Македонскиот водач од нашата понова историја -- Методија Андонов - Ченто

Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Интересен артикл кој го ископав вчера. Вреди да се прочита, нуди одговори за прашањата околу карактерот на Ченто

The Leader-Post - Nov 21, 1946



Избрани извадоци

Everyone had heard of "Chento", a legendary figure in partisan annals.
"Chento" was an impressive figure, warm, friendly, intensely human.
He spoke of the clandestine meeting at the monastery of St. Prohor, of his own election as president, of plans for a free Macedonia.
Proudly he wore his partisan medals and he hadn't got around to discarding his army shirt.
he gave me his personal assurance that he had never been a Communist.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Интересна статија на The New York Times од 18 ноември 1946 г. за повоената ситуација во Македонија, со запрепастувачки точни и прецизни информации за намерите на Ченто и случувањата околу неговото апсење.



Еден мал исечок од почетокот на статијата:



Превод:
"Не постоеше Македонски проблем со масовна елиминација на буржоазија или аристократија. Балканските војни ги отстранија Турците. Минатата војна ги отстрани Србите, а ослободувањето ги отстрани Бугарите. Локално--под капата на Белград--Македонците си ја владеат својата земја."


Следува делот од текстот кој се однесува на Методија Андонов-Ченто:



Превод:
"Се разбира, во Македонија, како и насекаде низ Југославија постои опозиција на Титовиот режим. Лидерот на опозицијата во Македонија е Методи Андонов од градот Прилеп, кој се бореше заедно со партизаните под името "ЧЕНТО", но тој не е комунист. Тој е сега во затвор. Се вели дека тој и неговите следбеници посакуваат целосно независна Македонија--вклучувајќи ги и грчкиот и бугарскиот дел од Македонија--без врски со Белград.
Кога после ослободувањето првично се формираше Владата на Колишевски, М.Андонов беше избран за потпретседател. Подоцна тој беше промовиран на вообичаеното лидерско место во сегашната поставеност како Претседател на Националното Собрание (Президиум на АСНОМ). Сепак тој одби да ја поддржи Владата и минатиот април отворено излезе со ставови против неа.

ЗАТВОРЕН ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА


Режимот тогаш реши да го извалка неговиот углед со тоа што на почетокот го набеди за воено профитерство. Обвинувањето беше толку неосновано и смешно па затоа беше отфрлено. Потоа беше ставен во домашен притвор, на што тој јавно кажа дека е тоа непотребно затоа што никогаш нема да ја напушти Македонија.

На 31 јули беше уапсен врз основа на измислено обвинување дека бил фатен кога сакал да избега во Грција, но беше докажано дека бил собран во неговиот дом во Прилеп. Тој е сеуште доста популарен во некои краишта. Неговите поддржувачи во околината на Ресен пред неколку недели се побунија и мораше да бидат задушени со крвопролевање.
Македонците се ектремно пријателски расположени кон Западните сили--во спротивност на државната пропаганда--а посебно кон САД каде што многумина имаат роднини. Тие се многу посомничави кон локалните "странци" како Србите."


-------

Во прилог ставам и една фотографија од неодамнешната прослава одржана во просториите на Владата на Република Македонија на 20-21 март, 2011 г., по повод 20-годишнината од формирањето на првата македонска Влада (таа на чело со Никола Кљусев) по прогласувањето на независноста на Република Македонија (инаку првата македонска Влада е онаа од АСНОМ), на која е и најстариот син на ЧЕНТО, Илија Андонов-Ченто. (третиот од лево, во црвен елек)

 

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
292037_184637141605769_100001784547553_430464_6469203_n.jpg
--- надополнето: Aug 23, 2011 1:01 AM ---
На сликава е Методија Андонов Ченто, прв од десно на лево( од високите)!
Во "соколана" Прилеп!
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Во септември месец 1944 година Јосип Броз Тито одржува еден краток говор по повод двегодишнината од формирањето на Првата Далматинска Бригада при што се фали и дава уверувања дека во ослободителната борба ќе се ослободат и на Југославија ќе и припаднат и Истра, Корушка и Словенечкото приморје, но не ја спомнува Македонија и нејзините делови под бугарска, грчка и албанска окупација.

За тоа дознава Ченто и најверојатно испраќа протест, на што Тито е приморан да му одговори со депеша од 15 септември 1944 година.
Еве ја содржината на депешата.


"Известување од претседателот на Националниот Комитет за Ослободување на Југославија (НКОЈ) од 15 септември 1944 до претседателот на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) околу причините за НЕСПОМНУВАЊЕ на МАКЕДОНИЈА во својот говор од 12 септември 1944 по повод двегодишнината од формирањето на Првата Далматинска бригада


15. IX. 1944

За Ченто -- По повод прославата на годишнината на Првата Далматинска бригада јас одржав еден краток говор во кој го допрев и прашањето за ослободување на некои наши краишта како што се Истра, Корушка и Словенечкото приморје од туѓиот јарем. МАКЕДОНИЈА и некои други наши краишта не ги споменав со име заради мошне комплицирината надворешна ситуација, што би можело да доведе до заплеткување во овој момент. Горните покраини ги споменав затоа што Италијаните и некои други мошне многу дискутираат за тие краишта и со доста дрскост претендираат на најчистите делови на нашата земја, кои биле под Италија.
Ова ви го давам на знаење заради тоа да не се добие кај вас впечаток како ние да не мислиме за интересите кои го тангираат македонскиот народ.

Претседател на Националниот Комитет за Ослободување на Југославија (НКОЈ) --
Маршалот на Југославија
ТИТО"
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
На денешен ден, 24 јули во 1957 година од влошено здравје поради психо-физичката тортура претрпена од 9-годишната тешка робија, во родниот Прилеп почина Методија Андонов-Ченто.

Вечна слава на овој достоен македонски борец за слободна и обединета Македонија!
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Може ли некој да ми најде некој изјави од него? Барам ама немошам ништо да најдам. :/
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Сеќавања - Стојан Андов
„На мој начин“- Матица Македонска“- Скопје 2003г. 185/186
на едно место во објавените сеќавања,Стојан Андов ја опишува својата последна средба со Владимир Бакариќ во Загреб,во есента 1981 година. Сакајќи да создаде релаксирано расположение,без непотребни огради,Бакариќ го прашал:
-Знаете ли другар Андов,кој прв од македонските политичари сум го сретнал во животот.?...Тоа беше Методија -Андонов -Ченто...го сретнав на Вис,во 1944 година.Јас ги формирав документите од неговите разговори со Тито.
Ченто во тие разговори настапи со цврсто убедување за она што го бараше. Тито беше изненаден од таквиот настап.Инаку главно го оправдуваше... Многу импулсивен настап беше тоа...
Потоа настрада човекот,но,тој во војната беше на вистинската страна.Се спомнува ли сега тој негде,дали јавно се споменува?
Изненаден од прашањето на Бакариќ,Андов му објаснил дека никаде не се споменува,но дека заради да му се укаже почест на Ченто,при прославата за 25-годишнината на АСНОМ,веднаш бил сменет претседателот на Собранието на општина Прилеп.
-На тоа Бакариќ уфрлил „Бевме жестоки.И сега сме жестоки одвреме-навреме.На тоа не обврзува Социјалистичката револуција“
Во 1969 година се сеќава Андов,при прославата на 25 години од Првото заседание на АСНОМ,претседателот на Собранието на Прилеп Благоја Козароски,во подготовките за јубилејната прослава мислел дека е ред да му се укаже чест и на првиот претседател на АСНОМ,кој беше прилепчанец. Тоа свое мислење го кажал и на некој од состаноците кој во рамките на подготовките на прославата на АСНОМ се држеле во општината во Пролеп. Тој исто така предложил да му се подигне на Ченто споменик.
Потоа веднаш беше сменет.
-----------------
Репресија и Репресираните во најновата Македонска историја - Виолета Ачкоска, Никола Жежов
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Емануел (Мане) Чучков држи говор во Свети Николе, 1944 г.
Десно од него седнати, Михаило Апостолски и Методија Андонов-Ченто




Емануел (Мане) Чучков држи говор во Скопје.
Зад него во првиот ред седат, Методија Андонов-Ченто, Димитар Влахов, Михаило Апостолски, Лазар Колишевски.

 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.966
Поени од реакции
2.876
"Верував во се, но не верував, дека мои ќе ми судат за Македонија"
Методија Андонов Ченто ( 17.08.1902 - 24.07.1957 )
СЛАВА МУ !
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Прилеп одбележа 56 години од смртта на Ченто


Делото на Ченто е големо и ние сме горди граѓани на неговиот роден град, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, на одбележувањето на 56-годишнината од смртта на Методија Андонов -Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. По тој повод беа положени свежи цвеќиња пред споменикот во центарот на Прилеп. Пред споменикот на Ченто се поклонија претставници на неговото семејство, локалната самоуправа, на Сојузот на борците, граѓани и претставници на политички партии.


 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Може ли некој да ми најде некој изјави од него? Барам ама немошам ништо да најдам. :/
На 3-та страна имаш некои цитати за Ченто од членот "Ченто".

Еве нешто од него:
...Со седницата заседаваше Методија Андонов-Ченто, како претседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а подоцна и на Президиумот на АСНОМ. Ченто ја започна седницата со збо-ровите: „Сега градиме македонска држава и ќе ја изградиме”, а потоа постави реторичко прашање: „А како ќе се вика таа држава?” и одговори: „Разбира се - Македонија. Дали некој има подруго мислење?” Сите одобру-ваа. Потоа го постави прашањето како ќе се вика телото што раководи наместо АСНОМ меѓу неговите заседанија, а кое има надлежности на привремен парламент и влада... Имаше разни предлози, но се усвои предлогот на Владо Полежина, правник од Кичево, ова тело да се вика “Президиум”, значи „Президиум на АСНОМ”, нешто како претседателство... Потоа на дневен ред беше прашањето кое предизвика полемика, а тоа е прашањето за проширувањето на Президиумот на АСНОМ со нови членови. Страхил Гигов, како член на ЦК на КПМ и на Главниот штаб, предложи во Президиумот да се прими Видое Смилевски, и даде кратко образложение за тоа. Ченто на тоа реагираше на следниот начин: „Кој е Видое Смилевски? Македонец ли е, знае ли македонски? Што направил за движењето?”. Страхил објаснуваше: „Да, тој е Македонец по татко, од Гостиварско, одраснал и живеел во Србија, разбира македонски но тешко се служи, учел на српски и подобро го знае српскиот јазик, учествувал во илегална работа, во Крагуевачкиот одред итн...” Ченто се сврте и ме праша мене: „Киро, го познаваш ли Видое од време на илегалата, си го сретнал ли?” Јас одговорив: „Не го познавам, иако учестрвував на речиси сите манифестации на студентите во Белград”. Ченто продолжи: „Па каков е тој Македонец кој не живеел во Македонија и не знае македонски? И ние меѓу двете Светски војни учевме на српски, но си зборувавме на македонски јазик... Од овие причини јас сум против Видое Смилевски да стане член на Президиумот, но за да не изгледа дека вршам некакво влијание врз вас, ги ставам и двата предлога, мојот и овој на Страхил Гигов, за изјаснување. Еве прво ти Михајло изјасни се.” Михајло Апос-толски рече: „Јас сум за предлогот на Ченто”. Потоа, веројатно поради авторитетот на Апостолски, сите еден по еден се изјаснија во корист на предлогот на Ченто. И јас самиот се изјаснив за тоа. Настапи штама. Гигов видно разочаран и возбуден, веднаш трчајќи се упати во соседната куќа, каде што беа другите членови на Централниот комитет и делегатот на Врховниот Штаб, Светозар Вукмановиќ-Темпо. Брзо се вратија од таму Темпо и Гигов. Темпо неосетно му се приближи отпозади на Чента и со повишен тон рече: „Ко је тај Чента да одлучује ко че бити или нече бити члан Президиума...?” А Ченто, не завртувајќи се, бидејќи го познаваше гласот на Темпо, рече: „Ти другар Темпо, дали си член на Президиумот?” Темпо одговори: „Не сум”. Тогаш Ченто продолжи: „Е штом не си, тогаш што ни се мешаш во нашата работа, и остави не да работиме”. Ете таков беше Методија Андонов-Ченто и така се одвиваше еден од тогашните внатрешни судири во НОД и во раководството на Македонија.”..
Изјава на Киро Глигоров.


Денес е денот кога бил роден Методија Андонов - Ченто, 17 Август.
Слава му!
--- надополнето: 17 август 2013 во 18:18 ---
На родителскиот состанок во прилепската гимназија, на барањето на директорот на гимназијата, учениците да зборуваат дома, на улица и во гимназијата само на српски јазик, Ченто одговорил на македонски:
"Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту вие ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот мајчин, македонски јазик, затоа што ние сме Македонци, а нашите деца се македонски деца!"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom