Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
9 мај 2009
Мислења
26
Поени од реакции
0
Што се запусти темава??
Дај пишете нешто....

_________________________
Биди горд што си Македонец:oeoeoe:
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
$h@doW m@n,постои ли видео од изјавата што ја постираше 3-4 мислења назат?
-го прочитав цел текст,многу ме трогна...Му верувам за секој збор што го искажал,и за тагата и за омразата.Желбата за одмазда,воздржувањето...
-Штета што државата ни е глува за да им помогне на овие наши Македонски живи херои...на шиптарине се ќе им дадат,ама и нив ќе ги снајде денот,само единство и верба во Бог ни е потребна,јас верувам во одмазда на сите загинати бранители во 2001....:oeoeoe:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
тогаш си у филм:toe:

специјалните сили не се за одмазда:smir:

името ја кажува нивната намена:toe:
 
С

Спенсер

Гостин
$h@doW m@n,постои ли видео од изјавата што ја постираше 3-4 мислења назат?
-го прочитав цел текст,многу ме трогна...Му верувам за секој збор што го искажал,и за тагата и за омразата.Желбата за одмазда,воздржувањето...
-Штета што државата ни е глува за да им помогне на овие наши Македонски живи херои...на шиптарине се ќе им дадат,ама и нив ќе ги снајде денот,само единство и верба во Бог ни е потребна,јас верувам во одмазда на сите загинати бранители во 2001....:oeoeoe:
тоа за тој што раскажува за вејце??? утре ке пишам линк...

$h@doW m@n,постои ли видео од изјавата што ја постираше 3-4 мислења назат?
-го прочитав цел текст,многу ме трогна...Му верувам за секој збор што го искажал,и за тагата и за омразата.Желбата за одмазда,воздржувањето...
-Штета што државата ни е глува за да им помогне на овие наши Македонски живи херои...на шиптарине се ќе им дадат,ама и нив ќе ги снајде денот,само единство и верба во Бог ни е потребна,јас верувам во одмазда на сите загинати бранители во 2001....:oeoeoe:

еве го клипот...гледајте го цел клип...
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Некаде имам прочитано дека секоја држава си има посебни,уникатни шарки на камуфлажата,знае некој нешто за ова?:toe:
на оваа униформа мислев,јас ја знам како камуфлажа,незнам иначе како ја викаат:wink:
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
64
Поени од реакции
2
Никако не ја викаат, војничка униформа најобична... Нема секоја држава различни (можеби некои само), туку сите си имаат посебни униформи за секакви услови (планина или шума, пустина, за снег.... )
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
еј шо стана со Командантот Стојков?нели беше осуден на 8 години,каде е сега,ја излежува ли казната?
 
С

Спенсер

Гостин
еј шо стана со Командантот Стојков?нели беше осуден на 8 години,каде е сега,ја излежува ли казната?
генерал Горан Стојков доби ослободителна пресуда и сега се занимава со приватен бизнис...
 
С

Спенсер

Гостин
да се пофалам, конечно,после долго барање најдов амблеми од ЕСЗ-ТИГАР и бившите ЕБИ-ЛАВОВИ.... подоцна и слика ке ставам:vozbud:

ете ги моите нови амблеми...
 
MARTIN BT16

волк
Член од
31 август 2008
Мислења
61
Поени од реакции
4
униформата на сликата ја викаат 96-ка
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
za mene site onie koi izlegoa od svojot dom i bea na branikot na drzavata ,se svetci
sekogas ke gi pocituvam,nivnite greski nesakam ni da gi slusnam a kamoli da gi spomnam ili pak da si dozvolam da gi kritikuvam.
nekoj ke kaze ama ne bea site isti ,nekoi samo uniforma oblekoa i tolku ,a sega sakaat privilegii i pocit kako da se borele.

moeto razmisluvanje e sledno :
sekoj sto se javil na povik na drzavata ,za mene e heroj koj go pocituvam.
sekoj sto izlegol od doma,sto oblekol uniforma ,za mene e heroj,zosto koga ja oblekol uniformata toj neznael dali ke se bori ili ne,dali ke go pratat na teren kade sto nedajboze ke zagine ili ke go pratat vo nekoj del od drzavata kade sto ne se vojuvase.

zatoa ke povtoram ,site sto na bilo koj nacin bile vkluceni vo 2001 god za mene se heroi .SE RAZBIRA ZBORUVAM ZA MAKEDONSKITE BRANITELI OD MVR I ARM,i jas mislam deka site zasluzuvaat da dobiat sekakva pomos i pocit od drzavata (penzii,vrabotuvanje,stanovi,besplatno lekuvanje ....so eden zbor SE za dostoinstven zivot)
sekoj treba da bide odlikuvan so orden za zasluga od predsedatelot na drzavata,a ne da go odlikuvaat morales ,a za lavovite,tigrite i ostanatite da nemoze da se donese zakon za da im se ostvarat pravata koi gi zasluzuvaat

kakva e ovaa drzava sto od budzetot na r.m. im dava plata na teroristite ,a za makedonskite braniteli NISTO (USTE PA I KE GI NAVREDUVAAT DEKA BARALE MNOGU )
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434

Убаво размислуваш само има еден голем проблем.Никој не не сака затоа што ние сме сега државни непријатели бр1.Кога на власт се две партии и тоа едната која ги симна од планина терористите и ги легализира и другата која шурува со истите:toe:
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
taa sto e na vlast sega ,sekogas se deklarirase kako patriotska .
zatoa velam jas deka ovie go imaat mnozinstvoto vo parlament i moze da napravat SE samo ako sakaat,a ne da se vadat deka mnogu pari od budzetot barale branitelite.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
64
Поени од реакции
2
Убаво размислуваш само има еден голем проблем.Никој не не сака затоа што ние сме сега државни непријатели бр1.Кога на власт се две партии и тоа едната која ги симна од планина терористите и ги легализира и другата која шурува со истите:toe:
Најверојатно си бил во 2001, каде што требаше... Смешно е да се прави дискусија на оваа тема, зошто најверојатно и сите знаеме дека нешто ќе добијат (можеби не целосни права) само на начин сличен што е сега во Хондурас!!!
 
С

Спенсер

Гостин
Брест, Танушевци, Тетово, Попова Шапка, Карпалак, Радуша... Сите кризни региони од конфликтната 2001 година се во воената биографија на полковникот Страшо Глигоров, поранешен припадник на полициската Единица за специјални задачи Тигар. Речиси и нема борба со припадниците на ОНА во која Глигоров не го помирисал непријателскиот барут. 42-годишниот магистер и сегашен докторант, кој за време на војната бил инспектор во ЕСЗ Тигар вели дека немал ни еден ден отсуство од воениот конфликт. Горд е што ја бранел Македонија и не жали што животот секојдневно му висел на конец заедно со колегите тигри и сите други бранители. За време на борбите, вели, бил горд и достоинствен, иако била војна, а сега кога е мир место да ги ужива привилегиите што се борел за татковината, вели мора да трпи додека некој му го гази достоинството.
Глигоров после секоја акција водел мал дневник, си го запишувал на парче хартија секој куршум испукан кон ОНА, но и секој куршум што му профучел покрај лицето. Денес кога се присетува на тие мали, а сепак големи воени мемоари, вели се сеќава на тешки моменти кои ги поминувал со колегите и кои ги трошел за татковината. И додава дека, за жал, не може со гордост и на раат да се присетува, оти мислите му ги тишти маката од деградирањето, омаловажувањето и срамот што го трпи.
Неговите воени белешки почнуваат со првото огнено крштавање под тетовското Кале. Од тогаш за Глигоров почнува се да смрди на барутот од 2001.
Првото огнено крштавање во конфликтната 2001 година за поранешниот тигар било при нападот на тетовското Кале. Сеќавањата на тој ден му се свежи како вчера да се случило.
"Бевме во Танушевци кога ни јавија дека треба да се интервенира на тетовското Кале. Во Танушевци врнеше, па кон Калето тргнавме жива вода. На патот веднаш под Калето беше отворен оган врз нас. Дожд од секакви проектили паѓаше врз нас. Беа ранети неколку колеги, но не попуштивме. Сите се држеа невидено храбро. Не попуштивме ни пред огнот, ни кога се изнамачивме да ги свртиме возилата за да продолжиме. Пукаа на нас со тромблони, митралези, автомати. Беше вистински мал фронт. На повлекување непријателот тргна по нас. Тогаш беше најтешкото, но никој од нас не попушти. Никој не чувствуваше ни замор, ни паника, ни страв. Ни се чинеше дека сето тоа трае кусо, а всушност траело можеби и три часа. Припадниците на ОНА се спуштаа се пониско, па еден колега ги запука со тромблони. Тој е многу силен колега, па тромблоните ги испукуваше од рамо. Партали ги направи. Тогаш беа полесно ранети шест тигри", раскажува Глигоров.
Нивната задача била да го исчистат патот кон Шапка и да се излезе над Калето. Напред одел булдожер, по него тенк, па оклопните возила.
"Булдожерот уриваше се пред себе. Ништо не можеше да го запре, а го возеше обичен работник. Неговата храброст беше невидена. Силно газевме се пред нас. ЕСЗ Тигар требаше да нападне од Гајре, па идевме од Шипковица кон Шапка. Се искачивме на одредената позиција и го гледавме Калето под нас. Поставивме црни стрели и почнавме да гаѓаме, а ОНА возвраќаше со истрели од бункери од правец на Селце. Тогаш прв пат го почувствував барутот буквално под нос. Куршум ми прелета покрај лицето. Ама такви работи не не спречуваа во задачите. Сите притиснавме со сета сила. Калето беше опколено. Од една страна, полицијата, од друга, армиските волци. ОНА почна да бега. Калето беше освоено.
"На 23 јули 2001 се разбудив околу шест часот. Ноќта имав лош сон и поради него имав лошо претчувство. И брат ми беше во тигрите, па умот ми одеше на него. Бев старешина во базата. Попладнето околу 17.30 часот добивме информација дека нашите се нападнати во Теарце. Веднаш тргнавме кон Тетово со хермелини и со пинцгауери. Јас бев во последното возило, а брат ми во првото. Јас не носев панцир. Кај Карпалак пак пред очи ми дојде сонот. Си реков, ај да ставам панцир нешто лошо ќе се случи. Само што ја ставив левата рака во панцирот не нападнаа од левата страна со зољи, митралези, бомби, РПГ... Најсилниот оган беше врз првото возило во кое беше брат ми Мите. Му го погодија возилото со зоља и целото чадеше. За среќа, вратата им била отворена и млазот од зољата излегол надвор. Но, се запалија сандаците со муниција. Гледав како гори и се молев да не експлодира. За среќа, специјалците од ЕСЗ се многу спремни. Немаше ни паника ни страв и враќавме на огнот. Брат ми се снашол и со шишиња минерална вода ги полеал запалените сандаци и ја спречил експлозијата на муницијата. Го одбивме нападот. Сите возила ни беа изрешетани, ама продолживме понатаму за Тетово. Тоа се случи 10 дена пред големата трагедија кога кај Карпалак загинаа бранителите. Ние паднавме во заседа, а после никој не го обезбеди местото и се случи трагедија", вели Глигоров.
Нему Карпалак не му е единствениот настан вечно врежан во сеќавањата. Во неговите мисли засекогаш ќе останат и Радуша и Брест и Жилче...
"На 11 август тргнавме за Радуша да ги извлечеме полицајците кои беа под опсада во селото. На пат кон селото постојано не надлетуваа авиони и хеликоптери кои стрелаа кон непријателските линии. На стемнување стасавме во Радуша. Мојата задача беше да се пробијам кај кујната од станицата. Застанавме со хермелинот и кога ја отворивме вратата неколку полицајци од кујната се стрчаа и влегоа во хермелинот. Немаа оружје и ги прашав кај им е личното вооружување, а тие ми одговорија: 'Какви пушки, 18 часа сме на позиција и под оган, не сме јаделе ниту сме биле во тоалет, тргнувај да си одиме'. Тогаш видов дека пред кујната има неколку сандаци и го прашав полицаецот од станицата што има во тие сандаци. Тој ми рече дека внатре има оружје и муниција, но дека тоа сега не е важно, оти треба да се спасуваме. Се налутив, скокнав надвор и ги отворив сандаците. Беа полни со муниција за минофрлачи и со автоматски пушки. Си реков: 'Ова нема да им го оставиме на непријателите'. Им наредив на полицајците што ни влегоа во хермелинот да излезат од возилото за да товарат. Тие не сакаа и првиот што ми беше при рака го грабнав надвор. Немаше место за целото оружје. Им се јавив на командантот и на заменикот да им кажам за ситуацијата. Тука имаше еден камион, но му беше празен акумулаторот, па наредив да го закачат камионот за хермелинот и да го натовариме оружјето. Влегов внатре во кујната и најдов купишта сандаци со оружје и муниција. Тоа мораше да се спаси, за да не го заплени непријателот. Натоваривме се и тргнавме кон Скопје", се сеќава полковникот Глигоров.
Воената 2001 ја завршува како висок старешина, а сега е помлад инспектор за кражби во Куманово, надвор од Скопје каде што живее и далеку од радовишко Конче од каде што потекнува.
"Му се придружив на Здружението 'Достоинство' за да се обидеме сите заедно да си го вратиме тоа што го заслужуваме и да си го обелиме образот што друг ни го оцрни. Омаловажувањето боли повеќе од воените трауми. Кога се смени власта по воениот конфликт, СДСМ ме прогласи за вмровец и од главен инспектор по општа физичка подготовка и боречки вештини во ЕСЗ Тигар ме уназади во помлад инспектор за моторни возила. Кога ВМРО - ДПМНЕ се врати на власт, ме прогласи за сдсмовец и ме прати на работа во Куманово да бидам инспектор по општ криминал. Прв пат вака отворено зборувам и за прв пат некому му ги давам моите воени прибелешки од 2001. Сакам да се знае што им се случува на оние што Македонија им беше пред се и над се", вели Глигоров, поранешен селектор на македонската боречка репрезентација од Олимпијадата во Атина, добитник на две награди "13 Ноември" за тренер на годината, носител на највисоки лиценци за тренер по борење, добитник на бројни награди и признанија за заслуги, на турнири, натпревари, манифестации, спортски работник и најголем поборник за спортските активности во полицијата, магистер по физичка култура, автор на меѓународно признати научни трудови и докторант на ФФК.
Глигоров за крај открива уште една тајна.
"Моите родители не знаат дека сум на работа во Куманово. Сеуште не сум им кажал оти ќе помислат којзнае што сум направил, па ме преместиле. На шега велам дека моето работно место е сегде, демек на тајна задача".

ете што се случува...од специјалец со висок чин, те спуштаат на најниско можно место...(не баш најниско но од толку високо, мнооогу е ова долно)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom