Македонска фудбалска репрезентација

Член од
17 април 2024
Мислења
589
Поени од реакции
1.369
А и Столе јако се заеба со трансферот во Валенсија, ќе грее клупа сега цела сезона.
Валенсија е поголем клуб од Валекано ама моментално фудбалски тоа не изгледа така, во тешка криза се додека овие купија некои интересни играчи и се гледа дека имаат поголеми амбиции од Валенсија.
Не знам дали пари беа во прашање и колкава плата земал ама ако имал можност да остани во Ваљекано уште една година како позајмен тоа ќе беше најдобро за него.
Се истрча човекот. Валенсија и самиот Столе беа убедени дека Ливерпул ќе го купи Мамардашвили, за да биде прва опција. За жал, на Столе не му се погоди, Алисон не направи трансфер кај Арапите и ќе остане прв избор и оваа сезона. Ливерпул го купи Мамардашвили, но го испрати на едногодишна позајмица токму во Валенсија (најверојатно сами се избориле за ова). Во секој случај, многу лоша ситуација за Столе...
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.829
Поени од реакции
7.200
Ги читам луѓево по коментари и повеќето се фатиле за Мрме и тоа Европското, ќе помисли некој дека сме биле велесила во фудбал, а не дека ни се поклопија 5000 коцки за да стигнеме до таму.

Прво и најбитно почна Лига на Нации и тоа во најдобар момент за нас, кога имавме можеби најдобра репрезентација во нашата историја и играчи во форма што имаа битни улоги по клубовите, за жал од тогаш навака сите се во слободен пад.
Барди беше во Леванте, го замени со Трабзон, небо и земја се шпанска и турска лига, Алиоски играше во Лидс, прва постава против екипи од Премиер лига, после тоа отиде кај Арапите, последните 3 години 5 настапи нема за клуб.
Елмас беше во Наполи, со трансферот во Лајпциг изгледа само си ја закопа кариерата.
Го имавме и Адеми што мислам дека беше главен играч на терен и сам ја држеше средината, плус Пандев кој беше лидер, капитен и голем авторитет врз сите.

Втора многу битна работа, фати короната и натпреварите се играа без публика, што во тој момент беше идеално за нас.
Не сакам да замислам колку тензија ќе имаше со Косово, многу поголем ќе беше притисок врз играчите и којзнае во кој правец ќе тргнеше натпреварот.
Со Грузија ќе беше пекол, немаше шанси да ги добиеме на нивен терен со 50.000 публика.

Толку е од оваа генерација, им помина пикот, веќе нема ни желба кај играчите за некој поголем успех, нула емоција на терен има кај сите до еден, се заситија од репрезентација после Европското.
Во моментов ни еден селектор на светот не може ништо да промени, немаме квалитет, поголем дел од играчите се бетонирани на клупа по клубовите, останатите играат во многу слаби лиги, нови деца што би промениле нешто нема на повидок.
Така ќе тапкаме во место со мртви репрезентации, јако може да изиграат само со големи репрезентации во Скопје, тогаш ќе бидат мотивирани, кога ќе им биде од личен интерес.

За подобри резултати ќе почекаме да дојдат некои нови деца и со нив да донесат некои подобри времиња, за сега толку.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.343

Не знам како да ти кажам ама нерешено со Фарски е очај па колку сакаат нека се заситени или ван форма чиниш игравме со сериозна репрезентација па толку биле можностите :masa:
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.091
Поени од реакции
3.835
Дека е неуспех ремито со Фарски Острови, точно. Ама далеку се од екипи како Лихтенштајн, Андора, Сан Марино и Гибралтар. Па и Малта. Ја победија Турција на последните Лига Нации, а и во квалификациите на прошлото ЕП не се проѓаше лесно со нив. Чешка и Полска дома се мачеа со нив, а Албанија 0-0 им остана како увертира за ЕП. Со нив мора рано да дадеш два гола и после да ги чекаш да се подотворат. Само да не ги промашеа оние чисти шанси немаше никој да грака вака или така (а и тогаш пак ќе имаше коментари од типот на епа Фарски Острови се - а се гледа дека кај нив се инвестира и во ракомет и во фудбал). Убаво напиша @shweps дека порано имавме јака екипа од играчи кои беа мотивирани и изиграа добро во Лига на Нации, па баражите и пласманот на ЕП. Сега ретко кој е во форма, плус и некои играчи фалат. А мислам дека баражот со Португалија ги падна сите дека беа доста блиску до СП, а не успеаа. Ремито не е за правдање, ама не ни очекував дека ќе им шибнеме таму 3-4 гола. Мислам дека Ерменија и Летонија ќе ни одговараат многу повеќе, затоа што нивните одбрани се многу похаотични и понеорганизирани. Она што ме загрижува од играчиве освен незалагањево е одбраната. Одбраната е лоша и Фараните доста полушанси имаа на крај.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.800
Поени од реакции
5.571
Човекот е без срам и морал, типичен пример на македонски сељак шо дошол до некаква позиција и си кроти иако и сам знае дека за кур не го бива.
одлично кажано, типичен примерок за мк сељак... баш како сега се сеќавам на една утакмица мислам дека беше 2006/2007 година, втора лига играа Цементарница и Караорман... дечкото им беше нели капитен на Цементарница, така и го запамтив кој е.... Караорман беше дојден во Скопје со младинци... гнојот се уби од мавање по децата, лакти, клизачи со две нозе, плукање, шамари.... се сељачко излезе од него на таа утакмица... дури и на неговите соиграчи им беше срам... мислам дека при крајот и излезе, слепецот сам се повреди....

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.505
Поени од реакции
2.180
Мене ми е смешно што се смета дека сме кикснале со ремиво против Фарски Острови на гости. Ни реми на домашен терен немаше да биде којзнае каков кикс, за мене лично. Не се толку послаби од нас у моментов. Можда некогаш, порано биле.

Оно да, гледајќи им го составот, во кои клубови играат нивните репрезентативци според логиката би помислиле дека сме големи фаворити. Имавме доста шанси, не викам не. Ама шансите не се бројат.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
450
Поени од реакции
623
Чекајте бе момци некои од вас стврно треба да разграничат дали се навивачи или експерти, јас мислам дека сме навивачи и дека наша цел е да бараме резултати а не да оправдувам,па ако не можат Фарски да ги тепат што бараат кај некои посериозни репрезентации? Некои смирени тука демек се движиме во права насока,а всушност ништо не им оди, тие се играчите од порано, и такви играчи на мотивација треба да победуваат тимови како Фарски како на тренинг. Ми е гајле какви резултати имале со Турција и со Чешка, за разлика од овај клошар што е тренер со Мрме имавме цел и одеше полека и чекор по чекор остваруваше,овај е без компас и без цел.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
489
Поени од реакции
433
Дечки не знам што воопшто се нервирате настрана шо ни е селекторот крш ние немаме основни услови за фудбал овде па за деца шо имаат талент на 15/16 години е екстремно тешко да се развијат во фудбалери во место каде што се игра селси фудбал на ниви без никаков пристап до медициниски персонал кога ќе дојде по проблем.
На Фарски Острови иако се отсечени и помали има подобри услови за развој, стадионите не се големи но се рамни со вештачка трева и имаат основи работи како топла вода,соблекувални итн.
Ние исто како Косово можеме до солидна екипа само ако ни се трефнат дијаспорците и тоа е тоа.
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
566
Поени од реакции
660

Пред 20,30 па и 40 годсини да не имаа подобри услови за тренинзи па испаднаа фудбалери како Панчев, савевски, и еден куп други. Ама тогаш се играше од љубов сега само за пари се мисли и ништо друго. Фарски имале услови, големи мадиња имаат само 50000 жители и колку и да се супер условите изборот е многу помал отколку кај нас. Ама кај нас се пред се мрзи и нема никакво оправдување за сите овие неуспеси.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.702
Поени од реакции
36.537
Едно малце глупаво прашање, ама морам да бидам 100% сигурен, а ФФМ немаат ЧПП на сајтот: на стадион вечер дали смее да се влезе со чадор?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Едно малце глупаво прашање, ама морам да бидам 100% сигурен, а ФФМ немаат ЧПП на сајтот: на стадион вечер дали смее да се влезе со чадор?
За 400 ден трк во Рустикана на ќебапи башка нема да ти го земат чадорот
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.702
Поени од реакции
36.537
За 400 ден трк во Рустикана на ќебапи башка нема да ти го земат чадорот
Имам карти веќе, и не е проблемот за мене, ама со дете ќе бидам, па да бидам сигурен, ако треба да му барам кабаница
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Имам карти веќе, и не е проблемот за мене, ама со дете ќе бидам, па да бидам сигурен, ако треба да му барам кабаница
Мислам дека не правеа проблем за чадори, само никад не знаеш ако можеш да набавиш кабаница подобро. Раат глава
 
Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
346
Едно малце глупаво прашање, ама морам да бидам 100% сигурен, а ФФМ немаат ЧПП на сајтот: на стадион вечер дали смее да се влезе со чадор?
Кабаница и уживајте со малиот во велелепната игра на нашите најдобри 11.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom