Македонскиот јазик од историски аспект

K

King_Stone

Гостин
Не е за бугарски правопис, меѓутоа е убаво за паралела да видиш дека пропагандата на татарите што ја форсираш не држи вода, и најубаво е кога самиот ќе дојдеш до заклучокот.

Дриновски правопис не е официјален правопис, туку е воспоставен од еден човек и се користи ограничено. Прв официјален правопис кој го имаат бугарите е 1899 година, пред тоа сите пишувале различно т.е. било каша попара и со азбука и со фонд на зборови и со правописни правила. И ништо не искоментира и за другите 2 прашања што ти ги поставив. Значи отприлика 50 години век пред стандардизацијата на Македонскиот јазик и правопис.
Јасно ми е тоа,реалноста е таква,и не бегам јас од тоа.Србите биле многу посвесни од сите Балканци и први самостојно си ја извршиле својата реформа во јазикот.И биле први со својата азбука,и затоа нивната пропаганда дала големи резултати како во Босна,така и во Македонија.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Крум Тошев и Блаже Конески во 1945-1950 создаваат македонската литературна форма и македонската азбука,користејќи ја азбуката на Вук Караџич,и делото на Крсте П,Мисирков "За Македонцките работи".Јазикот македонски постоел и пред тоа,ама како народен говор,а не литературен.Србите и Бугарите тоа го сториле во нивните јазици уште во 19 век.Прашањето ми беше по која причина требало да се чека 100-тина години за да се стори истото??
Избрза да го окарактеризираш процесот на развивање македонска литературна форма како навидум конспиративен или погрешен во споредба на процесот кој го примениле Србите и Бугарите.

Во целава твоја полемика, не разбираш основни поими и процеси, а се обидуваш да изнесуваш тенденциозни заклучоци.

Ќе ти одговорам во 2 точки:
1. Литературен јазик претставува нормиран јазик - службен јазик на дадена држава кој ги опфаќа дијалектите кои припаѓаат на нејзината територија.

Според тоа, не може да доведуваш во прашање некаква легитимност на периодот кога бил оформен македонски литературен јазик, земајќи во предвид дека независна македонска територија не била дефинирана и следователно не било возможно создавање на норма кога не само што немало политички услови туку и не се знаело ниту кои дијалектни подрачја ќе влезат во идната држава(под услов да се знаело за нејзиното идно формирање).
За воведување на литературен јазик, потребна е државна структура, системско образование и администрација која би го вовела во употреба тој јазик.
Затоа логично дека најпогоден момент е создавањето на современата македонска независна држава на еден дел од целата етнографска целина.

Не случајно оформувањето на српскиот и бугарскиот литературен јазик е директно поврзано и условено со нивното ослободување и независност.

Или можеби во тој поглед треба да го забележиме изоставањето на македонските дијалекти од Р.М. и Егејскиот дел во современиот литературен бугарски јазик, како доказ дека бугарите не ги сметале овие дијалекти за свои?

2. Во модерната македонска азбука нема никакво превалирање на влијанието од Вук Караџич, тоа треба да се потенцира секојпат кога се употребуваат измислици од типот погоре.
А како второ, во филолошката Комисија1893 г. која ја создала првата фонетска правописна реформа учествувале бројни слависти од различни земји, а не само В.К.

За волја на вистината, оваа реформа во Бугарија најпрвин била одбиена, за потоа да биде воведена во 1921 како дел од „земеделскиот правопис“, па после две години да биде укината и вратен стариот правопис, но на крај новата фонетска реформа и онака била воведена во 1945 година во Бугарија.

http://bg.wikipedia.org/wiki/Омарчевски_правопис

http://bg.wikipedia.org/wiki/Правописна_реформа_(1945)

Караџич е првиот кој го воведува бугарскиот јазик во полето на словенската филологија и првиот кој почнал да се занимава со бугарската граматика, много порано од било кој домашен бугарски реформатор.
Не само што тој предничи со својата бугарска книжевна дејност во однос на еден Венелин, туку и самиот овозможува печатење и популаризирање на бугарската книжевност преку Србија.

Затоа не го разбирам бугарскиот анти-Караџичов сентимент, кога користа од неговата дејност била обострана, како и за нас и за останатите јужнословенски народи така и за Бугарите.
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
citat:
Литературен јазик претставува нормиран јазик - службен јазик ....
literaturen=sluzben jazik = vestacki jazik.....

zosto bi bilo temno, koga mrak mi padna na oci?
literaturniot jazik go unistuva iskonskiot jazik....

literaturniot jazik e plod na modernizmot, koj ne e nisto drugo tuku kicerajstvo....

sto mu fali na dzamadance, pa da stane palto?
sto im fali na caksiri, da stanat pantaloni?

ili ruba, roba e polosa od obleka, garderoba?

nasiot literaturen jazik, so poteklo bil od Veles..i okolinata...centralno....
a sto e so drugite dijalekti?
nisto...tie ne se po merka na literatite i sluzbenicite....

edno e sigurno...
MK jazikot e masakriran od pogore spomnatite....
 
K

King_Stone

Гостин
Избрза да го окарактеризираш процесот на развивање македонска литературна форма како навидум конспиративен или погрешен во споредба на процесот кој го примениле Србите и Бугарите.

Во целава твоја полемика, не разбираш основни поими и процеси, а се обидуваш да изнесуваш тенденциозни заклучоци.

...
Како и да ја вртиме,пак така излегува,најблизок јазик на македонскиот е бугарскиот.Заедно припаѓаат во источната група на јужнословенските јазици.Додека во западната се сите од бившите ЈУ простори,српски,хрватски,словенечки,црногорски,бошњатски.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Како и да ја вртиме,пак така излегува,најблизок јазик на македонскиот е бугарскиот.Заедно припаѓаат во источната група на јужнословенските јазици.Додека во западната се сите од бившите ЈУ простори,српски,хрватски,словенечки,црногорски,бошњатски.
Македонскиот јазик со посебна катедра на филолошките студии постои веќе цели 67 години, а првото предавање по македонски јазик на странски универзитет е одржано 1946 год. на Карловиот универзитет во Прага, а денеска посебни лекторати имаме почнувајќи од САД преку Австралија па се’ до Јапонија.

Оние кои се авторитет во славистиката и лингвистиката одамна веќе се произнеле во однос на македонскиот јазик и неговата посебност.

А доколку вие Бугарите ги сметате македонските дијалекти за бугарски, тогаш сте требале да ги вклучите во вашиот литературен јазик, НО тоа не сте го направиле што пак сега не остава никаков простор за полемизирање.
Очигледно, бегајќи што подалеку од македонската дијалектна база сте сакале што повеќе да се разликувате од нашиот говор, затоа приговарајте за тоа во вашите институции.
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
Како и да ја вртиме,пак така излегува,најблизок јазик на македонскиот е бугарскиот
tocno taka...a ne obratno, makedonskiot kon bugarskiot....
prvo, bugarski, samoto ime kazuva deka ne e balkanski jazik (originalot de)...kako i bugarite...
bo bg ima mnogu makedonci, koi se pobugarceni..i sto e cudno toa za jazikot?

prasanje e, onie koi se nemakedonci, a koi se napnuvaat da dokazat bugarstina vo makedonstina, neli se malku cudni?

bugarite (onie vistinski bugari) imaat prifateno mnogu raboti od makedoncite: jazikot, verata....

i zapamti:
Concerning the genetic relationships at mitochondrial level, old human populations from Romania;)aka THRACIANS have shown closer genetic relationship to Turks of Thracian origin:eek: , while modern Romanians were closer to modern Bulgarian, Italian, Greek and Spanish populations.http://www.academia.edu/453597/Ancient_DNA_study_on_human_fossil_found_Costisa_Romania_dating_from_de_Bronze_Age
 
K

King_Stone

Гостин
  • Eastern Section
    • Macedonian – (ISO 639-1 code: mk; ISO 639-2(B) code: mac; ISO 639-2(T) code:mkd; SIL code: mkd; Linguasphere: 53-AAA-ha)
    • Bulgarian – (ISO 639-1 code: bg; ISO 639-2 code: bul; SIL code: bul; Linguasphere:53-AAA-hb)
    • Old Church Slavonic (extinct) – (ISO 639-1 code: cu; ISO 639-2 code: chu; SIL code:chu; Linguasphere: 53-AAA-a)
  • Western Section
    • Slovene (ISO 639-1 code: sl; ISO 639-2 code: slv; SIL code: slv; Linguasphere: 53-AAA-f)
    • Serbo-Croatian (ISO 639-1 code: sh; ISO 639-2/3 code: hsb; SIL code: scr; Linguasphere: 53-AAA-g).
      There are four national standard languages based on the Shtokavian dialectof Serbo-Croatian:
      • Serbian (ISO 639-1 code: sr; ISO 639-2/3 code: srp; SIL code: srp)
      • Croatian (ISO 639-1 code: hr; ISO 639-2/3 code: hrv; SIL code: hrv)
      • Bosnian (ISO 639-1 code: bs; ISO 639-2/3 code: bos; SIL code: bos)
      • Montenegrin (not completely standardized, but official in Montenegro, with published standard orthography) ( ................................................. ) П.С.Колку што се различни,и колку што се слични српскиот и хрватскиот,толку се слични и толку се различни македонскиот и бугарскиот.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
King_Stone напиша:
  • Eastern Section
    • Macedonian – (ISO 639-1 code: mk; ISO 639-2(B) code: mac; ISO 639-2(T) code:mkd; SIL code: mkd; Linguasphere: 53-AAA-ha)
    • Bulgarian – (ISO 639-1 code: bg; ISO 639-2 code: bul; SIL code: bul; Linguasphere:53-AAA-hb)
    • Old Church Slavonic (extinct) – (ISO 639-1 code: cu; ISO 639-2 code: chu; SIL code:chu; Linguasphere: 53-AAA-a)
  • Western Section
    • Slovene (ISO 639-1 code: sl; ISO 639-2 code: slv; SIL code: slv; Linguasphere: 53-AAA-f)
    • Serbo-Croatian (ISO 639-1 code: sh; ISO 639-2/3 code: hsb; SIL code: scr; Linguasphere: 53-AAA-g).
      There are four national standard languages based on the Shtokavian dialectof Serbo-Croatian:
      • Serbian (ISO 639-1 code: sr; ISO 639-2/3 code: srp; SIL code: srp)
      • Croatian (ISO 639-1 code: hr; ISO 639-2/3 code: hrv; SIL code: hrv)
      • Bosnian (ISO 639-1 code: bs; ISO 639-2/3 code: bos; SIL code: bos)
      • Montenegrin (not completely standardized, but official in Montenegro, with published standard orthography) ( ................................................. ) П.С.Колку што се различни,и колку што се слични српскиот и хрватскиот,толку се слични и толку се различни македонскиот и бугарскиот.
Бугар, ќе да си идиот. Трето нема.
Аналогијата според поделбата што си ја дал означува дека македонскиот и бугарскиот се слични колку српско-хрватскиот и словенечкиот.
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Makedonskiot od sekogas bil POSEBEN od bugarskiot i srpskiot...Sekogas...

http://www.index.hr/vijesti/clanak/lingvistica-kordic-u-hrvatskoj-bih-srbiji-i-crnoj-gori-govori-se-istim-jezikom/506995.aspx
Ako se trgnat na strana site nacionalni custva i glupava omraza sekako se gleda deka toj jazik e IST vo site 4 dravi
Kako sto se gleda i hrvatite toa go zborat,ama kaj niv e tezok nacionalizam kako i vo bugarija pa se bunat.

Vo Srbija,Hrvatska,Bosna i Crna Gora se zboruva na IST jazik...
Ama toa ne znaci deka tie se site ist narod ili se taka custvuvat (primeri niz cela Evropa)

A ti posto si tolku pameten postiraj tuka nekoja recenica od Mongoloidot Asparuh pa da go uporedime so Makedonskiot jazik...Ako Asparuhovite zborovi se isti kako nasite,samo togas mozes da kazes deka jazikot ni e isti!
A posto toa ne moze nikako da bide se znae koj jazik ste zemale i na koj jazik zborite!
 
K

King_Stone

Гостин
Тука до некаде се разбираме,како што не можеме да докажеме дека овој македонски јазик јас и ти што го зборуваме е истиот тој што го зборувал Филип и Александар,така и јазикот на Бугарите сега што го зборуваат не е истиот со јазикот на Аспарух.Значи и ние Македонците,исто и Бугарите имаме проблем со именувањето на јазикот,сме ставиле несоодветни имиња на нашите јазици.Друга работа е таа што сите тие наведени,и Срби,Црногорци,Бошњаци,Хрвати зборуваат на ист јазик,но проблемот беше како да се нарече тој јазик,пак името проблем.Српско-Хрватски ли пак Хрватско-Српски,ама пак Бошњаците и Црногорците не сакаат да се нарекуваат нит Срби нит Хрвати.Како нив да им угодиме?Кај сите Јужни Словенски народи,проблемите се исти.Јазикот не е проблем колку што е проблем неговото име.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тука до некаде се разбираме,како што не можеме да докажеме дека овој македонски јазик јас и ти што го зборуваме е истиот тој што го зборувал Филип и Александар,така и јазикот на Бугарите сега што го зборуваат не е истиот со јазикот на Аспарух.

Значи и ние Македонците,исто и Бугарите имаме проблем со именувањето на јазикот,сме ставиле несоодветни имиња на нашите јазици.

Јазикот не е проблем колку што е проблем неговото име.
Несоодветно именување на јазик нема ништо заедничко со јазичните одлики кои прават еден јазик да биде засебен, според лингвистички критериуми.

Влоџимјеж Пјанка во едно свое интервју, многу кратко и концизно ги определи јазичните особености кои го одделуваат македонскиот јазик од бугарскиот.
Исто така ги наведе и причините кои се познати меѓу стручњаците, поради кои вие го оспорувате македонскиот јазик. На темава се постирани мислењата од многу авторитети во славистиката.
Интервјуто:
http://forum.kajgana.com/threads/Македонскиот-јазик-од-историски-аспект.32036/page-10#post-3179059

Единствената причина поради која Бугарија не го признава постоењето на македонскиот јазик како посебен словенски јазик е за да се оспори ПОТЕКЛОТО на старо-словенскиот јазик, на кое што агресивно претендираат Бугарите нарекувајќи го “Старобугарски“ и се обидуваат по секоја цена да ја устоличат таа бесмислица како официјално име.
Ова го отежнува лоцирањето на Солунскиот говор како основа на старо-словенскиот(Солун отсекогаш бил во Македонија) и токму поради тоа се вкрстуваат сите напори за негирање на македонската нација, територија и јазик.
Признавањето на било кој елемент од трите погоре, означува автоматски рефлектирање на останатите. Затоа гледаме како на еден пакет - нација, јазик, територија.

Иако беше кажано милион пати, ќе повторам дека терминот “Старобугарски“ за првпат е употребен во втората половина на 19 век од Германецот Лискин и оние што после него го прифатиле тој термин се неговите студенти и пред се’ германски колеги, пред и официјално да влезе во шовинистичката бугарска агенда за проганда.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
This obvious screw up occurred at a municipal council meeting and while he was referring to a Skopjan plaque to Rome, which, he said, was written in the "Macedonian" language. Boutaris obvious foul offended many who were present and Theophilus Pateli, who is a city councillor for the "Creative Team" party under conservative MP Costas Gkioulekas, decided to intervene.

"FYROManian Mr Mayor" said Patelli correcting Boutaris, but the Mayor of Thessaloniki insisted and then pointed out that he is a Vlach who was born in Nymphaeum, where, he added, in the past the "Macedonian" language was spoken by the Vlach people!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик!?


Култура | Прочитана: 1991 пати



Македонците отсекогаш го зборувале јазикот што го зборувале и во 1525 година, кога професорот Винко Прибојевиќ ја пишувал книгата што се чува во НУБ „Св.Климент Охридски“.

Во оваа исклучително интересна книга што се чува во НУБ „Св.Климент Охридски“, професор Винко Прибојевиќ, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, тврди дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и во 1525-та година, кога тој ја пишувал својата книга. Според него, Македонците живееле на овие простори и во 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле, објави МИА.

Како исклучително учен човек за тоа време, одличен познавач на античката, класична историја е роден на островот Хвар, каде што завршил основно образование, Винко Пробојевиќ заминал најпрво на студии по теологија за подоцна да специјализира во Италија и да стане еден од најугледните професори по теологија во тоа време.

Бидејќи бил добро упатен во историјата на Балканскиот полуостров, кој патем тој го нарекува Македонскиот полуостров, Прибојевиќ во својата книга користи голем број изворни податоци, кои ги собрал по тогашните библиотеки, архиви и доминикански манастири. Токму затоа во воведното обраќање до својот пријател Петар, Патрициј и заповедник на Галија, кој најверојатно го платил печатењето на книгата, меѓу другото бара книгата „да биде издадена за општа полза на сите, но без да се исфрлаат цитатите на писателите наведени паралелно со главниот текст отстрана“.

И според цитатите, и според она што професорот го открил истражувајќи ја историјата, а врз основа на разликите во говорот меѓу Македонците и Грците, сосема е јасно дека Македонците никако не можат да бидат Грци, не знаат грчки, туку и тогаш, и секогаш, само својот мајчин, македонски јазик.

Самиот Тукидид, ели Прибојевиќ во 1525-та година, кој ја пишува книгата, тврди дека „Македонија зафаќа простор од Византија, Тракија, Мизија и Илирија“, а „разликата меѓу Грците и Македонците веднаш се воочува од карактерот и начинот на живеење, а со таква спротивност во карактерите и обичаите не може да стане збор дека Грците и Македонците се ист народ“.

Оттука, продолжува Прибојевиќ во својата книга од почетокот на 16-ти век, „кога атињанинот Диоскип требало да се пресмета во двобој со Македонецот Хорат, меѓу војниците на Александар, како што пренесува Квинт Курциј, Грците биле тие што го бодреле својот Диоскип.

Зошто, вели Прибојевиќ, „ако Македонците биле Грци, грчките војници не го бодреле Македонецот Хорат, како што го бодреле Гркот Диоскип?“ Самиот Пробојевиќ поставува уште многу вакви прашања, користејќи изворни сведоштва што ги собрал истражувајќи за историјата на автохтоните народи на Македонскиот полуостров.


Античките и средновековните Македонци зборувале ист јазик!?

Во оваа исклучително интересна книга за Македонија и Македонците, професор Винко Прибојевиќ, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, всушност потврдува дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и таа 1525-та година кога тој ја пишува својата книга. Значи, според него, Македонците живееле на овие простори и во тоа време, во почеток на 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле.

Ваквото тврдење на Прибојевиќ секако не и лежи на срце на македонската петта колона која тврди дека имало голема празнина, без Македонци, од времето на апостол Павле до книгата на Крсте Петков Мисирков во 1903-та година, односно дека Македонците исчезнале заедно со јазикот, обичаите, традицијата и својата историја. Дека тоа е обична измислица на оние што не се чувствуваат, и никогаш не се чувствувале Македонци, може да се види кај Прибојевиќ уште во 1525-та година, а не денес.

Имено, тој тврди дека Македонците во тоа време, во времето во кое тој живеел, го зборувале 'истиот свој јазик каков што користеле и пред 1500 години, кога Грците не можеле да ги разберат што зборуваат па морало да се преведува'. Еве што вели професорот од Венеција од 16-ти век: „Затоа што некои писатели тврдат дека Македонците треба да се вбројуваат во Грци, како приговор изнесувам едно мислење на Квинт Курциј од неговата книга „Делата на Александар Велики“.

Тој појасно од сонце го разликува македонскиот јазик од грчкиот, па како бел ден може да се види дека македонскиот говор никако не можела го разбере целата војска на Александар Велики, затоа што еден дел од неговата војска биле Грци. Така, кога на Македонецот Филота, син на Парменион, кој требало да се брани пред македонското Собрание, Александар му рекол: 'Филота, Македонците ќе ти изречат пресуда; те прашувам дали ќе им зборуваш на мајчин јазик', а тој рекол дека нема да зборува на мајчин јазик, затоа што сите нема да го разберат.

Тогаш Александар веднаш додал дека Филота го мрази својот мајчин јазик“. Ако Македонците биле Грци, тогаш овој проблем воопшто не би бил проблем, зашто сите би зборувале грчки јазик. Фактот дека мајчиниот јазик на Македонците се разликувал од оној на Грците во војската на Александар Македонски, јасно покажува дека Македонците никогаш не се чувствувале Грци, бидејќи припадноста на еден народ, како што вели Прибојевиќ, најдобро се докажува со единственоста на јазикот, па „за припадници на еден народ ги сметаме оние кои уште од најрана доба заедно со мајчиното млеко го примаат истиот јазик“.

Ако Македонците и Грците биле ист народ, смета Прибојевиќ, тогаш немало потреба Александар Велики да се нарекува крал на Македонците и Грците туку само крал на Грците. Значи, вели тој во својата книга стара пет века, бидејќи Македонците имаат свој јазик, а тој јазик не паднал од небо, јасно е дека тие отсекогаш па и денес, како што сведочи и големиот Филип од Бергамо, го имале истиот јазик што го говорат и сега.

Ако е така во 1525-та година, кога е кажано и напишано од Прибојевиќ, тогаш сосема е веројатно дека Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик, оној што го зборувале Македонците отсекогаш. Според Прибојевиќ, Александар, Самуил и свети Климент, на пример, во 1525 година би се разбрале меѓу себе на својот мајчин јазик!


Немало писатели кои верно би ги прикажале делата на Македонците!

Според Прибојевиќ, „немало писатели кои верно би ги прикажале делата на Македонците“, па „голем дел од нивната најстара историја по Александар Македонски останала непозната“. Но, сепак, и оние податоци, кои, макар и против своја волја, како што вели, ги пружале другите автори, доволно јасно укажуваат на тоа дека ниту во воената слава, ниту во поседувањето на многу земји, подоцнежните таканаречени Словени не заостануваат зад ниту еден народ, туку, напротив, со своето славно потекло им заповедале на други народи.

Записите на Јулиј Капитолин, Требелиј Полион, Флавиј Вописк, Секс Аурелиј Виктор, Еутропија, ѓакон Павле и многу други по нив, пишува Прибојевиќ, потврдуваат дека многу римски цареви и многу папи се таканаречени Словени. Но, кога и само накратко би ги раскажал нивните дела, вели тој, би морал да напишам многу томови. Притоа, вели професорот од Венеција, не можам молчејќи да поминат преку овие факти:„Кога битките биле на море или на копно, Словените секогаш или ги совладувале своите непријатели или во машка борба ја наоѓале својата смрт.

Ништо кај нив не се смета пославно и подостоинствено од тоа да се победи или да се загине во јунашка борба. Затоа кога сакаат нешто да им веруваат, се колнат со зборовите "Да умрам веднаш, ако тоа не е така". Словените сметаат дека не е важно дали ќе загинат или ќе победат, доколку тргнат напред со својата желба за слава.

Можеби е чудно, пишува Пробојевиќ, но сепак треба да се знае вистината дека дури и турскиот султан неверојатно многу ги ценел луѓето од македонско потекло, и затоа токму од нив ги именувал речиси сите главни команданти на војката, па така од нив формира силен одред од 20.000 луѓе за лична стража.

Затоа, за жал, фактите зборуваат, особено во она наше несретно време, пишува Прибојевиќ во 1525-та годона, дека Отоманските окупатори, со помош на вакви одреди, совладуваат кралства, заземаат царстава, освојуваат утврдени градови и со сите сили настојуваат да го срушат римското царство и да ја сотрат вистинската вера.

И не само Отоманската сега, туку и Малетачката република која била некогаш страв и трепет за своите непријатели, особено на море, најсилна била тогаш кога во своите редови имала словенски војници. Всушност, никој никогаш не видел овие народи, кои подоцна биле наречени Словени, да бидат млитави за борба или да веднат глава пред својот непријател“, завршува професорот Прибојевиќ.


Римјаните измислуваа провинции само да го снема името Македонија!

Во својата книга за Македонскиот полуостров и неговата историја, но онаа историја што не ја прекроиле или искривиле противниците на балканските народи, почнувајќи од антиката па сè до таа 1525-та година, кога ја пишувал книгата, Прибојевиќ изнесува стотици цитати и имиња на автори кои ги користи како извори за да ја поткрепи својата теза за прекинатата историја на народот кој на Балканскиот полуостров се доселил наводно дури во шестиот век.

Според него, таканаречените Словени, се разбира под други имиња, отсекогаш биле тука, а преселбата е измислена само за да се поништи континиутетот на опстојувањето на древниот народ низ вековите. За Прибојевиќ, кој е роден на островот Хвар, сите поделби на овој дел од Европа биле правени само за да се поништи автохтоноста на народот што живеел на своите вековни огништа со илјадници години.

Затоа тој тврди дека треба да се напушти старата поделба на покраини, која непријателите успеале да им ја врежат на таканаречените Словени, и повторно да се користи единствено точната и природна граница на народите што живеат, како што вели, на Македонскиот полуостров. Зборувајќи како Далматинец за Далмација, ја опишува и нејзината граница која на „запад оди до Истра, на исток граничи со Епир и Македонија, на север се простира до Босна и Хрватска, а на југ е Јадранското Море“.

Тоа се границите кои отсекогаш биле природни граници на полуостровот и кои обичните луѓе на Хвар ги знаеле и во почетокот на 16-от век, како што вели Прибојевиќ. Иако Македонија како држава во тоа време не постоела, границите останале да се помнат како граници на Македонија. Интересно е тоа што Прибојевиќ никаде во својата книга не ја спомнува Бугарија и Бугарите како дел од таканаречените Словени на Македонскиот полуостров.

Всушност, само на едно место има некаква асоцијација дека „целата земја до Црното Море е македонска земја која подоцна е прекрстувана со разни имиња за да се покрие трагот на вистината за Македонија“.


Значајни факти за потиснатата Историја на Балканот

Примерок од книгата на Винко Прибојевиќ, објавена во Венеција во 1532 година била пронајдена дури во 1922-та година од страна на академик Новак Грга, кој во 1951 година бил член на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб.

Благодарејќи му нему во 1951 година книгата е објавена прв и последен пат двојазично, односно латинскиот оригинал што бил печатен во Венеција во 1532-та година и преводот на српско-хрватски јазик направен во 1951-та година. Интересно е тоа што Народната библиотека во Скопје книгата ја добила во 1952-та година, значи една година по објавувањето, а според печатите на првата страница нејзиното заведување преку ревизиии во библиотечниот фонд била правена три пати.

Од печатите на книгата може да се види дека била пререгистрирана во 1957, во 1965 и во 2002-та година. Според академик Новак Грга делото на Винко Прибојевиќ во својата концепција и со своите ставови е од „епохална важност, затоа што открива значајни потиснати факти за славата на таканаречените Словени“ на Балканот. Оттука, смета тој, делото на Прибојевиќ е едно од најважните дела на балканската историографија и заслужува посебно место и во меѓународната историографија.

За академик Грга, и покрај некои грешки во цитатите на старите автори, Прибојевиќ „без сомнение е многу добар познавач на класичната историја, а можел да користи и грчки и латински извори. Исто така, одлично ги познава и делата на светите апостоли, но и делата на Аристотел, Августин, Тома Аквински и други“, или, како што вели академикот Грга, тој е „многу учен човек кој вледеел со тогашната литература, ги познавал сите тогашни големи историски дела, кои не само што ги читал туку и внимателно ги проучивал“.

Од друга страна, академикот на ЈАЗУ, кој напишал и предговор за изданието во 1951-та година, вели дека Прибојевиќ се служел и со сите тогашни енциклопедии, во прв ред со енциклопедиите на Калепин, Бергомас, Изидор и Бионд. Сето тоа, констатира академик Грга, го употребил во своето дело, кое така добива научна форма карактеристична за времето во кое ја пишувал својата книга, која, во првата фаза, всушност била говор што го одржал пред учените луѓе на Хвар.


Папата наредил да се спали книгата што користела цитати од Прибојевиќ!

Мошне интересно е тоа што Винко Прибојевиќ, односно неговата книга за Македонците, и нивната историја, која на латински јазик била отпечатена во 1532 година, извршила огромно влијание врз Мавро Орбини, кој ги прифатил неговите тези и во 1544 година во Рим објавил своја книга од ова област.

За жал, книгата веднаш била забранета, а папата наредил да се спали до последниот примерок. Сепак, еден примерок најверојатно некако бил спасен, па делото на Орбини повторно е печатена во 1601 година, а во неа се разработени сите главни насоки од книгата на професор Винко Прибојевиќ.

Во секој случај, како што вели академик Грга, Прибојевич бил голем патриот, кој прв ја изнел концепцијата за големината на Македонците, за народот на Македонскиот полуостров од антички времиња до средината на 16-ти век, настојувајќи тоа и научно да го докаже.

Колку успеал во тоа, и колку оваа негова книга може да се смета за научна, треба да каже науката, а единствениот примерок од неа постои и се чува во НУБ Свети Климент Охридски, во Скопје.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=7715
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик!?

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=7715
Од кога извор од 16ти век е релевантен доказ за јазикот на античките Македонци и средновековните Македонци? :tapp:

ПС. И што е целта на ТВ-медиумите и порталите со оваа вест??
 
E

emission

Гостин
Од кога извор од 16ти век е релевантен доказ за јазикот на античките Македонци и средновековните Македонци? :tapp:

ПС. И што е целта на ТВ-медиумите и порталите со оваа вест??
Ова ти е пример кој покажува дека во 16-ти век добро знаеле кои се Македонците, ги нарекувале така и пишуваат за Македонски јазик. Тоа сосема им ја руши глупавата пропаганда на Србите, Бугарите и Грците кои сите претендираат за македонците. Особено на татарите и им го руши сосема нивниот и така лабилен идентите составен од 20-на теории и не знаат што народ се до ден денес.

Грчки автори кажуваат дека грците и македонците зборувале различни јазици. Овој автор го кажува истото и плус додава дека е истиот јазик кој го зборуваат Македонците „денес“ (16-век).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom