Македонска некултура на дело на „Велешко езеро“

T

Tetro

Гостин
Не бре, дискусијата е за Чика Анчо и внуците кои сакале да се капат во езерото, или за детето на Пума-та?
Моето куче е мое дете.

Види колку е слатко.
И он викал дека му е дете.
После тоа го убил.
И уште две-три после тоа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Не бре, дискусијата е за Чика Анчо и внуците кои сакале да се капат во езерото, или за детето на Пума-та?

Види колку е слатко.
И он викал дека му е дете.
После тоа го убил.
И уште две-три после тоа.
Хахаха, е баш ме насмеа. Ни прв, ни последен не си.
Внуците на Анчо можеле да се капат, кога Анчо би платил за користење на плажата.
А доколку не сакал да плати, има бесплатни неурбанизирани плажи.
As simple as that.
 
o_O
Xdzукелите платиле, затоа било дозволено да се к`пат.
Абе ај да се к`пеле у приватно езеро, тоа ок.
Ама, они се к`пеле у исто езеро, без разлика која плажа ја одбрале, и така е мало, пак џуклите носат бактерии, кучешката тенија и слични.

Ма шо ти раскажувам, кога ти пак нема да разбереш.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
o_O
Xdzукелите платиле, затоа било дозволено да се к`пат.
Абе ај да се к`пеле у приватно езеро, тоа ок.
Ама, они се к`пеле у исто езеро, без разлика која плажа ја одбрале, и така е мало, пак џуклите носат бактерии, кучешката тенија и слични.

Ма шо ти раскажувам, кога ти пак нема да разбереш.
Па нема да разберам. Спијам со кучето, ни тенија имам ни што било.
Не платиле џукелите, платил сопственикот, ЧОВЕК.
 
Не е регистрирано езерото за рекреација на џукели, Пумо.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Ако не ти одговарам, имаш опција Игнорирај.
Анчо, а и сите вие, се буните против ,,џукелите,,. Со кој памет - не знам.
Концесионерот не е (веројатно) во право што го избркал Анчо, а Анчо не е во право што се буни против било кој сопственик на куче КОЈ ПЛАТИЛ ЗА НЕКОЈА УСЛУГА КОЈА ШТО СЕ НУДИ.
Дали ако дојдат родители со мало дете на нудистичка плажа, сите треба да се облечат за детето да не гледа голотија?
ДА или НЕ?

Општа култура е да ги почитуваш другите, па јас не наидов на нечија почит за моите избори. Исто и тој човек што отишол да се рекреира со своето куче, па после доаѓа некој навреден што немал пари за кафе.
Не е мој проблем кој за што има во животот, немам ниту јас за многу работи, па не ги правам.

Или од утре да ги хејтам сите оние кои одат на Мајами и ебаваат 2000 долари за 5 дена, само затоа што не можам и јас?
Да им се налутам што немам пари да си платам влезница за некоја најдобра и најскапа журка на плажа, па нема да можам да отидам на плажата и да присуствувам бесплатно?

И да, ако јас отидам некаде со моето куче, каде што сум платила за моето куче да биде слободно, и ми дојде некој и ми се мава од земја, баш ми е гајле. Каде што е НАЗНАЧЕНО дека на местото Е ВО РЕД да се има, пушта, шета, трча, плива кучиња, значи ВО РЕД Е.

Анчо како го третирал концесионерот, е една работа, а зборовите на Анчо против кучето и неговиот сопственик се крајно невкусни и навредливи, и не, немам намера да молчам на неправда. Тој човек си ја платил таа услуга, и треба да си ја добие.
Сум пишала огромен пост, ама мамата, ми се укочи компјутеров и морав да го рестартирам. Не можам пак истото. Ај на кратко.

Значи иако не повикана, да ви се умешам од страна.:)
Низ сите овие пропишани страни, никој не се буни против џукелите. Да беше така, јас ќе скокнев во нивна одбрана пред тебе, верувај.
Анчо не се буни против сопственикот на кучето. Се буни против некултурата и омаловажувањето од страна на концесионерот или кој и да бил дотичниот што го избркал. Исто и за кучето, не верував дека му сметало, а подоцна самиот истото го потврди.
Општа култура за мене е да се почитуваат повозрасни соговорници, без оглед дали и колку спротивни ставови од нашите имаат. Тоа секако дека никој не може секогаш да го практикува, но на една ваква тема, до некаде и срамота е да не е така.
Кај тебе за жал, на моменти повеќе препознавам омаловажување, баш како тоа на ликот од примерот. Исто за жал, препознавам и моменти каде што работите ги гледаш и живееш низ призмата на парите. Ако нештото имаш да го платиш, без оглед на било што друго, максимално го искористуваш. На страна ти е секој друг поим, посебно реакциите од другите луѓе. Веројатно тоа е таа култура што на повеќето им фали. Ако макар малку не засегаат другите, со самото тоа ќе имаме потреба да бидеме културни кон нив, од првичната потреба да не ги навредиме со нашите реакции, потези или дела.

Но ајде да продолжиме, да ја вратиме темава на првичната замислена насока. Слични примери за некултура од луѓето има милиони. Но еве еден, доста чест во денешницава... пред некоја година бев арогантно и некултурно избркана од влез на кафич, без посебно наведена причина. Од двајца горили, кои мене и моите 4 другари не не` сметаа за доволно интересни веројатно. Ќе беше поинаку да бев со 4 другарки, знам. Пробаа насмеани и културни да не вратат, кога излезе една другарка од внатре, да каже дека сме дел од групата која има резервирано повеќе маси. Јас секако со убитачна фаца и изреволтиран испад си заминав, иако беше форумџиска собиранка. Веројатно не се работеше за пари затоа што не би можеле по изглед да сфатат колку ми тежеше ташната, а тогаш беше потешка од нив двајца. Беше тоа сигурно она непишано и доста практикувано правило на повеќе жени внатре... знаете веќе како оди тоа. Тоа мислам дека е за степен полошо. Да те сортираат на врата, според изглед, пол, помалку парчиња облека и сл.
Избегавам такви места бидејќи се гадам од нив и од луѓето кои коси корнат да припарат внатре. Затоа и ова ми е единствен пример од тој вид на некултура. Ќе ми се прави мене некој голема фаца, со тоа што некултурно пред други луѓе ќе ме избрка од некаде? Да се правиш фраер со сељачко однесување. Врв! Но знам дека и за нив нема лек. Додека ги има таквите кои се сметаат за привилегирани кога им е дозволено да влезат во посакуваниот објект, до тогаш ќе има некултури кои ќе мислат дека се над сите нив, затоа што им е дадено право да ја прават потребната селекција, а згора на тоа и да бидат платени за тоа. Ќе бираме луѓе како јагниња за Велигден... кул!:cool:
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
KОНЕЧНО уште еден пример за НЕ-култура,од страна на Дивајн,
а за тоа е и темата наменета,да кажате и вие ваши примери за
НЕ-култура. Темата не е за што сака и може Пумата.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 05:22 ---
Хахаха, е баш ме насмеа. Ни прв, ни последен не си.
Внуците на Анчо можеле да се капат, кога Анчо би платил за користење на плажата.
А доколку не сакал да плати, има бесплатни неурбанизирани плажи.
As simple as that.
Ќе пробам и тоа ,ќе платам (иако не се плаќа плажата и водата)
ама ете ќе седнам и ќе порачам нешто,но додека јас седам и
мојте внуци се капат во езерото,не сакам тоа да биде заедно
со некое “Животно“-поготово не големо тешко,на изглед страшно куче
Тоа што не пишува никаде дека е забрането за Кучиња да се капат
во водата (додека внатре има деца) не значи дека е дозволено истото
тоа се подразбира под општата Култура,а таа со пари не се купува,
тоа е таа домашна култура или култура на личноста.
 
Дотичниот член во многу наврати сум го одбранила од невкусни дофрлања од разни членови, но роден татко да ми, нема да ме боцка кај што најмногу ме боли.
Јас во ниту еден наврат не го одбранив концесионерот, освен ако легално има право да не дозволи некој да ја користи плажата бесплатно. Не станува збор за ,,призмата на парите,, но пази, која е смислата јас да платам нешто, друг да не плати, и двајцата да го имаме? Зашто тогаш јас да платам? Ако можам бесплатно? И уште одозгора, некој бил навреден зашто ,,џукелата,, имала предност? Не е работата дали џукелата имала предност (добро знаеме дека нема, џукелите во државава се во незавидна положба), туку ниту на момент не му текнува ЗОШТО тоа место е смислено баш така, да можеш кучето да го однесеш.
Муабетов е како во парк, ајде во специјалното делченце од парк што е за кучиња, некој да внесе дете и да побара сите кучиња да бидат врзани. Не е важно што детето и човекот имаат на располагање цел парк, е баш тука сакале?!

Јас сум загрозена и понижена и не ми е добро многу пати, ради дискриминирачкиот однос на нашите хотели, плажи, кафичи, кај што НЕ МОЖЕ со куче да одиш. Морам да бирам кај ќе одам, не можам секаде, што ме става во полоша положба од било кој човек без миленик.
И онаму каде што веќе можам да отидам, и онаму ли да ми забранат?

Е не може, преку глава ми е. Нели збориме за основна култура? Каде е културата на луѓето што ги серат децата во парк (исто како оние што ги серат кучињата)? Или пошто е човечко, не е гомно?
Каде е основната култура на родителите, седам во ресторан на маса, околу маса ми се бркаат 5 деца и вриштат како улави, а родителите не реагираат. Ама тоа се деца, не е важно? Само во однос на кучиња е проблем културата?
Пред некое време, во сред маркет, едно дете седна на земја и вриштеше пола саат, цело време додека пазарував. Таткото мирно си стоеше до детето и го чекаше да престане. Викаш, културно е тоа?

Многу работи се некултурни овде, ама со извинение до сите увредени, она малку што ми е пружено, ќе го искористам. Баш зашто е малку, и зашто е занемарливо во споредба со она што ним им е достапно и можат да го искористат.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 05:34 ---
KОНЕЧНО уште еден пример за НЕ-култура,од страна на Дивајн,
а за тоа е и темата наменета,да кажате и вие ваши примери за
НЕ-култура. Темата не е за што сака и може Пумата.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 05:22 ---

Ќе пробам и тоа ,ќе платам (иако не се плаќа плажата и водата)
ама ете ќе седнам и ќе порачам нешто,но додека јас седам и
мојте внуци се капат во езерото,не сакам тоа да биде заедно
со некое “Животно“-поготово не големо тешко,на изглед страшно куче
Тоа што не пишува никаде дека е забрането за Кучиња да се капат
во водата (додека внатре има деца) не значи дека е дозволено истото
тоа се подразбира под општата Култура,а таа со пари не се купува,
тоа е таа домашна култура или култура на личноста.
Дали самото место дозволува кучиња (со оглед дека има куќарки)?
Ако дозволува, ако е таква политиката на самата фирма, зошто би отишол некаде каде што не ти одговара?
Дома се учи и дека децата не треба да вршат нужда секаде, па сведок сум на нешто друго кога ќе излезам низ Градски парк.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 05:35 ---
И јас кажав доста примири на некултура, само што вас не ви одговараат.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 05:35 ---
Не е регистрирано езерото за рекреација на џукели, Пумо.
А ниту им е забрането бањањето, исто така.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
KОНЕЧНО уште еден пример за НЕ-култура,од страна на Дивајн,
а за тоа е и темата наменета,да кажате и вие ваши примери за
НЕ-култура.
Примери еден куп! Ќе споделуваме секако, со што може малку ќе ги опаметиме барем помладите, кои без да им се укаже не ни знаат што грешат.
Прееска одам до продавница и го гледам продавачот, чади во лицето. На смеење го прашав што му се случува, а тој кога се отвори, не знаеше како да прекине. Цел ден работи, а не знае дали е уморен повеќе од работата и горештините или од луѓето! Ми збореше за страшната некултура на муштериите, посебно првите надојдени туристи. За нивниот недостиг на домашно воспитување, од кој беше навистина многу разочаран. А тие, секако со полни џебови, си играат мајтап буквално со секој кој ќе им налета на пат. Повеќето обично се деца, но добро, кога станува збор за нив, парите не се секогаш пресудни. Има и такви без денар во џеб, кои не почитуваат жива сила. Истите ги имам секој ден кај мене на работа. Од нив, со потипични примери за некултура, можам да ја преполнам темава. Со нивното однесување кон луѓето - познати или непознати, со нивното однесување во јавен простор кој не го поседуваат и на улица, со нивниот речник од кој мене ме фаќа срам...:confused:
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 06:03 ---
И јас кажав доста примири на некултура, само што вас не ви одговараат.
Сите се прочитани и секако не ни одговараат затоа што не се културни. Мислам дека мора да прекинете со кучињата, за да се сконцентрираме на другите примери.
Велиш во парк вршење нужди. Мене пред дуќан ми се мочаат жени. 5-6 пати ги имам видено со свои очи! Имам фолии на прозорите од кои од надвор не се гледа ништо внатре. И гледаш си поминува, си крева сукња, завршува работа и си продолжува пат. Првите три пати не изреагирав од просто неверување! Затоа оваа последната што ја начекав... башка со бебе во рака беше. Не знам како успеа да клекне... Да не беше трагично ќе беше смешно! Кога и излегов, не знаев како и се доразвикав. Таа смирено ми се заврти и ми рече "Ам шо да прам".:icon_lol: Е ај сега...
За деца растрчани и збеснети, исто така се сложувам дека не е културно. Јас да не седам раат, затоа што мајките или татковците немаат осет да си ги приберат или им дошле преку глава, па не се ни секираат што прават. Против тоа сум најгласен противник! Ако можеш да си родител - биди. Ако не, не се општи без заштита.
Исто крајно некултурно ми е соблекување под пешкир на плажа.:icon_lol: Можеби секој што го прави тоа ќе си најде изговор или ќе си се оправда зошто и како е тоа нормално, но мене ми е некултурно, од милион причини.
И да. Некултурно ми е изјавување љубов во јавност, да не речам разменување нежности, повеќе од еден бакнеж или обично држење за рака. :свиркам:
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.693
Поени од реакции
34.209

.!

ова е Хитлер смајли.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас сум загрозена и понижена и не ми е добро многу пати, ради дискриминирачкиот однос на нашите хотели, плажи, кафичи, кај што НЕ МОЖЕ со куче да одиш. Морам да бирам кај ќе одам, не можам секаде, што ме става во полоша положба од било кој човек без миленик.
И онаму каде што веќе можам да отидам, и онаму ли да ми забранат?

Пред некое време, во сред маркет, едно дете седна на земја и вриштеше пола саат, цело време додека пазарував. Таткото мирно си стоеше до детето и го чекаше да престане. Викаш, културно е тоа?
Така е, како не смеат кучиња во хотели, а деца во супер-маркети смеат?
Стварно е чуден овој свет, ама мило ми е што кучињата те имаат тебе да се бориш за сите неправди кои им се нанесуваат. :icon_lol:

Ај сега да ти објаснам зашто не си во право за цели епопеи кои ги пишуваш, со само една реченица.
Таа плажа на која бил Анчо не е приватна, туку е под концесија. Значи на плажата смееш да го донесеш кучето, ако ти рекол газдата дека може, но тој концесионер нема ПРАВО да ти каже дали смееш да го бањаш или не, бидејќи не ја држи водата под концесија.
Затоа, ако веќе сакаш кучето да ти се шлапка, ќе постапуваш според основните правила на бон-тон, а не да мислиш дека си начекала џек-пот - па сега ајде максимално да си го избањам кучето додека можам.

Кога веќе сакаш толку да се експонираш, кај тебе проблемот е психолошки - тоа што го израмнуваш кучето со дете, па затоа мислиш дека е неправда зашто во сите хотели, супермаркети и мекдоналдси не е дозволено да влезеш и да јадеш со твоето "дете". Тоа, за сите останати, е нормално, па затоа додека они си зборат за нормални работи, ти се навредуваш од нив. Повеќето луѓе кога идат на одмори го оставаат кучето дома, не дека нешто ќе пропушти, ама јасно е дека ти и твоето дете не смеете да се разделите.

Ајде сега сите колективно да се фокусираме на други примери на некултура, бидејќи дискусија од 7 страни за само еден пример од страна на Анчо - не бива.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Внуците на Анчо можеле да се капат, кога Анчо би платил за користење на плажата.
А доколку не сакал да плати, има бесплатни неурбанизирани плажи.
As simple as that.
Не им е под концесија, нема Анчо за што да плаќа. Узурпиран дел од Велешко Езеро кое го одржуваат по своја воља и за свој личен профит. Анчо може да плати кога би легнал на лежалките кои се нивен приватен имот. Значи никаков концесионер нема во приказнава туку класичен узурпатор те брка од имот кој е на сопственост на цела држава вклучувајќи го и Анчо и децата. Ако сака Анчо и коњ ќе донесе и ќе шета во тој дел, зошто е негово, како што е и мое и твое и на сите граѓани на РМ. Се плаќа на приватен имот или на имот даден под закуп за кој сопственикот плаќа пари и може да дели правила и тоа само во делот на земјиште, не во делот вода (езеро). Бидејќи езерото не е на татко му.
 
Јас ја кажав таа претпоставка затоа што не го знам законот. И тоа е сосема во ред, концесионерот е ѓубре.
Но кучето и сопственикот немаат НИКАКВА вина во приказнава. А ако може КОЈ БИЛО да влезе во езерото, значи дека може и кучето, без никаков проблем.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 08:24 ---
Така е, како не смеат кучиња во хотели, а деца во супер-маркети смеат?
Стварно е чуден овој свет, ама мило ми е што кучињата те имаат тебе да се бориш за сите неправди кои им се нанесуваат. :icon_lol:

Ај сега да ти објаснам зашто не си во право за цели епопеи кои ги пишуваш, со само една реченица.
Таа плажа на која бил Анчо не е приватна, туку е под концесија. Значи на плажата смееш да го донесеш кучето, ако ти рекол газдата дека може, но тој концесионер нема ПРАВО да ти каже дали смееш да го бањаш или не, бидејќи не ја држи водата под концесија.
Затоа, ако веќе сакаш кучето да ти се шлапка, ќе постапуваш според основните правила на бон-тон, а не да мислиш дека си начекала џек-пот - па сега ајде максимално да си го избањам кучето додека можам.

Кога веќе сакаш толку да се експонираш, кај тебе проблемот е психолошки - тоа што го израмнуваш кучето со дете, па затоа мислиш дека е неправда зашто во сите хотели, супермаркети и мекдоналдси не е дозволено да влезеш и да јадеш со твоето "дете". Тоа, за сите останати, е нормално, па затоа додека они си зборат за нормални работи, ти се навредуваш од нив. Повеќето луѓе кога идат на одмори го оставаат кучето дома, не дека нешто ќе пропушти, ама јасно е дека ти и твоето дете не смеете да се разделите.

Ајде сега сите колективно да се фокусираме на други примери на некултура, бидејќи дискусија од 7 страни за само еден пример од страна на Анчо - не бива.
1. Тоа никаде не го кажав, не измислувај, нешто друго кажав, ама не ти одговара.
2. И јас кажав примери, кои апсолутно беа различни од оние на Анчо, па не ти одговараат.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 08:27 ---
Еве пример за некултура (некучкарски).
Што по ѓаволите е со луѓево, со дечиштава (не мислам на дечиња, мислам на адолесценти невоспитани). Влегува стар човек во автобус, ги боли таквото, не се мрдаат. Не зборам за вторник и петок, зборам за нормален ден, кога најнормално се однесуваат сите.
Уште, пред неколку месеци, еден мрсул јадеше кикирики и се фрлаше на земја, а по пат и врз бабата што седеше до него. Жената НАЈКУЛТУРНО го замоли да не го прави тоа, а тој почна да ја пцуе, како што не би пцуела ни најголем непријател.
Имаат ли овие дечишта родители?! Имаат ли баба, дедо, не им паѓа ли на памет дека некој така може да се однесува према нивните баби и дедовци, и утре родители?!!!!
Е сега се изнервирав кога се присетив.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Се согласувам,да ја прекратиме оваа расправија во оваа тема,
за Не-култура,со овој прв мој наведен случај,и да прејдеме на други случаи кои ги има многу:како во животот дома,на работно место, на улица,па и на тротоар,во театар и секаде каде вие ќе го уочите - изнесете го тука.
Мене ме нервират многу некултурните работи,од нас луѓето.
Еве уште еден пример за Не-култура.
Долго време бев без работа,во транзицијата (грабежот)се затворија фабриките,па повеќето отидовме или на пазар или по границите.
Јас и двете.На пазар сум на тезга и си продавам,случајно се среќаваат две жени,кој се меѓусебно познаваат ама изгледа не се виделе одамна и се сретнале сега тука пред мојата тезга.И си разврзуват муабет за сите изминати времиња,за деца,скапа струја,кој ти е флизер дури и ќе чуеш некоја рецепта за торта.Си разврзале крај нема. Не ли имаат осет дека сметаат,и на мене ја заградиле цела тезга не се гледа,сметат и на другите минувачи-пазарџии.Ова ми се десило многупати,да не речам и секојдневна појава,па дури и денес по пазариве,а тоа и вие сигурно сте го забележиле и вам сигурно ви сметало тој Не-културен однос..
Од кога тоа веќе ми дојде преку стојко,на едни две жени кој никако да се тргнат не им текнува од пред тезгата,па и да им речеш си продолжуват,
им порачав по едно кафе(тука се познаваме со кафеџиите)доаѓа девојчето носи две кафиња на послужавник и и кажувам послужиги жениве.
Не земаа,им текна си заминаа.Не-културните жени,пазарџики.
.....................................................
Еве и ова за да се има целосен увид за нештата,во првата тема.
Дома кога ќе заврши ручекот,и ако има нешто останато што би можело да послужи за храна за надворешните слободни кучиња,посебно се разбира коски, тоа јас никогаш-ама баш никогаш не ми се десило да се фрли со останатите отпадоци т.с. во кеса и во ѓубре во контејнер.Тие работи ги собирам ви посебна кеса,или сечам пластично шише и ги ставам внатре.Потоа ги давам надвор на нашите маалски кучиња кој ги има секогаш,а многу често им носам и на тие на работа што ги има доста.
По два три пати откога ќе му дадеш,како кучето памти и се гледа дека е благородно за јадењето.И почесто ми се дешава,наместо да купам што ми порачале,на пр.стек јас ќе земам „кокошка“ само заради коските,за да има и за „моите“ кучиња,па така некогаш доаѓа и до расправии дома.
На два наврати ми се десило и да преврзам повредено куче.Се враќам од работа од трета смена,и на еден пуштен голем волчјак,му ја згазиле шепата.Соголена беше кожата и ноктите паднале.Се качив дома ,земав
завој и Пресеклива трава(откога знам за себе дома имаме шише со тоа)
и му ја намачкав и преврзав ногата на кучето,кое додека го правев тоа
мируваше како мирно дете.Тоа кучето никогаш не го заборави.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom