Абе шо се само да не речам глупирате ама стварно нема врска тоа што го зборите (со исклучоци).Една од најголемите грешки што ги направи Јонуз (ги потврдувам некои од другите постови) беше таа што во игра ги стави Наумоски,"маестро Великано" Шумоликоски (ебати дрвата).Добра му беше идејата да го стави Тричковски како десно или лево крило (не ме фаќајте за збор), се покажа не можеби така импресивно како со Азербејџан и Романија, ама сепак беше солиден.
Шиков:Да не го заборавам Шиков, мора да го споменам.Јас не го осудувам Јонуз за тоа што го ставил Шиков, туку за тоа што не го ставил Тодоровски.Зошто го немаше Тодоровски (незнам дали беше на клупа), тој е многу подобар од Шиков и од Лазаревски вкупно.Некој добар збор за Шиков - висок,корпулентен,средна по квалитет игра со глава и толку - фудбалска интелегенција нула!
Попов:Дечкото беше прав цар на левата страна дали 2-3 топки поминаа покрај него а тој да не ги прифати или сопре.Чиста петка за Попов.
Пандев:Незнам што му беше синоќа на Пандев.Како некој да го беше "урочил" или пак му ги нема Снајдер и Камбијасо па нема кој да му мести топки и со кој да соработува незнам.Сношти Пандев не беше оноој кој сите го знаеме.
Ристиќ:Откровение на годината во нашата репрезентација!И тогаш судијата да дозволеше предност, кога Шкртел го влечеше за дрес, само господ знае што ќе се случеше.
Инаку да не случеше тој инцидентот можеби ќе издржевме до крај.Можеби кој знае! Но сето тоа е минато да се насочиме кон Ерменија за во вторник и да се потрудат нашиве репрезентативци што поскоро да го заборават овој натпревар.
Зашто сме познати како репрезентација со 2 милиони селектори (не е во лоша конотација ова) и сме за прогон на големиот Шумуликовски, ајде да даваме предлози за подобри играчи на таа позиција. Бираме defense midfielder!
Па да кажеме Ѓуровски.Уствари не, тој игра нешто слично како Пандев или се лажам?
Можеби Игњовски ако прифати да игра за нас или пак оној Сулимани или пак Тасевски?