Македонскиот водач од нашата понова историја -- Методија Андонов - Ченто

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Методија Андонов - Ченто е прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во 1902 година во Прилеп. По занимање трговец. Ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза. На изборите во 1938 година како самостоен кандидат на листата на опозицијата, добил најмногу гласови. Не бил избран за пратеник поради државната великосрпска манипулација со изборниот систем.

Еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп1939), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 во Баина Башта, осуден на смрт, но случајно одбегнал стрелањето.

За време на окупацијата одбил да соработува со бугарските окупаторски власти. Неговата продавница за алкохол во Прилеп била свртилиште на комунистите од градот, поради што бил интерниран во логорот "Чучулигово", Петричко. ( година се залагал за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и пак бил затворен и интерниран.

По интернацијата, во октомври 1943 година, преминал на слободна територија и се вклучил во Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. На 2 август 1944 година, како учесник на Првото заседание на АСНОМ, избран за претседател на Президиумот на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НРМ).
Во 1946 првиот македонски претседател Ченто е уапсен и осуден на 12 г. затвор во монтиран судски процес. И по излегувањето од затворот не се одкажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.



Патриот пред своето време или?

 
V

Vlad II Draculea

Гостин
и пред и после... ех да ми е тука бабами, се че ви кажев од старао прилепска гледана точка
Единствено залагање му било единството на македонците.. Штета што не сум прилеп имам една книга каде има 2 циатати од ченто..
едниот беше неешто како.. . Вратетенија државата на нас мекедонците па да видете како сите заедно создаваме цветна градина(нешто вака, ич не ми текнува на точните зборови). другио ич не ми текнува.

Ченто и КузманЈП треба да бидат најистакнати во македонската историја..., ова според мене..
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Да јас матурирав на темата со Ченто. Таков човек и патриот се раѓа еднаш на сто години. Срамота е што не му се оддава никаква почит и скоро да не се знае за него меѓу младите, а знаат да пеат песни за Тито...
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Роден во Прилеп 1902 година во сиромашно семејство. Почнал да работи од 14 години. Прекарот го добил на час по физичко кога требал да издаде наредба Напред чето а погрешно рекол Напред ченто! хехе. Учел трговско училиште и уште од тогаш се судирал со тогашната српска управа во Македонија.

Веќе од 1934 година агитира за автономија на Македонија поради што одлежал 6 месеци затвор. Во 1935 година станува кандидат на изборите од редовите на Здржената опозиција на Мачек кој е за федеративно уредување на Југославија. Но со фалсификат ги губи изборите. Во 1937 држи политички митинг и под изговор дека не бил најавен митингот добива затворска казна од 1 година.

За цел овој период се здружува со многу идни партизани и ги добива симпатиите на своите сограѓани Прилепчани. На изборите во 1939 година добива 2113 гласови од вкупно 3815 меѓутоа на државно ниво победила владеачката партија која според тогашните правила можела да одземе 40% од добиените пратеници на опозицијата и така Ченто испаднал. Тој за цело време работи како трговец и е избран за претседател на здружението на трговци од Прилеп како претставник во Скопската централна комора. Таму тој отворено го нападнал српскиот режим кој ја пљачкосувал Македонија. За овој т.н. испад биле известени властите во Белград и Ченто дефинитивно ја добива етикетата - сепаратист и автономист.

На 2 Август по повод Илинден е одржан излет во месноста Шатров камен и покрај тоа што се знаело дека такви излети се надгледувани од српски доушници. На овој собир присуствувал и Коле Чашуле, Борка Талески, Трајко Тарцан и др. Ченто зел збор по што овој меѓу другото почнал да зборува против режимот а за слободна Македонија. По ова следува 3 месеци казна затвор во Кикинда. Во декември 1940 година стигнала наредба до прилепската гимназија учениците да не зборуваат македонски ниту дома ниту во школо тоа им го соопштил директорот на гимназијата. По настапот на директорот Ченто се јавил за збор и пред сите присутни рекол - Господине директор ниту вие ниту било кој може да им забрани на луѓето да зборуваат на мајчин јазик, вие ни ја одземавте моментално слободата но ќе дојде ден кога ова нема да се вика Јужна Србија туку Македонија како што и навистина е!

Ченто е повторно притворен и го влечклаат по судови до април 1941 година кога делумно се нарушува процесот поради нападот на Германија врз Југославија а веќе била донесена одлука за смртна казна за ова најмногу им должи на грачаните на Баина Башта кои некако успеале да го извлечат од затворот. Со доаѓањето на бугарските окупатори тој добива понуда да биде кмет на Прилеп. Ченто ова го одбива со зборовите дека тој се борел за независна и обединета Македонија но не по бугарска управа. 6 месеци подоцна некој растура летки со содржина против фашизмот и Хитлер и најпрвин е уапсен Ченто кој минува месец дена во затворот во Прилеп под обвинение дека е комунист.

Со почетокот на НОБ Ченто не зема директно учество туку индиректно ги помага партизаните. Во Скопје се среќава со Кузман Јосифовски Питу но се колеба дали да земе директно учество поради заканите кон неговото семејество. Набргу решава да се врати во Прилеп каде повторно е уапсен. Затвор лежи дури на Родопите на границата со Турција. Потоа е префрлен во логорот Рупел каде принудно работи се до август 1943 година кога го пуштаат дома. 24 септември по контактот со Питу тој на 41 годишна вораст зема активно улество во партизанското движење. Најпрвин е избран за член на иницијативниот одбор на АСНОМ. Во тоа време доаѓа до првите судири меѓу Ченто и српскиот комесар во НОБ - Темпо.

На првото заседание на АСНОМ е избран за претседател на президиумот на АСНОМ со што станува прв претседател на македонска влада. Пред одржувањето на АСНОМ Ќенто влегува во отворен судир со Видое Смилевски - Бато барајќи од него да се изјасни дали е Македонец или Србин поради отвореното застапување на српските интереси од страна на Бато. Темпо застанал во одбрана на Смилевски - Бато по што Ченто остро забелешал дека Темпо како Србин не треба да се меша во македонски работи и дека на крајот на краиштата не ни треба да присуства на таа седница. По конситуирањето на македонската држава и институции Ченто се залага за аграрна реформа, поголема економска самостојност на републиките, чесни судења, автокефалност на МПЦ и др.

Сите овие барања предизвикуваат револт кај членовите на КПЈ особено на членовите од Србија. На 14ти март поради недоразбирањата Ченто поднесува оставка чувствувајќи дека ја нема потребната поддршка за реализација на неговите идеи и се враќа во својот роден град прилеп со намера да продолжи со трговско-дуќанџиската работа. Веднаш потоа се соочува со смислени препреки за негов банкрот. На 14ти јули се случува апсење што ќе биде обвиено со конспиративност и тајност. Почнувајќи од самото апсење па се до последниот од оние над 3000 денови што ги мина во затвор ќе бидат обвиени со мистериозност. Тој е обвинет и осуден под изговор дека заедно со уште тројца пријатели сакал да пребегне во Грција а од таму во некоја европска држава како би создал организација која би се борела против тогашната власт а се со цел Македонија да подпадне под протекторат на странска држава. За целиот случај Андонов ќе рече - Осуден сум за дела кои ниту сум ги мислел а уште помалку сум ги сторил. Судскиот совет составен од Панта Марина, Лазар Мојсов и Коле Чашуле го осудува на 11 години затвор. Затворот го одлежува во идризово во крајно нехумани услови. Во 1955 година му се влошува состојбата и по 9 години е пуштен на домашно лекување. Во 1957 година Ченто починал од рак бидејќи година дена не му било дозволувано да оди да се лекува во Швајцарија.

ЗАКЛУЧОК

Во конечната сметка кога ќе се гледаат настаните од оваа временска дистанца доаѓаме до заклучок дека во тоа време во таква констелација на односите, во партијата и надвор од неа, зборот на раководството бил ВИСТИНА за сите комунисти. Секој комунист бил безгрешен и се што ќе направел било во ред. Во оној момент кога ќе ја загубел книшката човек станувал отпадник. Андонов бил Македонец премногу прогресивен со идеи кои не им се допаѓале на повеќето луѓе од тоа време бидејќи ја немале неговата храброст. Тој и во НОБ тргнува заради своите идеали а завршува понижен и оцрнет во историјата. Но времињата се менуваат а вистините не можат да скријат. Долг е на денешните генерации да проговарат за овој голем македонски патриот и да ги следат неговите идеали.


ова се извадоци од мојата матурска.
 

Fir_Maked

Koj ne me saka negov problem!!!
Член од
17 ноември 2005
Мислења
481
Поени од реакции
0
Ne be zasto za Cento da ucime koga moze za Komunjarot Tito. Mamicata nivna kumunisticka.
 
Член од
24 септември 2005
Мислења
11
Поени од реакции
0
Континуитетот на Илинден го симболизира отворанjето на заседанието на АСНОМ од страна на преживеаниот Илинденец Панко Брашнаров. Неговиот помлад соборец Методиjа Андонов - Ченто, првиот претседател на македонската држава, дефинираjкjи jа своjата стратешка визиjа, се служел со метафората "патот на Илинденците". При АСНОМ, со Ченто на чело, е опитана синтеза на сите народни делови, во духот на националното помируванjе.
Тогаш Илинден го снаогjа наjтешкиот удар, оноj од "своите", од комунистичките колаборационисти на Тито, на чело со Лазар Колишевски. Брашнаров ги остава коските на Голи Оток; Ченто гние во Идризово. Митот на "НОБ и Револуциjата" не остава место за Илинден, или за ВМРО, за коjа се преземаат стереотипите од српскиот пропаганден арсенал -како за "терористичка", "фашистичка", "врховистичка"/"бугарашка"организациjа
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Letoto 93 procitaf mala kniga , nesto kako lektira za zivotot negov .Tatko mi me natera i ne zazaliv . Bese opisana negovata ljubof kon Makedonija , kako stradal vo zatvor i kolku negovoto semejstvo patele za negoviot patriotizam. Gordost na nasiot narod , treba od nego site da nauchime da si ja sakame drzavata i slobodata . Toj i mnogu drugi gi dadoja svoite zivoti za nie denes da imame SAMOSTALNA drzava , a nie to niz race ostavame da ni pomini .
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
ne e fer da se seguvame za Gospodinot Metodija Andonov-Cento:bidejki toj e eden od licnostite sto imal odlicna vizija za zemjava,a sega?koj?kolku?zosto?- ima zosto:)))
covek koj e edna od neodgatnatite misterii na nasata istorija.covek za kogo treba da se znae i uci a ne da se krie se za negoviot zivot i da bide tretiran kako predavnik
kolku tolku napisal,a nekoi i tolku ne znaat
-a za bitkite na neretva i sutjeska,za slobodan milosevik?
cento bil i ke bide Eden od najgolemite sinovi na ovaa zemja sto se vika MAKEDONIJA!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Од списанието Илинденски пат, Април 1944

ПРЕД СВИКУВАЊЕТО НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ

Методија Андонов - Ченто

(преземено од книгата: Македонија во комунистичкиот триаголник” од Ставре Џиков, Ѓурѓа, Скопје, 1994)


Македонскиот народ е исправен пред судбоносно сабитие. Тој се најдува пред свикувајнето на првото во својата историја Народно Собрание (Антифашиското Собрание на народното ослободување на Македонија — АСНОМ) тој символ на народниот суверенитет и национална слобода, спечален со тешки борби и неброени жертви.

Историјското Народно Собрание не се јавува случајно. Него го претходат векови исполнети со борби и напреженија. Последните 50 години од нашата историја се преломни години и по засиленос на борбата и по определност на принципите, поставени во незината основа.

За да се види големото историјско значение на ова сабитие. ќе ги изложиме условијата под кои узреваше политичката мисла и борбите кои ги доведоја до највисоката точка национално политичките идеали на нашиот народ — до свикувајнсто на првото народно собрание, како предвесник на слободата.

ll
Во условијата на еден брз распад на феудалната отоманска империја од околу 1890 год.. почнува во Македонија да се засилува народно-ослободителното движение. Македонскиот селанец. стегнат во обрачот на бегово-спахијскиот систем. Се гушеше под тежината на уголемениот грабеж и беше осуден на формален глад за земња. Деспотизмот на Султан Хамида, со засилување на безобзирната експлоатација и со зголемениот политички и национално-потапкувачки терор, не ги намали, ами токму наопако ги зголеми и инаку големите противречја натре во турската империја. и надвор, меѓу неја и балканските држави.

Македонското прашајне, како едно од главните натрешни противречја. дојде на прв план поради силината па распламтената борба и решеноста на народот да го отфрли еднаш за секогаш националното робство.

Започнува една славна епопеја на борби во кои Илинденското востание и Крушовската република го манифестираат пред очите на цел свет нивниот општо-народен и демократско-прогресивен карактер. Делчев, Сандански, Ѓорче Петров, Влахов и др. по својата доследност израснаја од таја епоха како прави и истински народни водачи.

Фалсификациите на империјалитите од комшијските балкански држави ништо не можеја да им земат на тија борби од нивниот македонски национално-ослободителен карактер. По принципите легнати во основата на борбите, по целта што го подигна во борба македонскиот народ по личностите на истинските водачи на масите. Тија борби си останаја национално ослободителни и демократски.

1912 година пропаднува гнилата отоманска империја. ама македонскиот народ бидува изгиран во своите вековни идеали. Македонија беше поделена меѓу империјалистите на балканските држави. Во 1918 г. беше со мали измененија, потврдена неправдата направена во 1912 г. – Најголемиот дел на Македонија подпадна во канџите на великоспрската хегемонија. Последната не чекаше многу да си ги покаже поробувачките намери.

Се почна со денационализацијата. Македонскиот народ не се призна како народ. Тој стана јужносрбијански дел на српскиот народ. Народниот јазик се забрани во училиштата, канцелариите и печатот. Тој се забрануваше дури и во приватниот живот. Во Скопје, пак во духот на денационализацијата, се основа филозофски факултет со интимната мисла да служи за фалсифицирањето на нашата историја и за претставувајне на македонскиот јазик како српско наречие. Во школите учениците требаше да ги знајат најневажните подробности од животот на Душана. Караѓорѓе и др. Во исто време, ним заб не им се обелуваше за Илинденската епопеја, во која нивните татковци пролеја реки крв за да осигурат на својата челад поарен живот.

"Просветната" политика се правеше во истата поробувачка кујна на хегемонијата, таја беше посестрима на денационализацијата и со ништо не се разликуваше од последната. Неколко факти ќе го осветлат прашајнето. -1929 година од 9 гимназији беја укинати - 6. Цела Македонија со едно население од 1 и 1/2 милион жители остана само со 3 гимназии. Левата страна на Вардар со население над 1/2 милион жители остана без полна гимназија. Од 10 нижи гимназии беја укинати токмо - 10. Останаја за утеха нижите, деградираните гимназии во Прилеп, Куманово и др. - Политиката со основните училишта не се разлкуваше од таја со гимназиите. - Можи ли тогај фактот што и јпосле 23 години живот под окрилието на хегемонијата, 70% од македонското население е апсолутно неписмено?

23 години во Македонија царуваше културна празнина. Просветата беше прогласена за антидржавна дејност. Имаше и зашто: колку просветно позаостанал народ, толку посигурен предмет за економски грабеж и политичко бесправие, толку посигурно упориште за борба против другите поробени народи.

Рака до рака со денационализацијата врвеше колонијалната економска експлоатација. Монополната пљачка рашири крила над македонската привреда, а тутунот стана златниот мадем на експлоататорите. Монополизираниот тутун од една страна ја полнеше секоја година касата на хегемонистичките влади со 1-1, а милијарди динари, а од друга страна ниските одкупни цени кои се спуштија до 4 динари кгр. ги осудуваја тутунопроизводителите на глад и мизерија. Во исто време, тутунот "одкупуван" по 4 динари кгр. се пролеваше, преработен во цигари, на неговите сопственици од 200 до 1000 динари кгр. И афионот не куртули од монополниот грабеж. Место 1000 до 1500 динари кгр. колку се продаваше при слободната трговија, "Призад" наложи една цена од 140 динари кгр. Фаталните резултати излегоја брзо на видело: Иљадници производители на афион беја формално упропастени. Колонизацијата му зададе уште еден тежок ударец на македонскиот селанец. Ослободената од спахии земја не беше дадена на македонскиот селанец кој со векови се топеше со својата пот и крв, ами на најрасипаните хегемонистички елементи, разни четнички разбојници и полицејски кодоши. Македонскиот селанец, остана пак бел во очите.

Надворешниот капитал без пречки навлегуваше во македонската привреда и по тврдата логика на капитализмот, немилосрдно ги рушеше занатчиите и малите трговци. Подлогата на која стоеше еснафот беше уништена и тој пропаѓаше бензадежно.

Занатите пропаднаја, ама на нивните рушевини не изникнаја фабрики. Македонија не смееше да биде индустријалзирана дека тоа значеше создавајне на едно силно работништво во кое хегемонијата гледаше главен непријател и организатор на народно-ослободителните борби.

Еден колонијален гребеж од вакви размери не би можел да виреји без да биде поткрепен од политички терор. Слободата на македонскиот народ беше поставена на 12.000 жандармеријски штикои "Дискреционите" (тајните) кредити на министерството на натрешни работи определени за "умирувајне" на Македонија растеја секоја година. "Умирувајнето" на Македонија почна скромно - исчезнувајат без трага најдобрите синови народни, а затворите од Скопје, Ниш и Пожаревац до Митровица и Лепоглава се полнеја со најдоследните борци на Македонија. - Овие акции "на детаљ" не дадоја резултати: Македонија не сe умируваше. Хегемонијата захвати тогај пошироко: целото население одредица села (штипско, св. николско) беше исправено пред умирувајтелните картешници и покосено. Крвожедниот бес на великоспрската хегемонија тргна накај физичкото истребувајне на македонскиот народ.
Хегемонистичката политика не поштеди ни еден слој во Македонија работништвото, селаните, еснафите и интелегенцијата, с# беше впренатата во економско и политичко ропство. Беше ударен целиот македонски народ како народ.

Но во тој факт беја создадени условијата за обединение на сите слоеви, на целиот македонски народ за борба против општиот поробител: великоспрската хегемонија. Народот се обедини. Се создаде општонароден фронт, македонскиот народен покрет со основниот принцип: борба за национална слобода. Конкретизирано на новите условија, това значеше остварувајне на братски сојуз со сите народи од Југославија, за рушејне на хегемонијата и создавајне на федеративна Југославија во која македонскиот народ влегува како равноправен член со гарантирана национална слобода.

Почнува нова епопеја од борби кои исфрлуваат во првите редови нови борци. Борбата зеде нови форми, но во основата таја си остана тесно поврзана со принципите на Илинденското востание и Крушевската република и се јави како нивно продолжувајне.
1941 година е преломна година во историјата на македонскиот народ. Великосрпската хегемонија беше заменета со големобугарска фашиска окупација. Тоа беше третото ропство за 30 години. Настанаја најтешки години за македонскиот народ.
Новиот окупатор си ги откри брзо уште во началото, грабежливите намеренија. Курсот на динарот од 2,40 лева беше "нормиран" на 1,60 лева за еден динар. Други 20% од сменетите пари беја грабнати за "отбраната". Со ова проста маневра од двата залака на македонскиот народ беше еден гангстерски грабнат од устата.

За сметка на големобугарскиот фашиски господар - Хитлера, целата македонска селска привреда беше стегната во обрачот на тоталната експлоатација. Реквизицијата кладе рака на сите селски производи. Ни житото, ни млекото, ни волната, ни добитокот, ни кожите, ништо не куртули од арамијачката рака на "дирижираната стопанска политика" - пљачка. - Се зеде житотоји млекото - македонскиот селанец остана гладен. - Се грабна волната - тој остана бос. Се реквизира јадрио добиток - тој остана без раце, неспособен да ја обработува земјата. На македонскиот народ само едно не му се зеде: ропската работа за другото, тој беше принуден да работи како волот за сламата.

Малата индустрија изгасна сосема. Немало суровини. Суровини вистина немаше. Тие одеја во Германија, кај фашискиот разбојнички ортак. Фабричките оџаци престанаја да чурат. Работниците беа исфрлени на улица. Во куќите им зацарува беда и глад.
Полумртвите занати беја дотепани сосема. "Немало заире", се извинуваат окупаторите. И заирето одеше во арамијското седело на Хитлера. Кепенците на занатчијските дуќани се затворија, а занатчијските се чудеја кој пат да фатат. Насекаде зацарува беда и шпекулација, и незапамтена скапотија.Новото положение створи огромна безработна маса која е употреби фашизмот за работа по мадемите за пљачка на најдрагоцените богатства кои се наоѓаат во утробата на Македонија: злато, сребро, лискун, хром и разни друруди.

Денационализаторската политика пак почна со докажувајне оти македноска нација немало, оти Македонија била "лулката" на блгарштината, а Македонците асли-Бугари.Целиот бугаро-фашиски пропаганден апарат докажуваше и докажува само едно. Македонија е бугарска. Денационализаторската политика на големобугарскиот окупатор е надмина великосрпската.

Не изостана ни политичкиот терор. По цела Македонија изникнаја полицејски участоци, а кодошкиот апарат од агенти ги надмина сите дотогашни претстави за фашиска гестапоска држава. Од единечни арести, окупаторите преминаја брзо со блокадите (терористичко средство до тогај, непознато во Македонија) на масовно затварајне. Политичките процеси станаја јкатадневна појава. Десетки народни синови беја обесени, стотици осудени на тешки затвори, иљадници испратени во концетрациони лагери. - Крвожедниот бес на окупаторските бандити не можеше ни со тоа да се угасни. Масовните стрелања во редица села (Дабница, Ваташа) станаја пак актуелни.

Сенката на физчкото истребуење на македонскиот народ пак нависна над Македонија со целата своја сериозност. "Нашествие на новите Хуни", така беше крстена големобугарската окупација на фашискиот терор.

Македонскиот народ не можеше да остани со скрстени раце пред хладнокрвното истребувајне во кое го постави фашискиот окупатор. Овие три години ропство, фашиски терор и борба го издигнаја македонскиот народ толку политички, колку не са го издгинале 30 години мирен политички живот.

Се разби најголемата закоренелата заблуда македонскиот народ разбра еднаш засекогаш оти големобугарскиот окупатор не му донесе слобода, ами најцрно и незапаметено ропство.
Тој разбра потака, оти со другите народи од Југославија го сврзува не само истата судбина на ропството, ами и 23јгодини заедничка борба за општи идеали. Во општата борба против заедничкиот фашиски окупатор и во братско соработувајне за утрешен живот, тој го гледаше спасоносниот пат.

Македонскиот народ разбра оти за да се спечали слободата има само еден пат: борба! Во условијата на крвавата фашиска окупација борбата може да има само една форма: општо оружано народно востание.

Најпосле, во условијата на општата световна војна, кога на дневен ред идат сите национални, политички и социјални прашајна, македонскиот народ го виде преломниот момент за остварувајне на својата национална слобода. "Сега или никога", така се поставива прашајнето за неговата национална слобода и равноправност.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Што направи бе човек :nesvest:

Ако нека има текстови за Ченто што повеќе.

Поздрав :salut:
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Методија Андонов Ченто, првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ завршил во затвор поради тоа што немал влакна на јазикот! Кој од вас знае да ми каже пример за човак кој во 1946 му рекол на копилето Тито дека е апаш?

Цитирам: “Парите од тутуно и волната кога ќе ги дајш кај нас, а не во Белград да останет, тогаш ќе прајме муабет да се поправа.“

Ова го прочитав во книгата “Судени за Македонија“ од Стојан Ристески, и се однесува на една посета на тито на Ченто кога овој лежел во Идризово.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
II Дел :Од списанието Илинденски пат, Април 1944

Това беја основни принципи на народната борба. Нивната правилност го обедини целиот македонски народ. Нивната револуционерна конструктивност ги воодушеви широките народни маси за борба против фашискиот окупатор и за изградвајне на нова федеративна, демократска и равноправна Југославија. Тие принципи беја усвојени од целиот народ и тие станаја негово крвно дело.
Овие принципи, во основата не се разликуваја од принцпите на Илинденското востание и Крушовската република. Тие не се ралзикуваја ни од началата на борбите против великосрпската хегемонија. Тие беја само конкретизирани во новите условија. На тие принципи започна светата, до тогај, по својте размери невидена борба за ослободувајне на македонскиот народ.

Македонскиот народ, во перспективите на блиска победа и сигурна слобода е исправен пред судбоносни решенија. Зато тој треби да ги испрати во своето Народно Собрание најдостојните синови од својата среда.
Од друга страна, и првото македонско Народно Собрание е поставено пред историјска одговорност. Надахнато од безгранична љубов спрема својот народ, изникнало од неговите вековни идеали и борби за слобода, вооражено со државничка далковидност и смисал за реализам, то треба да ја оправда историјската надеж полагана во него.
Ние сме убедени оти и макеоднскиот народ и неговото Народно Собрание ќе покажат нужната дорасналост за да одговорат на историјските задачи поставени пред ниф од судбоносните моменти што ги преживувавме и 50-годишните крвави борби".

Списанието „Илинденски пат“ кој ги објавувал текстовите на В. Ивановски , јули-август 1944.

III



Како резултат на крвавите борби, неброени жртви и надчоешки напреженија се јави првото во историјата на македонскиот народ - Народно Собрание (Антифашиското собрание на народното ослобдоувајне на Македонија _ АСНОМ). Како символ на националната слобода, тоа претставува кулминациона точка и преломен момент во историјата на нашиот народ од кои ќе почни една нова епоха; епоха на слободен национален живот, епоха на твореческа работа, епоха на напредок.
Што му дава на првото македонско Народно Собрание това историјско, судбоносно значение?
Најважниот акт со кои првото македонско Народно Собрание ќе излези, пред нашиот народ, ќе биди историјската прокламација на полната национална слобода на Македонија. Со други зборои, то ќе стане радосен весник на вековниот идеал за слобода. Ако не се заборави оти цели поколенија искрвавија во борбата за тој велик идеал, јасно е оти неговото исполнувајне прокламирано од првото македонско Народно Собрание, ќе претставува епохално решение во политичкиот живот на нашиов народ.
Со таја историјска прокламација не се исцрпува, ами баш почнува одговорната работа на првото Народно Собрание. Тој станува и останува истински и единствен носител на народниот суверенитет, кои оди до правото на самоопределение, отцепувајне и присодинувајне. Здобиено со вакви неограничени права решенијата на првото македонско Народно Собрание стануваат по своето значение историјски и судбоносни.
Од неговиот карактер како единствен носител на полниот народен суверенитет, произлегува дека првото македонско Народно Собрание ќе ја претставува највисоката и единствената власт во Македонија, која преку својте органи ќе ги решува сите горуќи прашајна на нашиот натрешен живот, тргвајќи везден од интересите на најшиорките маси кои са дале и уште дават најмного во оваја света народно-ослободителна борба. Претставувајќи ја единствената и највисоката власт во Македонија значението на првото македонско Народно Собрание станува уште поголемо.

Првото македонско Народно Собрание изникнало од оганот на крвавата народно-ослободителна борба, избрано по најдемократски начин од најшироките народни маси, составено од моралниот и борчески цвет на нашиот народ, едино ќе биди компетентно да говори во името на македонскиот народ, едино ќе има право да го претставува нашиот народ, едино ќе биди верен тумач на неговата истинска воља, историјски идеали, сегашни и утрешни негови нужди. - Со други зборои, низ устата на првото македонско Народно Собрание за прв пат ќе проговори слободна, отворено и одлучно целиот македонски народ, факт кои од своја страна уште еднаш ги подвлечува неговото историјско значение.
Во течение на 23 години борби против великосрпската хегемонија, македонскиот народ судбински се сврза со другите братски народи во Југославија. Во последните три години под крвавата фашиска окупација, тие врски станаја поцврсти, а единството и братството меѓу народите во Југославија беше еден од одлучните фактори што го мобилизираја и крепеја македонскиот народ во борбата против фашискиот окупатор. - Најпосле како резултат на народно-ослободителната борба во Југославија дојде образувајне на АВНОЈ: неговата втора историска скупштина со принавајне правото на секој народ на самоопределувајне до отцепувајне или присоединувајне, му даде најшироки возможности на македонскиот народ сам да си е определува својата судбина. Гарантирајќи му во исто време полна национална слобода и равноправност во нова федеративна Југсолавија. АВНОЈ уште појќе го засили желанието на нашиот народ свјата судбина да не ја дели од судбината на другите братски народи во Југославија.

Ползувајќи се со правото на самоопределение гарантирано во решенијата на ИИ скупштина на АВНОЈ, базирајќи се на историјската, на судбинската и крвната - славјанска поврзаност меѓу народите во Југославија, тргвајќи од една државничка далековидност и политички реализам - првото Народно Собрание ќе ја прокламира тврдата воља на македонскиот народ да влези како националнио слободен и политички равнопрвен член во една од најдемократските државни формации - федеративна Југославија. - По тој начин, првото Народно Собрнаие ќе ја прокламира слободата на макеоднскиот народ на базата на веќе признатото право на национална слобода. Тој факт уште појќе го засилува значението на историјските одлуки на нашето прво Народно Собрание.
Имајќи полен суверенитет во решавајнето на натрешните прашајна и уредувајнето на натрешниот живот во Македонија, македонското Народно Собрание, преку делегираните членови во АВНОЈ, ќе земи участие во решавајнето на важните натрешни прашајна за цела државна заедница. Со това значенеито на македонското Народно Собрание ги надфрлува тесните национални рамки и станува важен фактор во донесувајне на крупните решенија за цела државна заедница.
Македонскииот народ знае оти участието на братскиот Совјетски Сојуз во оваја војна е одлучен фактор во борбата на народите во Југославија за полна национална слобода и равноправност. Во моментите на најтешки испитанија во оваја народно-ослободителна војна, тие са најдували сили во длабокото сазнание оти во Совјетскиот Сојуз и неговата славна Црвена армија имаат најсилен и најискрен сојузник, кои нема никога да дозволи плодовите од неговата крвава борба да бидат исползувани од народните узурпатори. - Првото македонско Народно Собрание ќе биди тумач на длабоката љубов и благодарност на нашиот народ спрема братскиот Совјетски Сојуз, великот заштитник на славјанските народи.
Ќе кажиме најпсоле неколку зборои за натрешните и надворешните историјско-политички условија кои доведоја до свикувањето на првото македонско Народно Собрание, кои го покажуваат неговото историјско значение и прават од него една реалност од прво значение за нашиот народ.
Првото Народно Собрание на Македонија изникна непсоредно од оганот на светата народноослободителна борба против фашизмот уопште и специјално против големобугарската окупација.Во овие три години борби бурно се разбиваја закоренелите заблуди, брзо узрешваше политичката мисал и масовно го ангажираше македонскиот народ во борбата која секој ден добива се појќе карактер на општо народно востание. - Првото македонско Народно Собрание е директен резултат баш од овие политички најважни борби во историјата на македнскииот народ.

Народно-ослободителната борба доби широк и организиран замах тогај, кога малите партизански одреди и диверзански групи нарастнаја толку да можеше да се образува првата во истиријата на нашиот народ - Народно-ослободителната војска на Македонија. Со своите смели удари и крупни успехи, нашата војска ја подигна силно верата во народот во скорото ослободувајне. Со ослободувајнето и осигурувајне на една пространа слободна територија, нашата војска даде реална подлога за свијувајнето на Народното Собрание во полниот состав. - Така првото македонско Народно Собрание е непосреден резултат од успешните борби на нашата СЛАВНА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА, гордоста на македонскиот народ и најсигурен гарант за неговата слобода.
Во течение на борбата по цела Македонија се организираја народно-ослободителни одбори. Тие одбори ги обединуваја најчесните сили на нашиот народ во тилот и беја основни органи на народната власт, изникнали под тешките условија на борбата; тие одбори го организираја тилот и го помогнаја фронтот. Израснало од народно-ослободителните одбори и нивните политички тежненија - првото македонско Народно Собрание ќе ја претставува највисоката форма на народната власт и ќе биди изразител на народните идеали пројавувани низ народно-ослободителните одбори.

Корените на денешните преломни сабитија лежат много подлабоко и се најдуваат во трите последователни ропства, кои ги ангажираја силите и животите на три генерацији и ја исполнија една епоха со крвави борби и над чоешки напреженија. Принципите кои ги покренува и одушевљаваја над половина век народните снаги, си останаја во својата основа исти: борба за национална слобода и демократски права. - Првото Народно Собрание, реализирајќи ги тие свети начала, ги уједини во себе си идеалите и принципите на три поколенија и е одлучен резултат од нивните борби.
Во првото Народно Собрание учествуваат хероите од Илинденската епопеја како Димитар Влахов и други. Во него влегуваат народните првоборци против великосрпската хегемонија како Цветко Узуноски, Бано Андреев, Страхил Гигов, Мара Нацева и др. Во него се најдуваат најновите борци, младите војници - делегати на нашата славна војска како Борка Темелков - Љиљакот, Чеде Филипоски - Даме и др. - По тој начин, првото народно Собрание и по својот личен састав ќе биде жив символ на идејната и борбена поврзанос на три генерации.
Со учаството на делегатите од трите делови на Македонија (југословенскиот: Апостолски, Ченто, Узуноски и др: грцкиот: Димитар Влахов; бугарскиот:Владимир поп-Томов) - првото македонско Народно Собрание ќе ја символизира вољата на целиот македонски народ да се најди цел, слободен и обединен. Во решенијата на ИИ скупштина на АВНОЈ на дело се даде класичен пример за решавајнето на националните прашајна. Изражавајќи го одушевлението со политичката далековидност садржана во тие решенија, првото македонско народно Собрание ќе го изрази своето и на целиот македонски народ желание да тргнат и другите братски балкански народи по тој правилен пат инспирисани од историјскиот пример даден од АВНОЈ и народите во Југославија. Но, при това не смеје да се превиди фактот оти борбата против фашизамот си останува најважното условие за стекнувајне правото на национална слобода, какошто показа јасно и на дел од борческиот пиемонт на македонскиот народ - југославјанска Македонија.
Најпосле не треби да се заборави уште еден факт. Македонскиот народ заедно со другите народи од Југославија, исцело се ангажира во борбата протиф фашизмот и безрезервно се определи за големиот фронт на демокрациите. Нашите народи така си ги спечалива правото на слободно натрешно уредувајне. Во перспективите на Атлантическата карта, историјските решенија на Москвоската и Техеранската конференција и во момент на блиска победа над фашискиот окупатор - Народното Собрание ќе ја прокламира слободата на македонскиот народ во согласие со општите политички тенденции на силите победителки. - Решенијата на првото македонско Народно Собрание ќе претставуваат една стварност и од гледиште на решителните воено-политички сили и тенденции во меѓународни размери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom