Грешка направи Милевски што не си даде сам оставка после натпреварот со Англија, сега веќе е касно за било што, многу негативна енергија се насобра кај публиката и нема шанси да се извлече од ова, никакви победи веќе не го спасуваат.
Плус има голем притисок од екипата поддржана од новата власт што на пролет најверојатно ќе дојде на чело на федерацијата, Масар Омерагиќ, Иди, Миленко, Пандев, Агим Ибраими...
Капак на се конфликтот со Ристовски и изјавите на незадоволни играчи како Николов и Дориев што се надеваат дека со смена во ФФМ ќе добијат повик за репрезентација, нема да ме чуди да има уште некој играч што ќе се приклучи на овие во скоро време.
Завршена приказна е Милевски, криво ми е само што ќе замине на таков начин, со фрлање дрва и камења по него од сите страни, мислам дека не заслужи толку голем хејт.
Боби е селектор што прв пат се пласираше на едно Европско првенство со било каква македонска фудбалска репрезентација, прв што на некој начин наметна победнички менталитет и нова надеж кај луѓето за иднината на нашиот фудбал, прв што во квалификации за Светско заврши втор во група, ја исфрли Италија во Палермо, нерешено со Англија и Италија во Скопје...
Многу брзо забораваме каква беше ситуацијата во сениорска репрезентација пред да се појави оваа генерација што се пласираше на Европското У21.
Далеку од тоа дека и Милевски е светец, си имаше и самиот свои грешки, само мислам дека е далеку од тоа што пробуваат да го претстават.
Играчите се тие, кој и да биде селектор ќе ги повика истите, може ќе има неколку измени кои ништо не би промениле во целокупната слика.
Проблемот во нашиот фудбал е далеку поголем од Благоја Милевски и нема да се реши само со негова смена.
Ние немаме инфраструктура, немаме развиен систем на работа за развој на млади играчи, нема терени, квалитетни тренери, клубови...
Додека не почнеме да ги решаваме овие работи и најголемите клубови во државата кои имаат историја, традиција и навивачи се борат да преживеат нема да мрднеме од мртва точка.