и да ме потсети на 40-часовните рафали врз нас".
Полицаецот Саше Гилевски од Битола вака го почнува секое негово сеќавање на 2001, не можејќи да избега од она што им се случувало на бранителите. Денес се уште е во МВР, а истовремено е претседател на битолскиот полициски разгранок на здружението "Достоинство".
Гилевски, меѓу колегите и другарите познат како Качо, учествуваше во конфликтот во 2001 како командир на вод во битолската посебна полициска единица. Тој е првиот македонски бранител кој пристигнал заедно со своите колеги, со "волците" и со "тигрите" на местото на масакрот кај Вејце во 2001. За него Вејце е најужасната работа што му се случила во животот, а по неа се борбите кај Радуша. Качо е силен грамаден полицаец. Кај него не може да се види ни малку страв. Ама, вели, очите го издаваат, во нив му се сликите од загинатите другари.
"Во МВР сум од 1992 година. Уште од првата година сум припадник на битолската полициска посебна единица. Во конфликтната 2001 бев вклучен од самиот почеток, од случувањата во Танушевци, кога на трети март 2001 бевме мобилизирани. Патролиравме 14 дена по целата околина на Танушевци, а потоа, во координација со 'Тигрите' имавме организирани упади во потрага по униформирани припадници на УЧК. Во април бевме преместени во Тетово каде што ја заменивме прилепската посебна единица. Патролиравме низ тетовските села, во координација со армиските 'Волци'. Немавме командир на единицата туку јас и уште еден друг командир на вод ја водевме целата единица", се сеќава Саше. И тамам помислиле дека се брзо ќе се среди, дека конфликтот ќе помине само со дотогашните ситни инциденти, се случи масакрот кај Вејце, кога беа убиени, измасакрирани и запалени осумтемина македонски бранители.
На 28 април 2001 патролите од тетовската касарна ги добиле задачите која каде ќе оди. Едната патрола требало да патролира од 10 до 15 часот од Бродец до Шипковица, а втората патрола на релација Селце - Вејце од 17 до 20 часот. Утрото добиле информација дека некој рибар тоа утро пријавил оти видел 20-ина припадници на ОНА над Бродец.
"Јас со уште седум мои полицајци и командирот на 'Волците' со седум негови специјалци околу 10 часот се упативме кон Бродец. Го проверивме селото, дури и зборувавме со мештаните дали некој ги малтретира, дали имаат некоја мака. Се беше најнормално, дури бевме и во две чајџилници и најнормално разговаравме со луѓето. Особено прецизно го проверивме делот над Бродец каде што рибарот, наводно, видел униформирани лица. Немаше никакви траги. Се беше во ред и отидовме и до Шипковица. И таму се изгледаше најнормално, па некаде по 15 часот се вративме во касарната во Тетово каде што бевме позиционирани", раскажува Саше.
Во касарната ги наполниле возилата со гориво за да бидат подготвени за следната патрола која оди кон Селце и Вејце. Во 17 часот патролата тргнала. Во првото возило биле "волците", во второто полицајците од посебната единица, во третото пак "волци" и во последното полицајци.
"Замина патролата. Во 17.45 добивме повик од полицаецот Илче дека се нападнати меѓу Селце и Вејце. Веста за нападот ме затече на јадење. Оставив се, го ставив панцирот, го зедов автоматот и веднаш ја активирав единицата. За пет минути бевме спремни за тргнување. Кога излеговме во дворот на касарната, 'волците' беа веќе тргнати пред нас. Постојано на линија бевме со командирот на 'Волците'. Тие ја фатија горната позиција од кај сртот на планината, а ние од долната страна од кај длабината. Додека одевме кон местото на нападот, им јавивме и на 'тигрите' и на околу 500 метри пред местото на крвавиот настан стасавме заедно со нив. Претпазливо се приближувавме кон местото бидејќи не знаевме што навистина се случува таму. Имавме само штури информации дека има ранети и ништо повеќе. Јас и уште еден колега одевме први. Кога наближивме до местото, прво што видовме беше нашата полициска 'лада нива'. Дојдовме до неа. Таа беше издупчена целата. Баравме ранети колеги да им помогнеме. Продолживме повнатре, кон свијокот каде што беа другите возила", со мачнина раскажува Саше, чкрипејќи со забите и стегајќи ги тупаниците од лутина и бес.
"Следната глетка беше ужасна. Возилата се уште гореа, а насекаде се ширеше неподнослива смрдеа од изгореното. Кога влеговме во засекот каде што беше извршена заседата, ги видовме трите возила. Цело време бевме на штрек. Полека дојдов до второто возило каде што беше сега починатиот Илче од селото Породин. Беше под 'хамерот' и само нозете му се гледаа. Го фатив да го повлечам, да го извадам, надевајќи се дека е жив. Кога го извлеков, видов дека еден дел од неговото тело му го нема. Наеднаш исповратив. Брзо се созедов и, полн со бес и гнев, гледав каде да го допрам да му го опипам пулсот. За жал, беше мртов. Едвај се созедов. Тогаш забележав неколкумина од 'волците' кои се собраа кај второто возило и отидов и јас таму. Тоа беше возилото на полицајците. Имаше тројца полицајци на земја. Двајца беа блиску еден до друг, а третиот малку понастрана. Беа целосно изгорени. Ништо не им се познаваше на нив, ни лицата. Уште гореа и тлееја. Од оклопното возило со кое дојдоа 'тигрите', извадивме противпожарни апарати за да гасиме. Почнавме да ги проверуваме и полицајците и 'волците' дали има некој жив. Беше ужасно. Беа изгорени, измасакрирани. Се гледаше дека беа бодени по главите, им беа гмечени лицата како sверови да ги нападнале. Целото место смрдеше на изгорено месо. Таква слика не се опишува. Тогаш ги паркиравме возилата за да ги качиме нашите мртви другари. Не знаете каков гнев имаше кај сите нас тогаш. Бевме бесни како никогаш дотогаш. Слушнавме рафали кон селото Вејце. Веднаш му се јавив на колегата од 'Волците' и тој ми кажа дека од висината на која беа тие забележале униформирана група и запукале по неа", се обидува Саше да најде зборови да го опише, како што вели, тоа што не се опишува зашто само душата му знае што видел таму и како му било да си ги гледа другарите sверски измасакрирани.
"Веќе фати мрак. Имаше уште четворица мртви колеги. Не можевме да ги препознаеме. Знаев кои се осумтемина колеги во патролата, ама кои се тие последните четворица кои ни останаа да ги качиме, не знаев кои се. Беа гламјосани. Се сеќавам дека едно само кажав тогаш: 'На раце ќе ги носам другарите до Тетово, ама не ги оставам тука да ги јадат животните'".
Кревањето на загинатите другари за Саше и за неговите колеги бранители било најтешко. Се чадело околу нив, смрдеа ги дамлосувала, а над глава им висела опасноста дека sверовите кои им ги измасакрирале колегите можат да запукаат секој момент и по нив.
"Тогаш ни беше најтешко. Се распаѓаа телата на загинатите. На еден, кутриот, кога го кренавме, му отпадна ногата. А бе што sверови ќе беа тие што им го направија тоа. Додека кревавме, утробата ми се превртуваше, што од ужасната глетка што од бес поради мртвите колеги. Како ќе го фатевме некое тело да го кренеме, а тоа жешко, тлее, прстите ти се пикаат внатре во гламјосаното месо. Рацете како веќе да не ги чувствував. На прстите снемав осет. Нешто после 20 часот ги товаривме и тргнавме. Таму беа телата на нашите колеги. Дури отпосле ми идеше мислата како ќе си идам дома во Битола, па тоа ми се колеги, другари, а едниот од нив Марјан ми е прв комшија во мојата зграда во Битола живее. Се слушнавме со мајка ми да и кажам што ќе слушне на вести и да и кажам дека јас сум жив, а таа испаничена ми вели: 'Навистина ли си жив, синко'. Како да не веруваше дека разговара со мене", раскажува Саше и ги мести рацете како да ги крева мртвите другари. Му се враќа сликата од Вејце, од гарежот, од масакрот.
Гилевски се сомнева дека неговите колеги биле наместени, ама е гневен што тоа не може да го потврди, да докаже, може само да се сомнева.
"Имав силно чувство дека сме наместени. Јас дента бев со првата патрола и можеше и мене да ми се случи истото. Кога тргнаа возилата со загинатите кон Скопје за на Судска медицина, на мене беше да ги смирам колегите кои беа гневни и сакаа одмазда. Едвај ги смиривме и кон четири утрото беа во кревет. Тогаш останав сам буден. Тогаш ми пукна се. Признавам се изнаплакав, испуштив од мене да излезе се што дента ми ја исцрни душата".
Следното утро, нова мака за бранителите. Требало да се товари опремата на загинатите другари. Во ранците имало само малку алишта, а на полицајците и на "волците" тие торби од загинатите колеги им се виделе како да се нешто најтешко на светот.
"Никој не може да ми ја избрише сликата од тоа што го видов кај Вејце, како што никој не може да им ги врати синовите на родителите. Имам трауми, не се видливи, ама длабоко во мене уште тлеат телата на другарите. Првите две години по настанот не можев да спијам. Се будев со скокање на секој саат и палев цигара. Кошмари, потења, мирисот од Вејце уште ми е во носот.
Два месеца по Вејце паузиравме, и пак не активираа. Не можам да тврдам дека бевме предадени кај Вејце, ама тоа ни го рушеше моралот, а за тие деца по 20-ина години бев спремен да гинам. Ама пак после отидовме на терен", вели Гилевски.
Кога се вративме од Вејце, Битола почна да гори. Битолчани сакаа одмазда.
"Ниеден од моите колеги не учествуваше во палењето оти знаевме дека тоа нема да ни ги врати колегите. Јас до ден-денес велам, да знам кој ми ги намести колегите, ако ги наместија, ќе му вратам со оружје, па и затвор да лежам не се жалам. Мене тоа Вејце ми го смени животот, внатре душата ме боли. Мојот чичко загинал во Втората светска војна и татко ми ми велеше: 'Синко, братот си го изгубив во војна, не сакам и тебе да те изгубам'. Не ме премисли, му велам, тато, ако сите се откажеме од ова држава, што ќе ни се случи со Македонија. Свесни бевме за се, ама искрено, колку и да звучам патетично, тоа го правевме за Македонија, за моите деца, за децата на сите. Јас не сум плачко, ама во мене се е измешано после Вејце, и бес, и сила, и солзи, и мака, и гнев, и инает, ама не се откажувам од татковината. А бевме со мисла дека после Вејце се е против нас", бесно говори Саше, ама не го крева гласот. Зборува смирено, ама нервозно ги крцка прстите. Очите му се полни со солзи кои никако да потечат и со гнев што не може да го скрие со повремена блага насмевка што ќе му се испушти кога ќе се присети на секој убав миг поминат со сега загинатите другари.
По куса рехабилитација, 30-ина полицајци од битолската посебна полициска единица пак биле мобилизирани. Радуша како нив да ги чекала. Саше не кажува колкумина биле македонските бранители, а колкумина непријатели. Ама неофицијалните податоците велат дека во Радуша имало околу 600 припадници на ОНА и КЗК, наспроти сосема мал број македонски бранители, на почетокот на борбите едвај 35. Припадниците на ОНА и на КЗК во бранови доаѓале од правец на Крвеник од Косово. На помош на бранителите тогаш им беа испратени хеликоптери и "сухој", а од кај Чашка и Радуша инфилтрираните припадници на УЧК биле засипани со гранати. Македонските сили тогаш имаа петмина ранети. Бројот на загубите на ОНА, наводно, бил огромен.
"Во август заминавме за Радуша. Првиот ден помина најнормално и мирно. Вториот ден почнаа дејствата. Со мојата смена бевме кај нашиот бункер, кога почна нападот врз нас. За среќа, тогаш дојде армиски авион и припадниците на ОНА го свртеа огнот кон него барем за момент. Пред тоа 20 часа полицајците беа засолнети во три квадрати бункер. Се таму, и јадење и мокрење во шише или во ќесе. Ужасно. Кога не нападнаа дожд секакви проектили истураше врз нас. Бев залегнат долу, а авионот прелета на моја висина. Не престануваа да пукаат. Си реков готово, тука ми завршува животот, на 33 години. Тогаш, на 10 август мојата ќерка полнеше 7 години. И само господ не спаси тогаш. Се погодија трите празници Света Петка, Света Ана и Свети Пантелејмон. Тие светци не чуваа. Под силен напад, некако успеав да стигнам до бункерот да им помогнеме на колегите кои останаа внатре. Да не дојдеше и авионот, ќе останавме таму за навек. После Вејце, со Радуша пак ми се вратија сликите. Пак стресови. Замислете, да гледате обичен филм од саат и пол со пукање, па ќе ви се здосади или не знам што, а кај Радуша ни се фатија 45-46 часа пукање, борба. Почна повлекувањето, и за мене немаше место во другите возила бидејќи имавме петмина ранети, од кои еден критично во грлото. Јас се качив во еден камион и со него се вратив во штабот. Немаше одмор, активностите продолжија", со грч на лицето раскажува и погледнува нагоре, небаре и во тој момент над глава му прелетува истиот авион од кај Радуша.

ова е тоа на спотот Достоинство што го имаше,али таму поради музиката во позадина не се слуша баш најдобро...овој текст е за најкрвавата и најкукавичата (најпичкарскиот) заседа која беше извршена врз припадниците на Македонските безбедноснји сили во 2001та..:oeoeoe:
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
среќен ден
иам глеано еден др клип кај што прво се прикажува 1 дел од овој... а после и уште еден дел на кој што е прикажано како уствари метакот го погаѓа шипото...црна стрела... мајке ми
 
С

Спенсер

Гостин




еве мајца од ЕБР...и календар...благодарност до Truckerinsoul за сликиве
 

Kajgana Shop

На врв Bottom