Македонска некултура на дело на „Велешко езеро“

B

Black Guard

Гостин
Остај ти што ги убиваат кога ќе нападнат.
Јас викам да им забраниме да живеат било каде, зашто ние сакаме да се бањаме во океанот, сакаме да сурфаме.
Ајде да ги убиеме бе, шо.

Missing the point Puma.

Не реков да ги убиеме-се убиваат штетници,како глодарите на пример,молци и сл.

Не збориме за Океан туку за езеро каде потенцирам сеуште нема официјална потврда дека плажата е под концесија и мене јасно ми е-ОК е да се дресираат кучиња макар и таму,но ако веќе истите се во вода тогаш нека ги загради т.е нешто налики мини базенче само за кучиња па таму нека трчккаат по топчиња,нека се дресираат,пливаат и тоа е живо биќе-АМА да го изедначиш со мало дете во случајов внуците на членот анчо е крајно нелогично,јас декада откако ми го у8бија првиот шарпланинец за кој се приврзав како дете добив друго куче(кучка,убава,адреналинска хепи) и за да трагедијата биде поголема ПАК ми ја ОТРУЈА....иии БОЛИ,ама јас не можам човечки живот да изедначам со кучешки,тоа им успеа само на политичарите..

ИО АКО толку си за правата на животните и кучињата ајде да ве видам одете во Кина каде ги дерат и јадат и таму протестирајте...ангажирајте се,ете за Скопје не ве бива можеби Кина ќе ја решите.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Анчо следен пат иди на Бабуна тоа е на излез од градот по стариот пат накај Прилеп, после Агрија вртиш десно. Имаш рекичка и твоите внуци ќе уживаат, а ти ќе одмараш во дебела сенка. И таму има узурпатори кои си заградиле дел од реката демек нивна е, али барем нема некој да те понижи за една смрдена плажа на валкано езеро за која не плаќа, само ја одржува.
Ова го прават домашни, замислете на странци да ја продадеш Охридска ривиера со новите измени на законот, да им продадеш земјиште, на клоци ќе те исфрлат од твоето езеро.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Чичко Анчо денеска светот се врти околу парата! Чисто и едноставно.....жалам што е така, ама такво време дојде!

На времето колку што се сеќавам пред повеќе од 15 години си се шлапкав во езеро каде сакам и кога сакам....сега некои СУРАТИ НЕДОКВАКАНИ кога одам на плажа ми застануваат пред мене и ми викаат ПЛАТИ!....
Па мене на Мајами Бич кога бев никој не ми застанал да ми наплати, а во сопствениот двор ме брка некој недоветен....

Значи целосно ми смета, фактот што плажите се даваат под концесија! Тие треба да се на државата, и државата да се грижи за нив!
Не може некој што цел свој живот одел на некоја плажа, заради некој сурат со пари да не може повеќе да стапне на истата....
Ама парата си го прави своето....... Нека им се наздравјте парите!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Missing the point Puma.

Не реков да ги убиеме-се убиваат штетници,како глодарите на пример,молци и сл.

Не збориме за Океан туку за езеро каде потенцирам сеуште нема официјална потврда дека плажата е под концесија и мене јасно ми е-ОК е да се дресираат кучиња макар и таму,но ако веќе истите се во вода тогаш нека ги загради т.е нешто налики мини базенче само за кучиња па таму нека трчккаат по топчиња,нека се дресираат,пливаат и тоа е живо биќе-АМА да го изедначиш со мало дете во случајов внуците на членот анчо е крајно нелогично,јас декада откако ми го у8бија првиот шарпланинец за кој се приврзав како дете добив друго куче(кучка,убава,адреналинска хепи) и за да трагедијата биде поголема ПАК ми ја ОТРУЈА....иии БОЛИ,ама јас не можам човечки живот да изедначам со кучешки,тоа им успеа само на политичарите..

ИО АКО толку си за правата на животните и кучињата ајде да ве видам одете во Кина каде ги дерат и јадат и таму протестирајте...ангажирајте се,ете за Скопје не ве бива можеби Кина ќе ја решите.
Нема да ти објаснувам кој и што прави за кучињата во земјава и пошироко. Да те интересирало ќе си знаел.
А се додека не видам на некоја плажа забранет влез за миленици (што значи дека некој ја закупил плажата и ја одржува и не сака миленици таму) моето куче има еднакво право како и секој друг да оди и да плива и да седи на плажа.
На тие што не им одговара, имаат каде да одат, јас немам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Жално е Пума вака да размислуваш кога во прашање се деца во споредба со кучиња. Можам да замислам колку биле срекни тие деца кога дошле и влегле да се бањаат. Зарем среќата и насмевката на децата е понебитна од среќата на тоето куче!??? И што ако си платиле, нека си го избришат со тие пари газот. Тоа се вика нечовечност.
И да не смеат да се бањаат таму, јас би паднала на среќата на децата и би си поќутела и би им дозволила барем еден саат да бидат во вода, а после тоа културно ке им кажам дека за да бидеш на оваа плажа мораш да платиш. Ако убаво се објаснело, јас верувам дека Анчо културно ке си станел и ке си заминел. Но, пак ќе кажам, вака само ја искажуваме нашата човечност ама кон кучињата, кои НИКАКО, ама баш никако не смееме да ги ставаме на исто рамниште со луѓето.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Значи за кучето на Пума важат човековите права загарантирани од ООН.
точно така,како си ја погодил (можеби и државна пензија ќе бара,за чување)
Значи на кучето на Пума и е дозволен влез и провод секаде,
а во овој случај на некој „странец“ тоа му се дозволи,на Велешкото езеро
а се поради еден нечовечки предмет- пари.
Сега се врати сопругата од работа,па ја прашувам како беше,зошто јас бев влезен во водата.Тој не-културниот,потенцирал,кога женава се побунила како кучето се бања а ние да не може. „ТОЈ Е СТРАНЕЦ“
Значи поради тој странец е загрозено и моето уставно право на движење и престој во мојата сопствена држава.Но и на било кој друг кој не сака да се капе заедно со некакви скапи Џукели.Мене не ми сметаше Џукелава,си ги земав внуците и малку понатаму 10-ина метри влеговме во водата,и ќе си останевме цел ден тука, но бев избркан-и прашањето е дали е правилна
таа постапка на тој непознат господин-сигурно вработен во хотелот.
--- надополнето: 24 јуни 2012 во 15:59 ---
Анчо следен пат иди на Бабуна тоа е на излез од градот по стариот пат накај Прилеп, после Агрија вртиш десно. Имаш рекичка и твоите внуци ќе уживаат, а ти ќе одмараш во дебела сенка. И таму има узурпатори кои си заградиле дел од реката демек нивна е, али барем нема некој да те понижи за една смрдена плажа на валкано езеро за која не плаќа, само ја одржува.
Ова го прават домашни, замислете на странци да ја продадеш Охридска ривиера со новите измени на законот, да им продадеш земјиште, на клоци ќе те исфрлат од твоето езеро.
Сум бил и таму неколку пати,убаво е,до последните куќарки сум одел.
Но хигиената е таква,каква што е.Никој дома не ги враќа отпадоците.
Кога е тука толку убаво,покрај Бабуна,што да кажеме како ли е таму некаде
нагоре покрај:Теово,Бистрица,Ораов дол,Чашка,Богомола и други места.
Ама они ми дошле овде во Долно Лисиче 90% да живеат (читај се гушат)
И кај нас има вакви места на пример:Маркова и Кадина река,само не е за мали деца,поради ладната вода,туку за викенд во природа и скара.
 
L

Ligeia

Гостин
точно така,како си ја погодил (можеби и државна пензија ќе бара,за чување)
Значи на кучето на Пума и е дозволен влез и провод секаде,
а во овој случај на некој „странец“ тоа му се дозволи,на Велешкото езеро
а се поради еден нечовечки предмет- пари.
Сега се врати сопругата од работа,па ја прашувам како беше,зошто јас бев влезен во водата.Тој не-културниот,потенцирал,кога женава се побунила како кучето се бања а ние да не може. „ТОЈ Е СТРАНЕЦ“
Значи поради тој странец е загрозено и моето уставно право на движење и престој во мојата сопствена држава.Но и на било кој друг кој не сака да се капе заедно со некакви скапи Џукели.Мене не ми сметаше Џукелава,си ги земав внуците и малку понатаму 10-ина метри влеговме во водата,и ќе си останевме цел ден тука, но бев избркан-и прашањето е дали е правилна
таа постапка на тој непознат господин-сигурно вработен во хотелот.
Прашав за ситуацијата (искрено ме заинтересира дали и јас грешам) дали делот од плажата каде што е хотелот Романтик е закупено.Ми одговорија дека езерото припаѓа на сите граѓани исто како и плажата и е на ДРЖАВАТА значи има право секој да се капе.НО,хотелот Романтик плаќал работници за одржување на местото каде е најпристапно па затоа има дозвола да постави лежалки и чадори и истите да ги наплаќа а потоа да плаќа дел на државата или општината.Претпоставувам дека они одбрале да наплаќаат од базентот за јадење и пиење отколку да наплаќаат за седење на плажата.Значи сте можеле да се пожалите дека не смеат да ве отстранат сте имале секакво право,но нажалост нема на кого бидејќи верувам дека во интерес на општината е одржувањето на плажата од страна на хотелот.Во врска со милениците во право сте,станува збор за некултура но за тоа требало да се пожалите на газдата на кучето да го прибере исто како што би го направила јас доколку се шетам во некој парк и кучето е одврзано.Тоа е веќе индивидуална култура.
 
Значи плажата Романтик само ја оддржува, но не ја закупува. Не плаќа концесија, не дава пари за земјиштето и нема никакво право да брка гости од тој дел. Може од лежалките каде остварува профит, но од плажата не. Тоа што плаќа работници го прави за личен профит, а не за сметка на градот.
Убаво е ова да се знае :)
 
Точно така. :) Е сега дали плаќа на општината и на државата добива нешто во замена за работниците или не па затоа наплаќа од хотелот не можеа со сигурност да ми кажат но плажата е на сите.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Па нели веќе младост е под ЈП лисиче бидејќи попчнаа да го поврзуваат хидросистемот со Цевки негде околу 3500-4000 метри,што значи многу пари но би било добро за езерото,е сега ако веќе Младост спаѓа во Хидросистемот тогаш на кој треба да се плаќа за концесија или за користење на вода??
Чисто процедурално..
ЈП Лисиче не е веќе на градот/општината.Пред година,две со одлука на градското собрание беше префрлено на државата.Тежок моронизам беше тоа,толку години самопридонес се даваше за системот,воа дебиливе решија(им рекле) да го префрлат на државата,демек исто било-па наша била и државата.

Анчо,во право си за се што си напишал,само некултура има на секој чекор.Твојов случај е само еден пример,а примери на некултура,сељачизам и моронизам има насекаде.
Во 90% од случаите кога чекам ред некаде се наоѓа некој паметен што се обидува да се пикне преку ред,во 90% од случаите кога се обидувам да преминам улица, на пешачки премин,никој не запира додека не тргнам да преминувам а и тогаш се обидува да ме заобиколи.
Така да,ова што ти се случило воопшто не ме изненадува.
 
B

Black Guard

Гостин
Чисто процедурално..
ЈП Лисиче не е веќе на градот/општината.Пред година,две со одлука на градското собрание беше префрлено на државата.Тежок моронизам беше тоа,толку години самопридонес се даваше за системот,воа дебиливе решија(им рекле) да го префрлат на државата,демек исто било-па наша била и државата..
Па осноовањето е од некои 10-15 милиони на граѓаните е Богами и моронизам е...неизмерлив.
точно така,како си ја погодил (можеби и државна пензија ќе бара,за чување)
Значи на кучето на Пума и е дозволен влез и провод секаде,
.
Она го има осигурано кучето и здравствено а плаќа и во фондот;)

а во овој случај на некој „странец“ тоа му се дозволи,на Велешкото езеро
а се поради еден нечовечки предмет- пари.

Можеле да те пуштат еден саат два колку децата да се израдуваат ама тоа ти е и мислам дека не станува збор за некултура бидејќи истото лице кое постапило кон тебе и внуците подло со други постапува како да кажам..мнооогу поинаку.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Жално е Пума вака да размислуваш кога во прашање се деца во споредба со кучиња. Можам да замислам колку биле срекни тие деца кога дошле и влегле да се бањаат. Зарем среќата и насмевката на децата е понебитна од среќата на тоето куче!??? И што ако си платиле, нека си го избришат со тие пари газот. Тоа се вика нечовечност.
И да не смеат да се бањаат таму, јас би паднала на среќата на децата и би си поќутела и би им дозволила барем еден саат да бидат во вода, а после тоа културно ке им кажам дека за да бидеш на оваа плажа мораш да платиш. Ако убаво се објаснело, јас верувам дека Анчо културно ке си станел и ке си заминел. Но, пак ќе кажам, вака само ја искажуваме нашата човечност ама кон кучињата, кои НИКАКО, ама баш никако не смееме да ги ставаме на исто рамниште со луѓето.
А што јас да направам, што немам многу места кај да си го носам кучето - и кога ќе го однесам, да го тргнам пак, зашто на некој му пречи, пази, онаму каде што ми е дозволено - а на МНОГУ МАЛКУ урбанизирани плажи ми е?
И вие не морате да ги споредувате кучињата со луѓе, јас можам. Мене тие ме прават далеку посреќна. И кога веќе јас почитувам закон на секој начин во поглед на чување на моето куче - и тоа како нема да ми биде гајле ако на некого му пречи онаму каде што ми е дозволено да го пуштам.
А посебно нема да ми биде гајле ако јас сум платила - значи ЈАС човечко суштество сум платила, не сум отишла бесплатно.
--- надополнето: 25 јуни 2012 во 04:16 ---
точно така,како си ја погодил (можеби и државна пензија ќе бара,за чување)
Значи на кучето на Пума и е дозволен влез и провод секаде,
а во овој случај на некој „странец“ тоа му се дозволи,на Велешкото езеро
а се поради еден нечовечки предмет- пари.
Сега се врати сопругата од работа,па ја прашувам како беше,зошто јас бев влезен во водата.Тој не-културниот,потенцирал,кога женава се побунила како кучето се бања а ние да не може. „ТОЈ Е СТРАНЕЦ“
Значи поради тој странец е загрозено и моето уставно право на движење и престој во мојата сопствена држава.Но и на било кој друг кој не сака да се капе заедно со некакви скапи Џукели.Мене не ми сметаше Џукелава,си ги земав внуците и малку понатаму 10-ина метри влеговме во водата,и ќе си останевме цел ден тука, но бев избркан-и прашањето е дали е правилна
таа постапка на тој непознат господин-сигурно вработен во хотелот.
--- надополнето: 24 јуни 2012 во 15:59 ---

Сум бил и таму неколку пати,убаво е,до последните куќарки сум одел.
Но хигиената е таква,каква што е.Никој дома не ги враќа отпадоците.
Кога е тука толку убаво,покрај Бабуна,што да кажеме како ли е таму некаде
нагоре покрај:Теово,Бистрица,Ораов дол,Чашка,Богомола и други места.
Ама они ми дошле овде во Долно Лисиче 90% да живеат (читај се гушат)
И кај нас има вакви места на пример:Маркова и Кадина река,само не е за мали деца,поради ладната вода,туку за викенд во природа и скара.
Не секаде Анчо. Ама кај што му е, не ми е гајле за никого.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас како страствен љубител на кучиња, ја сфаќам Пума што сака да ви каже, иако не можам да ја поддржам тука. По дома имам две џукелчиња, а надвор од дома уште 4-5. Често мислам дека оваа држава е проклето место за нивен опстанок, но примерот од Анчо е крајно вулгарен. Многу јасно е дека бил избркан за да му се направи ќејф на сопственикот на кучето, кој веројатно бил со подлабок џеб и попрофитабилен муштерија. Тоа е болката и некултурата, не самото куче. На крај краева, кучето не прозборило, не нападнало и не избркало никого, за да е предмет на расправа. Но и покрај неговата невиност, пак се` околу него се врти. Затоа јас многу ги штитам моите џукели од светов. Ги шетам кај што нема луѓе и тоа најчесто е преку вечер. Не сакам поради нечие незадоволство некој да ми пререче нешто за нив, затоа што нема да одговарам за последиците. Тие се многу малечки по раст, но и во тој случај ги држам подалеку и од деца и од јавни плажи. Сфаќам дека има луѓе кои не мислат како мене, па дури и мразат кучиња, па не би да се ставам во незгодна позиција ради нив.
За вистинските концесионери на плажи кои дозволуваат кучиња, мислам дека би било правилно да оградат еден простор каде би можеле и тие да се бањаат. Не за друго, туку баш поради децата кои би можеле да се уплашат, па од ништо - нешто големо да стане. Дури и јас не би се бањала на исто место со некоја голема раса куче кое не е мое. Секако би ми било непријатно, кога би ми се отворило зад мене. Веројатно од паника и него би го предизвикала да изреагира, па како што реков, од ништо - нешто.
Значи се` е за пари и со пари. И за поситни и помизерни работи луѓето биваат омаловажени и бркани, а тоа треба да се навикнеме да го прифаќаме, затоа што против истото, за жал не можеме. Доволно е барем ние кои не сме такви да си го зачуваме својот памет, за да не изумреме скроз. Вака, колку толку барем држиме некаква рамнотежа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom