- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 9.024
- Поени од реакции
- 5.947
ЕДЕН ДЕН НА СЕЛЕКЦИЈАТА ЗА АРМИСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ
Во пеколот на Криволак се станува „волк“
На селективниот курс се стасува преку ригорозни прегледи и тестови, но и покрај тоа, специјалната „тортура“ ќе ја „преживеат“ помалку од 10 отсто кандидати
Зборот „Тревога“ ги празни шаторите распнати на пеколно жешкото сонце. Низ блесоци на експлозии и истрели, војниците трчаат кон зборното место. Кога ќе стасаат, ги чекаат серии склекови, со кои ги почнуваат редовните вежби на полигонот со пречки. Со тревога, рафали од маневарска муниција и експлозии почнува секој ден на кандидатите на селективниот курс за Полкот за специјални операции на АРМ. Продолжува со дваесеткилометарски марш, уште тревоги, склекови, уште истрели... Завршува со двочасовен сон.
- Селективниот курс трае 24 дена и ноќи, во кои бараме одредени карактеристики кај кандидатите, за да се стане елита на елитата на армијата-тимски дух, мотивираност, волја и секако, физичка подготвеност. Тоа е елита на популацијата на Македонија. Тука се пријавуваат најспособните, а ние ги бараме најдобрите од најдобрите - вели командантот на полкот полковник Зоран Додевски.Селективниот курс за влез во Ренџерскиот баталјон или во Баталјонот за специјални намени „волци“ е пандан на селекциите на најелитните светски специјални сили. Неговите карактеристики, па дури и времетраење, се идентични со селективните курсеви на британските специјалци САС и американските специјални сили „зелените баретки“.
- Селекцијата е тест на умот, телото и духот. Низ него ја проверуваме волјата на кандидатот, дали ги задоволува минималните услови за да може да ја следи обуката. Кандидатите се под постојан притисок, подложни на неспиење, кое е тест за раздразливост, долги маршеви, од 20 до 30 километри со големо физичко оптоварување. Во различни ситуации го проверуваме нивниот тимски дух - вели командантот на курсот, мајор од Ренџерскиот баталјон.
Дури и за да се стаса до селекцијата, веќе се потребни завидни психофизички способности. Критериумите и во медицинските проверки, психичките и тестовите на физичка спремност се далеку над која било друга единица. На селекцијата по правило има голем процент кандидати кои отпаѓаат. Десеттиот ден на овој курс го дочекаа помалку од половина. Традиционално, ваквите курсеви ги минуваат меѓу 3 и 10 отсто од пријавените. Другите застануваат пред зеленото ѕвоно кое виси на платото за постројување.
- Имаме една традиција, уште од првиот курс. Тоа е ѕвоното. Оној кој веќе нема доволно силна волја, кој не може да издржи понатаму доаѓа и заѕвонува. Со тоа, за него селекцијата завршува. Авантуристите си одат уште првиот ден, а некои не ни влегуваат во автобусот за курсот - раскажува мајорот додека преку платото им приоѓаме на шаторите со кандидати. Курсот го водат инструктори од редовите на „волците“ и од Ренџерскиот баталјон. Дел од нив таа титула ја стекнале кај американските или британските специјални сили. Многумина се ветерани од операциите во Ирак. Доаѓаат до шаторите и фрлаат неколку запалки за рачни бомби. Низ детонациите повикуваат на тревога. Додека кандидатите трчаат, набрзина грабајќи и местејќи ја опремата, инструкторите продолжуваат со канонада, пукајќи и со своите пушки.
- Секој ден им почнува со тревога. Синоќа спиеја од 23 до 1,30 часот, па имаа тревога до 4,30. Веќе со денови спијат по два часа, а утрово имаа марш од 20 километри. Не знаат дека сте тука, но и онака нема ни да ве забележат. Премногу се зафатени - низ насмевка раскажува еден од инструкторите.На пеколната жештина на полигонот „Пепелиште“, кандидатите го продолжуваат денот со полигонот со пречки, почнувајќи и завршувајќи ја секоја тура со серии склекови. Кревањето трупци го заменува туркање џипови, а оттаму спуштање по јаже од 30-метарски мост. Додека кандидатите висат над амбисот, инструкторите-напредни алпинисти, со сертификати од Швајцарската армија, им поставуваат прашања од теоретскиот дел на наставата.
- Ова е еден од психофизичките тестови, тука гледаме како кандидатите размислуваат и се однесуваат под големо психичко и физичко оптоварување. Со тоа, засилено со кусиот период на спиење тие се под доста тешко оптоварување. Под такви услови се намалува моториката и концентрацијата Мора да ги видиме крајните граници на секој кандидат за да може да го насочиме - објаснува инструкторот-ренџер.
Неговиот колега „волк“ дополнува:“Користиме искуства од други армии во начинот на селекција. Преку оваа „тортура“ мора да го извадиме најјакото кај секого. Секоја армија селекцијата ја изведува на специфичен начин, ама ние не заостануваме зад ниедна.Меѓу оние кои сакаат да им се приклучат на силите за специјални операции има цивили, кандидати за офицери и подофицери, војници, но и офицери од другите единици на АРМ. Тука, нивната титула и потекло не значат буквално ништо.
- Ова е курс кој треба да селектира луѓе кои ќе се соочат со бруталноста и суровоста на војната и кои во мали тимови ќе оперираат далеку од каква било пријателска единица. Тимот ќе биде силен колку неговиот најслаб припадник - објаснуваат инструкторите. Тие што ќе го минат курсот, добиле карта за влез во единицата.