Значи играше Србија со Данска во Лесковац, на стадион што собира 8136 луѓе, па едвај се распродаде стадионот, после неколку дена. Значи според вас требаше луѓе да се тепаат за карта вишок, да има 8000 на стадион, плус 5000 надвор да чекаат да влезат.
Србија со Данска, споредено со Македонија со Фарски.
Значи кога игравме подобро, си имаше публика. И пак ќе речам, ако некој сака, ќе најде начин.
И исто, да се игра 3-4 пати по ред во Струмица, ќе видат и тие дека репката не ја бива за ништо, 5-тиот пат нема да дојдат.
А тој што е од Дојран, Штип, Гевгелија, Битола, Прилеп пак нема да се нафати да оди до Струмица, затоа што ќе му е далеку, скапо, и нема да вреди.
Едино да се стави во Велес или Кавадарци, па да видиме дали тогаш сите ќе дојдат што проблем им е Скопје, вака барем е на средина
Стефи, ти два или три пати го имаш гледано во живо Атлетико, македонската репрезентација не верувам дека ја имаш гледано на градски. Така да не ќе да е,” абе далеку ми е, инаку баш сакав да одам”, со што доаѓаме до тоа дека не е до далечината, до приоритетите е. Да беше МК репрезентација во топ 10 во свет, ќе се тепаше за карта да дојдеш ти, а и многу други. Ќе беше поатрактивна за гледање, картите ќе беа минимум 1500-2000 денари, ќе имаше да се јаде-пие, да биде прав спектакл.
Вака, никој не е заинтересиран да дојде, освен ако не гостува атрактивна репрезентација.
EDIT: Одењето на културни, спортски настани, каде што цената на билетите е повисока или треба да се одвои повеќе време за да се присуствува треба да се планира. Знаете распоред, знаете датум, време и локација 10-20 дена унапред, и ќе си планирате. Со многу што сум разговарал, изговорот за некој настан им бил дека немале пари, ама инаку многу сакале да одат. Се знае, се планира однапред, се зима ден од одмор, боловање, молиш да те сменат колегите од другата смена за да стигнеш на време. Ако не планираш вака, тогаш не ти е ни приоритет утакмицата. Не може вие да одите на викенд, одмор, утакмица, со парите што ќе ви останат на страна. Обично планираш што ти е приоритет периодов, годинава. На некој му е кредит за стан, на некој му е за кола, некој има високи трошоци, некој се храни здраво, дава пари на суплементи, теретани, секој со своите маки и приоритети. Ама не може некој да коцка по 1000 денари минимум секој ден, а да вика немам 500 денари да гледам на градски. Или да јаде бифтеци, во дискотека да фрла по 150 евра за викенд, а после да се жали немал за регистрација на кола или не знам некои други глупи изговори.