Да не ја листам темава а и ошто после Италија све е кажано на сметка на оваа наша златна генерација иако останува горчинава на моментот толку блиску а устгвари толку далеку, слетна шанса за убедливо најголемиот наш спортски успех тек за 4 години али што е тука е.
Повеќе ќе се осврнам на нешто што ич не ми се допадна а не сакав да го спомнам уште ден-два после Италија и да кварам атмосфера, али премногу еуфорично се понашавме со пречеци со све, не ние ко народ јер тоа наше однесување беше нормално, али пред се фудбалерите, федерацијата и све што е поврзано со нашиов фудбал, од медиуми до стручни лица. Требаше тотално да се изолираат играчите од све што се дешава околу нив, да се пратат у некоја тренинг база и да се фокусираат само на дуелот што следи а не емоцинално да се трошат на победа која беше само еден мал чекор на крајот кој не доближуваше до, за нас, фудбалскиот Монт Еверест.
Тука беше направена круцијална грешка која само им одмогна на фудбалерите, не дека ако се однесуаа онака како што требаше да се однесуваат, денес ќе славеа, далеку од тоа, али односот наш беше одлик на крајно неискуство кое можевме а и моравме да го избегнеме. Во фудбалот се брои она што денес се случуваше, дури и победа над актуелен европски првак на крајот од денот може да ти донесе ништо, таа сатисфакција што таа вечер ја имавме денес беше засенета, и за иста ваква прилика ќе чекаме сега 4 години со надеж дека ќе ни се поклопат коцките подобро, јер за баражов воопшто немавме среќа. И да не бидам сфатен погрешно, Португалија ни се ужасен меч ап, дури и све да беше онака како што треба да биде, денес (ќе) беше претешко да се победи, башка што имаат тренер за кој сум убеден дека веќе со години, после европската титула, не е во можност да го вади максимумот од овој тим. А реков и пред овој меч а после Италија, креираа една ебано добра нова генерација која има ростер способен да ја освои светската титула, и за наша несреќа у први тим имаат едно 6 играчи кои моментално се во страшна форма а притоа играат за екипи ко Сити и Ливерпул на пример.
За жал немаме кадар во земјава која ова ќе го искористи ко некаков ветер во грб и уште од утре ќе почне да крои план за следните фудбалски генерации, со оглед на фудбалската состојба во земјава потребен ни е план на државно ниво а за такво нешто нема апсолутно никаква најава а ваквите моменти поставуваат основа и услови за такво нешто. Али нешто слично ко и со кошарката и она 4то место на ЕП, ќе избледе и ова, моментумот ќе се изгуби и нас фокусот ќе ни биде како тоа Фатиме Фетаи догурала до вип ложа у Палермо јер на тоа ни се сведува нас фудбалскиот мајндсет.
Останува да се надеваме дека ќе имаме добар извоз на фудбалери и истите тие таленти кои на прсти се бројат ќе успеаат да убодат квалитетна фудбалска средина која ќе им овозможи и голем напредок и големо искуство кое потоа ќе биде преточено во националниот фудбалски дрес.
Како и да е уживав во оваа мала но слатка фудбалска еуфорија која сите ние за прв пат у нашите животи успеавме да ја искусиме, убаво би било да ни стане навика во иднина иако со ваква фудбалска федерација и фудбалски домашни услови тоа е скоро и невозможно, поише може да делуваме нешто налик на Босна која исто имаше супер генерација со Пјанич и Џеко у прајмот, кога беа и на светското у Бразил ако не се лажам али после тоа, то је то, downfall. Поентата ми е дека треба многу поише од само една супер фудбалска генерација која дефакто за наши услови сега ја имаме.