Македонскиот јазик од историски аспект

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.492
Имаш нешто појќе за следниов запис од Ситалк?



 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Ima nakraj dokumenti na makedonski jazik pred standardizacijata.
Ете еден дел од книгата шо ми се бендиса многу на мојот битолски дијалект:

“ Македонскио народ на својата кожа осети многу арно шо значи хитлеровио “нов ред“, тој со своите очи виде оти тој значи глад тиранија насилија безработица сиромашчија безправие и национално гнетење не видено досега во историјата на чоечеството. Работнио народ во Македонија, работнико и селанецо, видеја оти на местото на старите наши потисници, дојдоја нови, уште полоши, уште поненаситливи крвници. На местото од големосрпските гнетачи дојдоја без да го прашат македонскио народ, со силата на оружјето на хитлеровио империјализам, големо бугарските фашисти за да го доголат, за да го додерат и крвта да му ја доиспијат“.
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Вака... за да се дискутира на ваква тема, треба да се има добра лингвистичка подготовка, а не лаички да се зборува...

1. За македонското потекло на старословенскиот јазик од 9ти век нема сомнеж, тоа е факт. дека тој јазик се базира врз македонскиот говор од околината на Солун од тоа време е повеќе од јасно (Ватрослав Јагиќ и ред други научници, читајте, а не само напразно да зборувате!). Е сега, дали Кирил и Методиј се чувствувале како Македонци, Македонски Словени, Византијци или слично, е најмалку важно; поважно е дека и во 19 век архаични црти во говорена форма од пишаниот јазик којшто тие го создале постојат во околината на Солун (во селата Сухо и уште неколку). Една од основните поставки (постулати) на современата лингвистика е да се оддели јазикот (и говорен и пишан, стандарден и делумно пасивен) од говорот (моментална состојба на говорена форма). Следствено, ние мораме имаме на ум дека во првите два века од создавањето на старословенскиот тој бил користен во горе-долу истата форма на огромна територија на Балканот (денешна Србија, Бугарија, Хрватска, Босна, Словенија, Македонија), средна (Моравија, Чехија, Полска Словачка) и источна Европа (Русија и останатите). Оттука, мораме да сфатиме дека јазикот се менува цело време, тој е жива материја и таквиот процес човекот не може да го контролира, оти зависи од огромен број фактори кои не зависат од човекот. А писмото има за цел да го фиксира или забави јазикот. Сепак, тоа писмо и тој пишан јазик (книги напишани во тоа време, со прости зборови) се само една варијанта на говорот, од тоа време. По одреден период (најчесто неколку века) таквиот пишан јазик станува неразбирлив за народот, па под притисок на говорниот јазик (кој во меѓувреме се менува без престан) мора да претрпи измени. (пример, прочитајте ако знаете да читате старословенски еден фрагмент од Асемановото евангелие од 10ти век, најдено во кичевско, и еден фрагмент од Дамскинските преводи на Григориј Прилепски од 16век, и ќе ја видите огромната разлика!).

2. Понатаму, тој јазик на Кирил и Методиј, под влијание на локалните варијанти секаде кадешто се употребувал, почнал да внесува во себе црти на одделни говори. Така, во 13век се јавуваат разни редакции - македонска, српска, бугарска, руска, итн., кои се разликуваат во некои црти, и коишто подоцна прераснале во одделни стандардни јазици (чијашто засебност се заснова токму на тие црти). Тој период, па се до некаде 16 век, се нарекува во македонската наука средномакедонски период. После доаѓаат дамаскините, па веќе и регионалните говори и наречја почнуваат сериозно да навлегуваат во текстовите. а по однос на влијанието, различните редакции на Балканот си влијаат меѓусебно целото време (не заборавајте дека целиот тој период е динамичен, патувањето на писмото и јазикот било со ненамален интензитет!). Така, во 17, 18 век имаме такви текстови, се до 19 век кога веќе состојбата со јазикот во Македонија е сосема друга.

3. Сакам да искоментирам некои изјави во однос на тоа дека македонскиот јазик:
(а) нема никаква врска со словенските јазици. Прво, се додека јас гледам милиони луѓе на север од мене со коишто можам да општам, барем делумно, чии јазици (и стандардни и дијалектни) содржат 50% скоро идентична лексика и имаат огромни совпаѓања по однос на граматичкиот систем (фонетски, морфолошки и синтаксички), јас ќе тврдам дека тие јазици се со исто потекло како и мојот, македонскиот.

(б) сите оние постови во врска со македонската етимологија и авантуристичките излети во областа на санскритот и останатите мртви јазици (а за да се прават такви елаборации треба да се работи за долгогодишни лингвисти - проучувачи на индоевропските јазици, а не само за празни фантазери и инстант-мудреци!) не држат вода (со чесни исклучоци), од проста причина што етимологијата, со самото свое појавување кон крајот на 19 и поч. на 20 век, тврди дека нејзината точност во најдобар случај е само 50%! Така, јас можам да преземам такви истражувања, ама не смеам никогаш да ги примам здраво за готово!

(в) тој постот што беше за зборовите што наводно ги немало во ниту еден словенски или индоевропски јазик (свекор, кроце, итн...). Ги разбирам сите претензии и стремежи да се идентификува современиот македонски јазик (или барем неговите дијалекти) со античко - македонскиот - има тука основа за таквиот пристап. Ама, ако веќе се оди на таков чекорм, тогаш на него да се пристапи лингвистички!

Не заборавајте дека од античко - македонскиот јазик до денес има некои 20 и кусур векови, а нели рековме дека јазикот се менува цело време! Плус и сите други влијанија... е сега, и јас мислам дека остатоци на таа, условно кажано, античко - македонска етимологија постојат во изворната форма на македонските дијалекти (особено на лексичко и фонетско рамниште).

Ама, освен тие мали остатоци (кои, пак, се од значење за автентичноста и посебноста на македонскиот јазик и не смеат да се игонрираат) кои фигурираат на ова тло, основата на македонскиот јазик е словенска (или како сакате наречете ја, како ви милува егото, битно е дека е од ист ков како и јазиците што се зборуваат на север од милиони други луѓе!). Така, пред се’ мораме јазикот да го разделиме на најмалку 5 рамништа, па оттука детално и макортпно да го проучиме пред да изјавиме било што!

3аклучок: Македонскиот јазик и како словенски јазик е самиот по себе доволно издиференциран како последица на дијахронискиот развој, така што бесцелно и смешно е да се бара нешто повеќе од неговите главни и најавтентични карактеристики. тука во прв ред се таканаречените „балканизми“ (третосложниот акцент, отсуство на падежи, конструкции со има-нема - можеби најоригиналниот балкански лингвистички белег, постпозитивниот член, и други). Овие белези се повеќе од доволни за по сите светски признати научни стандарди и теории во лингвистиката македонскиот да постои како посебен јазик!

А сите останати „пикантерии“, како остатоците од античко - македонскиот, квази теориите за древниот јазик и писменост на ова тло и слично - ќе ве замолам да им ги оставите на научниците (не мора само на нашите, ами и на светски признатие лингвисти како Фридман и другуи - на пример, само еднаш да се решите да го ислуишате Фридман на едно негово предавање како светски експерт за балканистика, ќе ви вреди повеќе од десет години спиење по форуми и квази - блогови на интернет!).

поздрав :smir:
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
заклучок! Македонскиот јазик и како словенски јазик е самиот по себе доволно издиференциран како последица на дијахронискиот развој, така што бесцелно и смешно е да се бара нешто повеќе од неговите главни и најавтентични карактеристики. тука во прв ред се таканаречените „балканизми“ (третосложниот акцент, отсуство на падежи, конструкции со има-нема - можеби најоригиналниот балкански лингвистички белег, постпозитивниот член, и други). Овие белези се повеќе од доволни за по сите светски признати научни стандарди и теории во лингвистиката македонскиот да постои како посебен јазик! :smir:
Третосложниот акцент не е карактеристичен насекаде во Македонија, ако беше стандардизиран костурскиот говор дали ќе беше третосложен?

Постпозитивниот член се користи во 1.?2.?3.?4.? јазици?
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Третосложниот акцент не е карактеристичен насекаде во Македонија, ако беше стандардизиран костурскиот говор дали ќе беше третосложен?

Постпозитивниот член се користи во 1.?2.?3.?4.? јазици?

Третосложниот акцент го нема во сите македонски дијалекти, ама го има во западното наречје, или во превод во неколку македонски говори и што е поважно во централните говори кои се основа за граматичката структура на јазикот (што не мора да значи и за лексичката структура, во чиешто формирање учествуваат, помалку или повеќе, сите македонски дијалекти), и тоа е доволно за да влезе како карактеристика во стандардниот јазик.

3а постпозитивниот член: го има скоро во сите дијалекти на македонскиот јазик (освен во одредени варијанти и нијанси на пограничните северни говори, како кумановски, кривопаланечки итн...), го има и во бугарскиот јазик (а во останатите словенски јазици никаде го нема), во скоро сите старословенски и црковнословенски текстови од македонска редакција, а и во некои варијанти на сега изумрени балкански јазици или во изумирање.

Исто, интересно е и тоа дека некои конструкции во нашиот јазик се резултат на природната интерактивност помеѓу албанските, грчките и македонските дијалекти, во пограничните области на Албанија, Грција и Македонија (политички или етнички, зависи од случајот).

А пак некои конструкции кои денес во македонскиот јазик не постојат (ни стандардно ни дијалектно) се јавуваат во некои дијалекти на соседните балкански јазици... читајте за балканистика и за балканскиот јазичен сојуз, читајте ги авторите од 19в. од Балканот, и ќе видите.
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Бар до сега не навлегував во лингвистички толкувања,од слични но и од други причини.ХАП ....Многу добро го изнатолкува менувањето на живиот јазик низ временска дистанца,но зарем тоа не е во спротивност со ставот кој го застапуваш,во однос на Словенската група на јазици?

Според ваквото тврдење произлегува дека Словените биле во една зандана чувани се до 7 век,или пак паднале од небото затоа што ти самиот кажуваш тека зборувале на ист јазик горе долу низ цела јужна , централна и источна Европа.Како што изгледа едно правило во теоријата што ја понуди не ги опфаќа различните периоди,за да понатаму ги толкуваш гранките и како тие се развиле во јазични специфики според друго правило.

Јазикот нема ама апсолутна врска со етногенезата на една популација.Веќе покажав дека Гегите се Афро-азијати кој што говорат Индо-европски јазик,да не ги споменувам денешните Турци кој што немаат никаква етногенетска врска со Турците Османлии ,или Унгарците ,Бугарите и др.Така да ако зборуваме за ова треба да прецизираме дека се работи за јазична генетика.

Што се однесува до Античкиот Македонски,најверојатно е дека бил изолат,сличен на Илирскиот и дека од овие два јазика ама апсолутно нема никакви остатоци до сега со сигурност идентификувани.И ако се бара нешто во лингвистиката тоа би можело само да се најде во сличноста на некој зборови кај Јужнословенските говори кој ги нема во останатите словенски говори а се сконцентрирани во пределот на Динарскиот планински венец.

Заради тоа што во основата на сите словенски говори па дури и на креацијата на Индоевропските јазици најверојатно има големо влијание популацијата на Прото-пелазгите кој масовно се упатиле од Балканот и се населиле во Молдавија, Украина и Белорусија што е атестирано преку Кукутени и Трипоље, култирата на неолитската линеарна керамика-затоа е многу тешко да се издиференцираат спецификите на говорот на луѓето од Стара Европа(дефинирано од Гимбутас) од оние на Индоевропските јазици,а посебно на јазиците од Словенската група каде што ова влијание било најголемо.

Тука најверојатно би дошло она тврдење за Балканизмите како архаична форма на остаток од пред античките јазици.Единствена разлика е кај мене што тврдам дека пред-античките јазици не биле индоевропски туку биле изолати, што е обратно од тврдењето на Чашуле и на Илиевски кој тргнуваат од претпоставка дека пред античките јазици биле Индоевропски и дека тука го вклучуваат Фригијскиот користеји ги овие балканизми како доказ.

Историски, Фригијците дошле од мала азија и се населиле во Тесалија,од каде што се вратиле во Фригија назад. Тоа што го попримиле во меѓувреме може да биде знак на некакво влијание,но не и централна доказна точка. И погрешно е да се истоветува популацијата означена како Бриги во Археологијата со онаа на Фригијците....се разбира ако некој верува во легенди како историски крунски доказ, тука не можам да помогнам.
 
Член од
18 март 2009
Мислења
375
Поени од реакции
7
Кој голем блгарски јазик и македонски дијалект, ти знаеш ли што зборуваш? Да не е случајно обратно- од ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК - произлегол бугарскиот дијалект.

Извитоперувате се’- како по обичај.

Братьев-просветителеј Кирилла и Мефодија-Эти братьја, јакобы, в 855 – 863 гг. н.э. перевели с греческого на славјанскиј јазык (солунскиј диалект македонского јазыка) первые богослужебные тексты.

Бугарскиот не се ни споменува- а камо ли да е основата на словенскиот јазик - глаголица – предположительно, созданнаја Кириллом и Мефодием в 9 в., была широко распространена в 60-х гг. 9 века в Моравии, откуда проникла в Болгарију и Хорватију (10 – 11 вв.).
За пореден пат показувате колко странни схваштаниjа за ролjата на писмеността през средновековието имате. Припомни си че тогава лугето са били масовно неписмени и книжевноста има не повеке од 5% влиjание врз езикот. Езикот на овие простори почнува да се влиjае леко од книжовноста чак 19 век, а чак во последните 100-тина години, веке има сериозно влиjание врз езикот кои се збори од лугето. Причините за сличностите помегу македонскиот и блгарскиот, кои кога се сведат до одделни диалекти, совпадат уште по точно, требе да се барат на некое друго место.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
74
Амфитеатров:

’’Во друштво на српскиот конзул во Скопје г. Куртовиќ, јас посетив неколку села, населени со Македонци, кои се „сметаат“ срби , тие се патријаршисти...

... г. Куртовиќ говореше се нив српски, но јас јасно слушав дека тој мораше да го крши јазикот,приспособувајќи го кон наречјето на своите соговорници и дека при одговорите тој се вслушува со внимание на туѓинец...за да разбере...

...Обратно што се однесува до бугарскиот јазик, јас во истиот Ускупски округ бев сведок не еднаш на дека Македонските селани речиси не ги разбираа школуваните бугари кои говореа со нив, а овие со тешкотија се снаоѓаа во одговорите на селаните. Жалбите на мајките дека синовите се враќаат од бугарски школи со јазик одвај разбирлив за родното семејство е ПОСТОЈАНА ПОЈАВА’’.

П.С. Малку за оние кои се прават глуви и слепи на спроведените српска и бугарска пропаганда во Македонија.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
74
И сега да ви дадам еден пример, па вие видете кај е разликата од етникумот до користењето на термините како : бугарин, србин или грк пред 100 години.

Бугарскиот научник Орфејков : патувајќи по Русија, попаднал во едно од бугарските села во Бесарабија. Гледа: селаните се држат цврсто за обичај донесен отаде дунавската Татковина, јазикот го паметат одлично, со еден збор- оберачки се држат за својата националност и преданија.
Ги прашува:
-Па имате ли свештеник и учител?
-Се разбира! Добри луѓе, Бог да им даде здравје.
-Ваши се,едноселци ?
-Не, порано беа наши, но откако изумреа, ни пратија грци.
Ова објаснување, го удрило бугарскиот научник,фанатик-националист,како нож в срце: КАКО ?
-грчко духовенство во бугарско село? Оди кај свештеникот. Се покажува дека тој е бугарин. Научникот е во недоумица.
-Братче - моли тој - од какво потекло сте вие?
-Се разбира бугарин.
-Зошто парохијаните ве викаат грк?
-А затоа -се смее попот- дека сум роден во Кишињев и учев во Кишињев. Според нив бугаринот е селанец што живее и ора земја. А во грдовите живеат грци.
-па и јас сум бугарин, градски жител; би требалоо според нив да сум -грк.

Се надевам знаете како и од кои причини Македонскиот селанец започнал да се нарекува бугарин , србин или грк.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
128
Што се однесува до Античкиот Македонски,најверојатно е дека бил изолат,сличен на Илирскиот и дека од овие два јазика ама апсолутно нема никакви остатоци до сега со сигурност идентификувани.И ако се бара нешто во лингвистиката тоа би можело само да се најде во сличноста на некој зборови кај Јужнословенските говори кој ги нема во останатите словенски говори а се сконцентрирани во пределот на Динарскиот планински венец.
Комплетно ли ја отфрлаш можноста денешните јужнословенски јазици да се збореле во еден регион на Балканот и во антиката но останале писмено незабележани? Мислиш ли дека бугарскиот и македонскиот со сигурност не биле присутна на Балканот пред 5 век и се накнадно донесени?

Имаш некои интересни тврдења но би те замолол и да ставиш цитат на кого му се обраќаш заради полесно следење на темата.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.492
Комплетно ли ја отфрлаш можноста денешните јужнословенски јазици да се збореле во еден регион на Балканот и во антиката но останале писмено незабележани? Мислиш ли дека бугарскиот и македонскиот со сигурност не биле присутна на Балканот пред 5 век и се накнадно донесени?

Имаш некои интересни тврдења но би те замолол и да ставиш цитат на кого му се обраќаш заради полесно следење на темата.
Иако премногу ја раширивме темава, сепак да го дадам и моево мислење.

Според мене грешката се состои во терминологијата и неправедното препишување заслуги на Грците особено во поглед на писмото.

Многу е веројатно е дека во еден период, она што нам денес ни е наметнувано како “Грчка“ азбука всушност претставувала една општа Балканска писмена форма.

Кај Грците не постојат записи за победниците на Олимписките игри порано од 7-8 век п.н.е. а тоа се врзува со добивањето на писменоста кај Грците токму од тој период, од нејзините соседи и староседелци во овој регион.
Не навлегувам дали тоа биле Македонци,Илири,Траки итн. итн.



Винчанската култура која се концентрирала на територијата на денешна Србија, Унгарија, Хрватска, БиХ, Македонија, Бугарија и Романија датира меѓу 3-от и 6-от милениум, односно меѓу 2.000 и 6.000 години старост.


Тоа премногу пред Грците воопшто и да се појават на Балканската мапа.

Погоре ги забележуваме и пишаните форми на Винчанското писмо, од кои дел кореспондира дури и со денешните азбуки.

Настрана Бугарските историски претензии кон Македонија, еве неколку зборови кои се реконструирани од страна на Бугарите:


"Тракијски" глоси и думи реконструирани от ономастиката.

1. ак [ak], /1.- стр. 98/ - око.
2. ала [ala], /14./ - хала, вих'р, поток.
3. ан [an], /1.- стр. 64/ - на , в'рху.
4. анг [ang], /14./ - крив, извит, онг'л, 'г'л.
5. асдуле [asdule], /1.- стр. 99/ - ездач, јаздја
6. ас [aV], /1.- стр. 108/- аз.
7. бела [bela], /1.- стр. 99/ - бјал.
8. бебру [bebru], /1.- стр. 99/ - боб'р.
9. берг [berg(a)], /1.- стр. 99/ - планнина, брјаг.
10. берса [bers(a)], /1.- стр. 99/ - бреза.
11. бистра [bistra-s], /1.- стр. 99/ - староб'лгарското "б'јстр'" - б'рз
12. брате(p) [brate(r)], /1.- стр. 201/ - брат. Сравни и староб'лгарското "братр'".
13. бреда [breda-s], /1.- стр. 99/ - пасиште, староб'лгарското "бред", диалектно "бр'д".
14. брилон [brilon] - бр'снар (староб'лгарската дума брит-бр'сна).
15. бр'за [bruza], /1.- стр. 99/ - бр'за(остарјало), б'рза.
16. б'рд [burd], /18. - стр. 74/ - брод.
17. бр'нч(ос) [bruncoV], /1.- стр. 103/ - струнен инструмент - сравни бр'н, бр'нкам, др'н, др'нкам. И до нес се е запазило старото име на струннија инструмент тамбура - в јужна Б'лгарија се нарича др'нкја! А този инструмент е известен и с другото си име - булгарина, булгарија, булгаре!
18. вед' [bedu], /1.- стр. 20/ - вода.
19. вер [ver], /18.- стр. 84/ - врја, извирам.
20. вис [bis=vis, is], /1.- стр. 99/ - староб'лгарското "вьсь" - село.
21. вриза [briza], /1.- стр. 103/ - ориз.
22. гин [gin], /18. - стр. 76/ - гине, чезне, развалја се.
23. дама [dama], /1.- стр. 100/ - дом.
24. дава, дева [deba], /1.- стр. 103/ - град - етимологична вр'зка с б'лгарското "двор" и "дувар".
25. деа, дева [dea, deba (b=v)], /1.- стр. 100/ - дева.
26. деен [dein(a)], /1.- стр. 100/ - деен.
27. дерз, д'рз [derz, durz], /1.- стр. 100/ - смел, д'рз'к.
28. диза [diz(a)], /1.- стр. 100/ - крепост - в'в вр'зка с б'лгарското "издигнат" - заштитен; дига - преградно с'ор'жение.
29. ден [den], /1.- стр. 146, 143/ - ден
30. драб [drab(a)], /1.- стр. 100/ - течение на река - сравни б'лгарското "драпам" - движа се п'лзешком.
31. др'вета [druveta], /1.- стр. 197/ - д'рво, д'рвета.
32. др'ме [drume, dryme], /1.- стр. 100/ - б'лгарското "др'ма" - храсталак, шубрак.
33. еж [ЕziV], /1. - стр.217/ - еж, таралеж.
34. дун [dun(a)], /1.- стр. 100/ - височина, дјуна.
35. жила [geil(a)], /1.- стр. 100/ - жила.
36. з- [z-], /1.- стр. 102/ - из, от.
37. зелка [Zelkia], /1. - стр.217/ - зеленчук, зелка.
38. зама [zama], /1.- стр. 102/ - староб'лгарското "сам'" - с'шти, еднак'в.
39. зер [zer], /1.- стр. 103/ - звер, звјар.
40. зет [zeta], /1.- стр. 103/ - сјат, засјат.
41. золта [zolt(a)], /1.- стр. 103/ - злато, ж'лт.
42. з'м' [zymy], /1.- стр. 103/ - змеј, змија.
43. ил(у) [ilu], /14./ - староб'лгарското "ил'".
44. кал [chalas], /18. - стр. 74/ - кал.
45. кара [kara], /1.- стр. 100/ - планина - староб'лгарското "гора". "Тракијското" име на планината Беласица е Белакр - преводимо на б'лгарски - Бела гора, Бела планина.
46. катер [kater], /1.- стр. 254/ - катерица.
47. кентa [kenth(a)], /1.- стр. 101/ - чедо.
48. кер [kers(a)], /1.- стр. 101/ - чер, черен.
49. керасо [kerasoV], /1.- стр. 21/ - череша.
50. кетри [ketri], /1.- стр. 101/ - четри, четири.
51. кист [kist(a)] - /1.- стр. 101/ - чист.
52. коза [koza] - /42.- стр. 62/ - коза, козел.
53. колаб'р [kolabroV], /1.- стр. 103/ - обрјадна песен в обрјаден танц с ор'жие - сравни "колоб'р".
54. купсел [kupsel(a)], /1.- стр. 101/ - купче
55. лаз [lazi], /1.- стр. 101/ - лош.
56. ма [ma, me], /1.- стр. 101/ - мама, мајка.
57. мер [mer], /1.- стр. 101/ - голјам, велик - сравни "мера" - голјама земја, а с'што "праб'лгарските" имена Безмер, Маламир и т.н.
58. м'с [musas], /18.- стр. 78/ - м'х.
59. оста(с) [ostas], /18.- стр. 78/ - устие на река.
60. пајбе [paibes], /1.- стр. 101/ - бебе, рожба.
61. пи [pi], /1.- стр. 101/ - при.
62. прас [pras], /18.- стр. 80/ - пр'скам.
63. п'ра [pura], /18.- стр. 80/ - п'ро (ст.б'лг. - лимец). Опит'т да се т'лкува тази дума чрез новогр'цкото "pyros" = "царевица" (царевицата е била позната на траките !?!?) e показателен до к'де може да стигне в заслепението си науката!
64. раск [rask], /1.- стр. 101/ - рјаз'к, п'ргав, б'рз.
65. сабади [sabadi], /1.- стр. 101/ - староб'лгарското "свободь" - свободен.
66. салта [salta], /1.- стр. 101/ - златен (залта - староб'лгарски).
67. свет'л [suetul], /1.- стр. 102/ - свет'л.
68. семeлe [semele], /1.- стр. 101/ - земја (землја - староб'лгарски).
69. стар [stara], /1.- стр. 102/ - стaр.
70. струме [stryme], /1.- стр. 102/ - течение - сравни б'лгарското "стреми се", "устремен".
71. ст'р [stur], /18.- стр. 82/ - ст'рна (ст.б'лг.), страна, местност; сравни про-стор.
72. сунка [sunka], /18.- стр. 83/ - сок (слјунка).
73. талка [t(h)alka], /1.- стр. 102/ - тласка.
74. тарп [tarp(a)], /1.- стр. 102/ - трап.
75. тим- [tim-], /1.- стр. 250/ - т'мен, черен.
76. траус [traus], /18.- стр. 83/ - троша.
77. три - три.
78. т'рда [thurd(a)], /1.- стр. 102/ - д'ржа.
79. уту, 'т' [utu], /1.- стр. 102/ - вода; сравни диалектната форма "'д'".
80. цев [seba], /1.- стр. 196/ - цев, растението б'з.

Антични "македонски" глоси - според много автори, античните "траки" и "македонци" са родствени народи. Това се доказва и от запазените "македонски" глоси в античността, които вс'штност са б'лгарски думи - ЧЕЛНИК, ВОјНИК, ВОДИЦА и т.н.
За с'жаление запазените "македонски" думи са с'што много ограничен број, както и "тракијските".
Но наред с хилјади други доказателства, тези факти са достат'чно красноречиви, за да направим заклјучението, че днешните македонски б'лгари са потомци на античното население на Македонија.

http://ziezi.net/trakite.html

Thracian Glossary.
http://indoeuro.bizland.com/project/glossary/thra.html

Sources:
1. Neroznak, V. Paleo-Balkan Languages. Moscow, 1978.
2. Fasmer, M. Etymological Dictionary of the Russian Language. Moscow, 1986.
3. Georgiev, V. Ezyk na trakite.
4. Duridanov, I. Ezikyt na trakite, Sofia, 1976.


Херодот во својата Историја, запишал дека Тракијците се втор најмногу броен народ после Индијците.

"The most populated area after India, is Thrace. If they were under one rule and of one mind, they would have been the mightiest people on earth. But the unity of these peoples have never been achieved, that's the weakest point of the Thracians. They take different names by the area they live around, but they all have common customs and traditions".

http://www.thracian.info/thrace_peoples.htm

Многу веројатно тоа да биде основата на “Словените“.
 
Член од
18 март 2009
Мислења
375
Поени од реакции
7
3начи се работи че траките и македонците са били слични народи од кои са произлезли словените ? И според генетските изследваниjа ( ако че се уште им немам некоjа голема вера ) ние сме наj-преките потомци на траките, а вие на македонците и оттамо да произлизат сличностите во двата езика. Има некоjа логика, ама ке биде много трудно да се докаже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom