Македонска фудбалска репрезентација

Член од
16 април 2014
Мислења
7.298
Поени од реакции
11.600
Џабе математики, да имаме група со Северна Ирска, Литванија, Гибралтар и Сан Марино, пак нема да бидеме први.

Убаво пишаа погоре, еден играч немаме што игра повеќе од полувреме за својот клуб. 5 од 11 играчи не може да дочекаат 60-та минута без да им е излезена душата. Да не збориме што едвај креираме шанси, а и од тие малку шанси, ние даваме еден гол на Фарски Острови. Замислете да е Украина, Албанија, Чешка, Полска, Србија или некоја друга слична репрезентација.

Тотално сум разочаран од нашите и секогаш ми е несфатливо цената на картите. На ваква мизерна игра и на температури околу нулата, треба дневници да исплаќаат на секој еден што ги посетил.

А на муабетите дека треба да се играат во други градови, не се согласувам. Освен Струмица, ниеден друг стадион не исполнува услови за квалификации, ниту пак има добра инфраструктура за играчите да дојдат до него со автобус. Ни таму нема да се полни стадионот, еднаш можеби, но втор пат нема теорија. Никој не би сакал да ги гледа дрвата, а оној кој сака да ги гледа, ќе најде начин, а не изговор. Ќе оди со кола, автобус, ќе дели превоз, ќе земе слободен ден. Има луѓе што репрезентацијата ја пратат секаде, ама оној што е од Битола, не можел да дојде до Скопје, далеку му било, жими мајка.
Далеку си скрос.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.385
Поени од реакции
4.337
Има луѓе кои ја пратат репрезентацијата секаде ама има луѓе кои тоа не можат да си го дозволат. До Скопје да се закрени некој од Битола треба минимум 3000 да потроши за гориво и храна само, башка карта за натпреварот.
Рачунај и дека се игра во работен ден тоа е плус комплицирано оти не секој можи да земи слободен ден кога сака.
Ама џабе прајме муабет кога ова не би се случило во блиска иднина, тие една трибина ја градеа со години историска стана, не пак стадион ќе направеле по Европски стандарди
Ако сака некој, ќе најде начин, а не изговор. Тие што не можат да си дозволат, се многу помалку отколку оние што можат да си дозволат, а не одат на натпревар. Да е атрактивна репрезентацијата, или барем да има желба, жар во играта, ќе се тепаме за карта вишок, а не да нема ни 25% на стадион.

Се знае распоредот на натпреварите одамна, може да се направи план да се отиде на натпревар, ако желбата е голема. Факт е и дека бесплатен да е влезот, пак нема да е полн стадионот. Ама луѓето сакаат успеси, така е во секој спорт, а и насекаде по светот, со чест на исклучоци.
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
567
Поени од реакции
664
Ако сака некој, ќе најде начин, а не изговор. Тие што не можат да си дозволат, се многу помалку отколку оние што можат да си дозволат, а не одат на натпревар. Да е атрактивна репрезентацијата, или барем да има желба, жар во играта, ќе се тепаме за карта вишок, а не да нема ни 25% на стадион.

Се знае распоредот на натпреварите одамна, може да се направи план да се отиде на натпревар, ако желбата е голема. Факт е и дека бесплатен да е влезот, пак нема да е полн стадионот. Ама луѓето сакаат успеси, така е во секој спорт, а и насекаде по светот, со чест на исклучоци.
Овака најверојатно размислуваат и во ФФМ и во влада, па си велат кој ги ебе ако сака ќе дојде ако не ќе си играме пред празни трибини. Србите за џабе изгледа ги направија тие 3-4 мали стадиончиња до 10000 каде играат со понеатрактивни противници и се полни трибините. Логикава кој сакал ќе најдел посекако начин, јас гарантирам дека ако се игра во Прилеп, Битола, Велес, Куманово, Штип,кавадарци, Гевегелија без проблем ќе го наполнат 10000 публика и меѓу тие ќе нема ниту еден од Скопје. Срамота град со 500000-600000 жители да не може да собере 2% да дојдат на стадион
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.931
Поени од реакции
73.420
Овака најверојатно размислуваат и во ФФМ и во влада, па си велат кој ги ебе ако сака ќе дојде ако не ќе си играме пред празни трибини. Србите за џабе изгледа ги направија тие 3-4 мали стадиончиња до 10000 каде играат со понеатрактивни противници и се полни трибините. Логикава кој сакал ќе најдел посекако начин, јас гарантирам дека ако се игра во Прилеп, Битола, Велес, Куманово, Штип,кавадарци, Гевегелија без проблем ќе го наполнат 10000 публика и меѓу тие ќе нема ниту еден од Скопје. Срамота град со 500000-600000 жители да не може да собере 2% да дојдат на стадион
Милијарда пати зборувана тема, досадно за муабет веќе.
Еден куп причини имаш.
Прво навивачките групи со години не навиваат организирано на репрезентација, што директно влијае на бројноста на публиката, затоа што мобилизацијата што ја направат навивачите е огромна. Порано кога се навиваше, дури и со слаби резултати, пак Градски бил солидно исполнет.
Втора работа, луѓето едноставно не се идентификуваат со репрезентацијата од низа причини. И тоа не зависи од резултатите, многу пати сум пишувал порано каква еуфорија сум имал кога играла Македонија и каква имам сега.
Трета работа и најважна е фактот што Скопје е град на пролазни луѓе, како и секој главен град. Постојано се доселуваат луѓе кои допирна точка немаат со Скопје чиј идентитет се градел во екс ЈУ. Со кого ќе отидеш на стадион, кога ниеден комшија не познаваш во радиус од неколку км? Немаш фама за утакмиците, не се збори за утаимиците никаде. Зстоа и тие што одат од Скопје на утакмкци, воглавно доаѓаат од населби (градски и проградски) со маалски живот, каде што луѓето се дружат, муабетат, споделуваат информации. Лесно ќе собереш 10 души што ќе отидете да гледате, за разлика од населбите кои целосно се уништија, каде што во една зграда со 100 стана, никој со никого не се знае.
И Србија во Белград нема публика. И на Ѕвезда и Партизан поголем дел од публиката не се од Белград. Исто е и во секој поголем град. Бидејќи сме збратимени со навивачите на Шалке, 90% од нив доаѓаат од околината на Гелзенкирхен. Кога бев во Малме на утакмица, повеќето доаѓаа со возови од околните места. Нормално дека нема да дојде на утакмица Абдула што се доселил во центарот и живее во гето ео уште 300 роднини.
Луѓето што доаѓаат да живеат во Скопје, едностсвно не се ликови што се спортски настроени, освен некои студенти по студентскиве домови.
Дополнително, оддалеченоста на стадионот на овие маалски населби. Па попрво од Пролеп ќе дојдеш во Битола на утакмица, отколку да речеме од Илинден до Градски (ссмо гужвата е 10 пати поголема).
И секако, заситеност од настани. Се' е тука, на никој не му е дојдено да оди Фарски острови да ги гледа.

Се сложувам, каде и да игра Македонија ќе има повеќе публика. Ама нека игра 5 години во еден исти град и ќе правиме тогаш муабет дали ќе биде полн стадионот/салата. Ја полнеа битолчани салата и во првенствени утакмици со обични противници, ама откако играат ЛШ (веќе ни таму не ја полнат со послаби екипи), во домашно првенство има по 50 луѓе во сала. Заситеност!
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.385
Поени од реакции
4.337
Значи играше Србија со Данска во Лесковац, на стадион што собира 8136 луѓе, па едвај се распродаде стадионот, после неколку дена. Значи според вас требаше луѓе да се тепаат за карта вишок, да има 8000 на стадион, плус 5000 надвор да чекаат да влезат.

Србија со Данска, споредено со Македонија со Фарски.

Значи кога игравме подобро, си имаше публика. И пак ќе речам, ако некој сака, ќе најде начин.

И исто, да се игра 3-4 пати по ред во Струмица, ќе видат и тие дека репката не ја бива за ништо, 5-тиот пат нема да дојдат.

А тој што е од Дојран, Штип, Гевгелија, Битола, Прилеп пак нема да се нафати да оди до Струмица, затоа што ќе му е далеку, скапо, и нема да вреди.

Едино да се стави во Велес или Кавадарци, па да видиме дали тогаш сите ќе дојдат што проблем им е Скопје, вака барем е на средина :)

Стефи, ти два или три пати го имаш гледано во живо Атлетико, македонската репрезентација не верувам дека ја имаш гледано на градски. Така да не ќе да е,” абе далеку ми е, инаку баш сакав да одам”, со што доаѓаме до тоа дека не е до далечината, до приоритетите е. Да беше МК репрезентација во топ 10 во свет, ќе се тепаше за карта да дојдеш ти, а и многу други. Ќе беше поатрактивна за гледање, картите ќе беа минимум 1500-2000 денари, ќе имаше да се јаде-пие, да биде прав спектакл.

Вака, никој не е заинтересиран да дојде, освен ако не гостува атрактивна репрезентација.

EDIT: Одењето на културни, спортски настани, каде што цената на билетите е повисока или треба да се одвои повеќе време за да се присуствува треба да се планира. Знаете распоред, знаете датум, време и локација 10-20 дена унапред, и ќе си планирате. Со многу што сум разговарал, изговорот за некој настан им бил дека немале пари, ама инаку многу сакале да одат. Се знае, се планира однапред, се зима ден од одмор, боловање, молиш да те сменат колегите од другата смена за да стигнеш на време. Ако не планираш вака, тогаш не ти е ни приоритет утакмицата. Не може вие да одите на викенд, одмор, утакмица, со парите што ќе ви останат на страна. Обично планираш што ти е приоритет периодов, годинава. На некој му е кредит за стан, на некој му е за кола, некој има високи трошоци, некој се храни здраво, дава пари на суплементи, теретани, секој со своите маки и приоритети. Ама не може некој да коцка по 1000 денари минимум секој ден, а да вика немам 500 денари да гледам на градски. Или да јаде бифтеци, во дискотека да фрла по 150 евра за викенд, а после да се жали немал за регистрација на кола или не знам некои други глупи изговори.
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.298
Поени од реакции
11.600
А зошто да игра 5 години во ист град (Битола на пример)???
Поентата е да имаш 3 нови градови + Скопје. И да се вртат постојано. Реално по една утакмица во циклус би имал секој од овие 3 града. Сигурно нема да е онаква штама како што е во Скопје. И да имаш 5000 гледачи на стадион од 7000 ќе изгледа подобро отколку ова сегашново.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.385
Поени од реакции
4.337
А зошто да игра 5 години во ист град (Битола на пример)???
Поентата е да имаш 3 нови градови + Скопје. И да се вртат постојано. Реално по една утакмица во циклус би имал секој од овие 3 града. Сигурно нема да е онаква штама како што е во Скопје. И да имаш 5000 гледачи на стадион од 7000 ќе изгледа подобро отколку ова сегашново.
Ниеден друг град не исполнува услови за УЕФА натпревари, освен можеби Струмица, и сега вие барате плус 2 нови градови? Кои еве за пример?

Тој што сака да дојде и да гледа, ќе најде начин. Ќе има и битолчани што нема да идат, ќе има и прилепчани што ќе викаат дека за инат го ставиле во Битола наместо Прилеп, и нема да дојдат.

Ако се среди и другата трибина во Битола, нека се игра таму.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
1732124749762.png

Би било добро да падне една група:
Грција, Бугарија, Македонија и Босна

1732124845187.png
Автоматски споено мислење:

Пред некој да пише "a zasto ne kosovo" пошто мислам Бугарија и Косово ако играат Лига Б ваљда би биле во ист шешир па мора само една. Сеедно, која и да е.
Ако не можеме да влеземе во светските фудбалски наслови со фудбалската игра, можеме со скандали и прекинати натпревари
 
Член од
1 јуни 2024
Мислења
17
Поени од реакции
71

Ако е ова точно, тогаш нема да можеме со ниту еден од соседите да играме. Супер е што ќе паднеме во група со еден од тие кои се пред нас за бараж, па шансите за бараж преку ЛН се зголемуваат. По оваа логика исто Швајцарија и Белгија отпаѓаат од прв шешир.
ПС. Исто супер е што ги избегнуваме Косово и Бугарија, по мене двете најквалитетни екипи од 4 шешир, а и со нас би биле многу мотивирани
 

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.376
Поени од реакции
325
Ova znaci deka nema da se padneme nitu so selekciite sho ke igraat polufinale od Liga A oti tie avtomatski odat vo grupite so po 4 selekcii.Sega edino da gi izbegneme Poljacite od vtoriot sesir ( samo tie ne osvoija grupa) i bi imale dosta povolna pozicija za baraz.Da predpostavime deka pobednicite od A segment plus Anglija sigurno bi bile najmalce vtori,toa se 5 selekcii,plus taa od nasata grupa vkupno 6,znaci bi trebalo samo uste edna selekcija sho e pred nas da obezbedi najmalce vtoro mesto i makedonija bi igrala baraz.Od prv sesir mozni protivnici se i Svajcarija plus nekoja od Porazenite vo 1/4 finaleto od Liga nacii A
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572
Во Лига Б за следната Лига на нации Македонија ќе биде со:

Босна и Херцеговина
Израел
Северна Ирска
Полска
Романија
Шведска
Швајцарија,

поразените од овие дуели:
FB_IMG_1732276648840.jpg

и победниците од овие дуели:
FB_IMG_1732276608336.jpg

За извлекувањето на жрепката за таа Лига на нации ќе бидеме или во трет или во четврт шешир, и теоретски може да ни се падне било која од овие 15 репрезентации, иако најмали шанси има да играме против Северна Ирска и Шведска.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
и победниците од овие дуели:
Прегледај го приврзокот 436063

За извлекувањето на жрепката за таа Лига на нации ќе бидеме или во трет или во четврт шешир, и теоретски може да ни се падне било која од овие 15 репрезентации, иако најмали шанси има да играме против Северна Ирска и Шведска.
Мислам дека три од овие четири репрезентации (Косово, Бугарија, Ерменија и Словачка) ако се пласираат понатаму, тогаш би биле трет шешир. Бугарија мислам дека има најмали шанси, веројатно Ерменија после нив исто (иако ги имаат тепано Грузијциве порано), така да потешко трет шешир во ЛН.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572

Ако е ова точно, тогаш нема да можеме со ниту еден од соседите да играме. Супер е што ќе паднеме во група со еден од тие кои се пред нас за бараж, па шансите за бараж преку ЛН се зголемуваат. По оваа логика исто Швајцарија и Белгија отпаѓаат од прв шешир.
ПС. Исто супер е што ги избегнуваме Косово и Бугарија, по мене двете најквалитетни екипи од 4 шешир, а и со нас би биле многу мотивирани
Ај и за ова - да, така е, ама не е 100% точно и 100% сигурно дека ќе играме во група со 5 репрезентации. Вака е, поточно - од секој шешир, оние што во март 2025 ќе играат баражи во Лига на нации ќе бидат ставени во група со 4 репрезентации. Но, од третиот шешир бараж играат 5 репрезентации: Шкотска, Словенија, Ирска, Грузија и Исланд. Значи тие 5 сигурно ќе бидат во група со 4 репрезентации. Но има вкупно 6 такви групи, со 4 репрезентации, што значи, се уште постои можност и ние да бидеме во шестата таква група. Иако веројатноста е поголема да не извлечат во група со 5 репрезентации, зашто такви има исто така 6.

Значи, од трет шешир, од овие 7 репрезентации: Албанија, Македонија, Финска, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Израел, 6 ќе бидат извлечени во група со 5 репрезентации, 1 ќе оди во група со 4 репрезентации.

Е сега, ако сме во група со 5 репрезентации, можеме да ги добиеме:

ОД 1 ШЕШИР:
Англија
Швајцарија
поразениот од четвртфиналето во Лига на нации: Шпанија - Холандија
поразениот од четвртфиналето во Лига на нации: Франција - Хрватска
поразениот од четвртфиналето во Лига на нации: Португалија - Данска
поразениот од четвртфиналето во Лига на нации: Италија - Германија

а нема да може да ги добиеме: Белгија, Австрија и победниците од дуелите погоре

ОД 2 ШЕШИР:
Шведска
Велс
Полска
Романија
Чешка
Норвешка

а нема да може да ги добиеме: Украина, Турција, Унгарија, Србија, Грција и Словачка

ОД 4 ШЕШИР:
Луксембург
Белорусија
Казахстан
Азербејџан
Естонија
Кипар
Фарски Острови
Латвија
Литванија

а нема да може да ги добиеме: Бугарија, Косово и Ерменија

ОД 5 ШЕШИР:
Молдавија
Малта
Андора
Гибралтар
Лихтенштајн
Сан Марино

Е сега, една напомена - бидејќи четвртфиналињата во Лига на нации исто ќе се играат во март 2025, на 12 декември нема да биде 100% познат изгледот на групите, туку баш како што спомнав погоре: пример - победникот од дуелот, рецимо Шпанија - Холандија ќе оди пример во група 1 (со 4 репрезентации), поразениот во група 7 (со 5 репрезентации).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom