Македонскиот јазик од историски аспект

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Реката РЕЕ, (тече), РЕЕја солзи, Богиња на реките : РАЕТИА, РЕАТ потови, дождот (rain) се РОНИ, солзи се сронија и т.н.
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
За назалите мислам дека не си во право бидејќи тие даваат вистинска можност да се направи врска со другите индоевропски јазици,
види Каран, можеме до сабајле да си баеме, вака-така.
во минатото, како можел еден јазик да премине кај друг народ?
немало тв, мобилни, весници, интернет....
значи, останува селидба, контакти....

со кого би контактирале, да речеме Македонците?
размисли, еднаш морало да биде нулта време, кога т.н. ИЕ јазик дошол во ЕУ.
пред тоа нулта време, ЕУ била населена, и МК исто....

и ЕУ била населена, ама од кого?
нема траги од твоите англичани, тие се најрано од 1.000 гпне.
и тие, поминале низ подрачјето на ИЕ народот-Македонците и другите.
во англискиот има мнооогу латински, но и многу македонски зборови...
пат=path ; крени,подигни=crane; тил (позади вратот,назад)=tail и т.н.

римјаните/латините...
и тие се најрано од 1.000 гпне.

Ундрехил 2009 г. вели дека бронзените временски германци имаат наследници до ден денес.
и од нас има исти....
размисли, кој зборува на ИЕ јазик?
у хг Р1а и у хг Р1б....
оваа втората, ја нема пред 1000гпне, а првата е присутна КОНСТАНТНО веќе 4600 г.
ние сме од 1-та, ЕУ е од втората....

баските беа сметани за најстари, исто и јазикот, но тие се од најмладите ЕУ народи.
нивниот јазик никој не го знае, но за вода викаат ura=урина ; ibar=бара (мочуриште,вода) , ибар реката ....
tie samite velat deka zboruvaat jazik narecen EUSKARA, a geneticarite velat deka se miksani vo SAHARA.

ако сме словени и потекнуваме од мочуриштата, зошто другите словени не веслаат кајче?
кои од нашите архаични зборови,кои би требало да потекнуваат од мочуриштата, ги има кај другите славси?
ниеден.

зошто тврдиш, зборови од ИЕ потекло, но несловенско?
кајче, од ИЕ потекло ли е, а несловенско ли е?

зошто хрватски оборина би бил од латински, а не од македонски собори (го кутна, паднато)?
кутна? каков збор е?
зошто хрватите би земале латински збор за дожд, а италијаните не, кај нив е pioggia?
дали дека хрватите се католици?
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
pioggia - слично е со пљусак, плуја (плуе), плива... Но и со пио (pio-ggia) - пие, течност ...
Ова само го “нафрлам“ така, поради сличноста, но и не значи дека сум во право...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Радиомилева и Кариес,

Предлагам да си ги пренесете лингвистичките играрии на форумот:
Уметноста, литературата, јазикот
- сé за и околу литературата, уметноста, јазиците и културата.

Постовите ќе ви бидат избришани и доколку се повторат во иднина ќе бидат третирани како офтопик дискусија.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Македонскиот јазик има најстари зборови. 12 зборови од нашиот јазик кои се стари повеќе илјади години не се словенски ниту пак се позајмени од некој друг јазик.

Во своето 20 годишно истражување професорот Илија Чашуле дошол до заклучок дека тие се зборови кои ги употребувале Бригите и Тракиците, кои живееле на овие простори.
Тогаш македонскиот јазик не постоел, но постои континуитет во неговото создавање.
- Значи дека некои од тие зборови се стари 5.000 години и се пред грчкото доаѓање, не се многу, десетина можеби и повеќе но се
пак покажуваат континуитет - изјави професорот Илија Чашуле.
Македонскиот јазик како и идентитетот постојат, и тука нема ништо спорно вели Чашуле.
- Тука нема ништо спорно единствено спорно е тоа што има многу незнаење - смета Чашуле.
Чашуле своето истражување го врши во Австралија. Тука институт за македонски јазик нема доволно пари да го проучува сопствениот јазик.
Од година в година се помал е и интересот на студентите да го изучуваат македонскиот јазик.
Годинава на Филолошкиот факултет во Скопје се запишаа само дваесетина.

Видео :
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/predavanje-za-makedonskiot-kako-slovenski-i-balkanski-jazik

 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
зборовите исчезнале од забот на времето ќе кажат :D
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
20 години му требале за 12 неартикулисани зборови да најде ? браво
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
ИЛИЈА ЧАШУЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ КАКО СЛОВЕНСКИ И БАЛКАНСКИ ЈАЗИК

Јазикот ја одредува културата на еден народ

Во својата основа македонскиот јазик е словенски, но по структура е плод на контактот со старите групи јазици што се зборувале на овие простори. Македонскиот е централен балкански јазик, тука се вкрстиле сите копја, а периферен словенски исто како словенечкиот, полскиот и слично. Ова, меѓу другото, го истакна лингвистот Илија Чашуле на вчерашното предавање на тема „Македонскиот како словенски и балкански јазик“ во Институтот за македонски јазик „Kрсте Петков Мисирков“.

- Сродството на јазиците по контакт има два вида: со позајмувања (пр. околу 2.000 зборови во македонскиот се позајмени од турскиот и околу илјада од грчкиот јазик) и преку несовршено учење на јазикот, кога повеќе се прифаќала структурата на новиот јазик, а помалку лексиката (пример, губењето на инфинитивот, падежите...) - рече Чашуле и додаде дека оттаму блискоста на балканските јазици кои формираат балкански јазичен сојуз.

Што се однесува до нашиот идентитет, Чашуле нагласи дека идентитетот е комплексен и дека денешните јазични, политички и социолингвистички граници не се поклопуваат со реалната лингвистичка стварност.

- Во регион во кој имате толку измешано население, кој е типичен Македонец? Не е битно крвно што е. Битен е јазикот, затоа што јазикот е културата. Kога се менува еден јазик, тоа е и културна промена. Овој јазичен тип оди до Ниш и до Софија. Сите тие говори во други околности можеле да бидат македонски. Апсурдно е да се мисли дека старите балкански јазици биле високо издиференцирани - рече Чашуле во своето предавање.

Професорот додаде дека во македонскиот јазик има 12-ина зборови кои не можат да се објаснат било со старогрчко било со албанско или какво било друго потекло. Тој истакна дека мора да вложиме многу повеќе во историското проучување на македонскиот јазик.

Чашуле е македонист и индоевропеист кој најмногу е посветен на етимолошките истражувања. Предава на Универзитетот „Меквори“ во Сиднеј.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4EFD08AF1E4CB446952E891B25866A5D
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
1
Поени од реакции
1
Дали тој јазик постоел во антиката и на кој простор ?
Ovaj makedonski jazik postoel vo antikata, barem sedumdeset posto, na glineni plochki od homer koj se naogjaat vo muzejot vo london ima zborovi koj i den denes gi upotrbuvame-,,jatrva,,zolva,,svekrva,zet,,arno,,ubavo,,svekrva,,brat sestra,,..itn.

Stvarta e napravena golema zabuna vo devetnaesetiot vek shto e napishana politichka istorija ,,izmislena,, za nekakva preselba na slovenite vo shestiot vek. Slovenite bile na prostorite na balkanot i mala azija barem triiljadi godini pred rimskoto carstvo samo shto zborot sloveni ne se upotrebuval, se upotrebuvale plemenski iminja ili pak edno zaednichko ime za site pleminja a toa e skiti ili skitski pleminja toa znachi dekai antichkite pleminja denes recheno bile slovenski pleminja.

Eve drug primer za drugi narodi-denes se izuchuva ili pak znae postojat germanski jazici i grmanski narodi,a vo antikata tie se poznati kako vandalski pleminja koj zboruvale na vadalski narechja. Ovaj deneshen razpostran engleski jazik ima malku slichnosti so stariot jazik na engelsite i saksoncite koj bile vandalski jazici ili pak deneshno germanski jazici zabunata e napravena so izmislenata politichka istorija napishana vo devetnaesetiot vek.kako shto vandalskite odnosno germanskite jazici imaat slichnosti taka i skitskite odnosno slavjanskite (slovenskite) jazici imaat slichnosti i denes i vo antikata a onaa laga za shestiot vek e izmislena barem za slovenskite (skitskite) pleminja, a tatarite mongolci, keltite, alanite i dr,,,i se preseluvale i vojuvale edni so drugi.

Poznato e isto kako tatarite (bugarite) begale od keltite i barem sedumdeset posto bile unishteni ili zarobeni, a ona shto ostanalo bilo mnoshtvoto mashki rod koj uspeal da se spasi i izbega,a posle istite se naseluvaat pokraj crnoto more i se meshaat so domorodnoto naselenije od koe i kidnapiraat zheni poshto nemale zhenski rod koj keltite ili gi ubile ili zarobile. Prikaznata e samo za tri generacii potpolno go gubat svojot tatarski (bugarski) jazik i go prisvojuvaat od domorodnoto naselenie (tie zheni shto bile kidnapirani ednostavno si go upotrebuvale svojot majchin jazik,makedonskiot).
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Македонскиот јазик има најстари зборови. 12 зборови од нашиот јазик кои се стари повеќе илјади години не се словенски ниту пак се позајмени од некој друг јазик.

Во своето 20 годишно истражување професорот Илија Чашуле дошол до заклучок дека тие се зборови кои ги употребувале Бригите и Тракиците, кои живееле на овие простори.
Тогаш македонскиот јазик не постоел, но постои континуитет во неговото создавање.
- Значи дека некои од тие зборови се стари 5.000 години и се пред грчкото доаѓање, не се многу, десетина можеби и повеќе но се
пак покажуваат континуитет - изјави професорот Илија Чашуле.
Македонскиот јазик како и идентитетот постојат, и тука нема ништо спорно вели Чашуле.
- Тука нема ништо спорно единствено спорно е тоа што има многу незнаење - смета Чашуле.
Чашуле своето истражување го врши во Австралија. Тука институт за македонски јазик нема доволно пари да го проучува сопствениот јазик.
Од година в година се помал е и интересот на студентите да го изучуваат македонскиот јазик.
Годинава на Филолошкиот факултет во Скопје се запишаа само дваесетина.

Видео :
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/predavanje-za-makedonskiot-kako-slovenski-i-balkanski-jazik
Ете го мојот извор за глаголот ВРНЕ кој го поставив како информација на оваа тема пред извесно време.

Илија Чашуле (роден брат на Слободан Чашуле) е еден врвен, светски признат лингвист и индо-европеист со кого може да се гордееме.

Еве само уште неколку линкови коишто бегло и штуро информираа за предавањето што го одржа Илија Чашуле пред некој ден во Скопје.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/36941/predavanje_za_makedonskiot_kako_slovenski_i_balkanski_jazik.aspx

http://utrinski.com.mk/?ItemID=73FE9491889EF542802CF9CEA4890051

Еве едно негово интервју за магазинот "Македонско Сонце" од бројот за декември 2003 - јануари 2004 година.

ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ПОД ДЕБЕЛИ СЛОЕВИ НА ЛАГА, интервју на Илија Чашуле за "Македонско Сонце" од декември 2003-јануари 2004 година
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
Ете го мојот извор за глаголот ВРНЕ кој го поставив како информација на оваа тема пред извесно време.
не ја прегледав темата..дека Чашуле веќе бил постиран...неисе..13 збор?

од секој извор извира вода...има чист и матен извор..Чашуле, сиот респект, е матен извор....
зборот var (во Индискиот Санскрит) е основа за зборовите вода=дожд
var(ne)=vrne
http://www.youtube.com/watch?v=Ym3i6F4T0bA
зошто е матен Чашуле?
затоа што не објаснува, како тој збор дошол меѓу нас, дали од Аце и Царот Пор, или од Ѓупците? или од пред сето тоа?
Матноста доаѓа и од необјаснувањето на поимот М`СКА ВЕДА =14 И 15 ЗБОР? (СВЕТЛИНАТА ОД ГРМОТЕВИЦАТА-ГРОМОТ)...

ВАР=ВОДА=ВАР(ДАР)=БЕЛА ВОДА
вардар е веќе елабориран...
The most accepted theory on the origin of the name Vardar derives Bardários from the Thracian language, значи пред Аце и Пор....Mallory, J.P. and D.Q. Adams. Encyclopedia of Indo-European Culture. London: Fitzroy and Dearborn, 1997: 147
не е точно дека Вардар=Црна Река, иако Вар=бело, но и црно....
потврда ни доаѓа од
зид зидосан
вар варосан
нигде зирка ни прозирка
јајце
Var(tolomej) ; Var(nava)...za nekoi toa se sin na Ptolmej, sin na Navin....no, dali e bash taka?
var=bar.....vivlija=biblija
v(a)rne=(o)bor(ina)
hrvatite ne bile so Ace kaj caro Por...
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
колекцијата погоре ќе ја надоградуваме постепено со преостаната странска стручна литература: ...
Дали не беа направени првите истражувања за античките Македонци од Германци? И не беа ли од нив напишани најбитните биографии на Александар? Колку само пати во историјата на германската драмска литература не беше поставен на сцената, имено, ликот на овој светски македонски крал? Меѓутоа, да бидеме чесни: Првиот биограф беше, се разбира, Римјанинот Квинтус Курциус Руфус (+ 53 н.н.е.) чии десет книги за делата на Александар се основата за секој наследник кој се занимавал со Александар и неговите Македонци.

Кои биле старите Македонци? Грците одамна тврдат дека тие биле Грци. А зошто тогаш Македонците од античките Грци биле нарекувани „варвари“? Бидејќи не зборувале грчки, туку македонски и нити биле Грци туку Македонци – вели германскиот географ Антон Фридрих Бишинг (1724-1793) во својот „Опис на земјата“ од 1788 г.:

Македонците го имале својот сопствен јазик што со грчкиот јазик нема ништо заедничко. Во древните времиња Македонија била независно кралство чии граници големиот Александар бескрајно ги раширил“.

Подетална е книгата на германскиот историчар Лудвиг Флате (1799-1866) „Историја на Македонија и на империите со кои владееле македонски кралеви“ (Лајпциг 1832), во која авторот исцрпно докажуваше дека, можеби, Грците и Македонците во, речиси, праисторијата го имале истиот корен, но дека тие, долго пред времето на Филип и Александар, станале сосема различни народи и култури. И Македонија по смртта на Александар, вели Флате, „се врати кон својот своевиден и затворен живот“.

Со ликот и делото на Александар опширно се занимавал германскиот историчар Јохан Густав Дројзен (1808-1884) кој во 1833 г. ја објавил својата обемна книга „Александар Големиот – Биографијата“. Околу 40 години подоцна излегла една преработена верзија на книгата во која Дројзен го опишува Александар како „јуначки Титан“, кој извршил „преврат од историско-теолошко значење“.

Зошто „историско-теолошко“? Бидејќи, според Дројзен, син на еден пруски протестантски свештеник дури со Александар беа дадени првите „поттици“ за подоцнежната Римска Империја и за христијанството. Се разбира,
сегашните германски историчари не се сосем „среќни“ со Дројзеновата интерпретација на Александар (иако таа пред три, четири години доживеа едно ново издание).

Ликот на Александар пред сè ги привлекуваше поетите, од кои првиот беше Лудвиг Амандус Бауер (1803-1846) и неговата драма од 1836 г. „Александар Големиот“ – сценска обработка на биографијата од Курциус Руфус, со поголемо акцентирање на македонско-грчката спротивност:

Сега тебе те слушаат Македонците кои се сеќаваат оти оние луѓе не нè сметале достојни за грчкото име кога Александар, братот на татко ти се јавил на натпреварот во Олимпија“.

Можеби најинтересен драмски автор е Германецот Курт Лангенбек (1906-1953), кој во 1934 ја објави својата трагедија „Александар“. Лангенбек, драматург во „Баварскиот државен театар“ во Минхен, бездруго бил надарен драмски автор, но премногу амбициозен и затоа и премногу сервилен кон Хитлеровиот режим. Сосема според идеологијата на нацистите, тој се борел за „преродбата на драмата од духот на времето“.

Од тоа произлезе еден долг и остар конфликт со старата гарда на германските театарски критичари. Веројатно Лангенбек сакал да им покаже на критичарите како треба да изгледа една вистинска драма, и резултат на неговите напори е токму трагедијата „Александар“. Драмата ги опфаќа последните три години во животот на Александар, значи од 325 до 323 п.н.е. Војската стои во Индија, но војниците не се задоволни:

Води нè дома! Ликувајќи сакаме назад каде што татковината нè прегрнува“.

Растојанието им е преголемо:

Кралу, дај ни за Македонија, врати ни ја земјата на нашата сила, земјата на нашата крв и нашите срца“.

По Александар дојдоа Римјаните па Византија па Словените. Пред сè нивната културна историја е вплетена во толку легенди што Германците веќе во 18-тиот век, значи, почнувајќи со дејствувањето на Аугуст Лудвиг фон Шлецер (1735-1809), се заинтересираа што од овие легенди може да биде сфатено како научно потврдена вистина. Со поглед на тоа се трудовите на Германката Хилдегард Шедер (1902-1984), особено битни, иако ова испитување на почетоците на словенската култура сè уште не е совршена.

Но, неколку неспорни факти беа искажани од германски слависти, на пример од Алојс Шмаус (1901- 1970) кој на македонската книжевност го дал општословенскиот примат:

Македонија се пофали со право дека е колепка на јужнословенската литература. За Србите и Бугарите заедничката основа беше дадена со дејноста на апостолите Кирил и Методиј. По смртта на Методиј (885) и по прогонувањето на нивните ученици од Морава во Охрид се образуваше еден важен духовно-литературен центар што набргу одигра една битна улога во процесот на христијанизирањето и во јужнословенската писменост. Поради својата географска положба ова подрачје беше определено благословно да дејствува во духовниот живот на Јужните Словени.”

Исто така Рајнхолд Траутман (1883-1951) по војната, во 1948 г. пишуваше дека мајчиниот јазик на Кирил и Методиј е македонски, додека Алфонс Маргулиес (1867-1928) рекол дека „конзервативната Охридска книжевна школа делумно ги заштитила Македонците од туѓите јазични влијанија“.

- oд
Волф Ошлис
МОМЕНТИ И АСПЕКТИ НА
ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКАТА ЗАЕМНОСТ НИЗ ВЕКОВИТЕ
меѓународен семинар
за македонски јазик, литература и култура
(Охрид, 13. VIII – 30. VIII 2007)

ИЗВОР http://loza.mk/2012/07/car-aleksandar-i-germancite/
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom