Само да потсетам, вистинско име на МЖ-Транспорт е МЖ-Транспорт-АД. Акциите се во сопственост на владата на РМ.
Фершпед е фирма основана од МЖ, со цел клиентот да не трча по разни сертификати за дозвола на превоз, потоа приватизирана на кој начин не смее за тоа да се проговори. За една обична шпедитерска услуга наплаќа енормно големи суми на штета на МЖ. Никој и ниедна влада до сега не успеа и НЕ САКА да ја одлепи пијавицата Фершпед која го собира кајмакот, а железницата вози работи и ги собира трошките.
Нека НЕКОЈ ја одлепи таа пијавица Фершпед, железница има стручен кадар и истите услуги може сама да си ги направи.
Претпријатија од Чешка, од Србија, но и од Македонија со тужби побаруваат од „МЖ-транспорт“ основен долг од околу 8 милиони евра
МЖ-Транспорт- АД е само превозникот, тој само наплатува за својата услуга од корисникот на превозот. Многу "смрди" тука на сплеткарот-пијавица. Фершпед се јавува како меѓународен превозник и на услугите од странските компании нема исплатено ниту денар, сега треба МЖ-Транспорт-АД да ги плаќаат туѓите сметки? Поради ова многу од меѓународните товарни возовите кои транзитираа низ Македонија кон Грција, се завртени и транзитираат преку Бугарија. Не сакаат соработка со Фершпед, трпи цела држава, корупција до гуша. Цела железница е ЗАВИСНИК од услугите на Фершпед, обична шпедитерска куќа??? Па каде го има ова!!!
Трансформација на МЖ во две компании ЈП-МЖ Инфраструктура и МЖ-Транспорт-АД. Истата трансформација направена во Хрватска, но по само еден месец веднаш вратено по старо. Ова функционира во големи системи со широко распространета железничка мрежа, каде како превозници се јавуваат повеќе компании. Целта е самофинансирање односно наплата од превозникот за услугата, користење на инфраструктурата.
Кај нас проблемот е што МЖ-Транспрт-АД и да нема никаков превоз мора постојано да плаќа за користење на објекти, колосеци на кои постојано лежат празните вагони без разлика дали се тие исправни и секоја траса на редовни и вонредни возови. Значи постојано генерирање на долгови од ништо. Само да се рече дека е направена трансформација односно реформи, без разлика дали таа е економски исплатлива.
За услугите на ЈП-МЖ-Инфраструктура, односно користење на инфраструктурата не е наплатено ниту еден денар од тоа АД-то. Кој ги има акциите ја има и контролата на парите, значи целокупно цела железница нема апсолутно никаква контрола на финансиите.
Не се најде ниту еден раководител да ја каже вистинската состојба, причина е партизацијата. Село раководство (и сите синдикати) се партиски во смисол "сакаш да бидеш директор, раководител, шеф" еве ти фотеља земај плата и ќути таму. Проблемот е што железничката работа и интересот на партиите немаат никаква допирна точка, кога партиските интереси ќе се замешаат во работата, тогаш тоа не е работа. Рече некој таму на ТВ да се земе една "метла" и да се чисти тоа, менаџерски тим кој ништо не работи и не смее да работи. Како ќе ти свирнат така ќе играш, како што кажав погоре седи таму и земај плата.
Во последниве 2 години во железница има партиски хххх вработувања (заслужни партиски членови, лепачи на плакати). Од нив има и такви кои не знаат ни како изгледа изгледа железница, седат дома ниту еднаш не се јавени на работа, а земаат плата од железница? Некој со години ја градеше железница, за наеднаш "неки нови клинци" да ја уништат од корен, при тоа играјќи со вработените како со мали дечиња. Не е јасно само зошто е тоа партиско штитење од раководниот кадар кога и тие немаат плата земено, што штитат работат од "љубов" или за пари.
Да нема забуна, немам никаква партиска кишка и не ме интересира ниту една партија. Голем дел од вработените не се партиски определени, чесно си ја извршуваат работата, за таа цел нечесно и долу од секое човечко достоинство не добиваат плата. Ова што се случува во раководството на железница е исто како да има слеп возач на Ф1.