Македонски Идол

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Да беше местено, организаторите немаше да се толку глупи па да ги отфрлат сите женски. Ќе задржеа некоја до крај. Како може бе се местено да ви е.
Не се пали одма.
Но дај кажи ми кој колку гласови имаше вечерва. И друга работа дали сретна по интернетов и во живо повеќе фанови на Дејан од Јана, Биљана, Кико?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
се знам со јана од пред неколку години, девојчето има феноменален глас, у живо посебно кога ја слушам нема песна што не е убава што ја пее.
Девојчето плус има харизма, со сите стои добро, и е секогаш ведна расположена.
Само што на идол бираше песни кај што немаше многу терен да го покаже многу повеќе гласот.

47518_1475855027972_1581602718_31124081_5957690_n.jpg

(minatoto leto u park)
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
се знам со јана од пред неколку години, девојчето има феноменален глас, у живо посебно кога ја слушам нема песна што не е убава што ја пее.
Девојчето плус има харизма, со сите стои добро, и е секогаш ведна расположена.
Само што на идол бираше песни кај што немаше многу терен да го покаже многу повеќе гласот.

Прегледај го приврзокот 43097

(minatoto leto u park)
Ова да се пофалиш дека си бил у парк со неа : ))) Ја сум пиел пиво со Емилија. Јеееј ! Се шалим :smir: :PP

Него, очекувам сега да падне Виктор. Мислим дека доста му беше, ми стана некако одбивен и плус он е човек за поп рнб музика а ја мрзим такви. А за Дејан ќе прашам, имам 2 колешки од Радовиш да ми кажа за неговата финансиска состојба xD
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Општа катастофа беа сите. Колку ветуваа, а толку почнаа да се траскаат од земја. Секоја чест за Иван. Само он чинеше вечерва. Јана толку заслужено си испадна што немам зборови, песната од Блонди кога ја пееше, тоа беше силување за моите уши. Премногу ја исфорсираа, девојчето има просечен глас, единствен настап за кој заслужи браво беше оној од Тина Тарнер и толку беше, после се провлекуваше, а не покажа Г од гласовни способности. Виктор беше АУ лош со Numb, не му легна песната ич.
А песнана на Анита ми беше типична песна на Дани. Ко песна на Дани да слушав.

Од недела до недела се се покатастрофални, веќе немам намера да очекувам ништо, а дечиштана ушите преку ТВ ми ги дупнаа ушите, неарни. И јас сум врискала, ама вака - не.

И не знам кој искоментира за Тони. Што коментирате, па убаво си кажа човекот, Господ да брани и да чува, јас се нервирав преку ТВ, можам да замислам они колку се нервираат, не се слуша ништо. Срамота ептен. Некултура покажуваат, дечишта разгалени. Навивај, ама имај малце почит и заќути на 3 минути.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Само што ги изгледав клиповиве на јутјуб, па ај со ред да почнеме.
Мики првата песна, Bed of roses, ја испеа онака, не беше вау али беше ок. Е кај втората звучеше ко Кобејн на роба, ептен утка напраил што ја избрал it smells like teen spirit, дефинитивно нема глас за песнава. Иван не ми се свиѓаше како ја изведе Is this love, не дека направи некои грешки, некако со тенко гласче ја испеа и чудно звучеше малце песната. За вториот настап само пофални зборови, најенергичен настап на вечерта. Виктор ме изненади со I don't wanna miss a thing, сеа не беше ни блиску до Стивен Тајлер ама солидно испеа, освен на високите делови пошто нема крештав глас, што е за пофалба. Вториот настап не ми се свиѓаше, му се тресеше гласот и некако чудно ми звучеше Numb со таква боја на глас. Јана многу грешки, иако добро почна, се гледа дека има уште многу да учи, има време за нејзе. Дејан ми се свиѓаше како ја испеа Solider of Fortune со тук там фалшови, вториот настап немаше благе везе. Човеков ми е убиствено досаден, некако расштрафено делува на сцена, нема никаква харизма иако се гледа дека се труди, мислам дека му е многу што дотурка до овде. Џамбазов мислам дека многу си ги дига акциите и премногу си дава за право да применува авторитет врз други. Второ, не му личи ама никако он да збори за цинизам пошто до сеа има направено толкава будала од себе у јавност, што делува смешно кога он зборува за цинизам. Многу ме изнервира коментарот за Иван демек тебе Ајван ќе те викаат у Британија и ај напрај ми едно салто сеа, ропак со еден збор, треба да го здрват од маање еднаш асално да не јаде толку гомна. Хахаха Тони со стајлингов ко Рамче ми личеше денес, не ми се свиѓа што магариња на 45 - 46 години се закачуваат со дете кое има 19 години, не им личи. Може Виктор си е самобендисан, али ај него пак му личи на возраста, во тие години е кога дечкото има бујна машта и може и малце смешно изгледа ама ај некако неговото пак ќе го разберам, ама ова двајцава клошари у жириво дефинитивно не ги разбирам. Ко да дошле таму да се караат со кандидативе за лични работи, ај да ги критикуваа за пеењето ај ќе разберев, ама да пробаш да понижуваш деца на 19 - 20 години со селски финти стварно е идиотска ствар и покажува колкави сељани се баш они двајца.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Иако беше штета што испадна Јана( нема да биде интересно без девојчиња мислам ) , сосема оправдано, бидејќи додека и го следев вториот настап ми изгледаше дека со сила отпеа до крај и направи неколку приметни грешки.... А дефинитивно жирито беше занимливо денес ..... Или Игор има ептен добра и благородна идеја да го освести Виктор додека е време или си има свој фаворит во Идол.... Иако мислам дека коментарите беа добронамерни во стилот дека иако е добар вокал мора да биде ѕвезда и надвор од сцената , пред се да научи да биде човек со правилен карактер и да научи да цени некои работи ( не за џабе мислам дека му го спомнаа Тоше Проески за пример како треба да се однесува) ........ А за Тони ..... Хмммм, дефинитивно се уфилмал малку, демек не го знае македонија кој хард кор беше во Опуштено па, сега глуми префинетост со (за мене ) помалку мафијашки стил на елегантно одело :nenene: .... Иако не верував дека баш тој еден ден ќе се искомерцијализира, али ипак изгледа парата го врти светот па и тони ........
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Слушам, гледам и се чудам некогаш искрено колку се коментира и колкава важност се придава на ова шоу од страна на некои луѓе за кои дури и неможев да замислам дека гледаат македонски идол. Луѓево поубо ќе биди да оладат малку оти почнаја на сите мани да им наоѓаат, а младите тинејџерки денес видов забегале...и тоа скрос. Мора да сфатат тие дека ова е бизнис и ако решат овие од А1 Виктор да испадне, не да ќе испадне туку ќе лета од идолов. Нема тука место за патетики, шо би рекла Јана. И самиот Игор кажа дека ова е само шоу бизнис и дека тој носи се со себе, дека некогаш е немилосрден. Платени се тие како жири и за да ве воспалат и да ве изнервираат како што прават. Е сега некогаш шо ја однесоја до крај и ја отупеа, да, го направија тоа. Незнам само како Виктор си ќути, алал нека му е на детето.Денес беше супер, иако секогаш ќе има замерки некои, не мислев дека ќе се снајде добро во вакви песни, а ме изненади и Дејан со првата песна. Иван класика, а Мики мислам си зел преголем залак со втората песна, треба преголеми вокални способности,да не беше болен можеби и ќе изненадеше, но вака...Им посакувам среќа на сите, а на Јана и препорачувам само рок да не пее во животот. Поздрав
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе што е сега ме нервира ова што не кажуваат пред време како ќе се одвива Идолов.Требаше овие 4 да влезаст во финале и нареднава да биде бараж и да влезат 1 од публика и 1 од жири на пример би било најдобро.Сега наредна 4 ќе пеат?WTF? Ќе експериментираат со кратење ,по 2 песни без врска.Мислам дека треба да се одвива како што напишав погоре.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не се пали одма.
Но дај кажи ми кој колку гласови имаше вечерва. И друга работа дали сретна по интернетов и во живо повеќе фанови на Дејан од Јана, Биљана, Кико?
А ако објават кој колку гласови имал одма ќе мрчите дека пак е местено, дека фотошопирале.
Ај сеа вака. Ќе ги земам Звезде гранда (жал ми е што го знам ова). Во првата сезона сите беа за Тања Савиќ, за Славица Чуктераш, за тој еден Дарко. И не победи никој од нив туку некој десетти кој никој не очекуваше.
Сега пред некоја година сите беа за Милан Станковиќ или за Радмила, и победи некој си десетти кој никој не очекуваше.
На Велики брат кога беа Кики и Вики, никој НИКОЈ не го спомнуваше Арсо како фаворит. И Арсо победи.
Операција Триумф не спомнувам пошто беше апла местено.
Првиот балкански Идол победи една Мина која никој не очекуваше да победи.
Преживеан последниов, никој Андреј не го спомнуваше како Идол, па Андреј победи.
И се од ова е местено?

Дејан да имаше толку пари ќе отиднеше во некоја продукциска куќа и ќе му направеа песна, а немаше да има некое бендче со кое ќе свири по кафиќи.

--- надополнето ---

Ова да се пофалиш дека си бил у парк со неа : ))) Ја сум пиел пиво со Емилија. Јеееј ! Се шалим :smir: :PP

Него, очекувам сега да падне Виктор. Мислим дека доста му беше, ми стана некако одбивен и плус он е човек за поп рнб музика а ја мрзим такви. А за Дејан ќе прашам, имам 2 колешки од Радовиш да ми кажа за неговата финансиска состојба xD
Праша?
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Македонски идол би требало да биде забавна емисија ,ама во последно време тоа не е ,жирито е ужас во последно време ,толку негативна и напната ситуација создава тоа е чудо,мислам можеш да укажеш на нешто и на забавен начин ,ова директно непријателство и расправање воопшто не е забавно,а и оние 12 годишните се негледливи,боже за греота Виктор ако овие му бидат фанови ,овие се најголема казна која можеш да ја добиеш:kesa:
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Како што поминуваат галите, се појасно е дека сите кандидати си имаат некоја специјалност, во нешто ќе блеснат, а во друго ќе затаат. Во квалитетот на пеењето и однесувањето најпостојан и најстабилен е Иван. Можеби не е елоквентен во интервјуата, но за пеење човекот одамна не е калфа туку мајстор.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Баш сеа глеав видеото од mesto.com.mk "излегуваат".
Пред крајот можеби пола сала која беше на возраст од 10-15 години беше со солзи во исчекување дали нивното Викторче ќе продолжи или испадне.
Не знам што ќе се случеше ако Виктор испаднеше, а Јана продолжеше натаму.

Македонија ќе исгубеше 50 свои граѓани, дел од жал, дел од срцев удар:kesa:
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.101
Поени од реакции
5.742
Абе што е сега ме нервира ова што не кажуваат пред време како ќе се одвива Идолов.Требаше овие 4 да влезаст во финале и нареднава да биде бараж и да влезат 1 од публика и 1 од жири на пример би било најдобро.Сега наредна 4 ќе пеат?WTF? Ќе експериментираат со кратење ,по 2 песни без врска.Мислам дека треба да се одвива како што напишав погоре.
Баражот беше на 3тиот мал концерт, кога Виктор, Нико и Билјана влегоа во големите концерти преку вајлд карти од жирито.

Македонски идол би требало да биде забавна емисија ,ама во последно време тоа не е ,жирито е ужас во последно време ,толку негативна и напната ситуација создава тоа е чудо,мислам можеш да укажеш на нешто и на забавен начин ,ова директно непријателство и расправање воопшто не е забавно,а и оние 12 годишните се негледливи,боже за греота Виктор ако овие му бидат фанови ,овие се најголема казна која можеш да ја добиеш:kesa:
Сериозен си? Ти што мислиш бе, дека на пејач од 20 години фанови треба да му бидат мажи и жени од 40 години??? Па нормално дека на почетокоток на кариерата на секој пејач фанови му се најмалите деца, кои најверојатно ќе останат со него до крај на неговата кариера (ако вреди пејачот, секако).
Земи го за пример Тоше Проески. Он кога почна со кариерата (исто ја почна многу млад), што мислиш, кои му беа фанови на почетокот? Потоа, како што растеше - растеа и неговите фанови, па на тие фанови се приклучуваа и нови 12-13 годишни девојчиња, за после 6-7 години Тоше да има прилично добра поддршка од публиката, бидејќи на неговите последни концерти имаше луѓе о 12-13, па до 27-28 години.
Веруј ми, тие дечиња што врискаат по него не се најголемата казна, туку баш спротивното - најголемиот дар што можеш да го добиеш како пејач. Бидејќи ти може да имаш миљон песни и исто толку спотови на телевизија, ама ако немаш фанови што те следат - џабе ти е. Овдека зборувам за многуте квази пејачи и пејачки што ги има кај нас.
Секако, имаше и големи хејтери спрема Тоше. И сега ги има за идоливе. Тоа е, таков ни е менталитетот. Се' мора да хејтаме.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Песната на Иван кога беше меѓу 10 -те на М2 во 2004 година. Иван е мојот фаворит и мислам дека заслужува да победи затоа што поседува се што треба да има еден пејач.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
А ако објават кој колку гласови имал одма ќе мрчите дека пак е местено, дека фотошопирале.
Ај сеа вака. Ќе ги земам Звезде гранда (жал ми е што го знам ова). Во првата сезона сите беа за Тања Савиќ, за Славица Чуктераш, за тој еден Дарко. И не победи никој од нив туку некој десетти кој никој не очекуваше.
Сега пред некоја година сите беа за Милан Станковиќ или за Радмила, и победи некој си десетти кој никој не очекуваше.
На Велики брат кога беа Кики и Вики, никој НИКОЈ не го спомнуваше Арсо како фаворит. И Арсо победи.
Операција Триумф не спомнувам пошто беше апла местено.
Првиот балкански Идол победи една Мина која никој не очекуваше да победи.
Преживеан последниов, никој Андреј не го спомнуваше како Идол, па Андреј победи.
И се од ова е местено?

Дејан да имаше толку пари ќе отиднеше во некоја продукциска куќа и ќе му направеа песна, а немаше да има некое бендче со кое ќе свири по кафиќи.


Смешки си. Ако не знаеше кој колку гласа добил немораше да го билдаш постот толку, ќе те разберев оти не знаеш затоа што ни Јана не знае.
Не знам дали Дејан има пари, те прашав дали си сретнала некој негов фан. Јас не. Дури и на најголемиот македонски форум за дискусии Дејан скоро и да нема фанови.
Тогаш кој го гласа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom