Ги читам луѓево по коментари и повеќето се фатиле за Мрме и тоа Европското, ќе помисли некој дека сме биле велесила во фудбал, а не дека ни се поклопија 5000 коцки за да стигнеме до таму.
Прво и најбитно почна Лига на Нации и тоа во најдобар момент за нас, кога имавме можеби најдобра репрезентација во нашата историја и играчи во форма што имаа битни улоги по клубовите, за жал од тогаш навака сите се во слободен пад.
Барди беше во Леванте, го замени со Трабзон, небо и земја се шпанска и турска лига, Алиоски играше во Лидс, прва постава против екипи од Премиер лига, после тоа отиде кај Арапите, последните 3 години 5 настапи нема за клуб.
Елмас беше во Наполи, со трансферот во Лајпциг изгледа само си ја закопа кариерата.
Го имавме и Адеми што мислам дека беше главен играч на терен и сам ја држеше средината, плус Пандев кој беше лидер, капитен и голем авторитет врз сите.
Втора многу битна работа, фати короната и натпреварите се играа без публика, што во тој момент беше идеално за нас.
Не сакам да замислам колку тензија ќе имаше со Косово, многу поголем ќе беше притисок врз играчите и којзнае во кој правец ќе тргнеше натпреварот.
Со Грузија ќе беше пекол, немаше шанси да ги добиеме на нивен терен со 50.000 публика.
Толку е од оваа генерација, им помина пикот, веќе нема ни желба кај играчите за некој поголем успех, нула емоција на терен има кај сите до еден, се заситија од репрезентација после Европското.
Во моментов ни еден селектор на светот не може ништо да промени, немаме квалитет, поголем дел од играчите се бетонирани на клупа по клубовите, останатите играат во многу слаби лиги, нови деца што би промениле нешто нема на повидок.
Така ќе тапкаме во место со мртви репрезентации, јако може да изиграат само со големи репрезентации во Скопје, тогаш ќе бидат мотивирани, кога ќе им биде од личен интерес.
За подобри резултати ќе почекаме да дојдат некои нови деца и со нив да донесат некои подобри времиња, за сега толку.