Македонска фудбалска репрезентација

Член од
18 февруари 2011
Мислења
53
Поени од реакции
23
Јаневски ги врати Тасевски, Ристиќ и Тодоровски за стартот на квалификациите



Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски ги врати во составот заборавените Дарко Тасевски и Стевица Ристиќ за претстојниот почеток на мундијалските квалификации за СП во Бразил во 2014 година.


Тоа што беше најавено дека играчот за врска Тасевски и напаѓачот Ристиќ ќе се вратат во националниот тим се оствари, а Јаневски, покрај овие двајца во составот го приклучи и Александар Тодоровски од полска Полонија, како и младиот Александар Трајковски од белгиски Зулте Варегем. Од претходниот стандарден состав кај Џон Тошак овојпат недостигаат младите бекови Стефан Ристовски (Бари) и Јани Урдинов (Екранас), како и напаѓачот Самир Фазли (Херенвен), кои ќе се најдат во составот на младата селекција, која во овиј септемвриски двоен циклус ќе ги има завршните два квалификациски мечеви со Србија и Северна Ирска на гости за пласман на ЕП во Израел идната година.
Соборот на репрезентацијата е закажан за понеделник 3 септември во хотелот „Александар палас“. Репрезентацијата до заминувањето за Загреб идниот четврток ќе тренира по двапати дневно. Македонија на 7 септември го отвара циклусот со гостувањето на „Максимир“ (20.15 часот), а четири дена подоцна ќе гостува и во Глазгов кај Шкотска (20.45 часот).
ГОЛМАНИ
Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт/Романија), Мартин Богатинов (Карпати/Украина), Томе Пачовски (Мехелен/Белгија)
ОДБРАНА
Бобан Грнчаров (Ботев Пловдив/Бугарија), Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт/Романија), Александар Тодоровски (Полонија Варшава/Полска), Николче Новески (Мајнц 05/Германија), Ванче Шиков (Волин/Украина), Даниел Мојсов (Војводина/Србија), Горан Попов (Динамо Киев/Украина), Александар Лазевски (Партизан/Србија),
СРЕДЕН РЕД
Никола Глигоров (Алки/Кипар), Мухамед Демири (Тун/Швајцарија), Величе Шумуликоски (Тианјин Теда/Кина), Стефан Спировски (Борац Чачак/Србија), Дарко Тасевски (Шмона Кириат/Израел)
НАПАД
Ферхан Хасани (Волфзбург/Германија), Иван Тричковски (Бриж/Белгија), Стевица Ристиќ (Сувон Самсунг/Кореа), Горан Пандев (Наполи/Италија), Мирко Ивановски (Астра Плоешти/Романија), Агим Ибраими (Марибор/Словенија), Александар Трајковски (Зулте Варегем/Белгија)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Тимот е ист, како што очекував, освен само што ги викнал Тасевски, Ристиќ и Тородовски а не ги викнал подобрите од младите Ристоски и Урдинов. Па нема баш промена вака...
 
P

pepito*

Гостин
Стефан Ристовски не го зел :cautious:, 100% Даниел Георгиевски ќе биде прва постава.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.141
Поени од реакции
4.021
Реално гледано Георгиевски и Ристовски се на исто ниво (лично јас повеќе предност би му дал на Георгиевски), а со оглед на тоа што У-21 репрезентацијата ги има завршните/клучни два натпревара во нивните квалификации, мислам дека до негде е и правилно што го пуштил Ристовски за нив да игра, Георгиевски би требало да биде доволен во А тимот за таа позиција, го има на клупата Тодоровски евентуално како резерва...

Имајте на ум дека големи промени за овие натпревари неможе да прави оти веќе ги пратија апликациите за визи за Шкотска, така да сега Јаневски и да сака да додаде нови играчи нема баш простор за тоа оти и онака нема веќе време нови визи да се извадат, така да мора горе доле со истата екипа да отиде таму.

Според мене, един пропуст е Ѓуровски што не го зел, и Ристовски/Илијоски/Наумоски исто би можел да ги викне но сепак они 3 не се до толку неопходни оти имаме доволно добри играчи за тие позиции...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.485
По 2-3 натпревари, очекувам и Марио Ѓуровски да заигра за репрезентацијата, како што е редно.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
По 2-3 натпревари, очекувам и Марио Ѓуровски да заигра за репрезентацијата, како што е редно.
За него дојдов да прашам.
Кај се изгуби дечково, изигра некоја утакмица, сега гледам некое време не е ни меѓу повиканите.
Повреден да не е нешто или?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
За него дојдов да прашам.
Кај се изгуби дечково, изигра некоја утакмица, сега гледам некое време не е ни меѓу повиканите.
Повреден да не е нешто или?
Сигурно го има шинато половиот орган таму во Азија :pos:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
8.099
еднаш или два пати не го пуштија ...и сега не го викат поќе
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Интересен тим има викнато,кој знае можда сега ќе ни тргне.На крај краева не може да биде полошо од тоа до сега
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
Кој ни дава на нас да играме со 12 играчи, бе брат? :unsure:
А треба да ни дадат да играме со 12 може тогаш ке победиме некој
--- надополнето: 27 август 2012 во 19:04 ---
Зашто пак шумахер леле еј у пм абе залтен тодорчев за таа позиција ццц
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
584
Поени од реакции
714
Многу поважно е тоа што тактика односно стил на игра ќе спреми селекторот.Со едни исти играчи можат во зависност од тактиката да се изиграат различни по квалитет утакмици,а играчите се тие немаме некои преголем избор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom