Македонска фудбалска репрезентација

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Во ред е што изгубивме, туку зошто никој не го спомнува пеналот што не ни беше досуден на 2-0 80 и некоја минута мислам дека над Ашковски беше стартот веднаш после соло акцијата на Елмас...да беше за Португалија убеден сум дека ќе го свирнеа во било кое време..па посебно ако беше 0-0.....разбирам дека секогаш се форсираат посилните и пореномираните репрезентации во ваквите натпреварувања ама затоа е воведен ВАР....резил и срамота е ама од еуфоријата многу малце се спомнува оваа ситуација иако она се свири.

Над Миовски. Чист пенал. Не ме чуди зошто не беше свирнат, фекалијата Ентони Тејлор кога е на чело, вакви работи се очекуваат.
Ајде тој што е копито слепо, па и од ВАР собата да нема реакција, жално.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.480
Поени од реакции
9.032
Ниту една генерација на репрезентативци никако да сфати со години. Дека секогаш кога се игра со по реномиран европски противник (не само во фудбалот) судиите ќе бидат на страната на по реномираните. Тоа значи дека нашиве играчи не само што треба да покажат еднаква игра како противникот и да се надигруваат со нив туку мора да очекуваат и судиска неправда. Тоа отсекогаш било така и така ќе остане.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.034
Поени од реакции
28.670
Стево е крив бе, и оној Османи со пасошите...мешаат политика со спорт, остајте таму нека играат луѓето.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.950
Поени од реакции
6.746
Нема што да очајуваме, момците на двата натпревари изиграа машки, храбро, борбено, изгинаа на терен, покажаа и квалитет и дрскост, сме имале вакви натпревари од слична важност во други спортови каде што сме ја утнувале уште од самото излевање на терен со ставот, овие момци во ниту еден миг не потфрлија, дадоа многу повеќе и од својот максимум и треба да бидат пример за сите во државата како треба да се бориш и живееш за неа.

Да ни кажеше некој пред некое време дека ќе ги имаме овие успеси тешко да му се веруваше, но бевме на чекор до СП и тоа како заслужено, вчера она што ќе ме боли е што португалциве ама буквално ништо не покажаа, сами се победивме по една грешка која дојде од играч кој најмногу изгоре во желбата да се покаже, секоја критика кон него е излишна, верувам дека ако нас ни беше тешко него му беше пута илјада, изигра машки секој натпревар фајтерски и на крај направи таков пропуст, но тоа е фудбалот, некогаш те сака, некогаш те заобиколува среќата.
Немаше да ми биде криво и да изгубиме 5-0 ако се подобри од нас и не надиграт, но ние сами им ја дадовме победата на тацна, освен еден корнер буквално ништо не изиграа, италијанциве имаа каде-каде подобра игра од португалциве против нас, овие ако не направевме две грешки немаше гол да дадат од утресабајле, да не примивме гол до 70та минута сум убеден дека ќе ги победивме.

Оваа генерација допрва треба да го покаже својот квалитет во натпреварите што следуваат, фали шпиц напред и тоа е ахиловата пета на овој тим, фали играч кој ќе завлече напред, ќе отвори позиции, ќе влезе во гол шанса со што ќе ја олесни работата и на средниот ред во креирањето на акции, со пласман на ЕП во Германија ќе биде врвот на македонскиот фудбал , ќе биде празник секој натпревар со по 10-15 000 Македонци на секој натпревар.

Играт секој натпревар со срце, некој играчи редно е да направат трансфер во поголем клуб и со самото тоа да го зголемат својот квалитет, тактички играме маестрално после првите напревари каде тотално потфрли Боби сепак си увиде на грешкиве и на последните натпревари беше тактички маестрален, повеќе нема да се тресеме кога играме натпревари против аутсејдери во кои треба да имаме сигурни победи, наредните квалификации и лига на нација и за ЕП да уживаме во ваков фудбал и секој нивен натпревар да е празник за нас.

Момците не сплотија, не направија горди, цел свет зборуваше за нас благодарејќи на нив, главата крената горе и продолжуваме понатаму, уште многу радости не чекат со оваа репрезентација во иднина.
 
Последно уредено:
Член од
7 март 2017
Мислења
28
Поени од реакции
13
Имаше на ТВ мислам дека беше на Сител. Пандев исто беше револтиран за тоа даде изјава. Не знам зошто јавно не се разговара за тоа по телевизииве. Ајде нека не е така како што пишувам ама да немаш национален пренос на ТВ за фудбалска репрезентација...
Жив срам сме.
Автоматски споено мислење:


Да може да го наместат некако да падне на провокација и да фаулира у негов стил :)
Не бе, незнам што имаш слушнато ама 1000% е грешно. Секогаш летаат со чартери, 5* хотели и сите нај нај услови. Друго, платени се и за секој повик за репката од минимум 1000-1200 еура плус авио тикет шо иди за собир. Ретко која наша репрезентација може да се пофали со вакви услови.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Над Миовски. Чист пенал. Не ме чуди зошто не беше свирнат, фекалијата Ентони Тејлор кога е на чело, вакви работи се очекуваат.
Ајде тој што е копито слепо, па и од ВАР собата да нема реакција, жално.
Очекував дека ќе не скинат судиите ама пак бе срамно е што уште во 2022 година при ВАР има онакви работи...да беше за нив Роналдо ќе плачеше 15 минути а Сантош ќе му се обесеше на четвртиот судија...публиката ќе напраеше притисок и то е то ...пенал.

И сега ние сме во подредена ситуација дека сме мала никаква држава и репрзентација,плус на гостински терен , плус никој не се побуни.....значи сите овие работи уште влијаат на судиски одлуки иако постои ВАР....срамно и резил
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Претеравте малку со тие среќи-несреќи :) Да не заборавиме дека Романија имаше се во свои раце поради наши 3 катастрофални партии во низа во септември 2021 :) Сепак, истата Романија се избламира против Исланд, па така добивме шанса за овој бараж што е секако плус од било која гледна точка. Ова може да е огромен плус за некој од дечките да биде скаутиран за добар трансфер, па да се надеваме дека и во иднина се повеќе ќе растат и придонесуваат за репрезентацијата.

Мисијата EURO2024 Germany е реално достижна, треба да бидеме први во група покрај Бугарија, Грузија и Гибралтар. Во евентуалниот плеј-оф би играле против Турција, Грција/Северна Ирска, Словачка. Овој пат не е воопшто наивен како претходниот од Лига Д, меѓутоа со целото искуство стекнато изминативе 2 години, верувам дека има на што да се надеваме! :)

Дополнително, регуларните квалификации од март 2023 до ноември 2023, првите 2 места од секоја група ќе водат на EURO2024. Претпоследниот квалификациски циклус ни беше трето место, а последниот второ место. Има место за оптимизам, сепак во блиска иднина неопходен ни е барем еден посериозен шпиц.

Во поглед на светските првенства, 4 години после Катар, домаќини во 2026 ќе бидат Канада, САД и Мексико. За прв пат, на светско ќе играат 48 репрезентации во споредба со моменталниот формат кој има 32. Сепак, ова проширување од 50% не е некоја голема олеснителна околност за нас бидејќи од УЕФА ќе има само 3 дополнителни репрезентации (13 --> 16) што процентуално би изнесувало 23%.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.480
Поени од реакции
9.032
фали шпиц напред и тоа е ахиловата пета на овој тим, фали играч кој ќе завлече напред, ќе отвори позиции, ќе влезе во гол шанса со што ќе ја олесни работата и на средниот ред во креирањето
Аман бе луѓе со тој шпиц не играме фудбал од 80-ти. Фали многу повеќе од еден класичен шпиц. Не само што немаме класичен шпиц немаме ни брзи крила што знаат да се уфрлат кон гол и да се враќаат назад во одбрана кога треба. Највеќе од се фали ХЕМИЈА ВО ИГРАТА. Дали видовте вчера дека не знаат да врзат игра, да дриблаат, да се немало креативност како да не се познаваат меѓусебно и дека кога немаат идеја топката завршува кај Столе НАМЕСТО ДА СЕ КРЕИРА НАПАД. Да не пишувам дека играч како Алиоски кој играл во премиер лига да не знае да изведе аут а па камоли да украде простор кога се изведува аут. И ред други основни недостатоци во тимот.
Автоматски споено мислење:

Не бе, незнам што имаш слушнато ама 1000% е грешно. Секогаш летаат со чартери, 5* хотели и сите нај нај услови. Друго, платени се и за секој повик за репката од минимум 1000-1200 еура плус авио тикет шо иди за собир. Ретко која наша репрезентација може да се пофали со вакви услови.
Во ред можеби погрешно сум разбрал. Се извинувам ако не е точна информацијата.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Тренеров се покажа како велемајстор, немаше никаква тактичка грешка овие 2 натпревари. Едноставно изгубија на квалитет од Португалија, очекувани се индивидуални грешки од играчите, то е то. Сепак ние сме далеку од Португалија и Италија, за да ги тепаш ти треба огромна среќа покрај перфектно одигран меч од твоја страна. Моментално сме добра европска екипа, негде на средината. На било кој друг континент би се пласирале речиси сигурно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Дополнително, регуларните квалификации од март 2023 до ноември 2023, првите 2 места од секоја група ќе водат на EURO2024. Претпоследниот квалификациски циклус ни беше трето место, а последниот второ место. Има место за оптимизам, сепак во блиска иднина неопходен ни е барем еден посериозен шпиц.
Многу е важно за тој квалификациски циклус да изиграме одлично во шесте натпревари од Лига на нации, особено трите налето, зашто при жрепката за квалификациите сместувањето на репрезентациите по шешири се прави според ранкингот. Ние моментално сме 34 во Европа, а со оглед на тоа што ќе има 10 групи, секако би биле во 4 шешир, ако остане вака. Но ако успееме да ги поминеме Албанија, Словенија, Исланд, Босна, па и Финска, и ако влеземе во топ 31 (31 зашто Германија нема да игра квалификации), ќе бидеме во трет шешир и ќе избегнеме репрезентации како Унгарија, Норвешка, Романија, Турција. За тоа ни требаат победи в лето.

Мисијата EURO2024 Germany е реално достижна, треба да бидеме први во група покрај Бугарија, Грузија и Гибралтар. Во евентуалниот плеј-оф би играле против Турција, Грција/Северна Ирска, Словачка. Овој пат не е воопшто наивен како претходниот од Лига Д, меѓутоа со целото искуство стекнато изминативе 2 години, верувам дека има на што да се надеваме! :)
Мислам дека не е уште познато на кој начин ќе се играат баражите преку Лига на нации. Се знае само дека 3 репрезентации ќе одат на Европско преку Лига на нации, ама може да им текне да играат во плеј оф шесте најдобро рангирани по Лигата кои не се пласирале на Европско преку квалификации. Ќе видиме. Во секој случај, се надевам дека нема да ни треба Лигата на нации и ќе избориме пласман преку регуларните квалификации.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Во ред е што изгубивме, туку зошто никој не го спомнува пеналот што не ни беше досуден на 2-0 80 и некоја минута мислам дека над Ашковски беше стартот веднаш после соло акцијата на Елмас...да беше за Португалија убеден сум дека ќе го свирнеа во било кое време..па посебно ако беше 0-0.....разбирам дека секогаш се форсираат посилните и пореномираните репрезентации во ваквите натпреварувања ама затоа е воведен ВАР....резил и срамота е ама од еуфоријата многу малце се спомнува оваа ситуација иако она се свири.
Тоа е цената на мала банана држава, ни вар ни ништо, класичен чист пенал беше.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Многу е важно за тој квалификациски циклус да изиграме одлично во шесте натпревари од Лига на нации, особено трите налето, зашто при жрепката за квалификациите сместувањето на репрезентациите по шешири се прави според ранкингот. Ние моментално сме 34 во Европа, а со оглед на тоа што ќе има 10 групи, секако би биле во 4 шешир, ако остане вака. Но ако успееме да ги поминеме Албанија, Словенија, Исланд, Босна, па и Финска, и ако влеземе во топ 31 (31 зашто Германија нема да игра квалификации), ќе бидеме во трет шешир и ќе избегнеме репрезентации како Унгарија, Норвешка, Романија, Турција. За тоа ни требаат победи в лето.


Мислам дека не е уште познато на кој начин ќе се играат баражите преку Лига на нации. Се знае само дека 3 репрезентации ќе одат на Европско преку Лига на нации, ама може да им текне да играат во плеј оф шесте најдобро рангирани по Лигата кои не се пласирале на Европско преку квалификации. Ќе видиме. Во секој случај, се надевам дека нема да ни треба Лигата на нации и ќе избориме пласман преку регуларните квалификации.
31 сме во Европа моментално, така да очекувам да сме во трет шешир.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.033
Поени од реакции
34.433
Над Миовски. Чист пенал. Не ме чуди зошто не беше свирнат, фекалијата Ентони Тејлор кога е на чело, вакви работи се очекуваат.
Ајде тој што е копито слепо, па и од ВАР собата да нема реакција, жално.
20 секунди предходно, во истата акција, пенал над Елмас не свиреше копилето.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
20 секунди предходно, во истата акција, пенал над Елмас не свиреше копилето.

И тоа беше спорно, ама донекаде разбирам зошто не се осврна, демек Пепе ја изби и топката па ајде.
Ова над Миовски беше апла. Не му треба помош на една Португалија со Македонија, нема смисла.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
31 сме во Европа моментално, така да очекувам да сме во трет шешир.
Да, ова е провизорна листа која ќе биде објавена утре. Не знам дали тука е влезен и мечот со Португалија во пресметките, ќе видиме утре. Сепак, најважен е септемврискиот ранкинг, зашто жрепката ќе биде во октомври (9 октомври, ако не се лажам). Репрезентациите со кои ќе играме во Лига Европа се сите послабо рангирани од нас, па ако изгубиме некој натпревар, можеме лесно да паднеме под 31 позиција (сега ми текна, ако Русија остане вон игра, и 32 место во Европа ќе биде доволно за 3 шешир). Затоа сепак е мнооогу битно да имаме што е можно повеќе победи во тие 6 натпревари (или барем во оние 3 од лето).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom