Јас како страствен љубител на кучиња, ја сфаќам Пума што сака да ви каже, иако не можам да ја поддржам тука. По дома имам две џукелчиња, а надвор од дома уште 4-5. Често мислам дека оваа држава е проклето место за нивен опстанок, но примерот од Анчо е крајно вулгарен. Многу јасно е дека бил избркан за да му се направи ќејф на сопственикот на кучето, кој веројатно бил со подлабок џеб и попрофитабилен муштерија. Тоа е болката и некултурата, не самото куче. На крај краева, кучето не прозборило, не нападнало и не избркало никого, за да е предмет на расправа. Но и покрај неговата невиност, пак се` околу него се врти. Затоа јас многу ги штитам моите џукели од светов. Ги шетам кај што нема луѓе и тоа најчесто е преку вечер. Не сакам поради нечие незадоволство некој да ми пререче нешто за нив, затоа што нема да одговарам за последиците. Тие се многу малечки по раст, но и во тој случај ги држам подалеку и од деца и од јавни плажи. Сфаќам дека има луѓе кои не мислат како мене, па дури и мразат кучиња, па не би да се ставам во незгодна позиција ради нив.
За вистинските концесионери на плажи кои дозволуваат кучиња, мислам дека би било правилно да оградат еден простор каде би можеле и тие да се бањаат. Не за друго, туку баш поради децата кои би можеле да се уплашат, па од ништо - нешто големо да стане. Дури и јас не би се бањала на исто место со некоја голема раса куче кое не е мое. Секако би ми било непријатно, кога би ми се отворило зад мене. Веројатно од паника и него би го предизвикала да изреагира, па како што реков, од ништо - нешто.
Значи се` е за пари и со пари. И за поситни и помизерни работи луѓето биваат омаловажени и бркани, а тоа треба да се навикнеме да го прифаќаме, затоа што против истото, за жал не можеме. Доволно е барем ние кои не сме такви да си го зачуваме својот памет, за да не изумреме скроз. Вака, колку толку барем држиме некаква рамнотежа.
Алал да ти е за одговорот.
Права вистина како да сте биле таму сведител и сето тоа виделе.
Јас отпрвин неколку минути гледав,заедно со внуците-мали деца
што прави господинот и кучето и ни беше и мило и интересно.
Толку паметно куче. Многу паметно куче.
Господинот ќе го фрли топчето далеку,и се враќа си седи на маса.
Кучево плива ,го наоѓа и зема топчето и се враќа од кај што тргнало.
Во плиткото,легнува-седнува,и мирува гледајќи кон масата каде седи тој.
Толку паметно и верно,и ти како што кажа невино.
Точно така,го обвинивме во оваа ситуација Невиното куче.
Кучето нас не не избрка ,ниту пак ни сметаше,дури мислам и ако останевме ќе се спријателеше и со децата,ќе му го фрлаа топчето.
Јас откога увидов,дека кучето и покрај својот страшен изглед и големина
е безопасно и мило суштество,влегов во водата со внуците-мали деца.
Но бев избркан.
Не од кучето.Тоа со ниеден гест не го најави тоа.
Нас не избрка НЕ - КУЛТУРАТА , на тој концесионер или сопственик на
хотелот,масите,чадорите,куќарките за Џукели-Ама не и водата.
Водата во езерото тој не ја поседува.Водата е од Отовичка и Рудничка река,или можеби од изворот на дедоми,или од дедоти.
Инаку и јас сум голем љубител на животни,посебно кучиња, во следното
пишување ќе дадам и за тоа образложение.
Не е во право Пумата,што вели сум платила и готово.Ќе го носам.
Па ако е така,носи го и во театар,си платила.Ама не е така.
Иако никаде не пишува дека е забрането за миленичиња во театар.
Тоа се подразбира,тоа е нашата поединечна КУЛТИРА.
Таа поединечна култура сум ја забележал и по пазариве.Никаде не пишува : Забрането за кучиња,ама сопствениците повеќето ќе си ги врзат надвор на оградата,не ги внесуваат во пазар-тоа е КУЛТУРА.
Вообичаено е и пред банките што ги оставаат пред врата,и на никого не му сметаат-мирни се,дури и дозволуват да ги погалиш,не се опасни.
Нечини што додека некоја накунџурена госпоѓа (ама тоа не е Пумата)
е внатре во банка,а кучево во меѓувреме ќе се испразни пред врата,и таа
госпога-широкогазеста ама тесно мозочна,ќе го остави гомното така пред врата.Пред некој ден,така во КБ во Автокоманда некој го згазил и си влегол внатре...и се знае цел ден таква е состојбата а се поради нечија НЕ - КУЛТУРА .
Баш за тоа стана збор во темава за нечија НЕ- КУЛТУРА.
А не за невиното куче кое и има име,ама јас го нареков така некултурно.
НЕ- КУЛТУРА и од моја страна.