Македонска фудбалска репрезентација

Член од
16 април 2014
Мислења
7.294
Поени од реакции
11.580
Џабе математики, да имаме група со Северна Ирска, Литванија, Гибралтар и Сан Марино, пак нема да бидеме први.

Убаво пишаа погоре, еден играч немаме што игра повеќе од полувреме за својот клуб. 5 од 11 играчи не може да дочекаат 60-та минута без да им е излезена душата. Да не збориме што едвај креираме шанси, а и од тие малку шанси, ние даваме еден гол на Фарски Острови. Замислете да е Украина, Албанија, Чешка, Полска, Србија или некоја друга слична репрезентација.

Тотално сум разочаран од нашите и секогаш ми е несфатливо цената на картите. На ваква мизерна игра и на температури околу нулата, треба дневници да исплаќаат на секој еден што ги посетил.

А на муабетите дека треба да се играат во други градови, не се согласувам. Освен Струмица, ниеден друг стадион не исполнува услови за квалификации, ниту пак има добра инфраструктура за играчите да дојдат до него со автобус. Ни таму нема да се полни стадионот, еднаш можеби, но втор пат нема теорија. Никој не би сакал да ги гледа дрвата, а оној кој сака да ги гледа, ќе најде начин, а не изговор. Ќе оди со кола, автобус, ќе дели превоз, ќе земе слободен ден. Има луѓе што репрезентацијата ја пратат секаде, ама оној што е од Битола, не можел да дојде до Скопје, далеку му било, жими мајка.
Далеку си скрос.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.375
Поени од реакции
4.289
Има луѓе кои ја пратат репрезентацијата секаде ама има луѓе кои тоа не можат да си го дозволат. До Скопје да се закрени некој од Битола треба минимум 3000 да потроши за гориво и храна само, башка карта за натпреварот.
Рачунај и дека се игра во работен ден тоа е плус комплицирано оти не секој можи да земи слободен ден кога сака.
Ама џабе прајме муабет кога ова не би се случило во блиска иднина, тие една трибина ја градеа со години историска стана, не пак стадион ќе направеле по Европски стандарди
Ако сака некој, ќе најде начин, а не изговор. Тие што не можат да си дозволат, се многу помалку отколку оние што можат да си дозволат, а не одат на натпревар. Да е атрактивна репрезентацијата, или барем да има желба, жар во играта, ќе се тепаме за карта вишок, а не да нема ни 25% на стадион.

Се знае распоредот на натпреварите одамна, може да се направи план да се отиде на натпревар, ако желбата е голема. Факт е и дека бесплатен да е влезот, пак нема да е полн стадионот. Ама луѓето сакаат успеси, така е во секој спорт, а и насекаде по светот, со чест на исклучоци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom