Нема да ме чуди Бугарија да не посрамоти на домашен терен кога ќе играме сеа.
Репрезентацијава ни е во слободен пад влезена, освен Миовски и Џани, сите други играчи отидоа чекор уназад летово.
Барди од Шпанија отиде да игра у Турција у најубавите години од кариерата.
Елмас стана шеста опција у Наполи, не е чудо и да го шитнат.
Муслиу глави у трета германска.
Чурлинов од “вундеркинд“ кој би играл Бундес отиде у втора лига па сеа во уште една втора лига.
Бобан Николов, Стефан Спировски и македонскиот Бекенбауер - Дарко Велковски не можат да најдат клуб сеуште.
Едвај 5 играчи имаме у натпреварувачка форма у асални клубови.
Додај го на тоа и фактот дека и сер Боби голем дел од досегашното време експериментира и не знае да ги уклопи работите, не ни се пишува добро у следниов квалификациски прозор.
Тоа дека можеме да изгубиме од Бугарија секако е опција, ние секогаш сме го имале тој проблем кога играме како фаворити да кикснеме. И нема врска со нашиот слободен пад.
Што се однесува до твоиве забелешки:
-Барди замина од Шпанија во Турција, но замина од второлигаш во шампионот на Турција,
-Елмас и претходно беше шеста опција во Наполи,
-Германската трета лига е сигурно подобра од унгарската прва,
-Не знам од каде ти е ова за Чурлинов, но дечкото не бил никогаш вундеркинд. И трансферов воопшто не е лош, доколку во Барнли игра редовно. Екипава потрошила 20 милиони евра на трансфери оваа година, не знам дали некој надвор од топ пет лигиве троши толку многу. Па и Алиоски долго време играше во таа лига, па после се проби и во Премиер.
-Се согласувам дека Николов, Спировски, Велковски треба побрзо да си најдат клуб, но од овие реално само Велковски е прва опција за репрезентација. А и во Ријека не дека играше којзнае колку, ама па за репрезентација беше одличен.
На хартија, треба да ја победиме Бугарија, требаше да ги победиме и таму. Но мора да бидеме свесни дека ние не сме Германија и да очекуваме да тепаме на секоја утакмица. Доколку играчите останат добро мотивирани, јас верувам дека можеме повторно на големо натпреварување.