Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292
Норвешка на 20-ти април ќе ни гостува како светски и европски првак. Веројатно по ова првенство си одат Морк и Лунде.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
На синоќешните награди "Златна Олимпија" за успешни жени во спортот, Сара Ристовска ја зема наградата за најдобра спортистка во екипните спортови. Заслужено :aplauz:

П.С. Како за портал чие име е 24 ракомет, несфатливо е новинарите да не знаат дека ЦСКА лани беше шампион, а не вицешампион на Русија :toe:

 
Член од
4 јануари 2016
Мислења
115
Поени од реакции
207
Седлоска покажува добри игри последниве две недели, вчера 3 гола против Сола од Норвешка а минатата недела 11 гола против Безанкон од Франција во Европската лига. (y)
 
Член од
11 август 2017
Мислења
395
Поени од реакции
328
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Словенија 29: 28 Македонија

Ни одбранија пенал во последните секунди, не не' сакаше среќата да дојдеме до нерешено но тоа е што е. Се осеќа голема подобреност на репрезентацијата откако дојде Савевски. Нека продолжат вака :aplauz:
 
Член од
4 јануари 2016
Мислења
115
Поени од реакции
207
Имаат девојките голем напредок во играта, посебно во напад, се гледа дека се работи добро со Савески. Цел натпревар игравме без десен бек (што и се покажа добро, ја немаше Ѓорѓиевска да прави грешки), а Стојковска, Јаневска и Гичевска дадоа 80% од головите со бековски шутеви и пробиви. Сара одлична, штом добие топка знаеш дека 99% дава гол. Нека продолжат вака, само уште подобра игра може да покажат! :aplauz:
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Штата Јанкуловска што се повреди,таа е една од најнадежните ракометарки што ги имаме,19 години има.
Се надевам дека не е премногу сериозно,само мислам дека се лигаменти,пошто доста болно делуваше.:(

Инаку Јанеска позитивно ме изненади,одлично почна даде неколку гола и подели 2-3 добри асистенции,второ полувреме не е за коментирање тука веќе сите паднаа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.519
Поени од реакции
3.655
Пак истите глупости како со Црна Гора. Не знам што се обидува да направи човекот со 60 минути иста постава на терен на гости и денес дур не ја направија разликата Словенките повторно со истите 7 ракометарки само играше? Јанеска не можеше да диши на крај, два-три пати по ред направи чекори, Стојковска 8/8 имаше мислам на гости, да можеше два натпревари по ред така да ги изигра ќе играше во ЦСКА Москва со Сара. Зошто на ниедна од помладите не им даде нормална шанса? Јанкуловска му беше најдобра против Црна Гора, во двомечов тек денес во второ полувреме што и даде малку прилика и 3 гола даде до повредата за краток период. Миновска одлична исто со Црногорките, на двомечов денес во 50та тек ја пушти. Седлоска во Локомотива која лани играше европско финале веќе има сериозна минутажа, тука 0 секунди изигра, само за еден пенал влезе денес и толку. Ниту еден десен бек повикан, какво понижување за сите играчи кои ги имаме таму. Некој сериозен личен проблем ли има со Кипријановска, која е на ниво ако не и подобра од Јанкуловска? Или и таа ко Керамичиева нема никакви амбиции за некаква кариера?
Не им играа Омореги и Станко на Словенките на двомечов иначе нити таму немаше да биде тесно, а денес ќе беше потоп. После многу долго време се има голем избор на млади ракометарки, жално е да си одбереш само 7 со кои ќе играш и тоа на тест натпревари.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Јас ќе бидам малку подолга.

Реално ако се земе фактот колку се вложува во женскиот ракомет кај нас и фактот дека до пред пола година на полувреме беше +10 за другите репрезентации, можеме да бидеме генерално задоволни со прикажаното на овие два двомеча меѓу Црна Гора и Словенија. И со двете имавме по еден изедначен меч и по еден каде што потклекнавме во одреден дел од мечот.

И јас очекував да даде поголема минутажа на помладите. Но од друга страна пак можеби целта му беше "да ги предизвика и со тоа да ги качува левел погоре" овие ракометарки од кои се очекува да бидат носители на играта на ЕУРО, преку соочување со поголем притисок итн. И мене не ми е јасно искрено, се надевам дека има причина. Се сложувам, ако имаа таква физичка спремност и концентрација ќе играа во појаки клубови. "Лесно" е да се изигра една утакмица на високо ниво, за две во три дена си бара редовност, нешто што нашите репрезентативки, освен Сара го немаат. И каква лоша среќа имаме најдобриот играч да ни е крило, позиција од која не зависи креирањето на нападот.

Гледам експертите на постови по фб веднаш се јавија, кога победиле и слично. Па колку се вложува кај нас во женскиот ракомет? Кој вложил нешто во нив па да очекува резултати? Затоа и клубовите ни се на речиси аматерско ниво (без да сакам никого да навредам, но колку пари - толку музика). Црна Гора го има Будуќност, Словенија - Крим, Хрватска - Подравка и Локомотива. Таму ги оформуваат и "изложуваат" нивните најдобри играчи од каде ги продаваат во добри првенства, а во клубовите имаат тренинзи и натпревари на високо ниво. И тоа е тоа што им овозможува редовно играње на првенствата. А не дека имаат некои посебни таленти: Радичевиќ, Грос, Станко.. другото е горе долу просек што има добра подготвеност во еден систем и континуираност.

Ние нема што им замериме на некои што се 30 години и имаат просечна кариера, за која буквално сами се избориле без ничија помош. А ако сакаме резултати од женската репрезентација и барем како гореспоменатите редовно да играме на првенствата треба да се искористи моментот кога имаме доволен број на искусни ракометарки кои се во океј форма + млади талентирани. Ако некаде требаше да се соберат сите млади квалитетни играчи во еден клуб (иако јас сум за веќе оформен клуб да биде тоа, а не нов) - тоа е женскиот ракомет, не машкиот. Во машкиот има доста клубови кои работат на добро ниво + два европски клуба.

Да се работи во еден клуб со нив, во еден систем. Нормално, селекторот на репрезентацијата да си е тренер таму, а не да е тренер на машки клуб како сега.
Ако е толку тешко да се најдат 10-ина големи фирми кои би одвоиле по не така голема сума (со оглед на тоа што е женски ракомет и млади играчи), а на кои ќе им се претстави дека проектот е за репрезентацијата и за мак играчи, па во тој случај и не заслужуваме да имаме репрезентација на првенствата. Толку е едноставно.

Доволно е само да се игра во европските купови како Локомотива Загреб нешто пример. Полека клубот ќе расте од година во година и ќе се промовираат играчите. Потоа и да нема еуфорија и расположение за спонзорство за поголемо нешто, и да остане на тоа ниво, само да им се отвораат вратите на играчите во добри првенства, па макар тоа било и унгарски клуб што е на средина на табелата - пак е добро за играчот и за репрезентацијата, ќе има квалитетни утакмици секоја недела.

Ако овие млади се остават како и минатите генерации сами на себе заглавени во мк лига исто како нив дел ќе се откажат, дел ќе стагнираат итн..

И ќе дојдат и натпреварите со Норвешка за еден месец, и пак експертите ќе кажат "ете пак 20 разлика изгубивте за ништо не ве бива". И Црна Гора вчера изгуби 17 разлика од Норвешка, не пак ние. Норвешка, Франција се едноставно друг левел.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Од следното ЕП ќе има 24 репрезентации како кај мажите, па би требало да се пласираме редовно.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292
Норвешка го освои Еуро Купот после 4 одиграни кола, како што и мислев ќе се случи. Па така, најверојатно во Скопје ќе дојдат со доста изменет состав и помлади ракометарки (веројатно другите ќе ги чува за реваншот). Треба да е мотив плус за девојките и да изиграат како во Целје и Подгорица. Така да не верувам дека во Скопје ќе ни се случи катастрофа.
Инаку девојките сами си се победија дома со Словенија. Во оние моменти кога се кршеше резултатот, паѓаа и грешеа. Ама ок, овие утакмици се за искуство. Би било убаво и во август да се организира некој мини турнир со неколку репрезентации за да се подигне формата пред ЕП - не мора сите да се квалитетни, може и по некоја послаба. Памтам еден августовски турнир имаше во Охрид негде 1998 и играа нашите со Русија, Украина, СР Југославија, Турција и Бугарија и завршивме втори зад Русија (Маслова голманката наша даде гол од голот нејзин против Југославија и тоа беа овации од публиката :icon_lol: - штета ги нема тие пет натпревари да ги прикажат пак, убаво е да се види таа генерација како растураше).
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Листата на повикани ракометарки за натпреварите против Новершка. Првиот се игра во Скопје, четврток, на 21.04.
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom