Нема што да очајуваме, момците на двата натпревари изиграа машки, храбро, борбено, изгинаа на терен, покажаа и квалитет и дрскост, сме имале вакви натпревари од слична важност во други спортови каде што сме ја утнувале уште од самото излевање на терен со ставот, овие момци во ниту еден миг не потфрлија, дадоа многу повеќе и од својот максимум и треба да бидат пример за сите во државата како треба да се бориш и живееш за неа.
Да ни кажеше некој пред некое време дека ќе ги имаме овие успеси тешко да му се веруваше, но бевме на чекор до СП и тоа како заслужено, вчера она што ќе ме боли е што португалциве ама буквално ништо не покажаа, сами се победивме по една грешка која дојде од играч кој најмногу изгоре во желбата да се покаже, секоја критика кон него е излишна, верувам дека ако нас ни беше тешко него му беше пута илјада, изигра машки секој натпревар фајтерски и на крај направи таков пропуст, но тоа е фудбалот, некогаш те сака, некогаш те заобиколува среќата.
Немаше да ми биде криво и да изгубиме 5-0 ако се подобри од нас и не надиграт, но ние сами им ја дадовме победата на тацна, освен еден корнер буквално ништо не изиграа, италијанциве имаа каде-каде подобра игра од португалциве против нас, овие ако не направевме две грешки немаше гол да дадат од утресабајле, да не примивме гол до 70та минута сум убеден дека ќе ги победивме.
Оваа генерација допрва треба да го покаже својот квалитет во натпреварите што следуваат, фали шпиц напред и тоа е ахиловата пета на овој тим, фали играч кој ќе завлече напред, ќе отвори позиции, ќе влезе во гол шанса со што ќе ја олесни работата и на средниот ред во креирањето на акции, со пласман на ЕП во Германија ќе биде врвот на македонскиот фудбал , ќе биде празник секој натпревар со по 10-15 000 Македонци на секој натпревар.
Играт секој натпревар со срце, некој играчи редно е да направат трансфер во поголем клуб и со самото тоа да го зголемат својот квалитет, тактички играме маестрално после првите напревари каде тотално потфрли Боби сепак си увиде на грешкиве и на последните натпревари беше тактички маестрален, повеќе нема да се тресеме кога играме натпревари против аутсејдери во кои треба да имаме сигурни победи, наредните квалификации и лига на нација и за ЕП да уживаме во ваков фудбал и секој нивен натпревар да е празник за нас.
Момците не сплотија, не направија горди, цел свет зборуваше за нас благодарејќи на нив, главата крената горе и продолжуваме понатаму, уште многу радости не чекат со оваа репрезентација во иднина.