Македонскиот водач од нашата понова историја -- Методија Андонов - Ченто

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
Кога беше изјавава???

Инаку, јас иако не сум негов односно нивни обожавател, не мислев дека некој МАКЕДОНЕЦ (кој и да бил и од било која политичка партија) би изјавил такво нешто за Ченто!
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
И тоа се случи, не дека се некои Македонци, ама страшно!

На МТВ на вестите ја имаше изјавата.
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Izrodite Makedonski gi mrazam pojce od se na svetov, oti tokmu tie i se najgolem neprijatel na nasata tatkovina, MAKEDONIJA!

Cento imal SE!!! Bil prv covek...ama patriotizmot bil pogolem od zelbata za funkcija, pa taka tragicno zavrsil!!! Od MAKEDONIJA ce bidi nesto samo togas koga liderite na svojata funkcija ce gledaat kako na sretstvo so koe ce pridonesat za dobroto na MAKEDONIJA i nejzinite interesi!!!! KAKO CENTO!!!

:eek:ftopic:
Daj nekoj neka mi objasno oti site klucni lugje, t.e. najgolemite patrioti vo MAKEDONIJA se Prilepcani :smir:
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
...Сеуште има премногу живи сведоци за ЧЕНТО. Грев е секоја измината минута што некој не ги собере на едно место за да им ги сочува и документира сеќавањата за великанов.

Еве еден од последните примери:

Петар Дамчески бил учесник во борбите на Сремскиот фронт во Втората светска војна, потоа член на милициското обезбедување при судењето на Методи Андонов - Ченто.



Од судскиот процес против Ченто посебно во помнењето му се останал еден дел:

„Бев во обезбедувањето на судницата, така што ја следев расправата, иако тоа и не беше некоја расправа, затоа што ретко му даваа збор. Но, се сеќавам кога на една констатација на обвинителот, Ченто бурно реагираше велејќи дека тој не се согласува со терминот дека Македонија е ‘во рамките‘ на Југославија, туку треба да стои дека таа е ‘под рамките‘ на Југославија“, раскажува Дамчески.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=819941348&id=9&setIzdanie=21753
Еве уште еден непосреден сведок за големината на Методија Андонов - ЧЕНТО.

Носевме малтер со Ченто
Скопјанецот Мехмет Али Осман (73) сведочи и за деновите што ги поминал со Методија Андонов Ченто во затворот Идризово: Колишевски му нудеше амнестија, но Ченто не сакаше милостиња

.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Еве уште еден непосреден сведок за големината на Методија Андонов - ЧЕНТО.

Носевме малтер со Ченто
Скопјанецот Мехмет Али Осман (73) сведочи и за деновите што ги поминал со Методија Андонов Ченто во затворот Идризово: Колишевски му нудеше амнестија, но Ченто не сакаше милостиња
"Се сеќавам еден ден дојде Лазар Колишевски, во Идризово, во 1953 г., заедно со Глигор Зафировски, управник на затворот. Дојде кај Ченто и му зборуваше нешто за помилување. Овие зброви ќе ги паметам додека сум жив. На зборовите за помилување, Ченто свика: "Кога не бев за осудување, ме осудивте на 10 години. Што барате сега? Милост не сакам! Сте ме осудиле на 10 години - 10 години ќе одлежам! Не ми треба помилување! Ќе одежам до ден колку што ме осудивте!" така му рече на еден Лазар Колишевски, претседател на Народна Република Македонија, стамено и гласно, како маж! Тоа секој не може да го каже. Тоа беше голема храброст. Во тоа време немаше правда. За ништо ќе ти го удреа пендрекот. Колишевски молчеше. Ја спушти главата и молчеше. Кога си замина очите ми се наполнија со солзи, но од друга страна, ми дојде некаква храброст. Само му реков "А бре, чичко Ченто, да се сите како тебе, оваа земја поинаква ќе биде" . Видов дека и нему му се насолзеа очите. Ме пргрна, ме погали и ништо не рече."
 

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
Slava im na heroite!

Jas se soglasuvam, "Ja slusajte vie srbomani". Srbomanstvoto otsekogas e najgolem porok vo Vardarska ili Republika Makedonija, ama iskazi se!

Ako sakas da nametnis nova podelba si zgresil! Sega imame samostojna Makedonska drzava i od nasa gledna tocka ja tolkuvame istorijata za razlika od porano!

A inaku nastrana od temava "Antikvizacija" e poim koj lazno ni go nametna odredena politicka garnitura vo zemjava, a zosto?, i jas ne sum svesen!
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Се додека не им се суди на тие кои им судеа на овие големи Македонци, нема да не биде.

Тие ни се во секоја пора од опшеството.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Како да им се суди на тие кодоши кога нивни внуци сега се главни функционери во разни министерства,огранизации и структури!

Одамна тие си ја наредиле работата ем чист ќе се извлече ем за цел живот обезбеден!
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339


Поворката за погребот на Ченто на која се собрале голем број на граѓани и покрај забраната.



На МТВ пред месец дена идеше неколкуминутен видеоклип за Ченто. Ако некој го има на компјутер или може да го најде не ќе е лошо да го прикачи на Нет, вклучително и овде.
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=43679&idg=3&idb=661&rubrika=Revija

По ова го памтам текстов и сега ми текна да го постирам, стварно уште тогаш кога го читав се фасцинирав каков скромен човек бил, а од друга страна имал мршојадци кои буквално го развлекле

Претседателот Ченто живееше во близина на тогашниот хотел Македонија, утрото отидов да го земам за на работа. Откако неговата сопруга Василка му кажа, тој слезе и веднаш ме праша што барам. Послушно одговорив дека ме пратил министерот за внатрешни работи Цветко Узуноски-Абас, а Ченто со прстот вперен во мене, ме укори со зборовите уште еднаш да не сум го направил тоа, зашто е сиромаштија, треба да се штеди, а крајно тој живее блиску и ќе оди пеш. Ќе ја почитувам твојата наредба, одоворив, отворајќи ја вратата од 'шевролетот'. Во Собранието го поздрави униформирано лице, кое откако се упати по него, Ченто му го кажа истото, додавајќи дека него народот го избра и народот го чува.




а еве го цел текст и овде


Методија Стојковски, возачот на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и прв претседател на македонското народно собрание, кој повеќе од 20 години е пензионер, несебичноста можеби ја попримил и од претседателот Ченто. Дури 266 пати доброволно дарувал крв, спасил многу животи, а својата крв несебично ја подарувал до пред две три години, иако ближи до осумдесеттата. Тој со своите 79 години живот и нарушено здравје, се уште со восхит зборува за Ченто, како за човек кој нема уште еднаш да се роди.
"Како војник во бугарското служев во Софија. Таму го научив занаетот. Одев на курс за возачи. Еднаш не собраа сите возачи и тие што сме Македонци, ни рекоа да излеземе напред. Чинам беше тоа генералот Михајло Апотостолски, што ни рече: издвојте се од тенковската единица. Ни ги дадоа тенковите и од Ќустендил до Скопје ги бркавме Германците. Го ослободивме Скопје и ни кажаа дека кој сака да оди во Софија ќе добие одликување и може да оди, кој не сака нека остане тука. Избрав да останам во Македонија и пешки се вратив Прилеп.
Имав 23-24 години, млад што да правам, се јавив во 15 -от корпус во авто-единицата на 48-мата дивизија каде работев како возач неколку месеци. Президиумот на АСНОМ, прати писмо до Битолскиот корпус со барање да им биде испратен возач.
Ме предложија мене. Командантот на автоединицата Ѓоре Чкатра ми даде едно писмо и ми рече да го барам во Скопје секретарот на Президиумот д-р Борис Спиров. Тоа беше пролетта 1944 година. Прашав, се снајдов и отидов во Президиумот. Беше каде што е сега Собранието. На стражарот што ме пречека со прашањето каде одам, му го дадов писмото и ме пуштија да влезам кај секретарот Спиров. Тој, пак, отиде кај Ченто, кој по читањето на писмото ме повика да влезам.
Народски човек, ме испраша од каде сум, од која фамилија и ми рече: "Јас сум претседателот на Народното собрание на Македонија Методија Андонов-Ченто, од денеска ти ќе бидеш мој возач. Ќе бидеш сместен во Собранието, а јадењето од ОЗНА".
Чувствата на чичко Методија како да се испомешани и не знаеш дали е возбуден, или исплашен од се што ни се случува во државава, или, пак, несигурниот израз на лицето е само поради присетувањето на тоа време.
Сепак, со треперлив глас Методија раскажува како заедно со Спиров оди во гаражата, ги добива клучевите од "шевролетот" со шест цилиндри, потоа во Црвениот крст се обезбедува со неопходната опрема - облека и оружје. Се присетува дека во Собранието е сместен на првиот кат, во четвртата или петтата соба од десно, зашто во првата бил кабинетот на Ченто, а втората била резервирана за секретарот, по чиј налог, но со знаење на Ченто, Методија е на услуга и на тогашните повереници.
"Претседателот Ченто живееше во близина на тогашниот хотел Македонија, утрото отидов да го земам за на работа. Откако неговата сопруга Василка му кажа, тој слезе и веднаш ме праша што барам. Послушно одговорив дека ме пратил министерот за внатрешни работи Цветко Узуноски-Абас, а Ченто со прстот вперен во мене, ме укори со зборовите уште еднаш да не сум го направил тоа, зашто е сиромаштија, треба да се штеди, а крајно тој живее блиску и ќе оди пеш. Ќе ја почитувам твојата наредба, одоворив, отворајќи ја вратата од 'шевролетот'. Во Собранието го поздрави униформирано лице, кое откако се упати по него, Ченто му го кажа истото, додавајќи дека него народот го избра и народот го чува.
Таков беше Ченто, скромен, подготвен секогаш да помогне, сопствената плата ја делеше со бедните иако и неговото семејство живеше така. Ги примаше сите што имаа мака, што сакаа да го посетат во кабинетот, не знаеше да врати никого. Едноставно, не познавам друг таков човек и нема да се роди, со убедување говори возачот Методија, чии сеќавања навираат за патувањата во Белград, за посетите на Дедиње, за другите луѓе што ги возел. Тоа биле, како што ги нарекува, големците Пенко Брашнаров, Бане Андреев-Ронката, Павел Шатев, Венко Маркоски, Крсте Гермов (Шакир војводата), Благоја Фотев, Димитар Влахов, Мане Чучков, Киро Петрушев и други, кои за потсетување ги има набележано на лист хартија. Тие беа членови на инцијатвниот одбор за свикување на АСНОМ.
"Речиси секој втор-трет ден преседателот Ченто го возев до Белград. Завршуваше работното време и од кај 15 часот со "шевролетот" тргнувавме. Во шест утрото бевме таму. Ќе се напиевме чај или кафе на Авала, а Ченто со поверениците или министрите што најчесто патуваа со него ги носев во дипломатскиот ресторан "Мажестик" во Белград. Појадуваа и заминуваа на состанок во Собранието, а јас на спиење во шевролетот".
Методија се сеќава и на доаѓањето на Иво Лола Рибар, кој имал чест да го земе од скопскиот аеродром и да го носи во хотелот "Македонија", но со многу мака зашто вриело од народ кој сакал да го поздрави. Уште потешко било кога за 11 октомври 1944 година доаѓал Тито, кој од железничката станица го однел во неговата резиденција на Водно.
Така наликувале и пречеците на Ченто кога тој со неговите соработници одел во работни посети по градовите во Македонија со намера да ги чуе проблемите на граѓаните, да им помогне, но и со уверување дека ќе се донесе закон со кој обработливата земја ќе се дели според состојбата, односно оние со дваесетина хектари да им дадат на оние што немаат или имаат малку. На тие средби со него оделе Васка Дуганова, Мара Нацева, Лилјана Чаловска, Страхил Гигов, Панде Чесноска. "Иако беа богаташки, беа партизанки и другарки", ќе рече Методија за прилепчанката Ченоска и битолчанката Чаловска.
Според сеќавањето на возачот Методија Стојковски, Ченто како претседател на инцијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на еден состанок кога дошол и Видое Смилевски, станал и му рекол да се изјасни дали е Србин или Македонец. Ако си Македонец ќе те избереме во власта, му рекол Ченто, ако си Србин напушти го состанокот. Но, Смилевски, со писмо го информирал Темпо и кога дошле двајцата заедно,Ченто им рекол да си заминат, бидејќи не се членови на иницијативниот одбор. "По извесно време, се сеќава чичко Методија, Смилевски и Темпо му скроија обвинителен акт, божем Ченто ќе бега преку граница да оди во Солун, а од тука во ООН да бара поддршка за независна и обединета Македонија. Вистина е само дека неговата идеја беше да ги обедини сите Македонци од вардарскиот и од пиринскиот дел. Не бегаше, туку од дома по пижами го зедоа и го однесоа во централниот затвор во Скопје каде издржа цели 9 години и 50 дена тешка затворска тортура. Умре од јад што не ја постигна целта и не ја оствари идејата за борба против поделбата на Македонија. Ченто беше храбар, чесен, вистински патриот, не како денешниве, вели возачот Методија, тој беше решителен и голем Македонец кој не ги поднесуваше неправдите. Скромноста и чесноста особено го красеа. Дури и јас често пати му велев да не мизерува, да не дозволува неговата жена да ткае килими и јамболии, да сади тутун и да оди аргат по туѓите куќи и ниви. Не сакаше поинаку, тоа го сметаше за нечесно. Живееше во скромен стан со семејството, а кога го избраа за претседател на Президиумот, сета власт ја зеде Лазо Колишевски како претседател на Владата. Ченто ја имаше законодавната власт и беше ќутлив, скромен, а Колишевски со извршната власт в раце, колеше и бесеше. На Илинденска ја зеде најубавата куќа, цело Водно беше негово, заврте и живина - гулаби, зајаци. Што ли не правеше на Водно! Дури и затвореници ангажираше да му работат", ја отвора душата и со болка во срцето раскажува возачот на Ченто, на чие судење и покрај безбројните инсистирања не успеал да присуствува. "Никого не пуштаа, се сеќава Методија и потсетува дека Панта Марина бил претседател на Судот во Скопје, Лазар Мојсов и Коле Чашуле членови, а Благоја Попоски - заменик обвинител.
Две и пол години Методија Стојковски бил возач на Ченто, до 14 јули 1946 кога го затвориле, затоа што, како што тврди тој, бил чесен и искрен, ја кажувал вистината, зашто неговата идеја била за самостојна и обединета Македонија.
Од 1947 година и тој наоѓа друга работа и го напушта Собранието, а денеска се присетува на зборовите на тогашниот министер за внатрешни работи Цветко Узуноски-Абас, кој барал да му каже што зборувале за него Венко Маркоски и Ченто. "Не бев предавник и ништо не им кажав и покрај заканите дека ќе завршам на Голи Оток", сликовито раскажува возачот на Ченто, Методија Стојковски, завршувајќи ја приказната дека Венко Маркоски, бидејќи не се сложувал со режимот ја напуштил Македонија и заминал со семејството во Бугарија, Пенко Брашнаров кој го отвори АСНОМ, заврши на Голи Оток, Ченто го даде животот, и дури сега едвај го рехабилитираа.
На чичко Методија не му се бендисува ни споменикот на Ченто во паркот во Прилеп, за чиј лик вели дека воопшто не личи на Методија Андонов. "Зошто не го направија од мермер како на Цепенков, туку вака ем не личи, ем е црн, од бакар".
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
На МТВ пред месец дена идеше неколкуминутен видеоклип за Ченто. Ако некој го има на компјутер или може да го најде не ќе е лошо да го прикачи на Нет, вклучително и овде.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Постхумно ќе биде одликован од државата Македонија за се што направи за неа.
Најмалку што може за него да сториме.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Во рамките на прославата на "13-ти Ноември", денот на ослободувањето на Скопје во Втората Светска Војна, минатава 2010 година се одржало едно мало дружење со синот Илија и другите внуци и правнуци на МАКЕДОНСКИОТ ВЕЛИКАН Методија Андонов - Ченто пред неговиот споменик на плоштадот во Скопје.

Еве две видеа од тој настан:



Една молба.
Ако има некој член на унијата на млади од ВМРО ДПМНЕ тука нека се обиде да дојде до тоа CD со говорите и други документи за Ченто што го предаде син му Илија на нивното раководство, па да ги качиме тука и да ги прошириме на нет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom