Македонски специјални единици (полициски и воени)

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
3.993
Поени од реакции
15.649
Легенда. Многу паметен и спремен човек.

Сега го довршив целиот подкаст. Ќе кажам само едно: ниту ни се криви албанци, ниту грци, ниту бугари. Најголем непријател на македонецот е македонецот. Секој екс војник/полицаец со повисок чин што се појавил јавно ги има истите коментари за тоа колку неспремни се нашите единици и како политиката носи решенија, а не компетентите за тоа.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.142
Поени од реакции
2.328
Па во моментот нз дали се неспремни единиците мислам дека тоа е и напад поготово за волци и тигри никој не може да каже дека се неспремни.Проблем е што несоодветни партиски кадри се поставуваат на високи функции.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.089
Поени од реакции
117.304
Легенда. Многу паметен и спремен човек.
Штета што некои работи не смее да ги каже јавно, се гледа дека од авион му стојат на срце ама јебига ќе сноси последици ако ги каже. Мило ми е што кажа доста работи, особено за тоа како функционираат нашите единици и во МВР и во АРМ, т.е. раководните структури, да знае народот дека све е труло и распаднато. Не може луѓе што се бореле во прва линија 2001 година да ги деградираш и понижуваш, а најтрагично е што не е единствен, него многу се такви. Абе да ти се насерам во државата, бегаме од способните луѓе и ги лимитираме до максимум, ХК ПУ.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.117
Поени од реакции
68.236
Штета што некои работи не смее да ги каже јавно, се гледа дека од авион му стојат на срце ама јебига ќе сноси последици ако ги каже. Мило ми е што кажа доста работи, особено за тоа како функционираат нашите единици и во МВР и во АРМ, т.е. раководните структури, да знае народот дека све е труло и распаднато. Не може луѓе што се бореле во прва линија 2001 година да ги деградираш и понижуваш, а најтрагично е што не е единствен, него многу се такви. Абе да ти се насерам во државата, бегаме од способните луѓе и ги лимитираме до максимум, ХК ПУ.
Имам братучед во Волците што е колега на Антонио од 1995-та, ги гледам дека често пијат кафе низ Куманово, и го видов синоќа на разминување, и го прашав за интервјуто. Рече дека многу битни и големи работи нема кажано. Се надевав дека водителот ке го праша за акцијата во Алашевце, каде што наводно само 8 Волци оперирале низ цело село, што е нереално.

Замисли колку треба некој да е говно да те окривува дека пробуваш да се нафатираш, дур ваму се собираат донации за керка ти. Некој со послаба психа би ги избушил за добро утро.

Кажа дека од Спасовски многу пропатил, но не елаборираше што и како.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.089
Поени од реакции
117.304
Имам братучед во Волците што е колега на Антонио од 1995-та, ги гледам дека често пијат кафе низ Куманово, и го видов синоќа на разминување, и го прашав за интервјуто. Рече дека многу битни и големи работи нема кажано. Се надевав дека водителот ке го праша за акцијата во Алашевце, каде што наводно само 8 Волци оперирале низ цело село, што е нереално.

Замисли колку треба некој да е говно да те окривува дека пробуваш да се нафатираш, дур ваму се собираат донации за керка ти. Некој со послаба психа би ги избушил за добро утро.
Па да бе, глеаш за Диво Насеље кога го прашаа за специјалецот што погина на излегување од возило го избегнуваше одговорот, иако се знае која е причината за тоа, а и индиректно кажа во текот на подкастот. Мене овие гомна од политичари не ми се јасни, разбирам и корупција и неспособност и се, ама да пушташ луѓе директно во оган каде знаеш дека голема е веројатноста да имаш жртви само за да лапаш политички поени, е тоа не можам да го разберам, кај ќе им оди душата само...

На крај стварно ќе испадне дека Мијалков уствари бил најспособниот човек од аспект на управување со службите и безбедноста, колку и да правел криминали и да е виновен по 300 основи.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.679
Поени од реакции
4.394
Втор пат во година дена, после Стојанче кај Лазаров, некој и да ја каже отприлика вистината за Вејце. Не знам што им требаа 20+ години за да ги кажат овие работи јавно. Се изнапреплетеа секакви приказни за предавства, поткупи, мотороли не знам ти што за тој настан. Вистината е дека кривицата е кај прелошата команда на наша страна. Команда што ја водела патролата да се појавува на истите места во исти временски интервали со денови таму. Секој овчар на Шар Планина знаел какво ќе им биде движењето, не па УЧК терористи. Затоа и си одбираат така идеално место за поставување на заседа.
Има и уште еден муабет тука, само претпоставувам дека не сакаат да го спомнат јавно од почит према загинатите, ама и они тотално непрофесионално се движеле во колоната. Многу поголема треба да биде одвоеноста меѓу возилата кога се движиш на терен на кој си под постојана опасност од напад, наместо да возиш еден зад друг ко да си на Партизанска. По сите воени прописи само првото возило требало да падне во заседата и само од таму да има загинати/повредени (сигурно не масакрирани), во зависност од колку брзо ќе стигнеле да реагираат од преостанатите три возила. Преголема лабавост и убеденост дека УЧК нема да имаат храброст да нападнат така како што ги нападнале владеела меѓу самите учесници во патролите што заедно со тотално погрешната тактика на командата доведува до тоа исходот да биде толку фатален.
Некогаш мислам и дека намерно тие што ја носат кривицата за вакви настани после сејат магла со предавства, поткупи, "абе тоа ти е Македонче, на еден Комита, двајца шпиуни" муабети за да си ја покријат одговорноста.
Ландов пропушти да го потпраша повеќе околу паднатиот хеликоптер во Струмица, откако овој веќе го обвини Чавков за настанот и воопшто не му текна да го праша за хеликоптерската несреќа од 2008-ма кај Блаце кога загинаа 11 војници. Многу муабети се вртат и за таа несреќа, а е многу малку покриена кај нас.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.117
Поени од реакции
68.236
Mислам дека намерно оставија многу теми отворени, зашто Ландов прегорд дека успеал да го наговори да дојде во поткаст, па веднаш и второ гостување му закажа. Ова со Вејце, нереално ми е дека ги пратиле со Лада Нива, која била во 2 врата. Од таа кола, во мирно време не се излегува лесно од заднит седишта, а не пак со полна воена опрема. Многу дебилни одлуки.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.089
Поени од реакции
117.304
нереално ми е дека ги пратиле со Лада Нива, која била во 2 врата. Од таа кола, во мирно време не се излегува лесно од заднит седишта, а не пак со полна воена опрема. Многу дебилни одлуки.
Надреализам е ова, а за жал е вистина. Какво непочитување на основни правила и прописи во војување, страшна работа. Разбирам да ти напраат заседа или упад ако некој издал информации и слично, ама да загинат луѓе ради Лада Нива со две врати, е тоа брате ми е недозволиво. Проблем кај нас е што никој нема одговорност за вакви работи, кој ги пуштил овие луѓе во такви возила, зошто ги пуштил и слично. Глеаш како убаво објасни за акцијата во Бродец, како работеле на неа, како пристапиле, и пази и покрај тешкиот реон кој сноси огромен ризик они немале ниту една жртва. Се е тоа резултат на добра организација, ете и за Диво Насеље кажа дека можело и морало поголем обрач да направат, да се испланира малце подобро акцијата, вака си отидоа неколку луѓе без потреба ради тоа некој да лапа политички поени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom